Кодекс за административни службеници

Студија на случај 2: Мирјана Ј. раководи со Одделението за тековно одржување на објектите во државната управа и следење на комуналните трошоци, Сектор за инвестициски вложувања, тековно одржување на објектите и следење на комуналните трошоци при Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Во процес е постапка за реновирање едно крило на општинската зграда за чие тековно одвивање директно е одговорно лицето Г. Л., службеник во истоименото одделение. До пред извесно време, сите градежни активности се одвиваа во предвидената временска рамка, сè до еден момент во кој на барање на раководителката Мирјана Ј., работите се стопирани без прецизен рок за продолжување. Во текот на целиот процес, административниот службеник Ѓ. Л. се соочува со притисок од страна на неговата непосредно претпоставена да постапува надвор од предвидените процедури и особено во делот на доставување забелешки, а и да фабрикува лажни извештаи за квалитетот на услугата. Притоа, во ниту еден момент, раководителката Мирјана Ј. не му ја образложила причината или не приложила докази за неправилност во работењето. Ѓ. Л. на почетокот не навлегувал во природата на ваквите одлуки, но со тек на време почнал сериозно да се грижи за своите постапки и, секако, да се сомнева во искрената намера на неговата претпоставена. Имајќи предвид дека се вработил пред нецели 2 години, а има само еден месец до неговата годишна евалуација, одлучува послушно да ги следи инструкциите на раководителката. Сепак, не ја исклучува можноста да се обрати до некоја надлежна институција и да побара мислење за случајот. Се двоуми дали тоа би можела да биде Агенцијата за административни службеници или, пак, некој друг орган.

 

Прашање 1: Административниот службеник, во случајов, Ѓ. Л., за својата работа и своите постапки одговара пред:

Одговор 1: Непосредно раководниот службеник, Мирјана Ј.

Одговор 2: Непосредно, раководниот службеник и пред раководното лице на секторот (Мирјана Ј. + раководното лице на секторот).

Одговор 3: Пред Агенцијата за администрација.

 

Прашање 2: Административниот службеник Ѓ. Л., во погоре опишаниот случај постапувал:

Одговор 1: Самостојно и објективно врз основа на самостојно утврдување на фактите и околностите. 

Одговор 2: Самостојно и објективно, врз основа на самостојно уврдување на фактите и околностите и не бил свесен за направените прекршувања.

Одговор 3: Постапувал во согласност со добиените инструкции од непосредно раководното лице.

 

Прашање 3: Административниот службеник Ѓ. Л. за својата дилема, можел да го извести:

Одговор 1: Непосредно раководното лице.

Одговор 2: Раководното лице на ниво на сектор (претпоставен на Мирјана Ј.).

Одговор 3: Агенцијата за администрација.

 

Прашање 4: Раководителката Мирјана Ј. за своите постапки:

Одговор 1: Дала конкретно образложение поткрепено со факти кои можа да послужат како причина за стопирање на процесот.

Одговор 2: Не дала докази кои се основа за нејзината одлука, но очекувала инструкциите да бидат почитувани од страна на подредениот административен службеник.

Одговор 3: Не дала докази и иако експлицитно не му се заканила, го потсетила на постоењето можност тој да не биде унапреден со што влијаела врз постапките на Г. Л.

 

Прашање 5: Административниот службеник Г. Л.:

Одговор 1: Постапил правилно следејќи ги инструкциите од својата раководителка.

Одговор 2: Постапил правилно според инструкциите, но бил свесен за неправилноста.

Одговор 3: Постапил погрешно, бидејќи не се спротивставил на притисокот кој врз него го врши друг административен службеник, во случајов неговиот претпоставен.


