СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСПИТИ, ИНТЕРВЈУ И ТЕСТ НА ЛИЧНОСТ


УПР0101В03000 Соработник

Благојче Лазороски
Тел: 3094-210
b.lazoroski@aa.mk
Ниво и звање: В3 - Соработник
Број на извршители: 3 (три)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за спроведување на испити, интервју и тест на личност


Работни цели:
- ефикасно и навремено организирање и спроведување на испитите  и тестот на личност


Работни задачи и обврски:
- го утврдува идентитетот на кандидатите кои полагаат испити и ги запознава кандидатите со текот и правилата на полагање на испитите, односно тестот за личност;
- изработува Листа со идентификациски кодови на кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за испитот за административно управување и ја објавува на веб страната на Агенцијата;
- изработува известување до Министерството за информатичко општество и администрација за кандидатите кои положиле испит за административно управување;
- изработува: Записник за спроведен испит; Листа на кандидати кои го полагале испитот, Ранг - листа со идентификациски кодови на кандидати кои продолжуваат во третата фаза на селекција, Листа со идентификациски кодови на кандидати кои не продолжуваат во третата фаза на селекција, информација за денот и часот на одржување на третата фаза на селекција.
- изработува: Записник за спроведен тест на личност, Листа на кандидати со кои е спроведен тестот на личност и Конечна ранг-листа на кандидати со нивните идентификациски кодови и вкупен број на освоени бодови во сите фази на селекција;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- по потреба, учествува како претседател или заменик, во работата на Комисиите за селекција за вработување по јавен оглас;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:
- познавање на прописите за селекција и вработување во јавниот сектор


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В3 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- вид на образование: Политички науки, Правни науки или Јавна управа и администрација
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- за нивото В3 најмалку една година работно искуство во струката.


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.