Стратешки план на активности за периодот 2016 - 2018

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

Закон за државните службеници

Законот за државните службеници е донесен во јули 2000 година. Со овој закон е направен огромен исчекор напред во утврдувањето на системот на државна служба, како и новиот статус на државен службеник во Република Македонија.

Законот за државните службеници е единствен клучен акт кој има за цел да создаде услови за развој на професионална, политички неутрална, компетентна, одговорна и стабилна државна служба, како ефикасен сервис на граѓаните.

Подзаконски акти за државни службеници

1. Уредба за начелата за внатрешна организација на органите на државната управа_консолидиран текст

Подзаконски акти за јавни службеници

1. Правилник за начинот на селектирање и вработување на јавните службеници преку јавен оглас

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА ЗА 2013 ГОДИНА

На 19 Март 2014 година, Агенцијата за администрација, го усвои Извештајот за своето работење во 2013 година. Во согласност со Законот за државните службеници, Извештајот е доставен до Собранието на Република Македонија, и истиот беше позитивно изгласан од пратениците на 03 Јули 2014 г.

Анкета за испитување на јавното мислење за работата на агенцијата за администрација

На прашалник од 9 прашања со непосредно доставување до анкетираните на целата територија на Република Македонија на примерок од вкупно 294 анкетни листови, од кои 106 анкетни листови се одговорени од орган на државна власт и единици на локалната самоуправа и 188 анкетни листови се одговорени од физички лица.

Извештај за работа за 2009 година

На 2 Март 2010 година, Агенцијата за државни службеници го усвои Извештајот за своето работење во 2009 година. Во согласност со Законот за државните службеници, Извештајот е доставен до Собранието на Република Македонија.

Анализа за оценувањето на државните службеници во Република Македонија за 2009 година

Имајќи го во предвид значењето на процесот на оценување на државните службеници од аспект на јакнење на административните капацитети и зголемување на ефикасноста и ефективноста на работењето во државната служба, Агенцијата за државни службеници ја подготви анализата за оценувањето на државните службеници. Анализата е подготвена врз основа на извештаите за извршените оценувања доставени до Агенцијата од страна на органите на државната служба заклучно со 3 август 2010 година. По овој датум во Агенцијата пристигнаа извештаи од Министерството за образование и наука и Министерство за Култура, како и од Општините Карпош, Росоман и Тетово, и истите не се опфатени со оваа анализа.

Годишен план за соодветна и правична застапеност на заедниците во Агенцијата за администрација за 2011 година

Годишен план за соодветна и правична застапеност на заедниците во агенцијата за администрација за 2011 година .pdf 245kb

Извештај за работа за 2010 година

На 23 Март 2010 година, Агенцијата за администрација, како правен наследник на Агенцијата за државни службеници, го усвои Извештајот за своето работење во 2010 година. Во согласност со Законот за државните службеници, Извештајот е доставен до Собранието на Република Македонија.

Годишен извештај од регистарот на државни службеници за 2010 година

Согласно законските обврски, Министерството за информатичко општество и администрација го подготви извештајот за податоците од Регистарот на државни службеници за 2010 година. Поради тоа што истата обврска до 31.12.2010 г. претставуваше обврска на Агенцијата,, истиот извештај, превземен од интернет локацијата на министерството го објавуваме и на нашата интернет локација.

Стратешки план на активности за периодот 2013 - 2015

На 14.08.2012 Агенцијата го донесе стратешкиот план на активности за периодот 2013 - 2015

Стратешки план


Извештај за работа за 2014 година

преземи (.pdf 400kb)