С О О П Ш Т Е Н И Е

за

делот од испитот за административен службеник за познавање на јазици



            Се известуваат административните службеници кои засновале работен однос по спроведени постапки за вработување во периодот 26.01.2018 – 26.07.2018 дека Агенцијата  за администрација ќе започне со спроведување на делот од испитот за административен службеник за познавање на јазици за административните службеници кои не поседуваат меѓународно признат сертификат за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски и германски), издаден пред 26.01.2018 година.

            Испитот за познавање на јазици ќе се полага во просториите на Агенцијата за администрација.

            Административните службеници ќе полагаат испит за познавање на јазици на датум и во термин за кој ќе бидат известени преку институцијата каде засновале работен однос.

            Прашањата за полагање на испитот за познавање на јазици се објавени на интернет страницата на Агенцијата за администрација на следниот линк: ДЕЛ ЗА ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊЕ НА ЕДЕН ОД ТРИТЕ НАЈЧЕСТО КОРИСТЕНИ ЈАЗИЦИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА (АНГЛИСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ).



Агенција за администрација