СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВЕН ОГЛАС И АДМИНИСТРАТИВНА СЕЛЕКЦИЈА



 УПР0101В04000 Помлад соработник

Фердезе Сума
Тел: 3094-222
f.suma@aa.mk
Ниво и звање: В4 - помлад соработник
Број на извршители: 2 (два)
Одговорен пред: раководителот на Одделение зa јавен оглас и административна селекција


Работни цели:
- ефикасно и навремено спроведување на административната селекција   


Работни задачи и обврски:
- спроведува наједноставни, рутински, стручно-административни работи при проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, приложените докази кон пријавата и нивно бодирање за секој кандидат посебно;
- изработува нацрт-известувања до секретарот, односно раководното лице на институцијата и членовите на Комисијата за денот и часот на спроведување на административната селекција;
- изработува нацрт: Записник за спроведена административна селекција; Листа на уредни и неуредни кандидати; Ранг - листа со идентификациски кодови на кандидатите кои ја поминале административната селекција, со бројот на освоени бодови; Листа со идентификациски кодови на кандидатите за кои постапката на селекција завршила;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата; 
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- по потреба, учествува како претседател или заменик, во работата на Комисиите за селекција за вработување по јавен оглас;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:
познавање на прописите за селекција и вработување во јавниот сектор


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В4 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- вид на образование: Политички науки, Јавна управа и администрација или Наука за книжевноста
- за нивото В4 со или без работно искуство во струката.


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.