ЛИСТА НА ПРАШАЊА ЗА ИСПИТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ (ОПШТ ДЕЛ)


Закон за прекршоци

1. Прекршочната постапка не може да се поведе ниту да се води ако поминат:
  1. а) две години од денот кога е сторен прекршокот
  2. б) три години од денот кога е сторен прекршокот
  3. в) една година од денот кога е сторен прекршокот


2. Изречената прекршочна санкција не може да се изврши ако од денот на правосилноста на одлуката за прекршокот поминале:
  1. а) три години
  2. б) две години
  3. в) една година


3. Надлежните државни органи овластени за поведување на прекршочна постапка се должни да му предложат на сторителот на прекршокот една од забрзаните постапки, пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка, ако:
  1. а) тоа е определено со закон
  2. б) инспекторот тоа го побара
  3. в) странката тоа го побара


4. Против одлуката за прекршок што ја донел прекршочниот орган може да се поднесе жалба преку прекршочниот орган до:
  1. а) државна комисија
  2. б) ресорниот министер
  3. в) инспекциски совет


5. Против пресуда и решение на првостепениот суд може да се изјави
  1. а) жалба до второстепениот суд
  2. б) жалба до инспекциски совет
  3. в) тужба пред Управен суд


6. Против одлуката за прекршок што ја донела Државната комисија  може да се поднесе:
  1. а) жалба до Врховен суд
  2. б) тужба за поведување на управен спор
  3. в) жалба до Виш управен суд


7. Постапката пред првостепениот суд мора да се заврши
  1. а) во рок од 3 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка
  2. б) најдоцна во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка
  3. в) во рок од 6 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка


8. За прекршоци за кои е пропишана глоба над 15.000 евра во денарска противвредност постапката пред прекршочната комисија мора да се заврши
  1. а) во рок од 6 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка
  2. б) во рок од 3 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка
  3. в) најдоцна во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка


9. Со законот со кој се пропишува прекршок за изрекување глоба со мандатен платен налог може да се пропише износ кој за физички лица не може да биде поголем
  1. а) од 50 евра во денарска противвредност
  2. б) од 500 евра во денарска противвредност
  3. в) од 1000 евра во денарска противвредност


10. Со законот со кој се пропишува прекршок за изрекување глоба со мандатен платен налог може да се пропише износ кој за правно лице не може да биде поголем
  1. а) од 1.500 евра во денарска противвредност
  2. б) нема ограничување
  3. в) од 5.000 евра во денарска противвредност


11. Во одлуката за прекршокот се определува рокот за плаќање на глобата кој не може да биде пократок:
  1. а) од 15 дена ниту подолг од 90 дена од денот на правосилноста односно конечноста на одлуката
  2. б) од 8 дена ниту подолг од 30 дена од денот на правосилноста односно конечноста на одлуката
  3. в) од 1 месец ниту подолг од 6 месеци од денот на правосилноста односно конечноста на одлуката


12. Кога прекршокот е сторен под особено олеснувачки околности, глобата за физичко лице може да се ублажи
  1. а) за една половина
  2. б) не може
  3. в) за една третина


13. Глобата за одговорно лице во правно лице е:
  1. а) од 15 евра во денарска противвредност до 1.000 евра во денарска противвредност
  2. б) 30% од одмерената глоба за правното лице
  3. в) од 50 евра во денарска противвредност до 2.000 евра во денарска противвредност


14. Глобата за одговорно лице во трговец поединец е:
  1. а) 30% од одмерената глоба за трговец поединец
  2. б) од 15 евра во денарска противвредност до 1.000 евра во денарска противвредност
  3. в) од 50 евра во денарска противвредност до 2.000 евра во денарска противвредност


15. На стoрителот на прекршокот може да му се забрани вршење определена професија, дејност или должност од страна на судот и тоа:
  1. а) најдолго до една година, сметајќи од денот на правосилноста на одлуката
  2. б) од 6 месеци до 5 години
  3. в) најмалку три дена до најмногу 30 дена


16. Во одлуката од судот со која на правното лице односно трговец поединец се изрекува санкција привремена забрана на вршење одделна дејност се определува траењето на санкцијата:
  1. а) кое не може да биде пократко од шест месеца ниту подолго од три години
  2. б) кое не може да биде пократко од три месеца ниту подолго од три години
  3. в) кое не може да биде пократко од три месеца ниту подолго од пет години


17. За прекршоци на правни лица и трговец поединец може да се изречат следниве санкции:
  1. а) опомена, глоба и забрана за вршење на професија, дејност или должност
  2. б) глоба и привремена забрана за вршење одделна дејност
  3. в) опомена, глоба и привремена забрана за вршење на одделна дејност


18. По приемот и потпишувањето на прекршочниот платен налог сторителот е должен да ја плати глобата:
  1. а) во рок од 15 дена од приемот на прекршочниот платен налог
  2. б) во рок од 8 дена од приемот на прекршочниот платен налог
  3. в) во рок од 30 дена од приемот на прекршочниот платен налог


19. Сторителот кој ќе ја плати глобата во законскиот рок од приемот на  прекршочниот платен налог:
  1. а) ќе плати 30% од изречената глоба
  2. б) ќе плати половина од изречената глоба
  3. в) ќе плати 70% од изречената глоба


20. Ако сторителот не ја плати глобата во законскиот рок службеното лице:
  1. а) поднесува барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд, односно прекршочен орган
  2. б) поднесува тужба до надлежниот суд
  3. в) поднесува тужба за поведување на управен спор


21. Една од забрзаните постапки е:
  1. а) постапка за спогодување со физички и правни лица
  2. б) постапка за медијација со физички и правни лица
  3. в) постапка за посредување со физички и правни лица


22. Против одлуката за прекршок што ја донел прекршочниот орган може да се поднесе жалба во рок од:
  1. а) 15 дена
  2. б) 8 дена
  3. в) 30 дена


23. Против одлуката за прекршок што ја донел судот може да се поднесе жалба во рок од:
  1. а) 30 дена
  2. б) 8 дена
  3. в) 15 дена


24. За присилно извршување на глобата важат одредбите од:
  1. а) Законот за даночната постапка
  2. б) Законот за извршување на санкциите
  3. в) Законот за кривичната постапка


25. Забрана на управување со моторно возило може да се определи во траење:
  1. а) од 30 дена до 1 година
  2. б) од 3 месеци до три години
  3. в) од 6 месеци до пет години


26. Задржување на лица под дејство на алкохол или на други психотропни супстанци може да одреди Министерството за внатрешни работи и истото трае:
  1. а) најмногу 24 часа
  2. б) најмногу 12 часа
  3. в) најмногу 48 часа


27. Задржување странец во прифатен центар одреден од страна на судот може да трае:
  1. а) најмногу 24 часа
  2. б) најмногу 48 часа
  3. в) до 30 дена


28. Судот што ја води прекршочната постапка со решение ќе ја запре ако:
  1. а) ако кај обвинетиот настапила привремена душевна болест
  2. б) ако глобата е платена
  3. в) ако не може да се утврди живеалиштето или не е достапен на државните органи


29. Ако постапката за спогодување не успее, комисијата за спогодување:
  1. а) поднесува тужба за поведување на управен спор
  2. б) го известува надлежниот орган кој го констатирал прекршокот
  3. в) поднесува барање за поведување на прекршочна постапка


30. Санкциите изречени за претходно сторен прекршок не може да се сметаат за отежнувачка околност спрема полнолетен сторител, ако од денот на правосилноста на одлуката за прекршок до сторување на новиот прекршок поминале:
  1. а) повеќе од 3 години
  2. б) повеќе од 5 години
  3. в) повеќе од 2 години


Закон за управни спорови

1. Бројот на судиите во Управниот суд и Вишиот управен суд се определува со одлука на:

а) Собрание на Република Македонија
б) Судскиот совет на Република Македонија
в) Врховен суд на Република Македонија


2. Вишиот управен суд одлучува:

  1. а) во совет од три судии
  2. б) судија поединец
  3. в) во совет од пет судии


3. Во управен спор во втор степен одлучува:

а) Виш управен суд
б) Управен суд
в) Врховен суд на Република Македонија

 

4. Судот одлучува по предметот за донесување на времена мерка во рок од:

а) 3 дена
б) 7 дена
в) 15 дена

 

5. Управен спор се поведува со:

а) тужба
б) жалба
в) барање

 

6. Рок за покренување на управен спор изнесува:

а) 6 месеци
б) 30 дена
в) 5 години

 

7. На усната расправа прво добива збор:

а) тужителот
б) жалител
в) членот на советот што е известител


8. Против одлуката на Управниот суд:

а) не е дозволена жалба
б) е дозволена жалба
в) е дозволена тужба

 

9. Против првостепените одлуки во управниот спор се изјавуваат правни средства во рок од:

а) 15 дена
б) 7 дена
в) 30 дена

 

10. Повторувањето на постапката не може да се бара по истекот:

а) на 1 година од прасилноста на одлуката
б) на 5 години од прасилноста на одлуката
в) на 3 години од прасилноста на одлуката

 

11. По поништувањето на управниот акт од страна на Управниот суд, надлежниот орган е должен да донесе нов управен акт:

а) најдоцна во рок од 15 дена
б) најдоцна во рок од 30 дена
в) најдоцна во рок од 60 дена

 

12. По предлогот за заштита поради незаконско дејствие одлучува:

а) Управен суд
б) Уставен суд
в) Врховен суд на Република Македонија

 

13. Судот кој одлучува по  редлогот за заштита поради незаконито дејствие, одлучува  во совет од:

а) 3 судии
б) 5 судии
в) 7 судии

 

14. Против решението со кое се забранува понатамошно вршење на незаконито дејствие е дозволена жалба до:

а) Уставен суд
б) Виш управен суд
в) Врховен суд на Република Македонија


15. Во управните спорови се одлучува за законитоста на актите на органите на државната управа донесени:

а) во судска постапка
б) во прекршочна постапка
в) во кривична постапка

 

16. Управните спорови во Република Македонија ги решава:

а) Управниот суд
б) Апелациониот суд
в) Прекршочна комисија

 

17. Управен акт е:

а) записник
б) одлука донесена во прекршочна постапка
в) пресуда

 

18. Во управен спор трошоците ги поднесува:

а) тужителот
б) секоја страна своите трошоци
в) жалителот

 

19. Доколку Законот за управните спорови не содржи соодветни одредби за постапката, ќе се применуваат одредбите од:

а) Законот за општа управна постапка
б) Законот за парничната постапка
в) Закон за медијација

 

20. Управен спор може да се води против:

а) конечен управен акт
б) пресуда
в) судски налог

 

21. Управен спор не може да се води против:

а) кога во постапката која му претходела на актот не се постапило според правилата на постапката
б) за работи за кои врз основа на уставни овластувања директно одлучува Собранието и претседателот на Република Македонија, освен за одлуки за именување и разрешување
в) ако актот е донесен од ненадлежен орган

 

22. Управниот акт може да се побива:

а) поради погрешна примена на материјалното право
б) поради погрешна утврдена фактичка состојба од страна на прекршочна комисија
в) за работи за кои врз основа на уставни овластувања директно одлучува Собранието и претседателот на Република Македонија, освен за одлуки за именување и разрешување

 

23. Управен спор може да поведе Државниот правобранител на Република Македонија кога со управен акт или со управен договор се повредени:

а) право или интерес на граѓанинот
б) законот или јавниот интерес
в) права на синдикална организација

 

24. Тужителот во управен спор може да биде и синдикалната организација ако со управниот акт е повредено право или непосреден интерес заснован врз закон на:

а) нејзин член
б) месна заедница
в) здружение на граѓани

 

25. Тужителот во управен спор може да биде и здружение на граѓани ако со управниот акт е повредено право или непосреден интерес заснован врз закон на:

а) синдикална организација
б) нејзин член
в) месна заедница

 

26. Тужената страна во управниот спор е:

а) сторителот на прекршокот
б) органот чиј акт се оспорува
в) прекршочната комисија

 

27. По барање на тужителот, органот чиј акт се извршува може да го одложи извршувањето во рок од:

а) 15 дена од приемот на барањето
б) 3 дена од приемот на барањето
в) 7 дена од приемот на барањето

 

28. Управниот суд суди во совет против актите донесени во прекршочната постапка кога изречената глоба:

а) го надминува износот од 3.000 евра во денарска противвредност
б) го надминува износот од 5.000 евра во денарска противвредност
в) го надминува износот од 1.000 евра во денарска противвредност

 

29. Судија поединец суди во спорови поведени против актите донесени во прекршочна постапка:

а) за кои е пропишана посебна прекршочна мерка, одземање на предмети
б) е предвидена забрана за вршење професија и дејност
в) за кои не е пропишана посебна прекршочна мерка, одземање на предмети


30. Управниот акт може да се побива:

а) кога во постапката која му претходела на актот не се постапило според правилата на постапката
б) поради погрешна утврдена фактичка состојба од страна на второстепениот суд
в) за работи за кои врз основа на уставни овластувања директно одлучува Собранието и претседателот на Република Македонија, освен за одлуки за именување и разрешување

 

31. Во управниот спор:

а) не може да се бара враќање на одземените предмети
б) може да се бара враќање на одземените предмети
в) може да се бара враќање само на одземена имотна корист


Прашања од ЗОРОДУ

1. Со кој закон се уредува  организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа ? 
  1. а) со Законот за Владата на Република Македонија
  2. б) со Законот за организација и работа на органите на државната управа
  3. в) со Законот за Владата на Република Македонија


2. Органите на државната управа  се дел од ....
  1. а) законодавната власт
  2. б) извршната власт
  3. в) инспекциската власт


3. Органи на државната управа  можат да бидат   .....
  1. а) министерства и судови
  2. б) министерства, други органи на државната управа и управни организации
  3. в) министерства, судови и собрание


4. Самостојниот орган на државната управа за својата работа одговара на .....    
  1. а) Владата на Република Македонија и соодветното министерство
  2. б) Собранието на Република Македонија
  3. в) Инспекцискиот Совет


5. Управните организации се основани како .....
  1. а) паралелни организации на државната управа
  2. б) самостојни органи на државната управа
  3. в) подорганизации на државната управа


6. Во актуелниот период како органи на државната управа се основани .... 
  1. а) 11  министерства
  2. б) 14   министерства
  3. в) 16  министерства


7. Органите на државната управа во рамките на своите надлежности постапуваат во согласност со  ....
  1. а) Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори
  2. б) Уставот,  законите и правилата
  3. в) Уставот и законите


8. Предлозите на законите кои како овластен предлагач ги предлага Владата на Република Македонија се подготвени од ........
  1. а) Законодавно-правната комисија
  2. б) органите на државната управа
  3. в) Секретаријатот за законодавство


9. Со закон може на единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје да им се довери извршување на определени работи од надлежноста на органите на државната управа  ....
  1. а) не
  2. б) да


10. Законите и прописите кои се однесуваат на органите на државната управа се     применуваат и    од страна на физичките и правните лица кои со закон се овластени да извршуваат работи од надлежност на државната управа .....
  1. а) не
  2. б) да


11. Законот за организација и работа на органите на државната управа, вклучително и законите со кои се вршат неговите изменувања и дополнувања се донесуваат со ....
  1. а) просто мнозинство
  2. б) двотретинско мнозинство
  3. в) квалификувано мнозинство


12. Бирото за стопански недоволно развиените подрачја работи во состав на   ....
  1. а) Министерството за економија
  2. б) Министерството за локална самоуправа
  3. в) Министерството за локална самоуправа и Министерството за економија


13. Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Македонија работи во состав на ......
  1. а) Владата на Република Македонија
  2. б) Министерството за култура
  3. в) Министерството за локална самоуправа


14. Надзорот  над работата на министерствата го врши ....
  1. а) Владата на Република Македонија
  2. б) Инспекцискиот Совет
  3. в) Законодавно- правната комисија


15. Надзорот над работата над органите во состав на министерствата го вршат ....
  1. а) Управниот Совет
  2. б) министерствата
  3. в) Инспекцискиот Совет


16. Со работата на министерството раководи .....
  1. а) министерот
  2. б) секретарот
  3. в) секретаријатот


17. Заменикот на министерот на соодветното министерство го именува и разрешува ....
  1. а) Собранието на Република Македонија
  2. б) министерот
  3. в) Владата на Република Македонија


18. Предлог от за именување и разрешување на заменик на министерот на соодветното министерство до Собранието на Република Македонија го доставува ......
  1. а) министерот на соодветното министерство
  2. б) претседателот на Владата на Република Македонија
  3. в) Владата на Република Македонија


19. Со самостојниот орган на државната управа, односно со управната организација раководи .....
  1. а) секретарот
  2. б) директорот
  3. в) управникот


20. Ако меѓу министерствата настане спор во врска со надлежноста или се појават други спорни прашања во вршењето на работите од нивна надлежност, овие министерства се должни да формираат  ..............
  1. а) меѓуресорска група за решавање на спорните прашања
  2. б) одбор за медитација
  3. в) арбитражен суд


21. Правилниците од надлежност на одредено министерство ги донесува ... 
  1. а) Владата на Република Македонија
  2. б) министерот
  3. в) Министерството


Прашања од ЗОУП

1. Управни работи претставуваат
  1. а) активностите на Управниот суд
  2. б) сите акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи, а со кои се решава или влијае на правата, обврските или правните интереси на физичките лица, правните лица или другите странки во постапката, како и секоја друга работа која што е одредена како управна со посебен закон
  3. в) акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи


2. Со посебните закони одделни работи може да се уредат поинаку од овој закон, доколку
  1. а) не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон
  2. б) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон и не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон
  3. в) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон


3. „Јавен орган“ претставуваат
  1. а) министерствата, органите на државната управа, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје
  2. б) министерствата, органите на државната управа, организации утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје
  3. в) министерствата, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје


4. „Колегијален орган“ претставуватело кое е составено од најмалку два членови
  1. а) точно   
  2. б) неточно


5. Управен акт“ е
  1. а) поединечен акт на јавен орган кој е донесен врз основа на закон со кој се решава за правата, обврските и правните интереси на странките
  2. б) поединечен акт на јавенорган и на управен суд
  3. в) секој поединечен акт


6. Странка“ е
  1. а) секое физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка, против кое е поведена управната постапка, кое е вклучено во постапка поведена по службена должност, или кое заради заштита на своите права или правни интереси има право да учествува во управната постапка. Странка може да биде и јавен орган, подружница или друга деловна единица на трговско друштво, населба и слично или физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка
  2. б) група лица, иако немаат својство на правно лице
  3. в) секое физичко


7. „Управен договор“ е
  1. а) секој договор што го склучува јавниот орган
  2. б) договор кој јавниот орган го склучува со странката заради вршење на јавни овластувања од надлежност на јавниот орган, кога тоа е утврдено со посебен закон
  3. в) договор помеѓу јавниот орган и друго правно лице


8. „Реален акт“ е
  1. а) акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор, што може да има правно дејство врз правата, обврските или правните интереси на некое лице, како што се јавните информации, примање изјави, водење евиденција, издавање уверенија, дејствија на извршување и други фактички дејствија
  2. б) секој акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор
  3. в) јавните информации, примањето изјави и водењето евиденција


9. Јавните органи постапуваат во согласност со
  1. а) Уставот на Република Македонија, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија
  2. б) законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија
  3. в) законите


10. Во управната постапка, полномошно

  1. а) може да се даде писмено и усно на записник
  2. б) не може да се даде
  3. в) може да се даде и на надриписар


11. По правило, доставувањето на писменото во управната постапка се врши

  1. а) секој работен ден во периодот од 8,30-16,30 часот
  2. б) во работен ден во текот на работното време
  3. в) секој ден, освен во недела од 7,00 - 15,00 часот


12. Доставувањето по пошта на писменото во управната постапка се врши по пат на

  1. а) итна пратка
  2. б) препорачана поштенска пратка
  3. в) непрепорачана поштенска пратка


13. Кога се работи за доставување на писмено во управна постапка, на странка чие живеалиште, односно седиште е непознато, или кога се работи за акти кои се однесуваат на повеќе странки, органот доставата

  1. а) ја врши преку Министерството за внатрешни работи
  2. б) не ја извршува
  3. в) ја врши со јавна објава


14. Ако последниот ден на рокот за одредено дејствие во управна постапка е неработен ден, ден на државен и друг празник и неработен ден кој се празнува , рокот истекува

  1. а) на првиот нареден работен ден
  2. б) на првиот нареден ден
  3. в) на истиот ден


15. Роковите во управната постапка се сметаат на

  1. а) денови и месеци
  2. б) денови, месеци и години
  3. в) денови и недели


16. Апсолутниот рок за враќање во поранешна состојба во управната постапка е

  1. а) шест месеци
  2. б) еден месец
  3. в) три месеци


17. До кого се поднесува предлогот за враќање во поранешна состојба во управната постапка

  1. а) до органот кај кого требало да се изврши пропуштеното дејствие
  2. б) до Управниот суд
  3. в) до Државниот управен инспекторат


18. Кој ја поведува управната постапка

  1. а) Управниот суд по службена должност
  2. б) надлежниот орган по службена должност или по повод барање на странката
  3. в) Државниот управен инспекторат по барање на странката


19. Кој акт ќе го донесе надлежниот орган кога ќе оцени дека нема услови за поведување на управната постапка

  1. а) известување
  2. б) заклучок
  3. в) решение


20. Порамнувањето во управната постапка

  1. а) се врши со донесување на решение
  2. б) се запишува во записник
  3. в) го врши Управниот суд


21. Порамнувањето во управна постапка мора да биде секогаш јасно и определено и не смее да биде на штета на јавниот интерес, на јавниот морал или на правниот интерес на трети лица

  1. а) точно
  2. б) неточно


22. Како постапува првостепениот орган во управна постапка, ако странката во дополнително определениот рок не поднела докази

  1. а) донесува заклучок за отфрлање на барањето
  2. б) ја продолжува постапката и во согласност со правилата и материјалниот пропис ја решава управната работа
  3. в) ја запира постапката со заклучок


23. Органот што ја води управната постапка мора да ја прекине постапката кога има претходно прашање кое се однесува на постоење на кривично дело, на постоење на брак, на утврдување на татковство или кога тоа е определено со закон

  1. а) неточно
  2. б) точно


24. Ако управната постапката е прекината поради решавање на претходно прашање кај надлежен орган, таа ќе продолжи откако решението донесено за тоа прашање ќе стане

  1. а) конечно
  2. б) извршно
  3. в) правосилно


25. Службеното лице кое ја води управната постапка определува усна расправа

  1. а) по своја иницијатива или по предлог од странката, кога е тоа корисно за разјаснување на работата
  2. б) по предлог на Народниот правобранител
  3. в) по наредба на Државниот управен инспекторат


26. Дали во управната постапка, службеното лице е должно да ја предупреди странката за кривичната и материјалната одговорност за давање на лажна изјава

