ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА


УПР0101В04000 Помлад соработник
Александар Ѓорѓиев
Тел: 3094-205
a.gjorgjiev@aa.mk
Ниво и звање: В4 - помлад соработник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за финансиски прашања


Работни цели:
- обезбедување плаќање врз основа на исправно барање за плаќање;
- заштита на имотот и другите ресурси на Агенцијата од загуби предизвикани од неоправдано трошење и користење, неправилности и злоупотреби;
- ефикасна проценка на ризиците и контролните мерки во Агенцијата, со цел елиминирање или намалување на нивното штетно влијание на остварувањето на целите на работењето на Агенцијата


Работни задачи и обврски:
- врши следење на целосното и навременото прибирање на приходите и плаќање на расходите, во согласност со процедурите за преземање на финансиски обврски и извршување на плаќање;
- ја следи усогласеноста на извршување на буџетот на Агенцијата, во целост или за одделни буџетски ставки со процедурите донесени од директорот, како и буџетското и финансиското известување;
- ја следи ефективноста на буџетската контрола што ја спроведуваат раководителите при управувањето со сопствениот дел од буџетот, при што обезбедува дали: одобрените буџети не се надминати, пренамените помеѓу буџетските ставки се вршат согласно целите и/или намената и буџетските ставки се извршуваат во годината за која се планираат;
- спроведува контрола на ревизорска трага воспоставена од раководителите на организационите единици во Агенцијата;
- изготвува и доставува годишни, квартални и месечни финансиски планови за извршување на буџетот до Трезорот;
- спроведува ex-ante контрола на документацијата  пред извршување на плаќање;
- врши проценка на ризик на процесите на финансиското управување и контрола и  самопроценки на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола, врз основа на извршена проценка на ризик и подготовка на извештај за спроведени самопроценки согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:
познавање на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, Законот за буџетите и Законот за извршување на буџетот


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В4 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- вид на образование: Економски науки
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- за нивото В4 со или без работно искуство во струката.


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.