Кодекс за административни службеници

Студија на случај 3: Митко С. е тукушто вработен во Агенцијата за млади и спорт. Како поранешен спортист, отсекогаш сакал да го потикнува спортот и здравиот жвот кај младите, па се чини дека за него, вработувањето во Агенцијата за млади и спорт било навистина полн погодок. Иако распоредот на обврските не секогаш му дозволува, Митко С. е љубител на ноќните забави и чест гостин на актуелните концерти и другите културно-забавни настани. При една таква полноќна забава во друштво на своите пријатели, Митко С. се упатува кон познат ноќен клуб. Иако знаат дека внесувањето алкохол однадвор е најстрого забрането, сепак, и покрај негодувањето од почеток, Митко се согласува скришно да внесат шише со жесток пијалок кој тој ќе го сокрие во внатрешниот џеб од својата јакна. При влезот во клубот, обезбедувањето се посомневало во групата и одлучило да ги претресе. Откако беше откриено дека групата се обидува да внесе алкохол во клубот, обезбедувањето оправдано им го одзело. Во тој момент негодувајќи, Митко С. почнува да се расправа со обезбедувањето кое најпрво се обидува да го смири, а потоа и им се заканува дека ќе ги отстрани од локалот. Видно револтиран Митко С. почнал да упатува неколку навреди, тврдејќи дека не направил ништо лошо. Благодарение на присебноста на еден од пријателите на Митко, набрзо расправијата завршува и друштвото одлучува да го напушти клубот, пред да се случат дополнителни непријатности.

 

Прашање 1: Административниот службеник Митко. С.:

Одговор 1: Административниот службеник не смее да конзумира алкохол надвор од работното време, бидејќи тоа се коси со етичкиот кодекс.

Одговор 2: Смее да конзумира алкохол.

Одговор 3: Смее да конзумира, но не и да поседува кај себе.

 

Прашање 2: Административниот службеник Митко С., смее да:

Одговор 1: Посетува забави и културно-рекреативни активности.

Одговор 2: Смее да посетува секакви забави на кои ќе се однесува пристојно и примерно.

Одговор 3: Смее да посетува само однапред проверени места, односно ќе учествува во активности на кои е сигурен дека нема да се однесува недолично и да го наруши својот углед.

 

Прашање 3: Административниот службеник Митко С., во приватниот живот:

Одговор 1: Треба да се однесува во согласност со законските норми.

Одговор 2: Треба да се однесува во согласност со законските и етичките норми.

Одговор 3: Треба да се однесува според свои сопствени принципи и правила.

 

Прашање 4: Административниот службеник Митко С.:

Одговор 1: Има право да се однесува како и секој друг граѓанин.

Одговор 2: Треба да се однесува во согласност со етичките и моралните норми на службата.

Одговор 3: Треба да покаже однесување кое на никој начин нема да ја намали довербата на јавноста во државната служба.

 

Прашање 5: Административниот службеник, во случајот Митко С.:

Одговор 1: Го претставува и треба да го чува угледот на службата и да се однесува на ист начин како на работа.

Одговор 2: Надвор од работното време, нема никакви одговорности за своето однесување.

Одговор 3: Надвор од работното време не мора да ги почитува правилата за однесување со останатите за време на службата, но, сепак, треба да внимава и на своето приватно однесување.


Кодекс за административни службеници

Студија на случај 4: Лицето С. К. е помлад соработник во Министерството за животна средина. Од самото стапување на работното место, се пофали со изјавата дека „кога човек ги познава вистинските луѓе, лесно може да дојде до посакуваната работа“. Како помлад соработник, неговите задачи сè уште се сведуваат на администрирање и документирање предмети, но работејќи веќе неколку месеци, ги увиде областите кои го интересираат и искрено почна да се надева дека со доаѓањето на власт на политичката опција која ја поддржува, иако не е член, многу брзо ќе напредува. Во суштина, не сметаше дека тие имаат квалитетна програма која ќе донесе напредок, но, сепак, остана уверен дека и сам треба да помогне тоа да се случи. Така најпрво започна вербално да агитира и да ги појаснува предностите на оваа политичка партија, а потоа почна и да дистрибуира материјали и памфлети од нивната политичка програма. Длабоко во себе веруваше дека не прави ништо лошо и дека никому нема да наштети. Сепак, дел од колегите негодуваа и се заканија дека ќе реагираат кај соодветниот надлежен орган.

 

Прашање 1: Лицето С. К. со своите постапки:

Одговор 1: Врши политичка дејност преку јавно изразување на своите определби и особено дистрибуција на материјали и памфлети.

Одговор 2: Не врши политичка дејност, бидејќи не е член на политичка партија.

Одговор 3: Врши политичка дејност кога дистрибуира материјали и памфлети.

 

Прашање 2: Со активностите кои ги презема лицето С. К.:

Одговор 1: Не може да наштети на другите колеги и затоа неговото однесување е оправдано.

Одговор 2: Нема да наштети, но тоа не го оправдува неговото однесување.

Одговор 3: Самото споменување и истакнување на политичката припадност е непожелно и недозволиво.

 

Прашање 3: Однесувањето на административниот службеник С.К.:

Одговор 1: Зборува за неговата лична ориентација и не ги афектира другите.

Одговор 2: Ја поткопува довербата на граѓаните во неговата способност непристрасно да ја извршува професијата.

Одговор 3: Постапката не значи дека лицето нема да ја извршува својата работа непристрасно и објективно.

  

Прашање 4: Административниот службеник С. К.:

Одговор 1: Размислува исклучиво на своите лични интереси.

Одговор 2: Размислува за доброто на институцијата, но сеедно, не смее да постапува како во случајот.

Одговор 3: Се води од интересот на другите.

 

Прашање 5: Постапката на административниот службеник С. К.:

Одговор 1: Не дава погрешна претстава за можностите за напредок. 

Одговор 2: Е услов за сомневање и поткопување на кредибилитетот на институцијата. 

Одговор 3: Дава погрешна слика за можностите за напредок по пат на политичка активност.


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 6: Јана Л. е вработена во Министерството за економија како помлад соработник. Нејзиниот делокруг на активности е врзан за административно работење кое вообичаено вклучува подготовка на предмети за разгледување и архивирање. Вообичаено, ресурсите за печатење и друга подготовка на споменатите материјали се секогаш обезбедени и достапни, па понекогаш вработените ги користат и за свои лични помали потреби. Во службата не постои експлицитно ограничување од аспект на тоа во колкав обем и колку често канцелариските материјали можат да се користат за приватни цели. Имајќи го ова на ум, Јана Л. во повеќе наврати го користи службениот печатач за печатење скрипти кои ѝ се потребни за постдипломските студии, не сметајќи дека со тоа нанесува значителна штета. Беше при крајот на изработката на својата дисертација која содржеше околу 150 страници и сосем вообичаено одлучи да ја испечати на работното место и тоа во 3 примероци. Во меѓувреме, одлучува дека најдобро е дома да ја понесе и машината за пластифицирање и укоричување, без тоа да го најави некому, но, секако, си ветува себеси дека внимателно ќе се грижи за позајмените средства. Следниот ден, колегите, чии предмети чекаа за печатење се пожалија на слаб тонер, кој го промениле само недела дена порано. Раководителот на одделението лично се заложи да го испита случајот и вети дека доколку е потребно ќе преземе соодветни акции.

 

Прашање 1: Во своите постапки Јана Л., со средствата кои ѝ се доверени:

Одговор 1: Се служи само за службени цели.

Одговор 2: Се служи првенствено за службени цели, а во исклучително ретки случаи за приватни цели.

Одговор 3: Се служи за службени, но често и за приватни цели.

 

Прашање 2: Јана Л., средствата кои ѝ се доверени за работа:

Одговор 1: Ги користи ефикасно и економично.

Одговор 2: Ги користи во согласност со потребите на службата.

Одговор 3: Не ги користи секогаш економично. 

 

Прашање 3: Јана Л., со средствата кои ѝ се доверени за работа:

Одговор 1: Располага наменски.

Одговор 2: Располага наменски, но не секогаш.

Одговор 3: Располага ненаменски, бидејќи материјалите и средствата за работа редовно ги користи за приватни цели.

 

Прашање 4: Со користењето и особено со преземањето и со изнесувањето на средствата без најава и задолжување, Јана Л.:

Одговор 1: Ги доведува во опасност од предизвикување на материјална штета средствата.

Одговор 2: Покажува несовесност при ракувањето со материјалите и средствата.

Одговор 3: Води сметка употребените средства да не бидат оштетени.

 

Прашање 5: За својата постапка, Јана Л.:

Одговор 1: Не треба да одговара.

Одговор 2: Ќе одговара дисциплински.

Одговор 3: Ќе одговара дисциплински, а можеби и кривично.


Кодекс за административни службеници

Студија на случај 7: Коле Т. е долгогодишен возач во една од поголемите општини, преместен претходно од друга позиција. Неговите работни обврски се одвиваат според потребите на службите во општината, а врз основа на иницијален план кој месечно го добива од своите претпоставени. Планот за реализација на локалните и меѓуградските дестинации често се менува во согласност со динамиката на вработените. При едно такво поместување на активностите, Коле Т. видел можност да помине едно попладне на роденденот на својот пријател кој се одвивал во викендичка населба во непосредна близина на градот. За својот план не ги известил претпоставените, бидејќи сметал дека на повик може да се врати во разумно време и да ги доврши своите обврски. Според правилото, знаел дека ваква ситуација не е во рамките на дозволените ситуации во кои по исклучок може да се користи возило за приватни цели, но, од друга страна, бил сигурен дека работата нема да трпи. По само 15 минути од неговото пристигнување, добил итен повик од работа и барање за 15 минути да биде пред општинската зграда. Иако не му било по волја, сепак, како и секогаш ги следел одговорно обврските. Веднаш тргнал, но на враќање  се соочил со голема колона возила која била во застој поради тешка сообраќајна незгода. Сообраќајната полиција ги информирала дека застојот ќе трае најмалу 30 минути. Се разбира, Коле не можел да стигне на повикот, а, од друга страна, се плашел да ја каже вистината дека се оддалечил од градот без да добие дозвола или да информира некого.

 

Прашање 1: Административниот службеник Коле Т.:

Одговор 1: Смеел да управува со возилото за приватни цели во ретки случаи. 

Одговор 2: Смеел, но доколку го најавел тоа.

Одговор 3: Не смеел во никој случај.

 

Прашање 2: Административниот службеник Коле Т.:

Одговор 1: Знаел за правилото кога може да се користи службено возило за приватни цели.

Одговор 2: Не знаел за правилото кога може да се користи службено возило за приватни цели.

Одговор 3: Знаел за правилото, но верувал дека ситуацијата погоре нема воопшто да биде проблематична.

 

Прашање 3: Однесувањето на Коле Т., го оценувам како:

Одговор 1: Проблематично и неодговорно.

Одговор 2: Главно одговорно, но во случајот неправилно.

Одговор 3: Крајно неодговорно.

 

Прашање 4: Во опишаната ситуација:

Одговор 1: Коле Т. свесно ја довел во прашање својата професоналност:

Одговор 2: Несвесно ја довел во прашање својата професионалност.

Одговор 3: Несвесно ја довел во прашање својата професионалност, но имал обврска да размисли за потенцијалните ризици.

 

Прашање 5: Во опишаната ситуација, Коле Т.:

Одговор 1: Го доведува во опасност од предизвикување материјална штета на службеното возило.  

Одговор 2: Покажува несовесност при ракувањето со службеното возило.

Одговор 3: Води сметка службеното возило да не биде оштетено. 


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 8: Бурим М. е шалтерски работник во Биро за вработување во рамките на Агенцијата за вработување. Неговата работа вклучува постојана комуникација со странки од кои најголемиот дел невработени лица, кои имаат обврска редовно да се евидентираат во Агенцијата како невработени или да користат други бенефиции и програми наменети за оваа категорија граѓани. Неодамна, Агецијата стартуваше програма за поддршка на невработени лица преку обезбедување бесплатни обуки за нив. Обврска на шалтерските служби беше да ја промовираат програмата правејќи ја достапна за сите невработени лица. На почетокот, Бурим М. редовно ги информираше посетителите за ваквите можности, но подоцна, кога бројот на заинтересираните лица растеше и обемот на неговата работа се зголемуваше, започна да не ги пренесува важните информации, односно да ги упатува заинтересираните на веб-страницата или директно кај обезбедувачите на обуки, или, едноставно ја прикриваше комплетната информација како таква. Во еден наврат, на шалтерот пристигнаа 2 (две) девојки кои очигледно ги познаваше и на кои посветено им раскажа за можноста. Тоа го забележа едно момче кое уште претходниот ден се обратило за пријавување и веднаш упати забелешка. Бурим М. нервозно го прекори и одби да му образложи за што станува збор.

 

Прашање 1: Во дадената ситуација, шалтерскиот работник Бурим М.:

Одговор 1: Има обврска да ги информира клиентите за новата програма. 

Одговор 2: Може самиот да одлучи кого ќе информира, а кого не.

Одговор 3: Има обврска да ги информира клиентите кои ќе покажат интерес.

 

Прашање 2: Во дадената ситуација, извршувањето на своите обврски, од Бурим М. се очекува:

Одговор 1: Да постапува со учтивост и пресретливост.

Одговор 2: Да се приспособи на дадената ситуација.

Одговор 3: Да се однесува официјално и воздржано.

 

Прашање 3: На позицијата на која работи, Бурим М. има обрска:

Одговор 1: Селективно да одлучува кому ќе му понуди информација.

Одговор 2: Да обезбедува квалитетни информации.

Одговор 3: Да обезбеди понатамошни контакти со кои треба да се продолжи комуникација, но не мора да се посвети на секое прашање.

 

Прашање 4: Начинот на кој се поставил Бурим М., во дадената ситуација:

Одговор 1: Еднакво ги третира страните.

Одговор 2: Селективно ги третира странките.

Одговор 3: Еднакво ги третира странките, но е селективен при споделувањето информации.

 

Прашање 5: Со своето однесување, Бурим М.:

Одговор 1: Прави постапка која исклучиво се афектира на неговото лично однесување.

Одговор 2: Прави постапка која не ја афектира јавноста.

Одговор 3: Прави постапка со која се афектира лично јавноста, но и репутацијата на институцијата.


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 9: Флора А. е вработена во Секторот за јавни набавки во склоп на Катастар. Меѓу останатите набавки, Катастарот според годишната програма за развој на вработените набавува генерички обуки од тренинг институции во земјата. Последната набавка се однесува на организација на градење на тимот (тим билдинг). За време на течењето на рокот за поставување прашања од страна на потенцијалните понудувачи, Флора А. е задолжена за одговори на делот кој се однесува на исполнувањето на потребните услови. На повикот на институцијата се појавуваат 3 понудувачи, кои во рокот за прашања своите барања ги упатуваат до Флора А. Сепак, Флора А. смета дека најголем дел од поставените прашања се појаснети во тендерската документација и нема потреба посебно да се образложуваат за секој клиент поединечно. Од тие причини, претежно го игнорира ѕвонењето на телефонот. Сепак, дел од понудувачите негодуваат и инсистираат на писмено образложение. Одговорот на нивните прашања стигнува еден ден пред рокот за поднесување на тендерската документација.

 

Прашање 1: Во случајот, државната службеничка Флора А.:

Одговор 1: Е отворена и транспарентна за комуникација.

Одговор 2: Дава одговори на услужлив начин, но не секогаш во најкраток можен рок.

Одговор 3: Не нуди најдобри можни стандардни услуги.

 

Прашање 2: Флора А., во постапката за набавка на услуга - градење тим (тим билдинг):

Одговор 1: Има големо влијание во процесот. 

Одговор 2: Во голема мера може да го олесни пристапот до информации.

Одговор 3: Не може да им помогне на клиентите во обезбедување потребни информации.

 

Прашање 3: Во ваквата постапка, државната службеничка Флора А.:

Одговор 1: Одбива вршење работни задачи.

Одговор 2: Одбива да ги изврши работните задачи на најбрз и ефикасен начин.

Одговор 3: Го почитува итниот карактер на постапката (рок за документација).

 

Прашање 4: Ваквата постапка на Флора А.:

Одговор 1: Може значително да му наштети на угледот на институцијата.

Одговор 2: Нема да ѝ наштети на угледот на институцијата.

Одговор 3: Ќе наштети најмногу лично, а незначително на институцијата.

 

Прашање 5: Со ваквата своја постапка, Флора В.:

Одговор 1: Врши потенцијална штета по своите клиенти.

Одговор 2: Не врши штета, бидејќи е уверена дека сите информации ги има во тендерската документација.

Одговор 3: Не доставува информации навремено, а тоа може да предизвика недостиг во документацијата.


Кодекс за административни службеници

Студија на случај 11: Славчо М. и Розита С. се колеги во склоп на службите на Собранието на Република Македонија изминативе 5 години, во Секторот за административни работи. Односите во Секторот се релативно добри без поголеми проблеми или несогласувања надвор од делокругот на работата. Сепак, комуникацијата во последниот месец се чини е значително отежната, што делумно се должи на некои надворешни фактори. Имено, Славчо М., очигледно незадоволен од начинот на кој се одвиваат работите, често знае да прокоментира како веќе институцијата не е тоа што беше и да упати сериозни критики по повеќе основи. Ваквиот негативен набој го чуствуваат колегите, но најголем конфликт тлее со колешката Розита М., која важи за прилично отворена, директна, па на моменти и зајадлива личност. Во една таква ситуација, меѓу нив избива конфликт и тоа во присуство на странки, клиенти. Славчо не се воздржува и почнува со критики за институцијата, лични критики и префрлувања, па дури и погрдни зборови и лични навреди. Розита најпрво се обидува да ја смири ситуацијата, бидејќи Славчо е нејзин тимски колега и сака и овојпат ситуацијата да се реши во тимски дух, но многу брзо, со оглед на нејзиниот темперамент, дискусијата преминува во сериозна расправија и таа сериозно го повишува тонот на разговор. Набрзо реагираат другите колеги од секторот, пред сè, со цел да ги извлечат од непријатната ситуација во која се затекнале самите, а најмногу заради надворешните лица кои се очевидци на ситуацијата.

 

Прашање 1: Во погоре опишаниот случај, административните службеници во меѓусебната комуникација:

Одговор 1: Ги почитуваат начелата на меѓусебно почитување и ненавредување.

Одговор 2: До некаде демонстрираат тимска работа. 

Одговор 3: Изразуваат конфликтно однесување.

 

Прашање 2: Административниот службеник Славчо М.:

Одговор 1: Е најодговорен за настанатата конфликтна ситуација.

Одговор 2: Е предизвикан од претходни провокации и незадоволства.

Одговор 3: Е целосно во право кога упатува критики и негодување.

 

Прашање 3: Административниот службеник Славчо М. Ч.:

Одговор 1: Дава штетни изјави за институцијата.

Одговор 2: Се воздржува од давање штетни изјави за институцијата.

Одговор 3: Се обидува да ги подобри работите, но на погрешен начин.

 

Прашање 4: Розита С.:

Одговор 1: Се однесувала пристојно и воздржано.

Одговор 2: Била испровоцирана што е причина за нејзиното однесување.

Одговор 3: Има подеднаква одговорност во настанатиот конфликт.

 

Прашање 5: Славчо М. и Розита С., настанатата конфликтна ситуација:

Одговор 1: Требало да ја разрешат на изолирано место.

