СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НОРМАТИВНО-ПРАВНИ РАБОТИ И СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР


УПР0101B01000 Советник
Сања Каровска
Тел: 3094-247
s.karovska@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за нормативно-правни работи и соработка со  институциите во јавниот сектор 


Работни цели:
- обезбедување нормативно–правна поддршка при работењето на Агенцијата;
- остварување соработка со институциите во јавниот сектор;


Работни задачи и обврски:
- ги следи и применува прописите, со цел законито изготвување на општи и поединечни акти  на Агенцијата;
- изработува општи и поединечни акти  на Агенцијата;
- изработува нацрт иницијативи за изменување и дополнување на законски и подзаконски акти;
- дава стручна подршка на Комисијата за водење на дисциплинска постапка за дисциплински престап и за утврдување на материјалана одговорност на  административен службеник;
- дава стручна помош и совети при изработувањето на договорите за јавни набавки за потребите на Агенцијата;
- остварува соработка со институциите во јавниот сектор во областа на нормативно-правните работи и развојот на административната служба;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од пониските нивоа;    
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;\
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:
- познавање на номотехничките правила за изработување на прописи


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Правни науки 
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.