Постапка за селекција на кандидати за вработување


Почитувани,

Согласно Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“. бр. 27/2014, 199/2014, 154/2015, 5/2016, 142/16 и 11/18), Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“. бр. 27/2014, 199/2014, 54/2015 и 27/2016, ), и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/18)  направени се измени во постапката за селекција на кандидати за вработување на административни службеници.

Имено, согласно законските решенија постапката за селекција на кандидати за вработување се спроведува во три фази на селекција за вработување на административен службеник и тоа: Прва фаза - административна селекција, Втора фаза - испит за административен службеник, Трета фаза - проверка на веродостојност на докази и интервју.

-           Прва фаза – Административната селекција се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите во јавниот оглас, приложените докази во пријавата и нивно бодување. 

За кандидатите кои при административната селекција се утврди дека не ги исполнуваат условите утврдени во јавниот оглас, постапката на селекција завршува.

Утврдувањето на вкупниот број бодови за секој пријавен кандидат се врши врз основа на бодовите од стручните квалификации, односно бодови од формално и неформално образование, работното искуство во струката, како и познавањето на работа со компјутерски програми за канцелариско работење.

Во следната фаза на селекција преминуваат најмногу десет пати повеќе кандидати од бројот на извршители за работното место, а кои биле најдобро рангирани во оваа фаза.

-           Втора фаза – Испитот за административен службеник се состои од два дела: стручен дел и, делот за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).


Со стручниот дел, преку одговарање на прашања во вид на компјутерско тестирање, се проверуваат познавањата на кандидатот во следниве области:

  •  уставен поредок на РМ;
  • систем на локална самоуправа;
  • систем на управно право, управна постапка и управен спор;
  • положбата и други општи прашања за вработените во јавниот сектор;
  • правата од работен однос на административните службеници; и
  • кодексот за административни службеници.


Вториот дел од испитот се однесува на познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

На испитот за административен службеник, кандидатот може да освои најмногу 40 бодови, односно најмногу 25 бодови од стручниот дел и најмногу 15 бодови од делот за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Стручниот дел на испитот за административен службеник носи најмногу 25 бодови, а ќе се смета за положен доколку кандидатот освои најмалку 15 бодови.

Делот за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) носи најмногу 15 бодови, а ќе се смета за положен доколку кандидатот освои најмалку 8 бодови.

Двата дела од испитот за административен службеник се полагаат последователно, со максимално времетраење од 60 минути по дел.


-           Трета фаза – Проверката на веродостојност на доказите ја врши Комисијата за селекција најмалку три часа пред почетокот на интервјуто. Кандидатите се должни да ги донесат на увид во оригинал, или заверен препис, сите докази прикачени електронски кон пријавата.

За кандидатите кои нема да ги донесат на увид во оригинал, или заверен препис, сите докази прикачени електронски кон пријавата постапката на селекција завршува. Кандидатите кои успешно ќе ја поминат проверката на веродостојност на доказите, имаат право да продолжат на интервју.

Комисијата најдоцна 30 минути пред почетокот на интервјуто одржува подготвителен состанок на кој  се определува формата на интервјуто и темите кои ќе се опфатат во текот на интервјуто.

Интервјуто се спроведува усно и/или писмено.

Во сите три фази на селекцијата, кандидатите може да освојат најмногу 100 бодови распоредени на следниот начин:


***

Фаза 1 - Административна селекција

Максимум бодови

1.

Формално образование

30

2.

Неформално образование

3

3.

Работно искуство

5

4.

Познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење

канцелариско работење

работење

2

Вкупно

40

***

Фаза 2 – Испит за административен службеник

Максимум бодови

1.

Стручен дел

25

2.

Дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)

15

Вкупно

40

***

Фаза 3 – Проверка на веродостојност на докази и интервју

Максимум бодови

1.

Интервју: Општи прашања

6

2.

Интервју: Прашања за општите компетенции

6

3.

Интервју: Прашања за посебните компетенции

6

4.

Интервју: Активно познавање на македонски јазик

2

Вкупно

20

Вкупно бодови во сите фази на селекцијата

100


Комисијата за селекција, од конечните ранг-листи по работни места, избира онолку најдобро рангирани кандидати со припадност на заедница, за која согласно годишниот план на институцијата се предвидени нови вработувања, колку што извршители се бараат за тоа работно место и во рок од три дена и ги предлага на институцијата.

Во случај кога на која било од конечните ранг-листи нема доволно кандидати со припадност на заедница, за која согласно годишниот план на институцијата се предвидени нови вработувања, огласот се повторува само за оние работни места и за оној број на извршители колку што недостигаат.

Доколку на ранг листата од која треба да се изврши изборот, најдобро рангирани се двајца или повеќе кандидати со ист број на бодови во втора децимала, се избира кандидатот кој има добиено најмногу бодови во фазата на административна селекција.

Секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар, во рок од пет дена по добивањето на конечната ранг-листа, односно предлогот на Комисијата за селекција, е должен да донесе одлука за избор која се доставува до избраниот кандидат и се објавува на интернет страницата и на огласната табла на Агенцијата.

Во рок од пет дена од конечноста на одлуката за избор, раководното лице на институцијата носи решение, односно склучува договор за вработување на неопределено време.

НАПОМЕНА ВАЖНО: Кандидатите делот за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) нема да го полагаат, односно за истиот нема да се врши бодување до 26.07.2018 година.

Имено, кандидатите кои во наведениот период до 26.07.2018 година ќе засноваат работен однос се должни овој дел од испитот за административен службеник да го положат во рок од една година од денот на стапување во сила на Законот за изменување и дополнување на законот за административни службеници (Службен весник на РМ број 11/2018).

Доколку кандидатите кои ќе засноваат работен однос до 26.07.2018 година, а се стекнале со меѓународно признат сертификат или меѓународно употребувано уверение до денот на влегување во сила на   Законот за измени и дополнувања на законот за административни службеници (Службен весник на РМ број 11/2018) нема да го полaгаат  делот за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), туку сертификатот односно уверението ќе го приложат кај работодавачот каде што засновал работен однос.