Почитувани,
Согласно законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015 и 5/2016), Агенцијата за администрација има надлежност да спроведува административна селекција во постапката на селекција на кандидати за вработување, при што на секој пријавен кандидат треба да му ги утврди бодовите од стручните квалификации, кои пак се вреднуваат согласно формалното и неформалното образование.
Агенцијата за администрација, поради транспарентност и појаснување на постапката за вработување на административни службеници им овозможува на сите заинтересирани кандидати да се информираат за постапката на селекција на кандидати за вработување на административен службеник.
Согласно член 39 став (6) од Законот за административни службеници формалното образование на кандидатите за административни службеници од категориите Б и В се вреднува согласно постигнатиот успех на сите циклуси нa студии кои ги завршил кандидатот и од рангирањето на универзитетот според ранг-листата на домашните универзитети и ранг-листите на странските универзитети и тоа следниве: Shanghai Ranking-ARWU (Academic ranking of World Universities), Times Higher Education-World University Rankings и QS World University Rankings.
Воедно, во член 11 став (1) и (2) од Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/2015) утврдено е дека од страна на Министерството за образование и наука веднаш по објавувањето на домашната ранг-листа на својата официјална веб страница, односно веднаш по објавувањето на странските ранг-листи на нивните официјални веб страници, се преземаат и се доставуваат до Агенцијата, која најдоцна до седум дена од денот на приемот ги објавува на својата веб страна.
За таа цел, подолу се наведени линковите на кои се достапни ранг листите:
http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/rang-listi
http://www.shanghairanking.com/ARWU2016.html
http://www.usnews.com/education/best-global-universities/rankings?int=a27a09
http://www.topuniversities.com/university-rankings/world-university-rankings/2016?utm_source=tu_house_banners&utm_medium=web_banner#sorting=rank+region=+country=+faculty=+stars=false+search=