Почитувани,

Една од надлежностите на Агенцијата за администрација утврдени со Законот за административните службеници е постапување по жалби и приговори на административните службеници, изјавени против акти донесени од страна на првостепените органи.

Оваа надлежност, Агенцијата за администрација ја остварува преку Комисијата на Агенцијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен (во натамошниот текст: Комисијата на Агенцијата).

За работата на Комисијата директорот на Агенцијата донесува Деловник за работа.

При одлучувањето по поднесена жалба односно приговор, Комисијата на Агенцијата може:

  • да ја отфрли жалбата односно приговорот како ненавремен, нецелосен или недозволен;
  • да ја одбие жалбата односно приговорот како неоснован и да го потврди првостепеното решение;
  • да ја уважи жалбата односно приговорот и да го поништи решението на првостепениот орган и предметот да го врати на повторно одлучување или
  • самата да одлучува во случаи кога постапува по изјавена жалба односно приговор против акт кој еднаш бил поништен и вратен на повторно решавање.

Доколку жалбата односно приговорот биде уважен, првостепениот орган е должен да постапи по одлуката на Комисијата на Агенцијата во рок од 8 (осум) работни дена од приемот на истата.

Против одлуката на Комисијата на Агенцијата, незадоволниот кандидат односно административен службеник може да поднесе тужба пред надлежен суд во рок од 15 дена од денот на нејзиниот прием.

Доколку Комисијата на Агенцијата не донесе одлука во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на жалбата односно приговорот, кандидатот во рок од 15 дена по истекот на осумте дена, има право да поднесе тужба пред надлежниот суд.


ФОРМИРАЊЕ И СОСТАВ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈАТА

Комисијата на Агенцијата  се формира со решениe на директорот на Агенцијата.

Комисијата на Агенцијата е составена од претседател и четири члена и нивни заменици од редот на административните службеници во Агенцијата ...

РАБОТА НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈАТА

Комисијата на Агенцијата одлучува во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на жалбата односно приговорот доставени од првостепениот орган.

Првостепениот орган е должен во прилог на жалбата односно приговорот до Комисијата на Агенцијата да ја достави потребната документација која е од битно значење за правилно решавање на предметот...

ОДЛУЧУВАЊЕ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈАТА

Комисијата на Агенцијата одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови.

Претседателот и членовите на Комисијата на Агенцијата не можат да бидат воздржани при гласање...

АКТИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈАТА

  Комисијата на Агенцијата донесува одлука:

- за одбивање на жалбата, односно приговорот како неосновани и потврдување на

решението на првостепениот орган;

- за уважување на жалбата, односно приговорот и поништување на решението на

првостепниот орган и враќање на решението на првостепениот орган на повторно

разгледување и одлучување или

- самата, во случаи кога постапува по изјавена жалба против акт кој еднаш бил

поништен и вратен на повторно решавање.

  Комисијата на Агенцијата донесува решение...


ДОСТАВУВАЊЕ НА АКТИТЕ

Комисијата на Агенцијата за донесената одлука, решение, односно заклучокот по изјавената жалба го известува првостепениот орган во рок од 3 (три) дена од донесувањето на истите,  Првостепениот орган е должен во рок од 3 (три) дена да го достави актот донесен од Комисијата на Агенцијата до административниот службеник.

ПРАВО НА ЖАЛБА ЗА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВРАБОТЕНИ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА ПРОТИВ РЕШЕНИЕ СО КОЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА НИВНИТЕ ПРАВА И ОБВРСКИ

 Вработените во Агенцијата, имаат право на жалба против решение со кое се одлучува за нивните права и обврски до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос.

Кандидатите за вработување во Агенцијата, против одлуката за избор, имаат право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос.