СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБИ И ПРИГОВОРИ НА ЈАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ


УПР0101Б04000 Раководител на одделение
Сулејман Сулејмановски
Тел: 3094-213
s.sulejmanovski@aa.mk
Ниво и звање: Б4 - раководител на одделение
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Сектор за правни работи


Работни цели:
- обезбедување ефикасно спроведување на законските надлежности на Комисијата при одлучување по жалби и приговори на јавните службеници


Работни задачи и обврски:
- раководи со Одделението (ја организира, насочува и координира работата, врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите, ги распоредува работите и задачите на вработените во Одделението, се грижи за стручното усовршување и работната дисциплина на вработените во Одделението и дава стручна помош, совети и врши менторство на административни службеници од Агенцијата);
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- изработува предлози на: стратешки план, програма за работа, буџет, извештај за работа, функционална анализа, акти за внатрешна организација и систематизација на работните места и план за обуки на вработените во Одделението, како и месечни, квартални, полугодишни и годишни извештаи од аспект на делокругот на работа на Одделението;
- ги предлага и спроведува процедурите од делокруг на работа на Одделението во рамки на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ISO 9001:2008;
- ги оценува вработените во Одделението и може да учествува  во оценување на административни службеници во Агенцијата и на административни службеници во други институции;
- соработува со административни службеници од Агенцијата и од институциите од јавниот сектор, за прашања од делокруг на работа на Одделението;
- ги следи, проучува и ги применува општите прописи од административната област и други прописи од работно законодавство и дава упатства за нивна примена при одлучувањето по жалби и приговори на јавните службеници;
- изработува анализи, прегледи и извештаи  во врска со жалбите и приговорите на јавните службеници.


Други посебни услови:
познавање на општи прописи од административната област и други  прописи од работното законодавство, а кои произлегуваат од описот на работните задачи и обврски


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Правни науки
- за нивото Б4 најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор


Посебни работни компетенции, и тоа:
- за нивото Б4 преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1 (B1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 3,5 - 4,5 поени, ПЕТ, БЕК П, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат;
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
- потврда за положен испит за административно управување


Потребни општи работни компетенции на напредно ниво се:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење;  и
- финансиско управување.