СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТРУЧНИ РАБОТИ И АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ


УПР0101Г01000 Самостоен референт

Трајче Мишевски
Тел: 3094-204
t.misevski@aa.mk
Ниво и звање: Г1 - самостоен референт
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за стручни работи и архивско и канцелариско работење


Работни цели:
- обезбедување прием, евиденција и издавање на техничките средства, канцелариски и друг потрошен материјал и потрошниот материјал на Агенцијата


Работни задачи и обврски:
- прием, евиденција, изработување и издавање на реверси за техничките средства, канцеларискиот и друг потрошен материјал  од магацинот на Агенцијата;
- следење на состојбата со залихите во магацинот и навремено предлага набавување на средства и материјали;
- водење на картотека и евиденција за примените и за издадените технички средства  и друг потрошен материјал;
- составување приемници и издавање листи за примените, односно издадените материјали;
- преземање и  доставување на  предмети и други документи за и од Агенцијата;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата; 
- учествува во оценувањето на административните службеници од Агенцијата и други институции;
- соработува со другите административни службеници во Агенцијата.


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование и работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Средно стручно образование - машински техничар или средно економско образование  
- за нивото Г1 најмалку три години работно искуство во струката;


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување.