СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБИ И ПРИГОВОРИ НА ЈАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ


УПР0101B01000 Советник
м-р Наташа Орушевска
Тел: 3094-247
n.orusevska@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 3 (три)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за одлучување по жалби и приговори на јавни службеници 


Работни цели:
- обезбедување заштита на правата на јавните службеници во втор степен


Работни задачи и обврски:
- ги следи и применува општите прописи од административната област и други  прописи од работно законодавство;
- разгледува и обработува жалби и приговори на јавните службеници;
- утврдува потреба и изготвува листа од дополнителни писмени докази, врши стручна обработка и анализа на предметите и ги образложува предметите на седница на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен;
- изработува одлуки, решенија или заклучоци кои ги донесува Комисијата за одлучување по жалби и приговори на јавните службеници во втор степен;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од пониските нивоа;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни  службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:
- познавање на општи прописи од административната област и други  прописи од работно законодавство, а кои произлегуваат од описот на работните задачи и обврски 


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Правни науки 
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.