СООПШТЕНИЕ ЗА ИНСТИТУЦИИТЕ НА ЈАВНИОТ СЕКТОР


Почитувани,

Со цел ефикасно и рационално спроведување на постапката за селекција за вработување на административен службеник и доследно применување на Законот за административни службеници и Законот за заштита на личните податоци, Агенцијата за администрација Ве известува следното:

Барањето за објавување на јавен оглас за пополнување на слободно работно место во институциите на јавниот сектор, потребно е да содржи:


1.Податоци за институцијата која го поднесува барањето (назив и датум на поднесување на барањето);

2.Податоци за работните места кои треба да се објават (за секое различно работно место од огласот: реден број, шифра, назив, организациона единица (одделение/сектор) во која е утврдено работното место, број на извршители, потребен степен и вид на образование, потребно работно искуство, потребни општи работни компетенции, потребно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија ( англиски, француски, германски), потребно познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции од актот за систематизација, дополнителни услови доколку се бараат, почеток и завршеток на дневното и неделното работно време и распоред на работното време, паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво);

3.Номинација на членови на Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас и нивни заменици од институцијата согласно член 37 од Законот за административни службеници;

4.Податоци за членовите на  Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас и нивните заменици од институцијата согласно член 2 став (2) алинеја 3 од Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници (име и презиме, звање/назив на работно место, организациона единица во која се вработени, електронска адреса и број на мобилен телефон);

5.Електронска адреса и телефон од секретарот, односно раководното лице на институцијата каде што нема назначен секретар;

6.Податоци за распределбата на бројот на огласени работни места по припадност на заедница;

7.Потпис на секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар;

8.Назнака во кои три дневни весници да биде објавен огласот  (еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик);

9.Рок за пријавување на јавниот оглас кој не може да биде пократок од 15 дена, односно подолг од 20 дена од денот на неговото објавување во дневните весници;

10.Известување за резлизирани вработувања во тековната година.


Кон Барањето за објавување на јавен оглас задолжително се приложува:

-          Годишен план за вработување на институцијата за тековната година;

-          Извадок од актот за систематизација на работните места со опис на работното место кое се огласува;

-          Известување за обезбедени финансиски средства за тековната година од Министерството за финансии, односно од органот надлежен за издавање на финансиска согласност за пополнување на работни места во институцијата;

-          Потпишани изјави за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци од страна на членовите на Комисијата за селекција за вработување;

-          Решенија за овластување за вршење на обработка на личните податоци на членовите на Комисијата потпишани од страна на раководното лице на институцијата каде се вработени.


 

 


                                                                                                                        Агенција за администрација