СООПШТЕНИЕ

 

 

 

Имајќи предвид дека се исполнети законските услови за продолжување на започнатите постапки за селекција на кандидати за вработување, а врз основа на член 14 став (2) од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” број 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16 и 142/16) и член 8-а став (1) алинеја 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија” број 40/2006, 136/2008, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16,  142/16 и 67/17), Ве известуваме дека од 15 ноември 2017 година (денот на објавувањето на Заклучокот на Државната изборна комисија за завршени Локални избори 2017 година) започнатите постапки за вработување на административни службеници кои беа во мирување, ПРОДОЛЖУВААТ ВО СЛЕДНАТА ФАЗА.

За единиците на локалната самоуправа започнатите постапки за вработување на административни службеници, ќе продолжат откако истите ќе достават известување дека е  конституиран Советот на општината.

 



 

16.11.2017 година

АГЕНЦИЈА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА