СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТРУЧНИ РАБОТИ И АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ


УПР0101Г01000 Самостоен референт

Сања Усовиќ
Тел: 3094-240
s.usovic@aa.mk
Ниво и звање: Г1 - самостоен референт
Број на извршители: 2 (два)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за стручни работи и архивско и канцелариско работење


Работни цели:
- ефикасно, ефективно и квалитетено канцелариско и архивско работење


Работни задачи и обврски:
- прием, прегледување, заведување и здружување на предмети и други документи и нивно испраќање, разведување и архивирање од писарницата во архивата на Агенцијата;
- врши одбирање на архивскиот од документарниот материјал, евидентирање (опис и попис) на архивскиот материјал, категоризација и попишување на документарниот материјал со изминат  рок за чување;
- учествува во постапката за предавањето на архивскиот материјал на трајно чување во Државниот архив на Република Македонија;
- дава стручна помош на Комисијата за попис и уништување на документарниот материјал со изминат рок за чување;  
- води експедициони книги за поштата со степен на класифицирана информација, книги за препорачана пошта, за примени сметки и други помошни евиденции;  
- ракува и со печатите и штембилите на Агенцијата, ги чува и се грижи да не се користат од неовластени лица;
- врши скенирање и умножување на материјали и документи за потребите на Секторот;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници од Агенцијата и на административни службеници во други институции;
- соработува со другите административни службеници во Агенцијата. 


Други посебни услови:
- познавање на Законот за архивско работење и подзаконски прописи од областа на канцелариското и архивско работење


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование и работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Гимназиско или средно градежно образование  
- за нивото Г1 најмалку три години работно искуство во струката;


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување.