УПР0101Б01000 Државен советник
Димитар Каранфиловски
Тел: 3094-206
d.karanfilovski@aa.mk
Ниво и звање: Б1 - државен советник
Број на извршители: 1 (еден)


Работни цели:
- одржување на правна сигурност во остварувањето на функциите на Агенцијата;
- претставување на прогресот на реформата на администрацијата од аспект на остварувања на Агенцијата, во контекст на пристапување на Република Македонија во ЕУ и НАТО  и
- унапредување на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ИСО 9001:2008, воспоставен во Агенцијата.


Работни задачи и обврски:
- го советува генералниот секретар и директорот на Агенцијата за решавање на најсложени правни прашања од надлежност на Агенцијата;
- иницира и предлага ставови и решенија по правни прашања, поврзани со остварување на функциите на Агенцијата;
- изработува документи (информации, извештаи, програми и анализи) и мислења поврзани со остварувањето на надлежностите на Агенцијата;
- изработува стручни мислења по закони, подзаконски и други акти, особено од административната област и други  прописи од работно законодавство;
- учествува во експертски работни групи во процесот на пристапување на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО и подготовува придонеси кон извештаите за напредокот;
- ги координира активностите поврзани со Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ИСО 9001:2008;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- дава стручна помош и совети на другите административни службеници во Агенцијата, како формален и неформален ментор;
- учествува во оценување на административни службеници во Агенцијата и на административни службеници во други институции;
- соработува со административни службеници од Агенцијата и од институциите од јавниот сектор, за прашања од  административната област.


Други посебни услови:
- познавање на општи прописи од административната област и други  прописи од работно законодавство   


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Правни науки
- за нивото Б1 најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор


Посебни работни компетенции, и тоа:

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици  на  Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
- потврда за положен испит за административно управување.  


Потребни општи работни компетенции на напредно ниво се:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење;  и
- финансиско управување.