ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА


УПР0101Г04000 Самостоен референт
Љубица Саровска
Тел: 3094-205
l.sarovska@aa.mk
Ниво и звање: Г4 - помлад референт
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за финансиски прашања


Работни цели:
- обезбедување на ефикасна и ефективна пресметка и исплата  на плати на вработените во Агенцијата и водење ажурна евиденција на платите и надоместоците;
- ефикасна примена на позитивните законски прописи од областа на благајничкото работење


Работни задачи и обврски:
- врши пресметка на плати, даноци и придонеси на плати на вработените во Агенцијата и води евиденција на платите и надоместоците;
- изработува потврди за висината на платите на вработените и врши пресметување на обврските на вработените, што се на товар на личните и материјалните расходи;
- врши благајнички работи и врши книжење на уплати и исплати во книгата на благајната на Агенцијата;
- обезбедува готови денарски и девизни средства во благајната на Агенцијата, во рамки на утврдениот благајнички максимум и врши исплата на патни налози, готовински сметки и набавки од мала вредност;
- предава документи и налози во депонентната банка;
- изработува образец ПДД-ГИ во електронска форма и го доставува до Управа за јавни приходи;
- врши контрола на законитоста, точноста и исправноста на книговодствените исправи и други документи во врска со благајничкото работење;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од пониско ниво;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни  службеници од Агенцијата.

 


Други посебни услови:
- познавање на Законот за плата и другите прописи во врска со пресметката на плата и надоместоци на плата


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование и работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Средно економско училиште или гимназиско образование 
- за нивото Г4 со или без работно искуство во струката;


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување.