Б. I. II. Прашања од обласите Царински и даночен систем, акцизи, права од работен однос на царинските службеници и кодекс на царинските службеници

 

1. Правата од работен однос на царинските службеници се уредени со Законот за Царинската управа, Законот за административните службеници и Законот за работните односи 

а) неточно  

б) точно

 

2. Во Царинската управа како царински службеник може да се вработи лице кое покрај општите услови ги исполнува и посебните услови предвидени во Законот за царинската управа и актот за систематизација на работните места:

а) точно
б)неточно  

 3. Вработување на царинските службеници може да се изврши врз основа на јавен оглас за слободно работно место: 

а)неточно  б) точно

 

4. Обврската на царинскиот службеник за чување на службена, деловна или друга тајна важи и по престанокот на работниот однос во Царинската управа, се до престанокот на периодот за ограничување:

а) точно
б)неточно  

5. Царинската управа е орган на државната управа во состав на Министерството за финансии со својство на правно лице: 

а) точно
б) неточно 

 

6. Директорот е надлежен за донесување оперативни инструкции во писмена форма од сите области на царинското и акцизното работење: 

а) неточно
б) точно

 

7. Царинската управа своите надлежности ги извршува врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори што ги ратификувала Република Северна Македонија: 

а) точно
б)неточно  

8. Покрај дисциплинска одговорност, царинскиот службеник одговара материјално, за штетата која на работа што во врска со работата ќе ја предизвика врз имотот кој го користи Царинската управа: 

а) да
б)не

 

9. Царинските службеници можат да основаат и да членуваат во синдикати: 

а) не
б) понекогаш
в)да

 

10. Царинскиот службеник може да биде прераспореден на определено време најмногу:

а) до шест месеци, со можност за продолжување за уште шест месеци
б) до три месеци
в) до шест месеца

 

11. Царинските службеници се оценуваат: 

а) секои три месеци
б) еднаш годишно
в) два пати годишно

 

12. Царинските службеници поради специфичностите на работите кои ги извршуваат:

а) Немаат право на стаж на осигурување кој се смета во зголемено траење
б) Имаат право на стаж на осигурување кој се смета во зголемено траење
в) Одредени царински службеници имаат право на стаж на осигурување кој се смета во зголемено траење

 

13. Царинските службеници имаат право на:

а) плата
б) плата, надоместоци на плата и други надоместоци
в) надоместоци на плата

 

14. Работниот однос на царинскиот службеник може да престане само на начин и под услови утврдени со: 
а) закон, колективен договор, правилата и прописите на Царинската управа, актот за систематизација на работните места во Царинската управа и договорот за вработување
б) закон
в) колективен договор

15.За долгогодишна стручна работа, организациски унапредувања, успех во поединечни подрачја на работа во вршењето на работните задачи, подобрување на угледот на службата, на вработените во Царинската управа може да им се додели:
а) јубилејна награда
б) златник или сребреник
в) награди или парични награди

 

16. Работните места на царинските службеници се класифицираат: 
а) во три категории : Б, В и Г
б) во две категории: А и Б
в) не се класифицираат во категории

 

17. Царинската управа работите од својот делокруг ги извршува преку:
а) Централна управа и царинарници
б) Царинарници и царински испостави
в) Централна управа и царински испостави

 

18. Царинските службеници своите надлежности пропишани во Законот за Царинската управа и други закони ги извршуваат:
а) Во Централна управа и царинарници
б) На царинското подрачје
в) Во царинските испостави

19. Со работата на Царинската управа раководи директор кој го именува и го разрешува : 
а) Владата на Република Северна Mакедонија.
б) Собранието на Република Северна Mакедонија
в) Министерството за финансии 

 

20. Царинскиот службеник стекнува право на старосна пензија кога ќе наврши:
а) 64 години живот маж, односно 62 години живот жена и најмалку 10 години пензиски стаж
б) 64 години живот и 10 години пензиски стаж
в) 64 години живот маж, односно 62 години живот жена и најмалку 15 години пензиски стаж

 

21. Царинскиот службеник има право на платен годишен одмор од најмалку:
а) 20 работни дена
б) 18 работни дена
в) 14 работни дена 

 

22. Царинскиот службеник има право на непрекинат дневен одмор во текот на 24 часа од најмалку: 
а) 8 часа
б) 10 часа
в) 12 часа 

 

23. Царинскиот службеник кој работи со полно работно време има право на пауза во времетраење од: 
а) 15 минути
б) 30 минути
в) 45 минути

 

24. Царинскиот службеник има право на платен одмор заради лични и семејни околности во една календарска година до: 
а) 3 работни дена
б) 7 работни дена
в) 5 работни дена

 

25. Царинскиот службеник може да отсуствува од работа без надомест на плата и придонеси од плата во текот на календарската година најдолго: 
а) 3 месеци
б) 6 месеци
в) 1 месец

 

26. Царинските службеници при спроведување на своите надлежности можат да употребат: 
а) оружје со асистенција на припадници на Министерство за внатрешни работи
б) огнено оружје
в) средства за присила и огнено оружје 

 

27. Царински службеник со над 57 години жена и 59 години маж над максималниот број на работни денови утврдени како право во тековната година, има право на уште: 
а) 5 работни дена годишен одмор
б) 7 работни дена годишен одмор
в) 3 работни дена годишен одмор 

 

28. Царински службеник додека е суспендиран има право на надомест од: 
а) 50 % од основната плата
б) 60 % од основната плата
в) 70 % од основната плата

 

29. Во кој рок директорот на Царинската управа е должен да донесе решение за изрекување на дисциплинска мерка: 
а) во рок од шест месеци
б) во рок од три месеци од денот на пријавување на повредата, а најдоцна во рок од шест месеци од денот кога е сторена повредата
в) во рок од шест месеци од денот на пријавување на повредата а најдоцна во рок од една година од денот кога е сторена повредата

 

30. Царинскиот службеник има право на приговор на решението за изрекување на дисциплинска мерка до: 
а) Агенција за администрација
б) Министерство за финансии
в) Царинска управа 

 

31. Службената легитимација на царински службеник ја издава:
а) Сектор за управување со човечки ресурси
б) Сектор за информатички и комуникациски технологии
в) Директор на Царинска управа

 

32. Царинските службеници се должни да го почитуваат Кодексот на однесување на царинските службеници?  
а) точно
б) неточно

 

33. Царинските службеници може да одговараат дисциплински за непочитување на Кодексот на однесување на царинските службеници?
а) точно
б) неточно

 

34. За непочитување на Кодексот на однесување, на царински службеник може да му биде изречена мерката престанок на работен однос со отказ?
а) точно
б) неточно

 

35. Однесувањето во согласност со Кодексот на однесување на царинските службеници претставува општа обврска на царинскиот службеник?
а)  точно
б) неточно

 

36. Кодексот на однесување ги опишува принципите и стандардите на однесување и дава насоки за решавање на етичките прашања со кои се судруваат царинските службеници?
а) точно
б) неточно

37. Царинските службеници при извршувањето на службените должности имаат право да бараат подароци и услуги?
а) точно
б) неточно

38.Царинските службеници при извршувањето на службените должности немаат лична одговорност?
а) точно
б) неточно

39.Царинските службеници при извршувањето на службените должности не се должни да ги почитуваат Уставот, законите, подзаконските акти, актите на Царинската управа, ратификуваните договори и Ревидираната Аруша декларација?
а) точно
б) неточно

40.При контакти со јавноста царинските службеници не се легитимираат?
а) точно
б) неточно

41. Царинските службеници се должни да го информираат непосредниот раководител доколку против нив е поведена постапка за утврдување кривична одговорност?
а)  точно
б) неточно

42.Царинските службеници можат да пренесуваат службени информации кои ги добиле при извршувањето на службените должности  на неовластени лица? 
а) точно
б) неточно
 

43.Царинските службеници можат да ги злоупотребуваат службените информации за лични цели?
а) точно
б) неточно

44.Царинските службеници може да ги користат средствата за службена идентификација (легитимација, магнетна картичка, факсимил, лозинка) надвор од овластувањата за кои истите ги поседуваат?
а) точно
б) неточно

45.Царинските службеници не смеат да пушат на работното место?
а) точно
б) неточно

46.Царинските службеници не се должни да ги одржуваат уредно работните простории?
а) точно
б) неточно

47.Царинските службеници при вршење на службените овластувања се должни да ги почитуваат туѓите права и достоинство?
а) точно
б) неточно

48.Царинските службеници при вршење на службените должности можат да бидат пристрасни?
а) точно
б) неточно

49.Царинските службеници можат да употребуваат алкохол за време на извршување на  службените должности?
а) точно
б) неточно

50.Царинските службеници во приватниот живот треба да избегнуваат активности кои се во конфликт со законските и етичките норми ?
а) точно
б) неточно

51. Царинските службеници при вршење на своите овластувања, работи и работни задачи не вршат политички активности?
а) точно
б) неточно

52.Доколку се најдат во состојба на судир на интереси царинските службеници не се должни да  ја пријват таквата состојба на надлежната институција и организациона единица во Царинската управа?
а) точно
б) неточно

53. Царинските службеници можат да поставуваат на своите приватни профили кои ги отвараат на социјалните мрежи службени фотографии од извршени службени задачи, во службена униформа и од службени возила?
а) точно
б) неточно

54.Што се определува со Кодексот на однесување на царинските службеници?
а) Основните принципи и стандарди на однесување и работење на царинските службеници.
б) Должностите на царинските службеници.
в) Мерките за спречување на корупцијата.

55. Која е целта на Кодексот на однесување на царинските службеници?
а) Да обезбеди мерки за спречување на корупцијата.  
б) Да обезбеди казни за непочитување на неговите одредби.
в) Да обезбеди почитување на законитоста, на професионалниот интегритет и ефикасноста при вршење на должностите од страна на царинските службеници.

56.Како треба да се однесуваат царинските службеници при извршување на службените должности?
а) Царинските службеници при извршување на службените должности не ги злоупотребуваат овластувањата и статусот на царински службеник и ја прифаќаат личната одговорност.
б) Царинските службеници при извршување на службените должности не ги злоупотребуваат овластувањата.. 
в) Однесувањето на царинскиот службеник при извршување на службените должности  не вклучува и лична одговорност. 

57. Кои акти се должни да ги почитуваат царинските службеници при вршење на службените должности?
а) Уставот и законите.
б) Подзаконските акти и актите на Царинската управа.
в) Уставот, законите, подзаконските акти, актите на Царинската управа, ратификуваните меѓународни договори и Ревидираната Аруша декларација.

58.Како е должен да постапи царинскиот службеник доколку непосредниот раководител побара да дејствува на неетички начин?
а) Да достави писмено известување до непосредниот раководител на издавачот на наредбата.
б) Да одбие да ја изврши наредбата.
в) Во секој случај да ја почитува наредбата на непосредниот раководител, односно не смее да одбие да ја изврши.

 

59.Како треба да постапат царинските службеници кога им се нуди подарок, услуга или друга корист?
а) Да го одбијат подарокот, другата корист или услугата.
б) Може да го примат подарокот доколку е со многу мала вредност и да прифатат мала услуга.
в) Да го одбијат подарокот, друга корист или понуда за услуга и лицето кое ги нуди писмено да го пријават до непосредниот раководител.

60.Дали при извршување на службените должности  царинските службеници можат да спроведуваат политички активности?
а) Да, можат но во ограничена мера.
б) Не, воопшто не смеат да спроведуваат политички активности.
в) Да, без ограничување.

61. На што се однесува правилото на доверливост и употреба на службени информации ?
а) На сите писмени документи и информации. 
б) На сите документи и информации вклучувајќи ги и тие евидентирани по електронски пат.
в) Само на информации евидентирани по електронски пат.

62.Во односите со странките, царинските службеници на чија безбедност внимаваат?
а) Само на својата лична безбедност.
б) На својата безбедност, на своите колеги и на учесниците во царинските постапки.
в) Само на безбедноста на учесниците во царинските постапки.

63.Дали царинските службеници смеат да користат приватни мобилни телефони за време на извршување на работните обврски и задолженија?
а) Да, без ограничување сите царински службеници смеат да разговараат на приватни мобилни телефони за време на извршување на работните обврски и задолженија. 
б) Да, царинските службеници смеат да користат приватни мобилни телефони за време на извршување на работните обврски и задолженија, но само доколку разговорот е од итна природа. 
в) Царинските службеници на граничните и внатрешни царински испостави не смеат да разговараат на приватни мобилни телефони додека ги извршуваат работните обврски и задолженија, но по исклучок можат да примаат кратки телефонски повици на приватните мобилни  телефони во текот на работното време, но не и да вршат разговори  кои го попречуваат вршењето на работните задачи.  

64.Со кој акт се уредува Кодексот на однесување на царинските службеници?
а) Царински закон
б) Закон за Царинската управа
в) Колективен договор

65.Во кој закон/акт е пропишана обврската за почитување на Кодексот на однесување на царинските службеници?
а) Царински закон
б) Закон за Царинската управа
в) Уредбата за спроведување на царинскиот закон

66.Кој врши надзор над правилната примена на одредбите од Кодексот на однесување на царинските службеници?
а) Секторот за професионална одговорност
б) Непосредните раководители
в)Непосредните раководители и Секторот за професионална одговорност

67.Доколку царинскиот службеник се најде во состојба на судир на интереси во рок од колку дена е должен да ја пријава таквата состојба? 
а) Во рок од три месеци.
б) Во рок од 30 дена.
в) Во рок од 15 дена.

68.Кои принципи се применуваат при работа со службени пари?
а) Службените пари ќе се трошат наменски, трансакциите мора да бидат законски, а одлуките го носат овластени лица.
б) Трансакциите мора да бидат законски, врз основа на одлуки донесени од овластени лица.
в) Службените пари ќе се трошат мудро и наменски, а трансакциите мора да бидат законски.

69.Дали царинските службеници се должни да внимаваат и на своето однесување во приватниот живот?
а) Да, секогаш треба да избегнуваат однесување кое го нарушува нивниот углед достоинство и личен интегритет и довербата во Царинската управа. 
б) Не, воопшто.
в) Да, но со исклучоци.

70.Како треба да постапуваат царинските службеници со службените информации?
а) Не смеат да ги отстрануваат, да ги менуваат или да ги уништуваат.
б) Зависно од видот на службените информации смеат да ги отстрануваат, да ги менуваат или да ги уништуваат.
в) Можат да ги менуваат, но не и да ги отстрануваат или уништуваат.

71. Доколку во работните простории е оставен подарок без знаење и волја на царинските службеници, како истите треба да постапат ?
а) Веднаш ќе го уништат или исфрлат од работната просторија.
б) Ќе го предадат на својот непосреден раководител со писмен извештај.
в) Ќе го земат за себе.

72.Што значи начелото на непристрасност?
а) Еднаков третман на сите странки.
б) При донесување на одлуки раководење од погрешна, неоправдана или неразумна оцена на фактичката состојба, поради предрасуди , судир на интересим заплашеност, остварување на амбиции итн..
в) Обезбедување на еднаков третман на сите странки, а при донесување на одлуки не раководење од погрешна, неоправдана или неразумна оцена на фактичката состојба, поради предрасудисудир на интересим заплашеност, остварување на амбиции итн.

73. Кои лица царинските службеници смеат да ги убедуваат за да пристапат кон одредена политичка партија или да ги потикнуваат да го сторат тоа ветувајќи им некаква бенефиција при спроведување на царинската постапка?
а) Дозволено е тоа да го прават само со своите колеги.
б) Дозволено е тоа да го прават со физички или правни лица, но не и со колеги.
в) Не е дозволено тоа да го прават ниту со колеги ниту со физички и правни лица.

74.Како е регулирано прашањето за носење на службената облека во Кодексот на однесување на царинските службеници?
а) Службената облека на царинските службеници треба да биде уредна, чиста и средена, а нејзиниот изглед не смее да се менува со преправки и корекции.
б) Царинските службеници можат да вршат кратење и теснење на  службената облека односно да го менуваат нејзиниот изглед, но таа секогаш мора да биде уредна и чиста.
в) Службената облека на царинските службеници треба да биде уредна, и на неа не смеат да се вршат поправки, преправки и корекции.

75. Како е регулирано прашањето за носењето на девизни и денарски парични средства за време на извршување на работните обврски и задолженија во Кодексот на однесување на царинските службеници?  
а) Царинските службеници смеат да носат неограничен износ на девизни и денарски парични средства.  
б) Царинските службеници од граничните и внатрешни царински испостави смеат да носат неограничен износ на девизни и денарски парични средства, доколку ги пријават на непосредниот раководител.
в) Царинските службеници на граничните и внатрешни царински испостави не смеат да носат девизни средства, додека денарски средства се дозволени во износ од илјада денари.

 

76.Како е регулирано прашањето за објави и коментари на приватните профили на социјалните мрежи?

а) Царинските службеници може да објавуваат на приватните профили отворени на социјалните мрежи коментари од било кој вид  без оглед дали со тоа се нарушува личниот углед и  угледот на Царинската управа.

б) Царинските службеници може да објавуваат службени фотографии, во службена униформа и од службени возила сопственост на Царинската управа.

в) Царинските службеници треба да водат сметка кога објавуваат коментари на приватните профили отворени на социјалните мрежи со истите да не се нарушува личниот углед и  угледот на Царинската управа и не смеат да објавуваат службени фотографии, во службена униформа и од службени возила сопственост на Царинската управа.

 

76. Врз основа на писмено барање царинскиот орган дава информација за потекло и истата е наречена:  

а) задолжителна тарифна информација,
б) задолжителна информација за потекло,
в) задолжителна информација за вредност.

 

77. Кој орган издава задолжителна информација за потекло на стока: 

а) Стопанската комора
б) Царинската управа
в) Управа за јавни приходи

 

78. Задолжителна информација за потекло издава Царинската управа  

а)  да
б)  не

 

79. Времетраењето на задолжителната информација за потекло изнесува:

а) три месеци од датумот на издавање,
б) три години од датумот на издавање,
в) неограничено.

 

80. На задолжителната информација за потекло може да се повика: 

а) имателот на информацијата и неговиот застапник,
б) било кој,
в) само имателот на информацијата. 

 

81. Согласно Царинскиот закон каков вид на потекло е пропишан: 

а) непреференцијално потекло, 

б) целосно добиено потекло,
в) нема пропишано одредби за потекло.

 

82. Согласно Царинскиот закон каков вид на потекло е пропишан: da se sporedi odgovorot so pra[awe broj 82

а) преференцијално потекло,  
б) целосно добиено потекло,
в) нема пропишано одредби за потекло.

 

83. При увоз со непреференцијалното потекло се применува Царинската тарифа на Република Северна Македонија: 

а) да,
б) не.

 

84. Во рамки на непреференцијално потекло под целосно добиени производи се подразбира: 

а) стока чие производство се врши во повеќе од една земја,
б) отпадоци и остатоци добиени од производни операции,  

в) увезени производи.

 

85. Во рамки на непреференцијално потекло стока чие производство се врши во повеќе од една земја се смета дека потекнува од: 

а) земјата каде била последната суштинска преработка или обработка,
б) земјата каде била првата суштинска преработка,
в) не може да се утврди.

 

86. При увоз со преференцијалното потекло се користат преференцијални тарифни мерки: 

а) да
б) не

 

87. Во контекст на непреференцијално потекло што се смета за недоволна обработка или преработка за стекнување на статус на потекло без оглед дали се менува или не тарифниот број: 

а) операции на стругање,
б) операции на пресување,
в) замена на амбалажа.  

 

88. Надлежен орган за издавање на уверение за потекло во согласност со непреференцијалното потекло е: 

а) Стопанските комори на Република Северна Македонија,
б) Царинска управа на Република Северна Македонија,
в) Министерство за економија.

 

89. Стопанските комори се надлежен орган за издавање на уверение за потекло во согласност со непреференцијалното потекло: 

а) да,
б) не.

 

90. Министерството за економија е надлежен орган за издавање на уверение за потекло во согласност со непреференцијалното потекло: 

а) да,
б) не.

 

91. Кој доказ за потекло е предвиден во рамки на преференцијално потекло: 

а) уверение за потекло,
б) уверение за движење “ЕУР.1”,
в) уверение за директна пратка.

 

92. Кој доказ за потекло е предвиден во рамки на преференцијално потекло: 

а) уверение за потекло,
б) изјава во фактура,
в) уверение за директна пратка.

 

93. Уверението за директна пратка е предвиден доказ за преференцијално потекло: 

а) да,
б) не.

 

94. Во рамки на преференцијално потекло под целосно добиени производи се подразбираат: 

а) стока чие производство се врши во повеќе од една земја,
б) производи добиени од живи животни одгледани во таа земја,
в) увезени производи.

 

95. Во рамки на преференцијално потекло под целосно добиени производи се подразбираат: 

а) стока чие производство се врши во повеќе од една земја,
б) растителни производи одгледани во таа земја, 
в) увезени производи.

 

96. Во рамки на преференцијално потекло што се смета за недоволна обработка или преработка за стекнување на статус на потекло: 

а) операции на стругање,
б) операции на пресување,
в) раздвојување и составување на амбалажа. 

 

97. Во рамки на преференцијално потекло што се смета за недоволна обработка или преработка за стекнување на статус на потекло: 

а) операции на стругање,
б) операции на пресување,
в) колење на животни. 

 

98. Во рамки на преференцијално потекло дали е потребно да се утврди потеклото на енергијата и горивата што се троши во производниот процес: 

а) не,
б) да.

 

99. Во рамки на преференцијално потекло дали е потребно да се утврди потеклото на машините и алатите што се користат во процесот на производство:  

а) да,
б) не.

 

100. Доказ за преференцијално потекло согласно Договорите за слободна трговија е: 

а) уверение за потекло "ФОРМ А";
б) уверение за движење ЕУР.1;  
в) уверение за потекло (certificate of origin).

 

101. Доколку при увоз на стока со преференцијалното потекло се користат преференцијални тарифни мерки, во тој случај е задолжително поднесување на документ како доказ за потекло:

а) да,
б) не.

 

102. Дали изјава во фактура се смета за доказ за потекло? 

а) да,
б) не.

 

103. Изјавата во фактура која се користи како доказ за потекло на стока чија вредност е поголема од 6000 евра ја изготвува: 

а) било кој извозник;
б) одобрен извозник;
в) застапникот на извозникот.

 

104. Царинскиот орган може да му одобри на било кој извозник кој има чести пратки на производи со потекло  и кој на царинскиот орган му дава гаранции неопходни за проверка на статусот на производи со потекло, да изготвува изјави во фактура: 

а) без оглед вредноста на предметните производи;
б) за стока чија вредност не надминува 6000 евра;
в) за бесплатни пратки.

 

105. Царинскиот орган може да му одобри на било кој извозник кој има чести пратки на производи со потекло и кој на царинскиот орган му дава гаранции неопходни за проверка на статусот на производи со потекло, да изготвува изјави во фактура без оглед на вредноста на предметните производи: 

а) да,
б) не.

 

106. Не е потребно поднесување на доказ за потекло ЕУР.1 или изјава во фактура за: 

а) производи кои приватни лица како мали пакети ги пракаат на приватни лица и нивната вредност не надминува 500 евра;
б) за стока чија вредност не надминува 6000 евра;
в) за возила

 

107. За производи кои приватни лица како мали пакети ги пракаат на приватни лица и нивната вредност не надминува 500 евра: 

а) не е потребно поднесување на доказ за потекло ЕУР.1 или изјава во фактура; 

б) е потребно поднесување на доказ за потекло ЕУР.1;
в) е потребно поднесување на изјава во фактура.

 

108. За производи кои приватни лица како мали пакети ги пракаат на приватни лица и нивната вредност не надминува 500 евра: 

а) задолжително е потребно поднесување на доказ за потекло ЕУР.1 или изјава во фактура;
б) не е потребно поднесување на доказ за потекло ЕУР.1 или изјава во фактура; 
в) е потребно поднесување на дозвола за увоз.

 

109. Не е потребно поднесување на доказ за потекло ЕУР.1 или изјава во фактура за производи кои се дел од личниот багаж на патникот и нивната вредност не надминува: 

а) 500 евра;
б) 1200 евра;
в) 6000 евра.

 

110. Уверението за движење ЕУР.1 кое носи забелешка „ДОПОЛНИТЕЛНО ИЗДАДЕНО” се издава: 

а) во моментот на извоз
б) после извршениот извоз доколку тоа не било издадено за време на извозот поради грешки, ненамерни пропусти или посебни околности; 
в) при дополнителна контрола на потеклото.

 

111. По извршениот извоз поради грешка на уверението за движење ЕУР.1 се издава „ ДОПОЛНИТЕЛНО ИЗДАДЕНО” уверение: 

а) да
б) не

 

112. По извршениот извоз поради ненамерен пропуст се издава „ДОПОЛНИТЕЛНО ИЗДАДЕНО” уверение:

а) да
б) не

 

113. Уверението за движење ЕУР.1 кое носи забелешка „ДУПЛИКАТ” се издава: 

а) за слична стока за која претходно било издадено уверението за движење ЕУР.1
б) за стока за која како доказ за потекло се користи изјава во фактура
в) во случај на кражба, губење или уништување на уверението за движење ЕУР.1

 

114. Во случај на кражба на уверение за движење ЕУР.1 се издава „ДУПЛИКАТ” уверение за движење ЕУР.1: 

а) да
б) не

 

115. Во случај на губење уверение за движење ЕУР.1 се издава „ДУПЛИКАТ” уверение за движење ЕУР.1: 

а) да
б) не

 

116. При утврдување на царинска вредност СЕ додаваат трошоци за транспорт на увезената стока до местото на внесување во царинско подрачје на Република Северна Македонија:

а)  да
б)  не

 

117. При утврдување на царинска вредност СЕ додаваат трошоци за осигурување на увезената стока до местото на внесување во царинско подрачје на Република Северна Македонија:

а)  да
б) не

 

118. Кога посебно се одвоени од вистински платената цена во царинската вредност СЕ додаваат трошоците за транспорт на стоката по нејзиното пристигнување во местото на внесување во царинско подрачје на Република Северна Македонија:

а) да
б) не 

 

119. Кога посебно се одвоени од вистински платената цена во царинската вредност НЕ СЕ додаваат трошоците за склопување или одржување после увозот на индуструските постројки:

а)  да
б) не

 

120. Кога посебно се одвоени од вистински платената цена во царинската вредност НЕ СЕ додаваат трошоците за монтирање, изградба или одржување после увозот на машината:

а)  да
б) не

 

121. При утврдување на царинска вредност на бесплатни пратки:

а) се применува методата на трансакциска вредност
б) се применуваат останатите методи освен методата на трансакциска  вредност 
в) декларантот избира дали ќе се примени методата на трансакцискавредност или некоја од останатите методи

 

122. GATT е:

а) General Agreement on Tariffs and Trade – Општ договор за царини и трговија
б) General Assembly of Tariffs and Trade – Општ состав на царини и трговија
в) General Agreement on Terrorism and Trafficking  - Општ договор за тероризам и недозволена трговија

 

123. За потребите на утврдување на царинската вредност на стоката, постојат:

а) 4 методи
б) 6 методи
в) 8 методи

 

124. Трансакциската вредност претставува:

а) цена на чинење на производот плус износот на профитот
б) вистински платена цена или цена која треба да се плати 
в) цена по која стоката е продадена во најголем број од трансакциите на  светскиот пазар

 

125. Царинската вредност на увезената стока е:

а) трансакциската вредност, oдносно вистински платената цена или цена која треба да се плати за стоката кога е продадена за извоз
б) реалната вредност
в) пазарната вредност

 

126. При примена на методите за утврдување на царинска вредност:

а) декларантот сам избира која метода ќе ја употреби
б) методите мора да се применуваат по оној редослед по кој се наведени  во Царинскиот закон
в) се применува онаа метода која е најповолна за увозникот

 

127. Според методите  за утврдување на царинска вредност “идентична стока” е:

а) произведена стока во иста земја со сличен состав
б) произведена стока во иста земја
в) стока произведена во иста земја која е иста во секој поглед, вклучувајќи физички карактеристики, квалитет и углед

 

128. Вистински платена цена или цена која треба да се плати е:

а) вкупното плаќање кое е извршено или кое треба да се изврши од страна на купувачот за увезената стока и ги содржи сите плаќања кои се извршени или треба да се извршат како услов за продажба на увезената стока
б) плаќањето кое е извршено или кое треба да се изврши врз основа на приложената фактура при царинењето, без оглед дали за таа стока постојат и други плаќања
в) само директните плаќања од купувачот кон продавачот

 

129. При утврдување на царинска вредност на увоз на носители на податоци (програмски инструкции наменети за употреба на компјутери): 

а) се зема предвид само вредноста на носителите на податоци доколку тие се одвоени 
б) се зема предвид само вредноста на програмските инструкции нанесени на носителите на податоци доколку тие се одвоени
в) се зема предвид само вредноста на носителите на податоци и вредноста на програмските инструкции нанесени на носителите на податоци доколку тие се одвоени

 

130. Трошоците за транспорт се пресметуваат:

а) на вредноста на стоката со највисока вредност во пратка со повеќе видови стока
б) сразмерно на вредноста на секој вид стока во пратка со повеќе видови стока  
в) на вредноста на стоката со најниска вредност во пратка со повеќе видови стока

 

131. Трошоците за осигурување се пресметуваат:  

а) на вредноста на стоката со највисока вредност во пратка со повеќе видови стока
б) на вредноста на стоката со најниска вредност во пратка со повеќе видови стока
в) сразмерно на вредноста на секој вид стока во пратка со повеќе видови стока  

 

132. Oсновна метода за утврдување на царинска вредност е:

а) пресметковна метода
б) дедуктивна метода
в)  трансакциска метода 

 

133. Методата на трансакциската вредност е неприменлива за бесплатни пратки?

а) да
б) не

 

134. Кои елементи се вклучуваат во царинска вредност?

а) ДДВ
б) акциза
в) транспортните трошоци направени надвор од царинското подрачје на Република Северна Македонија 

 

135. При утврдување на царинската вредност за стока за која цената не е платена во моментот на вреднување, како основа за царинска вредност ќе се земе:

а) цената која треба да се плати во наведеното време
б) цената на слична и идентична стока
в) берзанската цена

 

136. Со Законот за данокот на додадена вредност се пропишани следните даночни стапки:

а) општа даночна стапка од 19% и повластена даночна стапка од 5%
б) општа даночна стапка од 20% и повластена даночна стапка од 7%
в) општа даночна стапка од 18% и повластена даночна стапка од 5%

 

137. Од плаќање на увозни давачки се ослободени возачи на моторни возила за:

а) горивото кое се во наоѓа резервоарот кој е фабрички вграден во возилото
б) гориво во количина до 40 литри
в) гориво во количина до 80 литри

 

138. Предмети кои домашните патници покрај личниот багаж ги внесуваат од странство, под услов таквиот увоз да е од некомерцијална природа, се ослободени од плаќање на увозни давачки:

а) во вредност до 175 евра во денарска противвредност
б) во вредност до 350 евра во денарска противвредност
в) во вредност до 45 евра во денарска противвредност

 

139. Извоз за облагородување е постапка со економски ефект:

а) дa
б) не

 

140. Царинската управа има надлежност:

а) само да наплати увозни давачки
б) да наплати или да врати увозни давачки
в) само да врати увозни давачки

 

141. Седиштето на Светската трговска организација се наоѓа во:

а) Женева
б) Вашингтон
в) Доха

 

142. Доколку спортист добие пехар и медал на натпревар во странство, при влез во Република Северна Македонија:

а) ќе плати царински давачки само за медалот
б) нема да плати царински давачки
в) нема да плати царински давачки само доколку вкупната вредност на пехарот и медалот е помала од 175 евра

 

143. Домашната стока кога ќе биде изнесена од Република Северна Македонија:

а) останува со статус на домашна стока
б) добива статус на странска стока

 

144. Со транзитна постапка царинскиот орган одобрува движење на стока:

а) од еден до друг граничен премин
б) од граничен премин до царински терминал
в) помеѓу кои било две места во царинското подрачје на Република Северна Македонија

 

145. Сета стока која се става во царинска постапка мора да биде опфатена со:

а) фактура за таа стока
б) царинска декларација за избраната царинска постапка
в) транспортен документ

 

146. Со пуштање во слободен промет странската стока добива статус на:

а) привремено чувана стока
б) домашна стока
в) складирана стока

 

147. Увозни давачки се:

а) царина и данок на добивка
б) царина и други давачки со еднаков ефект на царина кои се плаќаат при увоз на стока
в) царина и персонален данок на доход 

 

148. Увозни давачки се царина и други давачки со еднаков ефект на царина кои се плаќаат при увоз на стока:

а) да
б) не

 

149. За работење на царински склад треба да се даде одобрение од:

а) Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство
б) Царинската управа
в) Биро за јавни набавки

 

150. WCO е:

а) World Customers Organization
б) World Customs Organization
в) World Cosmetics Organization

 

151. Царинските службеници при спроведување на своите надлежности можат да носат и да употребат огнено оружје:

а) да
б) не
в) да, но само со дозвола од Министерството за внатрешни работи

 

152. Царинското подрачје на Република Северна Македонија ја опфаќа територијата, територијалните води и воздушниот простор над територијата на Република Северна Македонија:

а) да
б) не

 

153. Царинското подрачје е обележано со царинска линија која е идентична со државната граница:

а) да
б) не

 

154. Должник е секое лице одговорно за плаќање на царинскиот долг:

а) да
б) не

 

155. Странска стока може да се внесе на царинското подрачје преку: 

а) царински гранични премини
б) автобуска станица
в) полициска станица

 

156. Државјани на Република Северна Македонија се ослободени од плаќање на увозни давачки за лекови за лична употреба што ги носат со себе: 

а) да
б) не

 

157. Странски државјани - патници кои доаѓаат од странство, се ослободени од плаќање на увозни давачки за предмети наменети за нивни лични потреби: 

а) да
б) не

 

158. Слободните царински продавници, нудат продажба на стоки: 

а) на патници кои ја напуштаат територијата на Република Северна Македонија
б) на патници кои работат на територијата на Република Северна Македонија
в) на патници кои престојуваат на територијата на Република Северна Македонија

 

159. Со постапката на извоз царинскиот орган одобрува домашна стока да се изнесе од царинското подрачје: 

а) да
б) не

 

160. Имател на одобрение е лице на кое му е дадено одобрение од царинскиот орган:

а) да
б) не

 

161. Трговско друштво кое увезува телевизори за продажба во Република Северна Македонија при увозот треба да плати:

а) царина и данок на додадена вредност
б) персонален данок
в) данок на добивка

 

162. При увоз на стока во Република Северна Македонија за увезената стока се плаќаат увозни давачки и ДДВ: 

а) да
б) не

 

163. Странски државјани - патници кои доаѓаат од странство, се ослободени од плаќање на увозни давачки за: 

а) предмети наменети за нивни лични потреби
б) стока за малопродажба
в) опрема и резервни делови

 

164. Со постапката на извоз царинскиот орган одобрува:

а) домашна стока да се изнесе од царинското подрачје
б) транзитирање на стока
в) превоз на стока

 

165. Местата кај кои се спроведуваат царинските формалности се:

а) царинските органи
б) Министерство за финансии
в) Влада на Република Северна Македонија

 

166. Царинските формалности за стоката се спроведуваат кај царинските органи:

а) да
б) не

 

167. Слободните царински продавници, нудат продажба на стоки на патници кои работат на територијата на Република Северна Македонија: 

а) да
б) не

 

168. Со пуштање во слободен промет странската стока добива статус на домашна стока:

а) да
б) не

 

169. Странска стока може да се внесе на царинското подрачје на Република Северна Македонија преку царински гранични премини:

а) да
б) не

 

170. Трговско друштво кое увезува столици за продажба во Република Северна Македонија при увозот треба да плати:

а) данок на добивка
б) персонален данок
в) царина и данок на додадена вредност

 

171. Повластената стапка за данок на додадена вредност е:

а) 0%
б) 5%
в) 11%

 

172. Повластената стапка за данок на додадена вредност кој се плаќа при увоз на стока изнесува 5%:

а) да
б) не

 

173. Повластената стапка за данок на додадена вредност кој се плаќа при увоз на стока изнесува 8%:

а) да
б) не

 

174. При преминување на царинската линија контрола на патниците врши:

а) царинскиот работник
б) пазаришен инспектор
в) санитарен инспектор

 

175. При внес на стока во царинското подрачје на Република Северна Македонија царинските формалности и контролата на стоката ги врши:

а) полициски службеник
б) царински работник
в) санитарен инспектор

 

176. Со транзитна постапка царинскиот орган одобрува движење на стока помеѓу кои било две места во царинското подрачје на Република Северна Македонија:

а) да
б) не

 

177. Со транзитна постапка царинскиот орган одобрува увоз на стока во царинското подрачје на Република Северна Македонија:

а) да
б) не

 

178. Со постапката на увоз царинскиот орган одобрува:

а) транзитирање на стока
б) странска стока да се увезе во царинското подрачје
в) превоз на стока

 

179. Царинската декларација се поднесува кај царинскиот орган каде што стоката била ставена на увид:

а) да
б) не

 

180. Царинската декларација се поднесува:

а) кај било кој царински орган
б) кај полициските органи
в) кај царинскиот орган каде што стоката била ставена на увид

 

181. Усна царинска декларација е декларација за пуштање на стока во слободен промет:

а) да
б) не

 

182. Увозот за облагородување е царинска постапка со економски ефект:

а) да
б) не

 

183. Музичката опрема која ја носи странска позната музичка ѕвезда за концерт во Република Северна Македонија, се става во постапка на:

а) царинско складирање
б) привремен увоз
в) превоз на стока

 

184. Кон царинската декларација се поднесуваат сите документи потребни за спроведување на прописите:

а) да
б) не

 

185. Кон царинската декларација за спроведување на постапката се приложуваат:

а) даночна пријава
б) дозвола од Министерство за внатрешни работи
в) сите документи потребни за спроведување на прописите

 

186. За стоката јаболка од Република Северна Македонија кои се продадени во Република Србија, кај царинските органи треба да се поднесе:

а) извозна декларација
б) даночна пријава
в) увозна декларација

 

187. За стоката зелка од Република Северна Македонија која е продадена во Република Турција, кај царинските органи треба да се поднесе извозна декларација:

а) да
б) не

 

188. За стоката лалиња од Холандија која се увезува во Република Северна Македонија, кај царинските органи треба да се поднесе:

а) извозна декларација
б) даночна пријава
в) увозна декларација

  

189. Стоката која се внесува во царинското подрачје е предмет на царински надзор од:

а) од моментот на нејзиното внесување
б) откако ќе биде сместена во царински склад
в) откако ќе бидат ставени царински пломби

 

190. Бесплатни пратки кои физички лица ги испраќаат на физички лица, наменети за лична употреба во вредност до 90 Евра во денарска вредност се ослободени од плаќање на царина и ДДВ:

а) да
б) не

 

 191. Увозни давачки се плаќаат во:

а) денари
б) евра
в) хартии од вредност

 

192. Банкарска гаранција за обезбедување на можен долг се издава од:

а) Стопанска комора
б) Банка регистрирана во РСМ
в) Народна Банка на РСМ

 

193. Добра подлежни на акциза се:

а) енергенти и електрична енергија, алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски добра
б) минерални масла, алкохол и алкохолни пијалаци, тутунски добра и патнички автомобили
в) нафта и нафтени деривати, алкохол и алкохолни пијалаци, кафе, тутунски добра и патнички автомобили

 

194. Акцизната дозвола ја издава:

а) Царинската управа по претходна согласност на министерот за финансии
б) Министерот за финансии по претходна согласност на Царинската управа
в) Царинската управа

 

195. Дали е предвидена можноста за акцизни ослободувања на акцизни добра кои патникот ги носи со себе од странство во својот личен багаж, ако не се од комерцијална природа: 

а) да
б) не

 

196. Дали на резервоарите за етил-алкохол во акцизен склад треба да има вградено мерни уреди: 

а) да
б) не

 

197. Акцизната дозвола може да се однесува:

а) само на еден акцизен склад
б) само за место на кое се произведуваат акцизни добра
в) на еден или повеќе акцизни складови

 

198. Основица за пресметување на данокот на моторни возила при увоз претставува: 

а) царинската вредност на моторното возило зголемена за износот на царината

б) износот на просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 изразена во грамoви по километар во зависност од видот на погонското гориво и царинската вредност на моторното возило утврдена во согласност со царинските прописи зголемена за износот на царината

в) зафатнината на моторот искажана во кубни сантиметри

 

199. Царинската управа одлучува по барањето за издавање акцизна дозвола во рок од:

а) еден месец од денот на приемот на барањето
б) 60 дена од денот на приемот на барањето
в) 15 дена од денот на приемот на барањето

 

200. Дали е предвидена можност за акцизни ослободувања за дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации: 

а) да
б) не

 

201. Кои од наведените производи подлежат на акциза:

а) специјализирани игри за казина
б) минерални масла
в) злато во прачки

 

202. Дали минералните масла кои содржат материи за обележување смеат да се трошат и користат како погонско гориво во процес на производство: 

а) да
б) не

 

203. Дали уредите за точење на минералните масла мора да се опремени со мерни инструменти: 

а) да
б) не

 

204. Од плаќање данок на моторни возила ослободени се моторни возила:

а) кои се увезуваат од страна на иселеници во странство

б) кои се увезуваат поради учество на спортски натпревари, за тест возење, саеми и други приредби, организирани на територијата на Република Северна Македонија

в) кои се наменети исклучиво за спортски натпревари

 

205. Одобрение за повластен корисник издава: 

а) Управата за јавни приходи по претходна согласност на министерот за финансии
б) Царинската управа
в) Министерот за финансии по претходна согласност на Царинската управа

 

206. Кои од наведените производи подлежат на акциза:

а) кафе
б) алкохол и алкохолни пијалаци
в) златен накит

 

207. Царинската управа одлучува по барањето за издавање одобрение за повластен корисник во рок од:

а) еден месец од денот на приемот на барањето
б) 60 дена од денот на приемот на барањето
в) 15 дена од денот на приемот на барањето

 

208. Дали акцизната дозвола може да се пренесе на друго лице: 

а) да
б) не

 

209. Лицата кои течниот нафтен гас докажливо го употребиле како погонско гориво, како и лицата кои докажливо го употребиле како додаток на друго минерално масло како погонско гориво, во индустријата, имаат право на повраток на акцизата во висина од:

а) 80% од пропишаната акциза за погонска намена
б) 15% од пропишаната акциза за погонска намена
в) 100% од пропишаната акциза за погонска намена

 

210. Дали одобрението за повластен корисник може да се пренесе на друго лице: 

а) да
б) не

 

211. Во согласност со Законот за акцизите, акцизата на вино изнесува:

а) 4 ден. по литар/степен на алкохол или 1,65 ден. по литар/степен екстракт
б) 400 ден./литар чист алкохол, мерено при температура од 200С
в) 0 ден./литар

 

212. Дали виното е акцизно добро: 

а) да
б) не
в) само ако е со степен над 13 % алкохол

 

213. Дали патничките автомобили на хибриден погон (комбинација на бензиски мотор и електромотор) се ослободени од данок на моторни возила : 

а) да
б) не

 

214. Минерални масла се ослободени од акциза доколку:

а) се користат во железнички сообраќај
б) се користат во патен сообраќај со исклучок на користењето  за приватни намени
в) се користат во воздушен сообраќај со исклучок на користењето во воздушниот сообраќај за приватни намени

 

215. Дали производителот или увозникот е должен малопродажната цена на тутунските добра да ја пријави во Царинската управа и да ја објави во Службен весник на Република Македонија пред пуштањето на тутунските добра во промет: 

а) да
б) не

 

216. Дали пивото е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

217. Дали цигарите се акцизно добро: 

а) да
б) не

 

218. Дали пурите се акцизно добро: 

а) да
б) не

 

219. Дали златото е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

220. Дали платината е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

221. Дали нафтениот кокс е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

222. Дали патничките автомобили се акцизно добро согласно Законот за акцизи: 

а) да
б) не

 

223. Дали тутунот за пушење е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

224. Дали цигарилосите се акцизно добро: 

а) да
б) не

 

225. Дали ракијата е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

226. Дали керозинот е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

227. Дали бензинот е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

228. Дали мобилниот телефон обложен со злато е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

229. Дали водата спакувана во платинирана амбалажа е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

230. Дали ликерското вино е акцизно добро: 

а) да
б) не
в) да, доколку во него е додаден дестилиран етил алкохол

 

231. Дали бистриот сок од јаболко 100% е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

232. Дали сладоледот е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

233. Дали крзното од куна е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

234. Дали чевли од змиска кожа се акцизно добро: 

а) да
б) не

 

235. Дали златен накит со смарагди е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

236. Дали кафето е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

237. Дали луксузната хартија за пакување е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

238. Дали пенливото вино е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

239. Дали безоловниот бензин е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

240. Дали течниот нафтен гас е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

241. Дали метанот е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

242. Дали суровата нафта е акцизно добро: 

а) да
б) не

 

243. Дали електричната енергија е акцизно добро:

а) да
б) не
в) да, само ако се користи како погонско гориво

 

244. Акцизните добра во постапката на акцизно одложување се транспортираат проследени со:

а) акцизен документ испратен од страна на примачот
б) гаранција одобрена од страна на Царинската управа
в) електронски акцизен документ издаден од страна на испраќачот

 

245. За да може да се користи акцизното ослободување за алкохол и алкохолни пијалаци, содржината на алкохол кај пралините не смее да ја надминува границата од:

а) 8,5 литри чист алкохол на 100 кг производ
б) 5 литри чист алкохол на 100 кг производ
в) 8,5 литри чист алкохол на 50 кг производ

 

246. Малопродажната цена како единечна трговска цена за пури, цигарилоси и цигари по парче ја одредува:

а) царинскиот службеник во моментот на прифаќање на царинската декларација за увоз
б) производителот или увозникот на тутунските добра
в) Министерството за финансии

 

247. Акцизата на цигари која се плаќа претставува:

а) специфична акциза по парче цигара
б) процент од малопродажната цена
в) комбинирана акциза на специфична акциза и процент од вредноста

 

Извори:

1. Закон за Царинската управа 

2. Закон за работни односи

3. Закон за административни службеници

4. Царински закон

5. Уредба за спроведување на царински закон

6. Законот за акцизите со сите измени и дополнувања

7. Правилник за движење на акцизни добра во постапка на акцизно одложување

8. Правилник за начинот на оданочување со акциза на енергенти и електрична енергија

9. Правилник за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи

10. Закон за данок на моторни возила

11. Кодекс на однесување на царинските службеници

 

248. Трговијата со загрозени диви животни и растенија е регулирана со:

а) ЦИТЕС конвенција
б) АДР конвенција
в) Виенска конвенција

 

Извор: Закон за зашита на природата  и ЦИТЕС конвенција 

 

249. При увоз на храна контролата на безбедност ја спроведува: 

а) Државен санитарен и здравствен инспекторат
б) Државен инспекторат за земјоделство
в) Агенција за храна и ветеринарство 

 

Извор: Закон за безбедност на храна ;  Закон за ветеринарно здравство

 

250. При увоз Државниот санитарен и здравствен инспекторат е надлежен за контрола на: 

а) храна за животни
б) прашоци и детергенти за перење
в) бела техника и електрични апарат 

 

Извор: Закон за санитарна и здравствена инпекција  

 

251. При извоз на стоки и технологии со двојна употреба, Дозволата за извоз  ја издава:  

а) Министерство за внатрешни работи
б) Министерство за одбрана
в) Министерство за економија

 

Извор: Закон за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба  

 

252. Со примена на мерките на трговска политика се овозможува: 

а) поедноставена постапка
б) укинување или намалување на царинските давачки
в) заштита на националната безбедност и јавниот морал; заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата; животната средина; интелектуалната сопственост; историски и археолошки вредности

 

Извор: Закон за Царинска управа

 

253. Увозот на опојни дроги може да се изврши само врз основа на Одобрение, издадено од  страна на:

а) Царинска Управа на Република Македонија
б) Министерство за внатрешни работи
в) Агенција за лекови и медицински средства

 

Извор: Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции

 

254. При извоз на културно наследство потребна е дозвола од:

а) Управа за заштита на културно наследство
б) Агенција за храна и ветеринарство
в) Министерство за здравство

 

Извор: Закон за заштита на културното  наследство

 

255. При увоз на лекови од Германија, потребно е да се приложи дозвола за увоз  издадена од:

а) Министерство за одбрана
б) Министерство за економија
в) Агенција за лекови и медицински средства

 

Извор: Закон за лекови и медицински средства

 

256. За увоз на воено оружје и опрема потребно е дозвола која се издава од:

а) Министерство за внатрешни работи
б) Министерство за одбрана
в) Министерство за економија

 

Извор: Законот за развој, производство и промет на воени стоки

 

257. Колку ефективни странски парични средства резиденти можат да изнесат од Република Северна Македонија со пријавување на царинскиот орган:

а) неограничено
б) до 10.000 Евра
в) до 4.000 Евра

 

Извор: Закон за девизно работење; Одлука за условите и висината на износот на ефективни странски пари и чекови  кои можат да се  внесувааат или изнесувааат од РСМ  

 

258. Колку ефективни странски парични средства резиденти  и неризедент и можат да внесат во Република Северна Македонија со пријавување на царинскиот орган:

а) неограничено
б) до 10.000 Евра
в) до 4.000 Евра

 

Извор: Закон за девизно работење; Одлука за условите и висината на износот на ефективни странски пари и чекови  кои можат да се  внесуваат или изнесуваат од РМ  

 

259. Превоз на опасни материи е регулирано со:

а) АДР конвенција
б) Монтреалски протокол
в) ЦИТЕС конвенција  

 

Извор: Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај