СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА И ПОДДРШКА


УПР0101В04000 Помлад соработник

Идриз Билибани
Тел: 3094-239
i.bilibani@aa.mk
Ниво и звање: В4 - помлад соработник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за информатичка технологија и поддршка


Работни цели:
- развој и одржување на информатичките системи во Агенцијата

Работни задачи и обврски:
- врши инсталација и одржување на базите на податоци во Агенцијата, дизајнира, врши изработка и тестирање на софтверски апликации, бази на податоци, веб ориентирани решенија и други алгоритми и постапки кои бараат кодирање во некој програмски јазик (Visual Basic, SQL, HTML/XML и др.) за потребите  на Агенцијата;
- изработува дизајн, врши администрација и ажурирање на веб  презентацијата на Агенцијата и на интранет порталот на Агенцијата;
- обезбедува техничко одржување на компјутерската и друга технологија (компјутери, печатачи, скенери, аудио и видео и друга техничка опрема), се грижи за правилно користење и функционирање на инфраструктурата која е потребна за функционирање на компјутерската опрема (напојување, ПП заштита, климатизација, контрола на движење во систем сала);
- дава постојана техничка поддршка на вработените (helpdesk) при користење на  компјутерска технологија, користење на апликациите за канцелариско работење (MS Office) и други апликации и скенира материјали за потребите на Агенцијата;
- помага при изработката на барања за јавни набавки, технички спецификации и извештаи поврзани со ИКТ;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.

Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В4 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- вид на образование: Информатика или Компјутерска техника и информатика
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- за нивото В4 со или без работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.

Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.