СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТРУЧНИ РАБОТИ И АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ


УПР0101Г02000 Виш референт

Сузана Сабух
Тел: 3094-211
s.sabuh@aa.mк
Ниво и звање: Г2 - виш референт
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за стручни работи и архивско и канцелариско работење


Работни цели:
- административно-техничка поддршка од областа на секретарските работи за потребите на заменик директорот на Агенцијата и генералниот секретар на Агенцијата;
- комуникација со граѓани;
- следење на контакт адресата на Агенцијата;


Работни задачи и обврски:
- извршува организациско-технички работи во врска со приемот и средувањето на поштата на заменик директорот и генералниот секретар на Агенцијата, води белешки од разговорите, ги прима и упатува странките и врши прием на телефонските повици;
- прием, упатување и помош на лица со oдреден вид и степен на попреченост и други граѓани заради остварување на нивните права и обврски во Агенцијата;
- испраќа и прима телефакс пораки и врши нивна дистрибуција до крајните корисници;
- ја следи контакт адресата на Агенцијата и води евиденција на електронските пораки за навремено одговарање на истите од страна на административниот службеник на кого му е доделен;
- учествува во подготвувањето и организирањето на службените патувања на заменик директорот и генералниот секретар во земјата и странство;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници од Агенцијата и на административни службеници во други институции;
- соработува со другите административни службеници во Агенцијата.


Други посебни услови:
- овластување за комуникација со граѓани кои имаат некаков вид и степен на попреченост


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование и работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Гимназиско или средно-трговско образование  
- за нивото Г2 најмалку две години работно искуство во струката;


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување.