СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВЕН ОГЛАС И АДМИНИСТРАТИВНА СЕЛЕКЦИЈА


УПР0101B01000 Советник

Емануела Петкова Димовски
Тел: 3094-219
e.petkova@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 4 (четири)
Одговорен пред: раководителот нa Одделение за јавен оглас и административна селекција 


Работни цели:
-ефикасно и навремено спроведување на административната селекција


Работни задачи и обврски:
- врши проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, приложените докази кон пријавата и нивно бодирање за секој кандидат посебно;
- ги изработува известувањата до секретарот, односно раководното лице на институцијата и членовите на Комисијата за денот и часот на спроведување на административната селекција;
- изработува: Записник за спроведена административна селекција; Листа на уредни и неуредни кандидати; Ранг - листа со идентификациски кодови на кандидатите кои ја поминале административната селекција со бројот на освоени бодови; Листа со идентификациски кодови на кандидатите за кои постапката на селекција завршила;
- ги објавува одлуките за избор на веб страницата на Агенцијата;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административни службеници од пониско ниво;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата; 
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- по потреба, учествува како претседател или заменик, во работата на Комисиите за селекција за вработување по јавен оглас
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:
познавање на прописите за селекција и вработување во јавниот сектор 


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Политички науки, Образование или Јавна управа и администрација
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.