СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСПИТИ, ИНТЕРВЈУ И ТЕСТ НА ЛИЧНОСТ


УПР0101B01000 Советник

Ива Тоневска
Тел: 3094-218
i.tonevska@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 4 (четири)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за спроведување на испити, интервју и тест на личност 


Работни цели:
- веродостојна проверка на доказите;
- ефикасно и објективно спроведено интервју


Работни задачи и обврски:
- учествува како претседател или заменик, во работата на Комисиите за селекција за вработување по јавен оглас;
- води привремена евиденција на кандидати за кои постои сомневање дека доставиле лажни докази и за истото во законски определениот рок ги известува надлежните органи,
- води евиденција на кандидати за кои од страна на надлежните органи е утврдено дека доставиле лажни докази;
- обезбедува формулари и услови за непречено и навремено спроведување на интервју;
- изработува: Записник за спроведено интервју, Листа на кандидати со кои е спроведено интервју, Ранг - листа со идентификациски кодови на кандидати кои продолжуваат во четвртата фаза на селекција, со освоени бодови во првата, втората и третата фаза на селекција, Листа со идентификациски кодови на кандидати кои не продолжуваат во четврта фаза на селекција и информација за денот и часот на одржување на четвртата фаза на селекција;  
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата; 
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административни службеници од пониско ниво;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:
познавање на прописите за селекција и вработување во јавниот сектор 


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Социјална работа и социјална политика, Политички науки или Наука за јазик – Преведување
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.