Насоки за подготвување на правилник за систематизација на работните места
Врз основа на член 8, став (2), алинеја 3, а во врска со член 10 од Законот за државните службеници-пречистен текст („Службен весник на Република Македонија“ број 108/2005), директорот на Агенцијата за државни службеници, на 20.09.2007 година, донесе Насоки за подготвување на правилник за систематизација на работните места.
Политики за привлекување и задржување на млади и високообразовани кадри во државната служба
Продолжувајќи ги своите активности за изградба на модерна државна служба, Агенцијата за државни службеници, на 27.09.2007 година, усвои документ во кој се презентирани Политиките за привлекување и задржување на млади и високообразовани кадри во државната служба.
Овој документ е придонес кон решавањето на еден од модерните предизвици на управувањето со човечките ресурси. Тој може да послужи како инструмент врз основа на кој ќе се работи на понатамошно подигнување на квалитетот на државната служба, заснован на принципите на стручност и компетентност, со крајна цел - државната служба да се изгради во ефикасен сервис на граѓаните и економските субјекти.
Повеќе детали може да се прочитаат во документот:
Политики за привлекување и задржување на млади и високообразовани кадри во државната служба (547kb .pdf)
Насоки за подготвување на правилник за систематизација на работните места
Овие Насоки се наменети за сите органи, кои вработуваат државни службеници, опфатени со член 3, став (2), од Законот за државните службеници и со посебните закони со кои се формираат органи во кои вработените имаат статус на државни службеници.
Следејќи ги состојбите во врска со подготвување на актите за систематизација на работните места и нивната усогласеноста со Законот за државните службеници, Уредбата за описот на звањата и соодветноста на работните места со групите и звањата утврдени во Законот за државните службеници, Одлука за утврдување на соодветноста на постојните работни места во општините со групите и звањата утврдени со Законот за државните службеници, како и другите посебни закони во кои се утврдени посебните услови за одредени работни места (инспектори, внатрешни ревизори, одговорен сметководител и др.) во наведените органи, чии вработени имаат статус на државни службеници, во изминатиот период се констатирни поголем број на недоследности и неправилности.
Констатираните состојби ја наметнаа потребата од изготвување на нова уредба за описите на звањата на државните службеници, за чие поедноставно спроведување се изработени овие насоки. Интегралниот текст на овој документ во формат .pdf можете да го подигнете со користење на врската подолу:
Насоки за подготвување на правилник за систематизација на работните места (1.169kb .pdf)
Шаблоните и обрасците кои се составен дел на овој документ, во формат кој овозможува нивно уредување, можете да ги подигнете тука.