СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТРУЧНИ РАБОТИ И АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ


УПР0101B01000 Советник

Даниела Стојановска Џинговска
Тел: 3094-237
d.djingovska@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 1 (еден)
Одоговорен пред: раководителот на Одделение за стручни работи и архивско и канцелариско работење


Работни цели:
- законито архивско и канцелариско работење на Агенцијата;
- транспарентно работење на Агенцијата, преку воспоставување на комуникација со средствата за јавно информирање


Работни задачи и обврски:
- учествува во работата на Комисијата за изработување на планот на архивските знаци со листата на архивски и документарен материјал;
- учествува во одбирањето на архивскиот од документарниот материјал, евидентирање (опис и попис) на архивскиот материјал, категоризација и попишување на документарниот материјал со изминат  рок за чување;
- ги спроведува прописите за употреба на печатите и штембилите на Агенцијата, нивно чување, ставање во употреба, предавање на овластено лице, заштита од неовластено користење и ставање вон употреба и нивно ништење;
- води грижа за чување, стручно одржување и обезбедување на документарниот материјал од оштетување, уништување и исчезнување;
- организира конференции за печат, за радио и за телевизија, брифинзи и комуникација со новинари, интервјуа, подготвува соопштенија за јавноста и ги доставува до медиумите и врши други активности поврзани со комуникацијата на Агенцијата со јавноста;
- соработува со лицата за односи со јавноста од Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, министерствата и други институции од јавниот сектор;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административни службеници од пониско ниво;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:
- познавање на прописите од областа на архивското и канцелариското работење


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Социологија, Образование или Јавна управа и администрација
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.