СООПШТЕНИЕ

за кандидатите за селекција за вработување на административен службеник и за институциите во јавниот сектор

 

08.02.2019 година

Врз основа на член 8-а став (1) алинеја 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија” број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18 и 27/19), а согласно Решението за распишување на избори за претседател на Република Северна Македонија, објавено во Службен Весник бр. 34/2019, Ве известуваме дека од 08 Февруари 2019 година (денот на донесувањето и објавувањето на Решението за распишување на избори за претседател на Република Северна Македонија) започнатите постапки за вработување на административни службеници се ставаат во мирување.

За продолжување на постапките за селекција на кандидати за вработување на административни службеници, Агенцијата за администрација ќе донесе посебно решение.


АГЕНЦИЈА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА