СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА И ПОДДРШКА


 УПР0101В04000 Помлад соработник

Алберт Мифтар
Тел: 3094-239
a.miftar@aa.mk
Ниво и звање: В4 - помлад соработник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за информатичка технологија и поддршка


Работни цели:
- ефикасно оддржување на информатичките системи во Агенцијата


Работни задачи и обврски:
- врши администрација и одржување на оперативните системи, базите на податоци и апликативни софтверски решенија, компјутерската мрежа во Агенцијата и сите други екстерни комуникациски врски кон провајдерите за интернет или со други органи на државната служба во соработка со систем инженерот, обезбедува сигурно и навремено архивирање на податоците по процедура добиена од систем инженерот и/или раководителот на Одделението
- врши администрација и одржување на апликацијата за спроведување на постапки за селекција и вработување на административни службеници и поддршка на други процеси поврзани со процесот за селекција и вработување на административен службеник во ИКТ областа;
- врши администрација и одржување на системите за безбедност на податоците од неовластен пристап и користење кои се од интерес на Агенцијата и заштита од вируси  на информатичкиот систем на Агенцијата;
- обезбедува техничко одржување на компјутерската и друга технологија (компјутери, печатачи, скенери, аудио и видео и друга техничка опрема), се грижи за правилно користење и функционирање на инфраструктурата која е потребна за функционирање на компјутерската опрема (напојување, ПП заштита, климатизација,  контрола на движење во систем сала);
- дава постојана техничка поддршка на вработените (helpdesk) при користење на компјутерска технологија, користење на апликациите за канцелариско работење (MS Office) и други апликации и скенира материјали за потребите на Агенцијата;
- помага при изработката на барања за јавни набавки, технички спецификации и извештаи поврзани со ИКТ;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В4 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- вид на образование: Информатика или Компјутерска техника и информатика
- за нивото В4 со или без работно искуство во струката.


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.