СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ


УПР0101Б02000 Раководител на сектор
Изабела Младенова-Цветковска
Тел: 3094-218
i.mladenova@aa.mk
Ниво и звање: Б2 - раководител на сектор
Број на извршители: 1 (еден)
Одоговорен пред: генерален секретар

Работни цели: 
- промовирање и развој на систем за селекција на административен службеник, заснован врз компетенции;
- остварување соработка со институциите во јавниот сектор заради спроведување на постапки за селекција во јавниот сектор;
- одржување и унапредување на системот на заштита на класифицирани информации  во Агенцијата.


Работни задачи и обврски:
-раководи со Секторот (ја организира, насочува и координира работата, врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите, ги распоредува работите и задачите на раководителите на одделенијата во Секторот, се грижи за работната дисциплина на вработените во Секторот и дава стручна помош, совети и врши менторство на  административни службеници од Агенцијата); 
-учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
-изработува предлози на: стратешки план, програма за работа, буџет, извештај за работа, функционална анализа, акти за внатрешна организација и систематизација на работните места, план за обуки на вработените во Секторот, како и месечни, квартални, полугодишни и годишни извештаи од аспект на делокругот на работа на Секторот; 
-ги предлага и спроведува процедурите од делокруг на работа на Секторот во рамки на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ISO 9001:2008;
-ги оценува раководните административни службеници во Секторот, по потреба и други вработени од Секторот и може да учествува  во оценување на административни службеници во Агенцијата и на административни службеници во други институции;
-соработува со административни службеници од Агенцијата и од институциите од јавниот сектор, за прашања од делокруг на работа на Секторот; 
-учествува како претседател или заменик, во работата на Комисиите за селекција за вработување по јавен оглас;
-се грижи за одржување и унапредување на системот на заштита на класифицирани информации  во Агенцијата.


Други посебни услови:
- познавање на општи прописи од административната област и други  прописи од работно законодавство

Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. 

Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Правни науки
- за нивото Б2 најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор


Посебни работни компетенции, и тоа:
- за нивото Б2 поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат, ТестДаФ 
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
- потврда за положен испит за административно управување.


Потребни општи работни компетенции на напредно ниво се:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење;  и
- финансиско управување.