Список на вработени во АА:

Сектор за селекција на кандидати за вработување


Секторот за селекција на кандидати за вработување ги врши следните работи:

- ги следи и применува законите и другите прописи и општи акти во врска со  системот на административна служба и други правни прашања;
- креира и објавува јавен оглас за вработување на административен службеник, и на други категории на вработени во јавниот сектор;
- делегира членови и/или нивни заменици од вработените во Секторот во Комисијата за селекција во ново основаните  институции во кои нема вработени административни службеници, или во институциите во кои  нема раководни административни служебеници,
- закажува и учествува во спроведувањето на  административна селекција на     кандидатите за    вработување;
- врши стручно-оперативни работи и собира податоци во врска со административната селекцијата  на кандидатите;
- го закажува испитот за административен службеник и на други категории на вработени во јавниот сектор;
- го организира и учествува во спроведување на испитот за административен службеник, и на други категории на вработени во јавниот сектор;
- го организира и учествува во спроведување на   испитот за административно управување и се грижи за правилна примена на стандардите и критериумите за испитот;
- ја организира постапката за интервју на административен службеник;
- учестува во проверката на веродостојноста на доказите доставени од кандидатите;
- соработува со надлежните органи во постапката за проверка на веродостојност на докази;
- по барање на институциите од јавниот сектор и административните службеници, подготвува мислења за примена на одредбите од Законот за административни службеници во врска со спроведувањето на постапката за селекција на кандидати за вработување на административен службеник;
- ја организира и спроведува постапка за тест на личност;
- организира, координира и спроведува постапка за селекција  за вработените во јавниот сектор кои што немаат статус на административни службеници;
- на веб страницата на Агенцијата ги објавува ранг листите, одлуките за избор како и други информации во врска со постапката за селекција и вработување;
- учествува во подготвувањето на Стратешкиот план на Агенцијата и Планот за спроведување на Програмата за работа;
- дава придонес при подготвувањето на Програмата за работа, Извештајот за  работа на Агенцијата и подготвувањето на функционалната анализа и актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во Агенцијата во делот за Секторот за селекција на кандидати за вработување;
- изработува и применува процедури од делокруг на работа на Секторот во рамките на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањето на Стандардот ИСО 9001:2008;
- соработува со другите сектори во Агенцијата и
- врши и други работи кои се во надлежност на секторот.

Работни места:

...Раководител на сектор за селекција на кандидати за вработување

Во состав на овој сектор се следните одделенија:

...Одделение за јавен оглас и административна селекција

...Одделение за спроведување на испити, интервју и тест на личност