СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВЕН ОГЛАС И АДМИНИСТРАТИВНА СЕЛЕКЦИЈА


УПР0101B01000 Советник
Андријана Сапаловска
Тел: 3094-219
a.sapalovska@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 2 (два)
Одговорен пред: раководителот нa Одделение за јавен оглас и административна селекција 


Работни цели:
- ефикасна и квалитетна обработка на барањата за објавување на јавен оглас;
- објавување на јавниот оглас за вработување во законски предвидениот рок.


Работни задачи и обврски:
- врши проверка на барањето за објавување на јавен оглас и на прилозите кон барањето;
- изработува дописи до институциите кои доставиле барање за објавување на јавен оглас доколку при проверката утврди дека има недостатоци;
- изработува решенија за формирање на  Комисија за селекција за вработување по јавен оглас;
- изработува одговори на барања, добиени од страна на  Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен;
- ги објавува одлуките за избор на веб страницата на Агенцијата;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административни службеници од пониско ниво;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- по потреба, учествува како претседател или заменик, во работата на Комисиите за селекција за вработување по јавен оглас
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:
- познавање на прописите за селекција и вработување во јавниот сектор 


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Правни науки, Јавна управа и администрација или Образование
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.