Список на вработени во АА:

Сектор за стручно - административни работи и јавни набавки

 

Секторот за стручно - административни работи и јавни набавки ги врши следните работи:
- обезбедува непречено функционирање на организациските единици во Агенцијата од аспект  на потребните канцелариски материјали и користењето на службени возила;
- ги планира, реализира и ја следи реализацијата на јавните набавки;
- развива процедури, се грижи за нивна имплементација и врши други општи работи преку кои се обезбедува извршување на законските надлежности на Агенцијата;
- обезбедува и се грижи за архивското и канцелариското работење на Агенцијата;
- обезбедува соодветна информатичка технологија и информатичка поддршка на Агенцијата;
- учествува во подготвувањето на Стратешкиот план на Агенцијата и Планот за спроведување на Програмата за работа;
- дава придонес при подготвувањето на Програмата за работа, Извештајот за работа на Агенција и подготвувањето на функционалната анализа и актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во Агенцијата во делот за Секторот за стручно-административна подршка и јавни набавки;
- изработува и применува процедури од делокруг на работа на Секторот во рамките на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањето на Стандардот ИСО 9001:2008;
- соработува со другите сектори во Агенцијата.

За подобро извршување на активностите секторот е поделен на три одделенија и тоа:

...Одделение за стручни работи и архивско и канцелариско работење

...Одделение за јавни набавки

...Одделение за информатичка технологија и поддршка

Работни места

...Раководител на сектор за стручно - административни работи и јавни набавки

...Помошник раководител на сектор за стручно - административни работи и јавни набавки