  1. а) да
  2. б) не


27. На увидот во управната постапка, странките

  1. а) имаат право да присуствуваат
  2. б) немаат право да присуствуваат
  3. в) не се повикуваат


28. За обезбедување на доказите во текот на управната постапка

  1. а) надлежно е вештото лице
  2. б) надлежен е органот што ја води постапката
  3. в) се грижи странката по чие барање е поведена постапката


29. Во управната постапка, решението

  1. а) мора да и се достави на странката во оригинал или заверен препис
  2. б) и се доставува на странката во фотокопија
  3. в) не и се доставува на странката, туку се објавува на огласна табла


30. Уводот на решението во управна постапка содржи:

  1. а) назив на органот што го донесува решението и пропис за надлежност на тој орган
  2. б) назив на органот што го донесува решението, пропис за надлежност на тој орган, име на странката и на нејзиниот законски застапник или полномошник, ако го има и кратко означување на предметот на постапката
  3. в) назив на органот што го донесува решението, пропис за надлежност на тој орган и датум и место на донесување на решението


31. Кога е пропишано дека жалбата во управната постапка не го одлага извршувањето на решението, тоа мора да биде наведено во

  1. а) правната поука
  2. б) упатството за правно средства
  3. в) диспозитивот


32. Со упатството за правно средство во управната постапка странката се известува дали против решението

  1. а) може да изјави жалба или да поведе управен спор или друга постапка пред суд
  2. б) може да изјави жалба или друга постапка пред суд
  3. в) нема право на жалба


33. Кога против решението донесено во управната постапка може да се изјави жалба, во упатството се наведува

  1. а) на кого му се изјавува, на кој орган, во кој рок, во колку примероци, износот на административната такса, како и дека може да се изјави и на записник
  2. б) на кого му се изјавува, на кој орган и во кој рок
  3. в) во колку примероци се поднесува жалбата и износот на административната такса


34. Кога против решението донесено во управна постапка може да се поведе управен спор во упатството за правно средство се наведува

  1. а) на кого му се изјавува тужба, на кој суд и износот на административната такса
  2. б) на кој суд се поднесува тужбата и во кој рок
  3. в) до кој Управен суд се поднесува и во колку примероци


35. Против решението донесено во прв степен во управната постапка, доколку не е пропишано правото на жалба странката има право на

  1. а) жалба
  2. б) тужба
  3. в) приговор


36. Управен спор може да се поведе

  1. а) доколку со закон не е утврдено право на жалба на решение на орган на државната управа
  2. б) пред стварно и месно надлежен основен суд
  3. в) пред Уставниот суд


37. Против решение на Владата на Република Македонија

  1. а) може да се изјави жалба до Уставен суд
  2. б) не може да се изјави жалба, но може да се поведе управен спор
  3. в) може да се изјави жалба до Собранието на Република Македонија


38. Рокот за жалба за секое лице и за секој орган на кои им се доставува решението донесено во управната постапка се смета

  1. а) од денот на изготвувањето на решението
  2. б) од денот на приемот на решението
  3. в) од наредниот ден од денот на доставувањето на решението


39. Што мора да содржи жалба на решение во управна постапка

  1. а) прилози кон жалбата во најмалку три примероци
  2. б) решението што се побива; назив на органот што го донел, број и датум на решението и наводи заради кои се поднесува жалбата
  3. в) конкретен предлог за постапување на органот кој одлучува по жалбата


40. Ако жалбата во управната постапка му е предадена или испратена непосредно на второстепениот орган, тој

  1. а) најдоцна наредниот ден му ја испраќа на органот од прв степен
  2. б) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од три дена
  3. в) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од осум дена


41. Во управната постапка, кој испитува дали жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице

  1. а) второстепениот орган
  2. б) писарницата на Управниот суд
  3. в) првостепениот орган


42. Недопуштената, ненавремената или жалбата изјавена од неовластено лице, органот во прв степен ќе ја отфрли со

  1. а) решение
  2. б) заклучок
  3. в) одлука


43. При одлучување по жалба во управната постапка, второстепениот орган може

  1. а) да го укине решението во целост
  2. б) да ја одбие жалбата, да го поништи решението во целост или делумно или да го измени
  3. в) да ја одбие жалбата или да го поништи решението


Прашања од Кодексот за административни службеници

1. Кодексот за административни службеници го донесува министерот за информатичко општество и администрација:
  1. а) точно   
  2. б) неточно


2. Кодексот за административни службеници претставува:
  1. а) уредба за однесување на административните службеници
  2. б) сет на етички стандарди и правила на однесување на административните службеници
  3. в) закон за однесување на административните службеници


3. Вредностите и нормите содржани во Кодексот за административни службеници се  во форма на:        
  1. а) законски одредби
  2. б) етички стандарди и правила
  3. в) изјави за согласност


4. Целта на Кодексот за административните службеници е да поттикне добро постапување и однесување на административните службеници и да ја зајакне довербата на граѓаните во работата на институциите на јавниот сектор:
  1. а) точно   
  2. б) неточно


5. Чиј интерес застапува и промовира административниот службеник во своето работење:
  1. а) приватниот интерес
  2. б) јавниот интерес
  3. в) личниот интерес
6. Административниот службеник работи:
  1. а) законски, прописно или на морален начин
  2. б) прописно и незаконски
  3. в) законски и на неморален начин
7. Административниот службеник ги извршува работите посветено и професионално   
  1. а) неточно
  2. б) точно   


8. Дали административниот службеник го поттикнува активното вклучување на граѓаните во процесот на креирање на политиките?          
  1. а) да
  2. б) не


9. Административниот  службеник  во  своето  работење  се  води  од  принципите на:             
  1. а) хуманост, еднаквост и социјална правда
  2. б) хуманост и нееднаквост
  3. в) еднаквост и социјална правда


10. Административниот службеник, во работењето и однесувањето, постапува:
  1. а) пристрасно и субјективно
  2. б) непристрасно, без предрасуди и без намера за остварување на лична корист или амбиција
  3. в) со намера да оствари лична корист


11. Административниот службеник со своето работење и однесување овозможува остварување на уставно загарантираните права на еднаквост и недискриминација, преку:  
  1. а) злоупотреба и дискриминација
  2. б) создавање на можности и почитување на различностите
  3. в) непочитување на различностите


12. На корисниците на услугите на администрацијата, административниот службеник им овозможува еднакви стандарди при испорачувањето на услугите преку:      
  1. а) субјективен и пристрасен однос
  2. б) фер и правичен однос
  3. в) личен, пријателски и семеен однос


13. Административниот службеник на сите граѓани им овозможува заштита од неправда, злоупотреба и дискриминација, по било која основа        
  1. а) точно   
  2. б) неточно


14. Административниот службеник, врз основа на своите работни компетенции и на правилата и процедурите на службата, ги извршува работите:    
  1. а) паушално и по добиено насоки
  2. б) посветено и професионално
  3. в) врз основа на секојдневни наредби од претпоставениот


15. Административниот службеник ја извршува работата:        
  1. а) самостојно и навремено, посветувајќи внимание и почитувајќи ги приоритетите и редоследот на задачите
  2. б) почитувајќи ги приоритетите, со одложување и непочитување на редоследот на задачите
  3. в) почитувајќи го рокот за извршување на работните задачи, со непочитување на  приоритетите и редоследот на задачите


16. Административниот службеник не ја истакнува, ниту наметнува на други својата политичка определба      
  1. а) точно   
  2. б) неточно


17. Административниот службеник не смее да врши политички активности што можат да ја поткопаат довербата на граѓаните во администрацијата
  1. а) точно   
  2. б) неточно


18. Административниот службеник го користи наученото за:      
  1. а) подобрување на својата работа и развојот на институцијата
  2. б) лични цели
  3. в) подигнување на нивото на сопствените општи познавања


19. Дали административниот службеник го олеснува пристапот до податоците со кои располага во своето работење:  
  1. а) да
  2. б) не


20. Административниот службеник остварува затворена и повремена комуникација со граѓаните и правните лица:     
  1. а) неточно
  2. б) точно
  3. в) зависи од институцијата во која работи административниот службеник


21. Според Кодексот за административни службеници,  дали административниот службеник  ја почитува приватноста и дискрецијата на колегите?     
  1. а) да
  2. б) не


22. Службените телефонски разговори на административниот службеник се...
  1. а) кратки и концизни
  2. б) опширни и детални
  3. в) долготрајни и неконструктивни


23. Кога странките се незадоволни од одговорот, административниот службеник...
  1. а) бара арбитрирање од непосредно претпоставениот административен службеник
  2. б) ги советува да поведат судска постапка
  3. в) ги упатува кај Народниот правобранител на Република Македонија


24. Дали административниот службеник, приватните телефонски разговори ги води во присуство на странки или кога странките чекаат одговор или кога имаат намера да постават прашање:     
  1. а) не
  2. б) да
  3. в) да, само доколку странките се познати за службеникот


25. Во претставувањето на јавни настани, на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација, административниот службеник:
  1. а) претставува пример за соодветно и достоинствено однесување
  2. б) не води грижа за нарушување на угледот и за мислењето на јавноста за администрацијата
  3. в) се однесува врз основа на сопствено убедување


26. Административниот службеник во односот со колегите го негува духот и начелата на ...       
  1. а) тимска работа, заемно почитување, уважување на различностите, солидарност и соработка
  2. б) индивидуална работа
  3. в) дискриминација, непочитување и застапување на личниот интерес


27. Кога странките се незадоволни од одговорот што им го дал, административниот службеник бара:         
  1. а) арбитрирање од непосредно претпоставениот административен службеник
  2. б) заштита
  3. в) помош од колегите


28. Административниот службеник во службата, во приватниот живот и во јавноста се однесува достоинствено и не постапува на начин со кој би се нарушил:   
  1. а) неговиот личен  углед, угледот на институцијата и на администрацијата во целина
  2. б) угледот на неговото семејство
  3. в) јавниот ред во институцијата


29. Административниот службеник се воздржува од давање на штетни изјави за службата...
  1. а) без да се оневозможи остварување на правото на градење на сопствен став и  јавно изразување на мислење
  2. б) ако има личен интерес
  3. в) ако за тоа нема добиено согласност од непосредно претпоставениот административен службеник


30. Административниот службеник, кон ресурсите кои му се дадени на користење, како и во вршењето на работата се однесува економично, штедливо и ефикасно, користејќи ги ресурсите за:    
  1. а) службени потреби
  2. б) лични потреби
  3. в) за било каква потреба


31. Дали административниот службеник се грижи за безбедноста на доверените предмети и документи:
  1. а) да
  2. б) не
  3. в) да, ако тоа му е нагласено од непосредно претпоставениот административен службеник


32. Административниот службеник посветува внимание на изгледот и начинот на облекување, за да не предизвика:      
  1. а) впечаток на непристојност и нарушување на угледот на администрацијата
  2. б) негативни реакции
  3. в) коментари од страна на колегите и странките


33. За непочитување на одредбите на Кодексот за административни службеници, административниот службеник одговара:   
  1. а) дисциплински
  2. б) материјално
  3. в) прекршочно


34. Административниот службеник при вработувањето во службата потпишува: 
  1. а) Изјава за прифаќање на Декларацијата за заедничка мисија на вработените во јавниот сектор
  2. б) заклетва
  3. в) согласност


Прашања во врска со положбата и други општи прашања за вработените во јавниот сектор 

1. Вработени во јавен сектор се:       

а) лицата кои засновале работен однос во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон

б) лицата кои засновале работен однос во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот  и со закон, како и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје

в) лицата кои засновале работен однос во општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


2. Лицата кои добиле мандат да извршуваат функција на претседателски, парламентарни или на локални избори, лицата кои добиле мандат да извршуваат функции во извршната или во судската власт преку избор или именување од Собранието на Република Македонија или од органите на локалната власт, како и други лица кои согласно закон се избрани или именувани на функција од носителите на законодавната, извршната или судската власт, се сметаат за вработени во јавниот сектор

а) точно

б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


3.  Вработени во јавен сектор се лицата кои засновале работен однос во:

a) органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон, како и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје

б) само во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон

в) само во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


4. Давателите на јавни услуги во областа на комуналните дејности не се сметаат за вработени во јавен сектор:           

а) точно

б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


5. За  прашања  кои  се  однесуваат  на  работниот однос на вработените во јавниот сектор се применуваат општите прописи за работните односи, само доколку...       

а) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, посебните закони и колективните договори

б) се работи за прашања кои се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор и овој закон упатува на дополнителна примена и на општите прописи за работните односи

в) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот  сектор, како и за прашања за кои Законот за вработените во јавниот сектор не упатува на примена на посебен закон и колективен договор, а се однесува на работниот однос на вработениот

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

6. Начелото  на  еднакви  услови и  еднаков  пристап  до  работно  место, во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор значи дека:    

а) институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку интерен, односно јавен оглас

б) на јавниот, односно интерниот оглас се избира најстручниот и најкомпетентниот кандидат за работното место

в) сите вработени во јавниот сектор имаат право на еднакви организациски, просторни и технички услови

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


7. Институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку објавување:       

а)  јавен, односно интерен оглас

б) јавен повик

в) соопштение до јавноста

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


8.  Унапредувањето на вработените во јавниот сектор се врши преку 

а) објавување на интерен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата

б) објавување на јавен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата

в) преземање при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

9. Примена  на  начелото  на  управување  со  ефектот  на  вработените  во јавниот сектор подразбира:                      

а) обврска на институциите да воспостават процедури за управување со ефектот на вработените, преку кои ќе се следи нивната работа, ќе се оценуваат и ќе се предлагаат мерки за подобрување на ефектот

б) обврска на вработените да ги извршуваат работите и работните задачи утврдени во актите за систематизација на работни места во институциите

в) обврска на институциите да ги унапредат вработените

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


10. Примена на начелото на сервисна ориентираност за вработените во јавниот сектор подразбира:          

a) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и интересите на странките, со истовремена грижа за јавниот интерес

б) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и  интересите на странките, не водејќи сметка за јавниот интерес

в) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на сопствениот интерес

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

11. Примената  на начелото на транспарентност и доверливост за вработените во јавниот сектор подразбира ...    

а) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да обезбедат пристап до информации од јавен карактер на начин и под услови утврдени со закон

б) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи не смеат да обезбедат пристап до информации од јавен карактер за надворешните лица

в) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да побараат дозвола од Министерството за информатичко општество и администрација заради обезбедување на пристап до информации од јавен карактер

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


12. Работните места на вработените во јавниот сектор се групираат во:      

а) две групи

б) три групи

в) четири групи

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


13. Која од наведените групи не се смета за група на вработени во јавниот сектор:      

а) даватели на јавни услуги

б) помошно - технички лица

в) функционери

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


14. Во рамки на секоја група на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат :          

а) најмалку две подгрупи на работни  места

б) една и повеќе подгрупи на работни места

в) точно пет подгрупи на работни места

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

15. Во рамки на секоја подгрупа на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:                    

а) една или повеќе групи на работни места

б) една или повеќе категории на работни места

в) едно или повеќе нивоа на работни места

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


16. Во рамки на секоја категорија на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:             

а) една или повеќе подгрупи на работни места

б) едно или повеќе нивоа на работни места

в) една или повеќе групи на работни места

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


17. Категориите  и  нивоата на работните места во јавниот сектор се утврдуваат во:             

а) Законот за работните односи

б) Законот за вработените во јавниот сектор

в) посебните закони и колективните договори

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


18. Каталогот на работните места во јавниот сектор го воспоставува и води:    

а) Агенцијата за вработување на Република Македонија

б) Министерството за информатичко општество и администрација

в) Агенцијата за администрација

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

19. Што се регулира со актот за внатрешна организација на институцијата:       

а) видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа

б) начинот на однесување на вработените во институцијата

в) име и презиме на сите вработени во институцијата

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


20. Актот за внатрешна организација и актот за систематизација на работните места за секоја институција од јавниот сектор го донесува:

а) надлежен државен орган утврден со закон

б) раководното лице на институцијата

в) раководителот на организационата единица за управување со човечките ресурси во институцијата

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


21. Со актот за систематизација на работните места во институцијата се регулира/ат:       

а) описите на работните места

б) начинот на однесување на вработените

в) видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


22. Регистарот на вработените во јавниот сектор го воспоставува и во електронска форма го води:       

а) Централниот регистар

б) Министерството за внатрешни работи

в) Министерството за информатичко општество и администрација

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


23. Законот за вработените во јавниот сектор допушта вработување на определено време:           

а) да

б) не

в) да, но само во определени случаи таксативно наведени во законот

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


24. Полното работно време на вработените во јавниот сектор изнесува: 

а) 40 часа неделно

б) 42 часа неделно

в) 48 часа неделно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


25. Општите права и должности  на вработените во јавниот сектор се уредуваат со:   

а) посебните закони и колективните договори

б)  Законот  за работните односи

в)  Законот за вработените во јавниот сектор


Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


26. Со посебните закони се уредуваат  ...              

a) општите права и должности кои важат за сите вработени во јавниот сектор

б) заедничките начела кои важат за сите вработени во јавниот сектор

в) други права и должности кои произлегуваат од работниот однос на вработените, а кои не се уредени во Законот за вработените во јавниот сектор

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


27. Вработените во јавниот сектор имаат право на плата и надоместоци од плата во согласност со:                   

а) посебните закони, колективните договори или општите прописи за работните односи

б) Законот за вработените во јавниот сектор

в) Одлука на министерот за финансии

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


28. На вработените во јавниот сектор им мируваат правата и должностите од работниот однос само во случаите...                     

а) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон

б) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата

в) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон, кога се упатени на работа во странство во рамките на меѓународна, техничка, просветна, здравствена, културна, научна и друг вид на соработка, кога се упатени на работа во дипломатско или конзуларно претставништво, кога брачните другари им се упатени на работа во странство во погоре наведените случаи или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата


Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

29. Вработените во јавниот сектор имаат право на неплатено отсуство, во времетраење од најмногу:                

а) 1  година

б) 3  години

в) 2  години

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


30. Доколку за времетраењето на мирувањето на работниот однос на вработените во јавниот сектор, се променат посебните услови за нивното работно место ...               

а) истите се должни да ги исполнат новите услови во рок од две години од денот на враќањето во институцијата

б) истите не се должни да ги исполнат новите услови

в) истите не можат да се вратат на истото работно место во институцијата

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

31. Вработените во јавниот сектор кои се кандидирале на парламентарни, претседателски или локални избори, имаат право на неплатено отсуство...:       

а) за  време на изборната кампања за изборите на кои учествуваат

б) во времетраење од 15 дена, сметано од почетокот на изборната кампања за изборите на кои учествуваат

в) немаат право на неплатено отсуство за време на изборната кампања за изборите на кои учествуваат

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


32. Доколку вработениот во јавен сектор смета дека работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно од непосредно претпоставениот, е неуставна, односно незаконита...:               

а) должен е да му укаже на лицето кое му ја дало задачата за неуставноста односно незаконитоста и веднаш потоа да ја изврши без оглед на нејзиниот карактер

б) должен е да му укаже на лицето кое му ја дало задачата за неуставноста односно незаконитоста, и да ја изврши доколку по добивањето на истата во писмена форма само ако оцени дека нејзиното извршување не претставува кривично дело

в) не е должен да му укаже на лицето кое што му ја дало задачата за неуставноста односно незаконитоста и да одлучи дали истата ќе ја изврши без оглед на нејзиниот карактер

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


33. Ако вработените во јавниот сектор не го предупредат непосредно претпоставениот дека задачата што им ја дал е неуставна, односно незаконита и истата ја извршат, за нејзиното извршување ќе одговараат :                

а) вработените

б) вработените и нивниот непосредно претпоставен

в) непосредно претпоставениот и неговиот раководител

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


34. Доколку работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно од непосредно претпоставениот е неуставна, односно незаконита, вработениот е должен е да му укаже на лицето кое што му ја дало задачата на неуставноста, односно незаконитоста на дадената задача и да постапи по истата...:                     

а)  без оглед дали задачата е дадена  усно или во писмена форма

б)  доколку е дадена во писмена форма

в)  доколку во писмена форма се согласи со нејзиното извршување

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


35. Доколку вработениот  во  јавниот сектор смета дека работната задача дадена од функционерот  кој раководи со институцијата, односно од непосредно претпоставениот, е неуставна, односно незаконита, должен е да му укаже на лицето кое што му ја дало задачата на неуставноста, односно незаконитоста на дадената задача во писмена форма и истата да ја изврши, освен...              

а) ако одлучи покрај даденото укажување, за тоа писмено да го извести и непосредно повисокиот претпоставен од оној кој му ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција

б) ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпоставен од оној кој ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција

в) ако оцени дека нејзиното извршување претставува потешко кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење подолго од шест месеци и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпоставен од оној кој ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


36. Вработените во јавниот сектор, ако оценат дека извршувањето на дадената работна задача претставува кривично дело, не можат да бидат повикани на одговорност заради даденото известувањето за тоа до непосредно повисокиот претпоставен од оној кој им ја дал задачата, како и до Државната комисија за спречување на корупција:        

а) точно

б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

37. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата...                       

а) до  истекот на дневното работно време на работодавачот

б) во рок од 24 часа

в) во рок од три работни дена

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


38. Во случај на спреченост за доаѓање на работа поради виша сила, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата...:     

а) до  истекот  на дневното работно време на работодавачот

б) веднаш по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето

в) во рок од 24 часа по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


39. Во случај на спреченост за доаѓање на работа поради виша сила, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, веднаш по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето         

а) точно

б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


40. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, веднаш по престанувањето на причината за спреченоста за доаѓањето на работа              

а) точно

б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


41. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице  на  институцијата, до истекот на дневното работно време на работодавачот                

а) неточно

б) точно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

 

42. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор, можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење                

а) точно

б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


43. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.)  вработените  во  јавниот  сектор  можат   да  бидат  упатени  на  извршување работи  и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење:                  

а) доколку се согласат

б) доколку се согласат во писмена форма

в) без нивна согласност

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


44. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат  да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење само со нивна согласност                        

а) точно

б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


45. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење, се додека траат вонредните околности:                  

а) без оглед на нивното времетраење

б)  но не подолго од една година

в)  но не подолго од три месеци

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


46. Вработениот во јавниот сектор, во институцијата во која ги извршува работите и работните задачи, не смее на себе да носи или да истакнува партиски симболи во...:            

а) просторијата на функционерот кој раководи со институцијата

б) работните простории и во просториите на институцијата

в) просториите во кои работи со странки

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


47. Вработените во јавниот сектор во текот на работното време смеат директно да учествуваат во изборните активности или во други јавни настапи од тој вид:          

а) точно

б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


48. Вработените во јавниот сектор во работните простории и во просториите на институцијата не смеат да ги искажуваат или да ги застапуваат своите политички или партиски уверувања        

а) точно

б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


49. Вработените во јавниот сектор, со своето членство во политичка партија и со учество во партиски активности, смеат да го доведат во прашање вршењето на работата и работните задачи од работното место во институцијата   

а) точно

б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


50. Подароци, примени од страна на службени лица или од меѓународни организации, дадени за време на посети, гостувања или во други слични околности, се сметаат за протоколарни подароци         

а) неточно

б) точно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


51. Во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор, во евиденцијата на подароци се внесуваат податоци за:                       

а) протоколарните подароци

б) примените подароци, нивната вредност, дарителите и другите околности

в) подароците и дарителите

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


52. Одговорноста на вработените во јавниот сектор за вршење на работите и работните задачи од работното место може да биде:          

а) дисциплинска и/или материјална

б) дисциплинска

в) материјална

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


53. Одговорноста  за сторено кривично дело, односно прекршок...: 

а) ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор

б) во зависност од тежината на стореното кривично дело, односно прекршок, ја исклучува, односно не ја исклучува  дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор

в) не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


54. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор

а) точно

б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


55. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор 

а) точно

б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


56. Вработените во јавниот сектор, за вршењето на работите и работните задачи од работното место, се:      

а) колективно одговорни

б) лично и/или колективно одговорни, во зависност од работното место на кое се распоредени во институцијата и од видот на дисциплинскиот престап

в)  лично одговорни

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


57. На вработените во јавниот сектор работниот однос им престанува:      

а) со спогодба, по нивно барање, по сила на закон и во други случаи утврдени со закон и/или колективен договор

б) со спогодба или по нивно барање

в) по сила на закон

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

58. Мобилност  на вработените во јавниот сектор е:               

а) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на јавниот сектор

б)  вертикално  движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места

в) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


59. Мобилност  на вработените во јавниот сектор се врши:       

а) преку објавување на јавен оглас

б) без објавување на интерен, односно јавен оглас

в) преку објавување на интерен, односно јавен оглас

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


60. Мобилност  на вработените во јавниот сектор се врши преку:            

а) распоредување, односно преземање на вработениот  на работно место во рамките на иста група на работни места, независно  од категоријата и  нивото на работното место

б) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува или се презема

в) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место во исто звање

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор



61. Вработениот во јавниот сектор, на барање на друга институција, заради времено зголемен обем на работа, може да биде времено распореден на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција:               

а) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу една година

б) за времетраење од најмалку еден месец,  а најмногу  шест  месеци

в) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу дваесет и четири месеци

г) се додека не престане потребата за тоа

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

62. Вработениот во јавниот сектор, на барање на друга институција, заради времено зголемен обем на работа, може да биде времено распореден на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција...:                             

а) по претходна писмена согласност на раководните лица на институциите, без претходна  согласност на вработениот 

б) по претходна писмена согласност на вработениот и на раководните лица на институциите

в) по претходна писмена согласност на вработениот и  на раководното лице на институцијата во која истиот е вработен

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


63. При распоредувањето на вработениот во јавниот сектор во истата институција или при временото распоредување на вработениот во друга институција, работното место на кое се распоредува не смее да биде:           

а) надвор од местото во кое се наоѓа работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето

б)  оддалечено повеќе од 25 километри од  работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето

в)  оддалечено повеќе од 50 километри од  работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


64. Трансфер – листи за можни преземања на вработените во јавниот сектор води:

а) Министерството за финансии

б) Министерството за информатичко општество и администрација

в) Агенција за администрација

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


65. Вработениот  во јавниот сектор, може да биде преземен од една во друга институција на работно место на исто ниво, односно на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција, ако за тоа се согласат вработениот и раководните лица на двете институции, а по претходна согласност   на ...             

а) Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот

б) Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за администрација

в) Агенцијата за администрација и Министерството за финансии

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


66. Вработениот во јавниот сектор чие работно место се укинува, се евидентира на Трансфер – листата на можни преземања и ...              

а) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот

б) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат раководните лица на институциите

в) по истекот на три месеца од денот на евидентирањето на Трансфер-листата на можни преземања се распоредува на било кое работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација 

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

67. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација...                 

а) ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот

б) без негова согласност

в) ако за тоа се согласат раководните лица на институциите и Министерството за финансии

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


68. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција...                   

а) на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација

б) на било кое работно место, доколку се согласи со тоа

в) на работно место кое е предвидено во актот за систематизација на работните места, а е упразнето

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


69. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на:              

а) Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии

б) Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот

в) Агенцијата за администрација

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


70. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор, односно вработен чие работно место се укинува, согласно Законот за вработените во јавниот сектор,  не смее да биде оддалечена од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето       

а) точно

б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


71. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува, не смее да биде ...                

а) надвор од местото во кое се наоѓа институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето

б) оддалечена повеќе од 25 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето

в) оддалечена повеќе од 50 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


72. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува не смее да биде оддалечена повеќе од 50 километри од  институцијата  во  која  бил вработен пред преземањето, освен  ако ...:     

а) преземањето е на барање на вработениот

б) двете институции се наоѓаат  во едно поголемо  населено место

в)  постои бесплатен организиран превоз до институцијата во која се презема вработениот

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


Прашања во врска со правата од работен однос на административните службеници


1. Статусот и надлежноста на Агенцијата за администрација се регулирани со:                      

а) Законот за административни службеници

б) Законот за државните институции

в) Законот за Агенцијата за администрација на Република Македонија

Извор: Закон за административни службеници


2. Административен службеник е лице кое засновало работен однос заради вршење на работи од административна природа во:             

а) органите на државната и локалната власт и во други државни органи основани во согласност со устав и со закон и во институциите што вршат дејности од областа на образованието, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје и општините на градот Скопје

б) административната служба на јавните претпријатија

в) Административниот совет на јавниот сектор

Извор: Закон за административни службеници


3. Согласност на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во институциите на јавниот сектор дава:                     

а) Министерството за информатичко општество и администрација

б) Агенцијата за администрација

в) Агенцијата за вработување на Република Македонија

Извор: Закон за вработените во јавниот сектор


4.  Во зависност од институцијата во која е вработен, административниот службеник може да биде:                            

а) државен службеник и јавен службеник

б) службеник и овластено службено лице

в) службеник и давател на јавна услуга

Извор: Закон за административни службеници

 

5.  За    прашања   што   се    однесуваат   на      работниот    однос     на административните   службеници,  а  што  не   се    уредени   со    Законот    за административни службеници, со Законот за вработени во јавниот сектор или со посебните закони и со колективни договори, се применува:           

а)  општите прописи за работните односи

б) Законот за организација и работа на државната управа

в) Законот за општа управна постапка

Извор: Закон за административни службеници


6. Изразот „работно место" употребен во Законот за административни службеници  означува:              

а)  посебна категорија во организациска единица

б)  одделно ниво во актот за систематизација

в) најмала единица во организациската структура на институцијата која во актот за систематизација е опишана со ниво, општи и посебни услови, цели и работни задачи и други податоци од интерес за работното место

Извор: Закон за административни службеници


7. Изразот „сродни работни места" употребен во Законот за административни службеници  означува:                                             

а) работни места во една организациска единица

б) работни места во ист ресор

в) работни места од исто ниво за кои се бара ист степен и ист вид на образование

Извор: Закон за административни службеници


8. Изразот „стручни  квалификации" употребен во Законот за административни службеници означува:                

а) диплома од завршено насочено образование на кандидатот

б) формално образование и други форми на стручно образование на вработениот за кои поседува диплома или сертификат

в) квалификации стекнати низ практична работа на конкретно работно место

Извор: Закон за административни службеници


9. Изразот „работни компетенции" употребен во  Законот за административни службеници означува:              

а) збир од знаења, вештини и способност на вработениот административен службеник да ги извршува работите и работните задачи на работното место

б) вештини стекнати низ работа

в) знаења стекнати со обуки

Извор: Закон за административни службеници


10. Изразот „работно искуство во струката" употребен во Законот за административни службеници го означува:                               

а)  периодот на работен стаж или искуство стекнато во струката, почнувајќи од првото засновање на работен однос

б)  периодот на работен стаж стекнат по било каков основ

в) периодот евидентиран во агенција за вработување како работен стаж, кој вработениот го поминал во работен однос по стекнување на определен степен и вид образование и во кој вршел работи и работни задачи за кои е потребен таков степен и вид на образование

Извор: Закон за административни службеници


11. Кои институции се надлежни за координација на управувањето со административните службеници:                                                                                

а) Министерството за информатичко општество и администрација,  Министерството за финансии, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и Агенцијата за администрација

б) Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за вработување на Република Македонија 

в) Министерството за финансии, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и Агенција за вработување на Република Македонија

Извор: Закон за административни службеници


12.   Која институција го води Регистарот на вработени во јавниот сектор: 

а)  Министерството за информатичко општество и администрација

б)  Агенцијата за администрација 

в)  Централниот регистар на Република Македонија

Извор: Закон за административни службеници


13. Која институција води Регистар на оцени на административните службеници:                                          

а)  Агенцијата за вработување на Република Македонија

б)  Министерството за информатичко општество и администрација

в)  Агенцијата за администрација 

Извор: Закон за административни службеници


14.  Агенцијата за администрација е:            

а) орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација

б) самостоен државен орган со својство на правно лице, со права, обврски и одговорности утврдени со Законот за административни службеници

в) самостоен орган на државна управа

Извор: Закон за административни службеници


15. Агенцијата за администрација за својата работа е одговорна пред:     

а) Собранието на Република Македонија

б) Министерството за информатичко општество и администрација

в) Владата на Република Македонија

Извор: Закон за административни службеници


16. Со Агенцијата за администрација раководи:          

а)  Директор

б)  Генерален секретар

в)  Министер

Извор: Закон за административни службеници


17. Директорот на Агенцијата за администрација  се именува за период од:

а) пет години

б) шест години

в) четири години

Извор: Закон за административни службеници


18. По жалби и приговори на административните службеници во втор степен одлучува:                          

а)   Агенцијата за администрација

б)   Министерот за информатичко општество и администрација

в)   Директорот на институцијата

Извор: Закон за административни службеници


19. Административните службеници се класифицираат според  следниве обележја на категориите:            

а) А, Б, В и Г

б) I, II, III и IV

в) раководни и извршни административни службеници

Извор: Закон за административни службеници


20.   Административните  службеници  се  класифицирани во следниве категории:              

а) Категорија I - директори,  категорија II – раководители на сектор,  категорија III  - раководители на одделенија и категорија IV- раководители на служба

б) Категорија А – секретари; категорија Б – раководни административни службеници;  категорија В – стручни административни службеници и категорија Г – помошно стручни административни службеници

в) Категорија - директори; категорија - раководители; категорија – извршно- административни службеници и категорија – помошен персонал

Извор: Закон за административни службеници


21.  Во Законот за административни службеници е предвидена можност со актот за систематизација на работните места да бидат утврдени посебни работни места –кабинетски службеници во кабинетите на:                  

а)   Претседателот на Република Македонија,  Претседателот на Собранието на Република Македонија,  Претседателот на Владата на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, замениците на претседателот на Владата на Република Македонија,  Генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите

б) сите министри,  Претседателот на Република Македонија,  Претседателот на Собранието на Република Македонија и на Претседателот на Владата на Република Македонија

в) Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија,  Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија и Народниот правобранител на Република Македонија

Извор: Закон за административни службеници


22. Пополнување на слободните работни места во институциите заради вршење на административни работи, се врши преку постапка за:                                             

а) вработување и прераспоредување

б) вработување и унапредување

в) вработување, унапредување и мобилност преку распоредување или преземање

Извор: Закон за административни службеници


23. Постапката  за  вработување  на  административни  службеници започнува со:                

а) објавување на јавен оглас

б)  јавен повик во медиумите

в)  писмено соопштение на интернет страницата на институцијата

Извор: Закон за административни службеници


24. Постапките за пополнување на работно место на административен службеник се  спроведуваат по:             

а) добивање писмено одобрување од Агенцијата за вработување на Република Македонија

б) претходно известување за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии, односно од органот надлежен за издавање на финансиска согласност за пополнување на работни места во институцијата

в) барање согласност од Владата на Република Македонија

Извор: Закон за административни службеници


25. Постапката за унапредување на административен службеник започнува со:                         

а) објавување на интерен оглас

б) објавување на јавен оглас                                                                            

в) објавување на соопштение за медиумите

Извор: Закон за административни службеници


 26. Годишниот план за вработување го донесува:                   

а) раководното лице на институцијата

б) Управниот одбор на институцијата

в) министерот од надлежниот ресор

Извор: Закон за вработените во јавниот сектор


27. Годишниот план за вработување содржи:                

а) точни податоци за предвидени нови вработувања и заминувања од службата

б) точни податоци за распоредувања на нови и постојно вработени во текот на календарската година по сите основи

в) точни податоци за состојбата на пополнетост на работните места во институцијата; податоци за планирани пензионирања и податоци за други планирани движења на вработените и план за распределба на бројот на нови вработувања во следната година по припадност на заедница

Извор: Закон за вработените во јавниот сектор


28. Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор дава согласност  при донесувањето на годишниот план за вработување на:                      

а) органите на државната управа

б) институциите во јавниот сектор

в) органите на државната и локалната власт

Извор: Закон за вработените во јавниот сектор


29. За институциите буџетски корисници од прва линија кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија и за јавните претпријатија основани од Република Македонија, при донесувањето на годишниот план за вработување согласност дава:          

а)  Министерство за финансии

б)  Министерство за економија

в)  надлежно министерство

Извор: Закон за вработените во јавниот сектор


30. Јавниот оглас за вработување на административни службеници се објавува на:        

а) интернет страницата на институцијата која врши вработување и во најмалку три дневни весници, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик;

б) интернет страницата на Агенцијата за администрација на Република Македонија и во најмалку три дневни весници, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик;

в) интернет страницата на Министерството за информатичко општество и администрација и во најмалку два дневни весника, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

Извор: Закон за административни службеници


 31. Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас ја формира:    

а) Агенцијата за администрација

б) Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор

в) Министерството за информатичко општество и администрација

Извор: Закон за административни службеници

 

32. Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас е составена од:    

а) административен службеник од Секторот за селекција на кандидати во Агенцијата за администрација кој е претседател на Комисијата и негов заменик, раководителот на организациoната единица за управување со човечки ресурси, односно административниот службеник кој ги врши работите кои се однесуваат за управување со човечки ресурси ако нема организациона единица во институцијата која вработува и негов заменик, раководителите на организационите единици во кои работните места се пополнуваат, односно непосредно претпоставените доколку нема раководители како и нивни заменици и/или административен службеник од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и негов заменик доколку постапката се спроведува за органи на државната управа

б) раководни административни службеници, претставници од Агенцијата за вработување на Република Македонија, Агенцијата за администрација на Република Македонија и онолку други членови од соодветните организациони единици на институциите за кои се предвидува пополнување на работните места,  како и нивни заменици

в) раководни административни службеници, претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за вработување на Република Македонија и онолку други членови од соодветните организациони единици на институциите за кои се спроведува постапка за  пополнување на работните места,  како и нивни заменици

Извор: Закон за административни службеници


33. Постапката за селекција за вработување на административен службеник се состои од:                       

а) три фази

б) четири фази

в) две фази

Извор: Закон за административни службеници


 34. Постапката за селекција за вработување на административен службеник се состои од четири фази, и тоа:       

а) административна селекција, испит за административен службеник, проверка на веродостојноста на доставените докази и интервју како и тест на личност

б) административна селекција, испит за административен службеник, стручен испит и интервју

в) проверка на доставените докази, писмен тест, устен испит и интервју

Извор: Закон за административни службеници


35.   Административната селекција за вработување се состои од:           

а) проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, приложените докази во пријавата и нивно бодирање

б) проверка на доказите и нивно бодирање

в) проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во дневните весници

Извор: Закон за административни службеници


36. Испитот за административен службеник се состои од два дела, и тоа:  

а) стручен дел и дел за процена на интелектуалниот капацитет на кандидатот

б) општ и посебен дел

в) општ и практичен дел

Извор: Закон за административни службеници


37.   По спроведување на административната селекција, во следна фаза на постапката за селекција поминуваат:                    

а) најмногу десет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани

б) најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани

в) најмалку пет повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани

Извор: Закон за административни службеници

 

38.  По спроведувањето на испитот за административен службеник, во следна фаза на постапката за селекција поминуваат:                   

а) најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата

б) најмногу три пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата

в) најмногу два пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата

Извор: Закон за административни службеници


39. Проверка на веродостојноста на доказите приложени од кандидатите за вработување пријавени на јавниот оглас врши:                                        

aКомисијата за селекција за вработување по јавен оглас

б) Министерството за информатичко општество и администрација

в) Агенцијата за администрација

Извор: Закон за административни службеници


40. Во согласност со Законот за административни службеници, доколку надлежен орган утврди дека кандидатот за вработување  доставил лажни докази, тогаш...                

а) кандидатот се евидентира во Агенцијата за администрација и не може да се вработи како административен службеник во период од десет наредни години

б) кандидатот се повикува во Министерството за информатичко општество и администрација и против него се поведува прекршочна постапка

в)  против кандидатот се поведува дисциплинска постапка

Извор: Закон за административни службеници


41. Интервјуто, како дел од постапката за селекција на кандидатите пријавени на јавниот оглас за вработување на административен службеник  го спроведува:    

а) Агенцијата за администрација

б) Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас

в) Агенцијата за вработување на Република Македонија

Извор: Закон за административни службеници


42.  На интервјуто, како дел од постапката за селекција на кандидатите пријавени на јавен оглас за вработување на административен службеник,  преку ситуациони прашања се проверуваат потребните општи работни компетенции на кандидатот за категоријата на која припаѓа работното место за кое конкурирал, а преку стручни прашања или практични задачи, се проверуваат неговите посебни работни компетенции од делокругот на работното место за кое конкурирал                      

а) неточно

б) точно

Извор: Закон за административни службеници


43.  Со тестот на личност, како последна фаза од постапката на селекција на пријавените кандидати на јавниот оглас за вработување на административен службеник, се проверува соодветноста на кандидатите за работното место за кое аплицирале преку полагање на:                        

а) валидиран тест подготвен за користење во Република Македонија, а базиран на стандардизиран петфакторски модел со кој се проверуваат социјалните особини, одредени аспекти на интегритетот на личноста, пристапот кон учењето, како и другите психолошки особини во функција на извршувањето на работите и работните задачи за соодветната категорија на работни места

б) единствен психолошки тест базиран на стандардизиран петфакторски модел со кој се проверуваат социјалните особини и одредени аспекти на личноста, потребни за извршување на работите и работните задачи за соодветната категорија на работни места

в) тест подготвен за користење во Република Македонија, а со кој се проверуваат социјалните и личните особини, во функција на извршување на работите и работните задачи за соодветната категорија на работни места

Извор: Закон за административни службеници

44.  Тестот на личност, како последна фаза на постапката за селекција на пријавените кандидати на јавниот оглас за вработување на административен службеник, можат да го полагаат кандидати кои освоиле:                                                                           

а) најмалку 80% од максималниот број бодови во сите претходни фази на постапката за селекција

б) најмалку 60% од максималниот број бодови во сите претходни фази на постапката за селекција

в) најмалку 70% од максималниот број бодови во сите претходни фази на постапката за селекција

Извор: Закон за административни службеници


45.   Врз основа на предлогот  од  Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас, одлуката за избор за вработување на административен службеник ја донесува:             а) секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар

б)  директорот на Агенцијата за администрација

в)  Претседателот на Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас

Извор: Закон за административни службеници


46. Против одлуката за избор за вработување, незадоволниот кандидат има право на жалба која се доставува до:                                                   

а) Агенцијата за администрација, односно до надлежен орган во согласност со  Законот за административни службеници

б) надлежен основен суд

в) Министерството за информатичко општество и администрација

Извор: Закон за административни службеници


47.  Во рок од пет дена од конечноста на одлуката за избор на кандидат за вработување, раководното лице на институцијата носи решение, односно склучува договор за вработување на неопределено време со избраниот кандидат                   

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


48.  Избраниот кандидат за вработување, непосредно пред стапување на работа, пред секретарот односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, потпишува:           

а) Изјава за заедничката мисија на вработените во јавниот сектор, која е составен дел од Кодексот за административните службеници

б)  свечена заклетва за заедничката мисија на вработените во јавниот сектор

в)  согласност за распоредување на било кое работно место во институцијата, во случај на укинување на работното место на кое се вработува

Извор: Закон за административни службеници


49. Постапката на унапредување има за цел да им овозможи на административните службеници кариерно напредување, односно преминување од пониски на повисоки работни места во рамки на институцијата              

а)  точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


50. За можноста за унапредување на административните службеници се објавува:   

а)  интерен  оглас на веб страницата на институцијата

б) соопштение на веб страницата на  Агенцијата за администрација

в) јавен оглас во најмалку три весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од дневни весници, од кои еден од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик

Извор: Закон за административни службеници

 

51. При постапката на унапредување се почитува начелото за соодветна и правична застапеност:         

а) неточно

б) точно

Извор: Закон за административни службеници


52.  На интерен оглас може да се јави:

а) административен службеник вработен во институцијата која објавува интерен оглас

б) административен службеник вработен во органите на државната и локалната власт

в) вработен од групата на даватели на услуги во дејностите од јавниот сектор

Извор: Закон за административни службеници


53.  Административен службеник кој се пријавува на интерен оглас треба да ги исполнува следните услови:                        

а) да е вработен во институција од јавниот сектор, да ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место, да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас и тоа најмалку една година и да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас

б) да е вработен во институцијата од приватниот или јавниот сектор, да ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, да е оценет со оцена „особено се истакнува" или „се истакнува" при последното оценување и да е на работно место на пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас

в) да е вработен во институцијата која објавува интерен оглас, да ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, да е оценет со оцена „особено се истакнува" или „се истакнува" при последното оценување,  да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас и тоа најмалку две години и да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас           

Извор: Закон за административни службеници


54. Постапката за селекција за унапредување на административен службеник се состои од:                 

а) испит за административен службеник и интервју

б) административна селекција и интервју

в) испит за административен службеник и тест на личноста

Извор: Закон за административни службеници

 

55. Административната селекција, при интерен оглас кој го објавува   институцијата,  се состои од:          

а) проверка на знаењата и способностите на пријавените кандидати

б) оценување на општите и посебните работни компетенции на пријавените кандидати

в)проверка на внесените податоци во пријавата со условите кои според Законот за административни службеници кандидатите за унапредување треба да ги исполнуваат, проверка на приложените докази во пријавата и нивно бодирање

Извор: Закон за административни службеници


56.  Бодовите за административна селекција за секој пријавен кандидат на интерен оглас се утврдуваат врз основа на:             

а) збирот од просечната  оценка на највисокиот  степен на образование на кандидатот и успехот на тестот

б) збирот на последните три оцени на кандидатот добиени на редовните оценувања во институцијата, реализираните обуки и потврдите за менторство

в) мислењето на најмалку двајца раководни административни службеници

Извор: Закон за административни службеници


57. Во постапка за унапредување, Комисијата за селекција и унапредување, врз основа на составената ранг-листа на кандидатите според освоените бодови, спроведува интервју со:                  

а) најмногу три најдобро рангирани кандидати

б) најмногу пет најдобро рангирани кандидати

в) првиот најдобро рангиран кандидат

Извор: Закон за административни службеници


58. Во постапка по интерен оглас, врз основа на ранг-листата на кандидатите според освоените бодови на административната селекција и интервјуто, Комисијата за селекција и унапредување, на секретарот, односно на раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар,  му го/ги предлага како кандидат/и за вработување:                 

а) прворангираниот кандидат

б) трите прворангирани кандидати

в) петте прворангирани кандидати

Извор: Закон за административни службеници


59.  Во постапка по интерен оглас, по исклучок, интервјуто со најдобро рангираниот/те кандидат/и пријавен/и на интерниот оглас го врши секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар, и тоа за:                  

а)  унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата В

б)  унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата А

в)  унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата Б

Извор: Закон за административни службеници


60.  Формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен јавниот оглас, ги пропишува:            

а) Министерот за информатичко општество и администрација

б) Директорот на Агенцијата за администрација

в) Комисијата за селекција и унапредување

Извор: Закон за административни службеници


61.  Интерниот оглас институцијата може да го повтори пред:      

а) да се спроведе интервјуто

б) да се донесе одлука за избор

в) да се донесе одлука за објавување јавен оглас

Извор: Закон за административни службеници


62.  Административниот службеник има право и обврска во текот на годината стручно да се усовршува врз основа на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и должност да го пренесе стекнатото знаење на другите административни службеници                                 

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


63. Обуките за стручно усовршување на административни службеници можат да бидат:

а) општи и посебни

б) индивидуални и колективни

в) генерички и специјализирани

Извор: Закон за административни службеници


64. Генеричките обуки за стручно усовршување на административни службеници се вршат заради:                                             

а) генерално  усовршување на административните службеници во согласност со утврдениот распоред

б) стручно усовршување на административните службеници во согласност со рамката на општи компетенции

в) групно усовршување на административните службеници во согласност со Годишниот план за обука

Извор: Закон за административни службеници


65.  Специјализираните обуки за стручно усовршување на административни службеници се вршат заради:                              

а) оспособување на административните службеници за извршување специјални работи и работни задачи надвор од описот на работното место

б) оспособување на административните службеници за извршување посебни должности и овластувања

в) стручно усовршување на административните службеници во однос на посебните компетенции

Извор: Закон за административни службеници


66. Меѓусебните права и обврски на институцијата и на административниот службеник кој е упатен на специјализирана обука за потребите на институцијата се уредуваат со ...                      

а) писмен налог во кој се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум

б) писмен договор во кој се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум

в) решение во кое се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум

Извор: Закон за административни службеници


67. Раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар е должно за секој административен службеник во институцијата да избере:                       

а) најмалку пет генерички обуки годишно и истите да ги внесе во неговиот индивидуален план за стручно усовршување

б) најмногу  пет генерички обуки годишно и истите да ги внесе во неговиот индивидуален план за стручно усовршување

в) најмногу три генерички обуки годишно и истите да ги внесе во неговиот индивидуален план за стручно усовршување

Извор: Закон за административни службеници


68.  Годишната програма на генерички обуки за административни службеници ја донесува:         

а) Директорот на Агенцијата за администрација

б) Министерот за информатичко општество и администрација

в) Секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар

Извор: Закон за административни службеници


69.  Обука за административно управување се предвидува за:          

а) административни службеници на работни места на нивоа Б3 и Б4

б)  административни службеници на работни места на нивото В1

в)  административни службеници на работно место на сите нивоа А

Извор: Закон за административни службеници


70.  Испитот за административно управување е стручен испит и истиот, во согласност со закон, е посебен услов за унапредување на:                   

а) приправник

б) административен службеник на пробна работа

в) административен службеник на работно место од категоријата  Б

Извор: Закон за административни службеници


71. Испитот за административно управување го организира и спроведува:  

а)  Агенцијата за администрација во соработка со институциите

б) Агенцијата за администрација во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација

в) Агенцијата за администрација во соработка со Министерството за образование и наука

Извор: Закон за административни службеници


72. Испитот  за  административно  управување,  како  стручен  испит,  се  состои од:                 

а) полагање теоретски и практичен дел

б) полагање тест и интервју

в) полагање општ и поединечен дел

  Извор: Закон за административни службеници


73. Менторството како  метод  на  пренесување  на  знаења  и  вештини  меѓу административните службеници може да биде:                        

а) писмено или усно

б) организирано во форма на обука од надворешни предавачи

в) советодавно или практично

Извор: Закон за административни службеници

 

74.  Кои услови треба да ги исполнува административен службеник за да може да  биде назначен за ментор:                  

а) да завршил високо образование и обука за ментор

б) да е распореден на исто работно места како и менторираниот и да има завршено обука за ментор

в) да е распореден на работно место на повисоко ниво од административниот службеник кој е менториран  и да има завршено обука за ментор

 Извор: Закон за административни службеници

 

75. Регистарот на ментори на административните службеници го води: 

а) Министерството за образование и наука

б) Министерството за информатичко општество и администрација

в) Менторскиот совет

Извор: Закон за административни службеници


76. Системот за управување со ефектот на административните службеници се состои од:

а) воспоставување професионални релации меѓу административни службеници - раководители и административни службеници- извршители

б)  утврдување на работните цели и задачи и на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефектот на административниот службеник

в) определување на правила за давање наредби од страна на административни службеници - раководители и извршување на наредби од  страна на административни службеници - извршители

Извор: Закон за административни службеници


77.  Работните цели и задачи на административниот службеник се утврдуваат од страна на:

а) претпоставениот административен службеник во соработка со административниот службеник на крајот на постапката на оценување на работните достигнувања во декември во тековната година за наредната

б) секретарот,  односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар

в) Колегиумот на раководните лица во институцијата

Извор: Закон за административни службеници


78. Во индивидуалниот план кој се подготвува за стручно усовршување на административен службеник се утврдува:                     

а) потребата од дополнително стручно образование заради ефикасно извршување на утврдените работни цели и задачи и потребата од развој и унапредување на работните компетенции

б) потребата за стручно усовршување на административниот службеник заради ефикасно извршување на утврдените работни цели и задачи и потребата од развој и унапредување на работните компетенции

в) планот за полагање стручни испити во календарската година

Извор: Закон за административни службеници


79. Полугодишното интервјуто, како дел од процесот на континуирано следење на ефектот на административниот службеник од страна на непосредно претпоставениот административен службеник, се спроведува:             

а) два пати во тек на годината

б) еднаш во годината

в) на секои шест месеци

Извор: Закон за административни службеници


80. Постапката за подобрување на ефектот од работењето на административен службеник вклучува:               

а) дополнителни обуки или менторство и писмена опомена во која административниот службеник се предупредува на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект

б) упатување на дополнително образование, без писмена опомена и усно предупредување на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект

в) поведување на дисциплинска постапка и изрекување на суспензија и усно предупредување на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект

Извор: Закон за административни службеници


81. Кога во извештајот за полугодишното интервју се утврди дека административниот службеник покажал незадоволителни резултати, му се изрекува:                 

а) писмена опомена во која административниот службеник се предупредува на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект и обврска за дополнителни обуки и менторство

б) казна во висина од 20% од просечната плата која му е исплатена во претходната година

в) решение за престанок на работниот однос

Извор: Закон за административни службеници


82.  Оценувањето  на административните службеници се  спроведува:          

а) повремено

б) по договор

в) задолжително

Извор: Закон за административни службеници


83. Оценувањето на административните службеници задолжително се спроведува од страна на непосредно претпоставениот административен службеник:              

а) два пати во текот на годината

б) еднаш во годината

в) на секои три месеци

Извор: Закон за административни службеници


84. Годишната оцена на административниот службеник се добива врз основа на оценките на:

а) раководното лице на институцијата

б) непосредно претпоставениот административен службеник, на четири други административни службеници во институцијата и двајца оценувачи кои не се вработени во институцијата, а со кои административниот службеник има непосредна соработка

в) непосредно претпоставениот административен службеник и на двајца  други административни службеници во институцијата, а со кои администртивниот службеник има непосредна соработка

Извор: Закон за административни службеници


85. Работата на административниот службеник, во однос на квалитетот, ефективноста и ефикасноста на работењето, почитувањето на роковите и нивото на исполнување на утврдените работни цели и задачи, нивото на вклученост и посветеност на работата, придонесот во реализацијата на стратешкиот план на институцијата, реализацијата на индивидуалниот план за стручно усовршување и однесувањето на административниот службеник, имајќи го предвид и извештајот од полугодишното интервју, може да биде оценета од страна на оценувачот:             

а) со оценка "А", "Б", "В", "Г" или "Д"

б) со оценка "1", "2", "3", "4" или "5"

в) со оценка "особено се истакнува", " се истакнува", "задоволува", "делумно задоволува" или  "не задоволува"

Извор: Закон за административни службеници


86.  Административните службеници кои се оценети со највисока оценка  "А"  ќе бидат наградени со:      

а) бонус во износ од една плата примена во последниот месец во годината за која се вршело оценувањето

б) унапредување во повисоко работно место на повисоко ниво

в) додаток на плата за кариера

Извор: Закон за административни службеници


87. Годишната  оцена  на  административниот  службеник  се  добива врз основа на:            

а) оценката на непосредно претпоставениот административен службеник, односно, оценувачот која учествува со 65% и оценката на секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар која учествува со 35%

б) оценката на непосредно претпоставениот административен службеник, односно, оценувачот која учествува со 65%, како и од просечната оценка од четири други административни службеници со кои административниот службеник непосредно соработувал и тоа двајца на пониско и двајца на исто ниво, како и двајца оценувачи кои не се вработени во институцијата, а со кои административниот службеник има непосредна соработка која учествува со 35%

в) оценката на секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар која учествува со 65% и оценката на министерот за информатичко општество и администрација која учествува со 35%

Извор: Закон за административни службеници


88.  Регистарот за годишни оцени на административни службеници го води:       

а) Министерството информатичко општество и администрација

б) Агенцијата за администрација

в) Агенцијата за вработување на Република Македонија

Извор: Закон за административни службеници


89.  Против постапката за оценување незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до:                  

а) Агенцијата за администрација,  односно до надлежен орган во согласност со  Законот за административни службеници

б) Државниот управен инспекторат

в) Државниот  инспекторат за труд

Извор: Закон за административни службеници

 

90. Оценувањето на административниот службеник, кој во текот на годината за која се врши оценувањето, преку постапка на мобилност е распореден, односно преземен на друго работно место, го врши:          

а) новиот, врз основа на писмен извештај од претходниот оценувач

б) претходниот оценувач

в) Комисија за оценување

Извор: Закон за административни службеници


91. На административните службеници кои спаѓаат во последните 5% според ранг-листата на годишните оцени на сите административни службеници во една институција:    а) ќе им биде изречен укор и ќе бидат упатени на полагање испит за административен службеник

б) ќе им биде поведена дисциплинска постапка

в) ќе им престане работниот однос доколку се оценети со оцена „Д"; ќе им биде намалена платата во износ од 20% во период од шест месеци доколку се оценети со оцена „Г"; ќе им биде намалена платата во износ од 10% во период од шест месеци доколку се оценети со оцена „В" или ќе им биде намалена платата во износ од 5% во период од шест месеци доколку се оценети со оцена „Б"

Извор: Закон за административни службеници


92. Доколку   административниот   службеник   е   оценет    со    оцена „Г "  во  две  последователни  оценувања,  работниот однос не му престанува:

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници

 

93. Годишната оцена на административниот службеник може да биде: „А"- доколку има вредност од 4,51 до 5,00; „Б"-доколку има вредност од 3,51 до 4,50;  „В"- доколку има вредност од 2,51 до 3,50; „Г"- доколку има вредност од 1,51 до 2,50 и „Д"- доколку има вредност од 1,00 до 1,50                        

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


94. Административните службеници, освен оние кои со Изборниот законик се ослободени, се должни да учествуваат во работата на органите во кои се избрани за организирање и спроведување на изборна постапка, односно попис на населението во Република Македонија                       

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници

 

95. Административниот службеник е лично одговорен за вршењето на работите и работните задачи од работното место                  

а) неточно

б) точно

Извор: Закон за административни службеници


96. Административниот службеник одговара дисциплински доколку стори повреда на службената должност                                                  

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


97. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, не ја исклучува дисциплинската одговорност                                                           

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


98. Дисциплинската неуредност како вид на дисциплинска одговорност на административниот службеник подразбира полесна повреда на работната дисциплина, на работните задачи, на угледот на институцијата или на угледот на административниот службеник:                       

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


99. Дисциплински престап како вид на дисциплинска одговорност на административниот службеник подразбира потешка повреда на службената должност, на работната дисциплина, на угледот на институцијата или на угледот на административниот службеник:           

а) неточно

б) точно

Извор: Закон за административни службеници


100. Незаконитото располагање со материјални и финансиски средства од страна на административниот службеник претставува:                    

а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап

в) дисциплински прекршок

Извор: Закон за административни службеници

 

101.  Доколку административниот службеник не дојде на работа два работни дена во текот на една календарска година без оправдување,  сторува:                                                                 

а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап

Извор: Закон за административни службеници

 

102. Доколку административниот службеник злоупотреби лични или  доверливи податоци, сторува:                     

а) дисциплински престап

б) дисциплинска неуредност

Извор: Закон за административни службеници


103. Доколку административниот службеник одбие да оди на стручно оспособување и усовршување на кое институцијата во која работи го упатува, сторува:                    

а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап

Извор: Закон за административни службеници


104. Доколку административниот службеник искажува и застапува  политичко уверување во вршењето на работните задачи, учествува  во изборни активности или на  други  јавни настапи од таков  карактер  во  текот на работното време, или го доведува во прашање својот статус на административен службеник со вршење на партиски активности, со носење или истакнување на партиски симболи во работната просторија, сторува:

а) дисциплински престап

б) дисциплинска неуредност

Извор: Закон за административни службеници


105. Одбивањето да даде или давањето неточни податоци на институциите, граѓаните или правните лица, во случаи кога давањето податоци е утврдено со закон, за административниот службеник значи извршување на:                   

а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап

Извор: Закон за административни службеници

 

106. Повторувањето на дисциплинската неуредност повеќе пати претставува дисциплински престап:

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


107. Злоупотребата на боледувањето од страна на административниот службеник претставува:           

а) дисциплински престап

б) дисциплинска неуредност

Извор: Закон за административни службеници


108. Внесувањето и употребата на  алкохол во работните простории, или  работење  под  дејство  на  алкохол  или наркотични средства од страна на административниот службеник претставува:                                                                                                         

а) дисциплински престап

б) дисциплинска неуредност

Извор: Закон за административни службеници


109. Доколку административниот службеник не се придржува кон прописите за заштита од болест, безбедност и здравје при работа и на прописите за заштита на животната средина, тоа претставува:          

а) дисциплински престап

б) дисциплинска неуредност

Извор: Закон за административни службеници


110. Доколку административниот службеник го поставува личниот финансиски интерес во судир со положбата и статусот на административниот службеник, тоа претставува:             

а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап

Извор: Закон за административни службеници


111. Доколку административниот службеник како член на изборен орган  се вклучи во спречување на избори и на гласање, го повредува  избирачкото право на избирачите, ја ограничува слободата на определување на избирачите, врши поткуп при избори, ја повредува тајноста на гласањето, уништува изборни исправи или врши изборна измама, тоа претставува:

а) дисциплински престап

б)дисциплинска неуредност

Извор: Закон за административни службеници


112. Примањето подароци или друг вид на корист од страна на административниот службеник претставува:                     

а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап

Извор: Закон за административни службеници


113. Доколку административниот службеник неоправдано не го извести непосредно претпоставениот административен службеник, секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, за спреченоста за недоаѓање на работа во рок од три часа, тоа претставува:    

а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап

Извор: Закон за административни службеници


114. Со одлука за утврдена дисциплинска неуредност на административниот службеник може да му биде изречена една од следниве дисциплински мерки: писмена опомена или парична казна во висина од 20% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинска неуредност, во траење од еден до три месеци   

а) неточно

б) точно

Извор: Закон за административни службеници


115. Со одлука за утврден дисциплински престап на административниот
службеник може да му биде изречена една од следниве дисциплински мерки: парична казна во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинскиот престап во траење од еден до шест месеци; распоредување на работно место во непосредно пониско ниво и престанок на работниот однос кога настапиле штетни последици за институцијата, а притоа не се утврдени олеснителни околности за административниот службеник кој го сторил престапот             

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


116. Дисциплинската мерка против административниот службеник кој сторил дисциплинска неуредност ја изрекува:                           

а) Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност

б) секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар

в) Агенцијата за администрација

Извор: Закон за административни службеници


117.  Против донесената одлука за дисциплинска мерка за дисциплинска неуредност, односно, за дисциплински престап,  административниот службеник има право на жалба 

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


118. Начинот на водење на дисциплинската постапка и образецот за
тајното гласање на членовите на дисциплинската комисија го пропишува:

а) Секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар

б) Министерот за информатичко општество и администрација

в) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност

Извор: Закон за административни службеници


119. Иницијатива за покренување на дисциплинска постапка против административен службеник  со  соодветно  образложение  има право да поднесе:                        

а) секој административен службеник и друго лице, во согласност со закон или Државната изборна комисија, Државниот завод за статистика и Државниот испитен центар

б) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност

в) раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар

Извор: Закон за административни службеници


120. Предлог за покренување на дисциплинска постапка против административен службеник поднесува:         

а) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност

б) раководителот на организационата единица за управување со човечки ресурси во институцијата

в) непосредно претпоставениот административен службеник, како и секретарот, односно, раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар

Извор: Закон за административни службеници


121. Доколку повредата на службената должност повлекува и кривична
одговорност, дисциплинската постапка за утврдување на одговорност на административниот службеник застарува во рок од:         

а) една година од денот на дознавањето за повредата

б) две години од денот на дознавањето за повредата

в) три години од денот на дознавањето за повредата

Извор: Закон за административни службеници


122. Задршката од плата на име изречени парични казни на административниот службеник за сторени дисциплински неуредности или дисциплински престапи, во текот на еден месец не може да го надмине износот од:            

а) една третина од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец

б) една половина од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец

в)  60 %  од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец

Извор: Закон за административни службеници


123. Постапката за утврдување на материјална одговорност на административниот службеник, почнувајќи од денот на донесување на решението за формирање на комисијата  за утврдување на материјална одговорност не може да се води подолго од: 

а) 45 дена

б) 60 дена

в) 30 дена

Извор: Закон за административни службеници


124. Доколку административниот службеник на работа или во врска со работата, намерно или од крајна небрежност, предизвика штета на
институцијата, и доколку низ соодветна постапка се потврди дека е одговорен за настанатата штета, штетата ја надоместува:                 

а) фондот за надоместување штети формиран на солидарна основа

б) административниот службеник лично

в) одделението/секторот каде што е вработен административниот службеник

Извор: Закон за административни службеници


125. Доколку административниот службеник во вршењето на работите и работните задачи предизвика материјална штета кон трети лица, институцијата е должна да ја надомести направената материјалната штета

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


126. Платите и надоместоците на плати на административните службеници се обезбедуваат од:                                    

а) Буџетот на Република Македонија, буџетите на единиците на локалната самоуправа, како и од други извори на средства  утврдени со закон

б) самофинансирање и должничко - доверителски односи на институцијата

в) донации и меѓународна помош

Извор: Закон за административни службеници


127. Платите на административните службеници:                  

а) се пресметуваат во бруто износ, а се исплатуваат во готовина

б) се пресметуваат и исплатуваат како збир од дневници за претходниот месец

в) се пресметуваат во бруто износ, а се исплатуваат во нето паричен износ еднаш месечно во тековниот месец за претходниот месец

Извор: Закон за административни службеници


128. Платата на административниот службеник се состои од:          

а) плата по учинок и бонус

б) основна компонента и исклучителна компонента

в) плата по учинок и надоместок за редовност

Извор: Закон за административни службеници


129. Основната компонента на платата на административниот службеник  ја сочинуваат: делот на плата за степен на образование, делот на плата за ниво и дел на плата за стаж:    

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници

 

130. Делот на плата за степен на образование, делот на плата за ниво и делот на плата за стаж на административните службеници се вреднуваат со:      

а) бодови

б) индекси

в) проценти

Извор: Закон за административни службеници


131. Делот на плата за работниот стаж на административниот службеник се вреднува во износ од:                     

а) 0,5% од разликата меѓу деловите на платата за степен на образование и за ниво, за секоја навршена година работен стаж

б) 0,5% од деловите на платата за степен на образование и за ниво, за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%

в) 20% од делот на плата за стручно образование и за ниво

Извор: Закон за административни службеници


132. Исклучителната компонента на платата на административните службеници ја сочинуваат: додатокот на плата за посебни услови за работа, додатокот на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот и/или додатокот на плата за ноќна работа,  работа во смени и прекувремена работа:               

а) неточно

б) точно

Извор: Закон за административни службеници


133. За време на штрајк, доколку се исполнети сите законски услови, административниот службеник има право на плата во висина од:    

а) 50% од платата што ја примил претходниот месец

б) 40% од платата што ја примил претходниот месец

в) 60% од платата што ја примил претходниот месец

Извор: Закон за административни службеници


134.  На  административниот службеник му престанува работниот однос: со спогодба; по негово барање; по сила на закон и во други случаи утврдени со овој и друг закон и колективен договор            

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


135. Доколку на административен службеник му престане државјанството на Република Македонија, со денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанството на Република Македонија му престанува работниот однос по сила на закон      

а) неточно

б) точно

Извор: Закон за административни службеници


136.  Доколку административен службеник биде осуден за кривично дело во врска со службената должност, со денот на правосилноста на пресудата му престанува работниот однос по сила на закон                     

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


137. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон  поради издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеци, со денот на започнувањето на издржување на казната         

а) неточно

б) точно

Извор: Закон за административни службеници


138. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон ако неоправдано отсуствува од работа најмалку три работни дена последователно во еден месец          

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


139. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон ако органот на државната управа надлежен за инспекциски надзор во рок од една година утврди дека вработениот е вработен спротивно на одредбите од Законот за административни службеници       

а) точно

б) неточно

Извор: Закон за административни службеници


140.  Инспекциски  надзор  над  спроведувањето  на  одредбите  од  Законот  за административни службеници и на прописите донесени врз основа на овој закон,   врши:        

а) Државниот управен инспекторат

б) Агенцијата за администрација

в) Државниот инспекторат за труд

Извор: Закон за административни службеници