СООПШТЕНИЕ ЗА ИНСТИТУЦИИТЕ НА ЈАВНИОТ СЕКТОР


Почитувани,

Со цел ефикасно и рационално спроведување на постапката за селекција за вработување на административен службеник и доследно применување на Законот за административни службеници и Законот за заштита на личните податоци, Агенцијата за администрација Ве известува за следното:


Барањето за објавување на јавен оглас за пополнување на слободно работно место во институциите на јавниот сектор, потребно е да содржи:

1. Податоци за институцијата која го поднесува барањето (назив, единствен матичен број на субјектот, единствен даночен број, реден број на барањето во тековната година, датум на поднесување на барањето);

2. Податоци за работните места кои треба да се објават (за секое различно работно место од огласот: реден број, шифра, назив, организационата единица (одделение/сектор) во која е утврдено работното место, број на извршители, потребен степен и вид на образование, потребно работно искуство, потребни општи работни компетенции, потребно ниво на познавање на странски јазик, потребно ниво на познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции од актот за систематизација, дополнителни услови доколку се бараат, почеток и завршеток на дневното и неделното работно време и распоред на работното време, паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво);

3. Податоци за членовите на Комисија за селекција за вработување по јавен оглас и нивните заменици од институцијата согласно член 37 од Законот за административни службеници (име и презиме, звање/назив на работно место, организациона единица во која се вработени, електронска адреса и број на мобилен телефон); и Електронска адреса и телефон од секретарот, односно раководното лице на институцијата каде што нема назначен секретар.

4. Податоци за распределбата на бројот на огласени работни места по припадност на заедница;

5. Потпис на секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар;

6. Назнака во кои три дневни весници да биде објавен огласот  (еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик;

7. Рокот за пријавување на јавниот оглас не може да биде пократок од 15 дена, односно подолг од 20 дена од денот на неговото објавување во дневните весници.


Кон Барањето за објавување на јавен оглас задолжително се приложува:

- Извод од годишниот план на институцијата во однос на бројот на планирани нови вработувања и бројот на реализирани нови вработувања по припадност на заедница, доколку до датумот на поднесување на барањето биле реализирани;
- Извадок од актот за внатрешна организација и систематизација на работните места со опис на работното место кое се огласува;
- Известување за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии, односно од органот надлежен за издавање на финансиска согласност за пополнување на работни места во институцијата.
- Потпишани изјави за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци од страна на членовите на Комисијата за селекција за вработување;
- Решенија за овластување за вршење на обработка на личните податоци на членовите на Комисијата потпишани од страна на раководното лице на институцијата каде се вработени;

 

                                Агенција за администрација