СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТРУЧНИ РАБОТИ И АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ


УПР0101Г02000 Виш референт

Виолета Марковска
Тел: 3094-240
v.markovska@aa.mk
Ниво и звање: Г2 - виш референт
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за стручни работи и архивско и канцелариско работење


Работни цели:
- ефикасно, ефективно и квалитетено канцелариско и архивско работење


Работни задачи и обврски:
- прием, прегледување, заведување и здружување на предмети и други документи и нивно испраќање, разведување и архивирање од писарницата во архивата на Агенцијата;
- одбирање на архивскиот од документарниот материјал, средување на архивскиот и документарниот материјал, евидентирање на архивскиот материјал, категоризација на архивскиот материјал, попишување на документарниот материјал на кого му изминал рокот на чување, уништување на предложениот документарен материјал , сместување, чување и заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документарниот материјал во соодветен простор, стандардна опрема, техничко- технолошки средства;
- учествување во постапката за предавањето на архивскиот материјал на трајно чување во Државниот архив на Република Македонија;
- давање стручна помош на Комисијата за попис и уништување на документарниот материјал со изминат рок за чување;  
- водиње на експедициони книги за пошта со степен на класифицирана информација, книги за препорачана пошта, за примени сметки и други помошни евиденции;  
- ракување  со печатите и штембилите на Агенцијата,  чување и  грижа истите да не се користат од неовластени лица;
- врши скенирање и умножување на материјали и документи за потребите на Секторот;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници од Агенцијата и на административни службеници во други институции;
- соработува со другите административни службеници во Агенцијата.


Други посебни услови:
- познавање на Законот за архивско работење и подзаконски прописи од областа на канцелариското и архивско работење


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование и работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Гимназиско или средно стручно образование-машински техничар  
- за нивото Г2 најмалку три години работно искуство во струката;


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување.