СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА И ПОДДРШКА


УПР0101B01000 Советник
Василе Неделкоски
Тел: 3094-207
v.nedelkoski@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за информатичка технологија и подршка


Работни цели:
- развој и оддржувањето на информатичките системи во Агенцијата


Работни задачи и обврски:
- извршува работи во врска со изработка и реализација на проекти за програмска и техничка логистика за водење на информатичкиот систем, ги следи и проучува новите технологии и софтвери од областа на ИКТ и ги оценува можностите за нивна примена во  информатичкиот систем на Агенцијата;
- врши инсталација, администрација и одржување на оперативните системи, базите на податоци и апликативни софтверски решенија кои се во употреба во Агенцијата, го следи развојот на новите информатички технологии и дава стручна помош при управување и одржување на базите на податоци на Агенцијата;
- обезбедува техничко одржување на компјутерската и друга технологија (компјутери, печатачи, скенери, аудио и видео и друга техничка опрема) и врши администрација, одржување, заштита и развој на системите за безбедност на податоците од неовластен пристап и користење кои се од интерес на Агенцијата (напојување, климатизација, контрола на движење во систем сала);
- врши администрација и одржување на апликацијата за спроведување на постапки за селекција и вработување на административни службеници и поддршка на други процеси поврзани со процесот за селекција и вработување на административен службеник во ИКТ областа;
- дава постојана техничка поддршка на вработените (helpdesk) при користење на  компјутерска технологија, користење на апликациите за канцелариско работење (MS Office) и други апликации;
- изработува барања за јавни набавки, технички спецификации, извештаи, како и потребна документација за набавки на стоки и услуги поврзани со ИКТ;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од пониско ниво;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни  службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:
- oвластување за администратор на информацискиот систем


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Информатика или Компјутерска техника и информатика
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.