Одговор 2: Требало да ги повикаат надлежните колеги доколку е потребно.

Одговор 3: Требало да ја разрешат пред затекнатите присутни, како што и започнале. 


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 12: Работното време во Министерството за финансии е флексибилно, односно тоа подразбира пристигнување на работното место во периодот помеѓу 08.00 и 08.30. Катерина Р. и Елеонора П. се колешки, а со оглед на тоа дека живеат во иста населба, заедно патуваат до работа со возилото на Катерина Р. Елеонора П. има забрана за управување со моторно возило од 6 месеци. Договорот е секое утро Катерина Р. да ја собере Елеонора П. на договореното место. И додека Елеонора е точна и прецизна до минута, Катерина е најчесто таа што доцни, па сè почесто се случува и двете да задоцнат на работа. Иако предупредени, сметале дека нема да одговараат дисциплински, бидејќи не доцнеле по многу време. Последниот месец, раководителката ги предупреди дека можно е да бидат дисциплински казнети на плата, откако претходниот месец беа и официјално опоменати.

 

Прашање 1: Почитувањето на работното време:

Одговор 1: Е важен аспект во однесувањето на административните службеници.

Одговор 2: Е ирелевантно за вршењето на службата.

Одговор 3: Е обврска која мора да се почитува.

 

Прашање 2: Државните службенички Катерина Р. и Елеонора П.:

Одговор 1: Непрофесионалност и неетичност.

Одговор 2: Непочитување на законските регулативи и процедури.

Одговор 3: Флексибилност.

 

Прашање 3: Во погоре опишаната ситуација за доцнењето, одговорност има:

Одговор 1: Најмногу Катерина Р. затоа што од неа зависи патувањето.

Одговор 2: Двете колешки се подеднакво одговорни за себе.

Одговор 3: Одговорна е Катерина Р.

 

Прашање 4: Катерина Р. и  Елеонора П.:

Одговор 1: Го игнорирале целосно усното предупредување.

Одговор 2: Не го игнорирале, но сметале дека нема да следува друго.

Одговор 3: Не биле целосно свесни за последиците кои може да следат.

 

Прашање 5: Катерина П. и Елеонора П.:

Одговор 1: Треба да бидат минимално казнети на плата, бидејќи веќе биле опоменати.

Одговор 2: Треба да бидат уште еднаш писмено опоменати.

Одговор 3: Треба да биде казнета само Катерина Р.


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 13: Ленора З. од неодамна е виш советник во Министерството за надворешни работи. Отсекогаш важела за малку ексцентрична личност со специфичен вкус, но по доаѓањето во Министерството за надворешни работи, од своите пријателки, на оваа тема, доби и неколку добронамерни забелешки во насока на тоа дека нема повеќе да може да ужива во своите кратки здолништа, флуоресцентни бои и впечатлив накит. Ленора важи за исклучителен професионалец и лично смета дека облеката е одраз на личен стил кој никако не влијае врз квалитетот на работата која е во нејзин домен, туку баш напротив. Сепак, не сите во нејзиното работно опкружување го делат ваквото мислење, вклучително и нејзиниот претпоставен кој често негодува, но сè уште не го изразил тоа и официјално, од страв да не ја навреди.

 

Прашање 1: Вработениот во државната администрација, во случајот Ленора З.:

Одговор 1: Треба да го следи кодексот за облекување на работното место.

Одговор 2: Не мора секогаш и секаде да го следи кодексот.

Одговор 3: Треба да се води според личниот вкус, без оглед на кодексот.

 

Прашање 2: Во конкретниот случај, административниот службеник Ленора З.:

Одговор 1: Треба да негува формален стил.

Одговор 2: Не мора секогаш да има формален стил, но тоа да биде пристојно.

Одговор 3: Треба да негува сопствен автентичен стил.

 

Прашање 3: Со своето вообичаено облекување, Ленора З.:

Одговор 1: Предизвикува непотребно внимание кај странките.

Одговор 2: Предизвикува позитивно внимание.

Одговор 3: Не предизвикува посебно внимание.

 

Прашање 4: Облекувањето на административните службеници на работното место:

Одговор 1: Е само нивна лична работа.

Одговор 2: Сепак, треба да е одраз на карактерот на институцијата во која работат.

Одговор 3: Главно е лична работа, но понекогаш зависи од контекстот.

 

Прашање 5: Формалното облекување во јавната служба:

Одговор 1: Изразува почит кон странките.  

Одговор 2: Изразува почит кон институцијата, соработниците, колегите и странките.

Одговор 3: Изразува бирократија и послушност.


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 14: Горјан Н. е шалтерски службеник во Фондот за пензиско и здравствено осигурување на Република Македонија. Едно од најчесите барања на странките кои доаѓаат кај него е издавање листи за пресметан работен стаж и поретко пријава на неправилности при пресметката на работниот стаж. Вообичаено, за проблематичните ситуации, странките ги упатува кај своите колеги. Сепак, тие често се жалат дека дел од барањата може да ги разреши самиот, а само за посложените ситуации, странките да ги упатува до нив. Во една таква ситуација, при која странката неколку пати е упатувана и враќана до истиот шалтер, изреволтирана, сака да се пожали на односот во институцијата. Горјан Н. не е премногу загрижен, бидејќи смета дека странката е дрска и не заслужува подобар третман.

 

Прашање 1: Една од обврските на административните службеници, во случајот шалтерскиот работник е:

Одговор 1: Го олеснува пристапот до информациите.

Одговор 2: Ги дава само податоците за кои е одговорен.

Одговор 3: Секогаш ги упатува странките панатаму во службата, иако може да помогне.

 

Прашање 2: Со своите странки/клиенти, административниот службеник е должен да се однесува:

Одговор 1: Се однесува професионално и воздржано.

Одговор 2: Се однесува во зависност од моменталното расположение.

Одговор 3: Учтиво и љубезно.

 

Прашање 3: Во опишаната ситуација, шалтерскиот работник:

Одговор 1: Не се грижи за обезбедување квалитет на услугата.

Одговор 2: Дава квалитетна услуга колку што е во можност, но понатаму не се грижи.

Одговор 3: Дава квалитетна услуга каде е потребно.

 

Прашање 4: Ситуациите во кои странката е незадоволна како во случајот:

Одговор 1: Бараат посебно трпение од  страна на клиентите.

Одговор 2: Често бараат арбитрирање од страна на непосредно претпоставениот.

Одговор 3: Пораката, критиката, е доволна да му се упати директно на лицето. 

 

Прашање 5: Во однесувањето кон странката, шалтерскиот работник:

Одговор 1: Може да биде испровоциран. 

Одговор 2: Има право на свое мислење и критика кон однесувањето на странките.

Одговор 3: Мора да ги отстрани сите свои предрасуди кон странките.   


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 18: Блерта Р. е вработена во Министерството за економија. Нејзното доаѓање во институцијата често се поврзуваше со блиските врски со економските моќници во државата, но Блерта не обрнуваше многу внимание на тоа и секогаш професионално ја вршеше својата работа. Набрзо од својот претпоставен доби инструкции да му даде приоритет на еден предмет како итен. Ситуацијата ѝ изгледаше малку сомнително, но, сепак, одлучи да ги следи инструкциите на својот претпоставен. Во предметот недостигаше документација и Блерта се плашеше дека со својата постапка можеби ќе постапи неетички, а можеби и ќе придонесе кон некакви противзаконски активности. Во секој случај, сакаше докрај да остане професионална. При еден разговор, ваквите сомневања му ги пренесе на својот раководител, но тој само ѝ потврди дека работата мора да се заврши „без да се поставуваат многу прашања“. И покрај притисоците и стравот дека тоа може да ѝ донесе последици по работното место, Блерта побара да биде преместена од предметот.

 

Прашање 1: Блерта Р.:

Одговор 1: Го почитува авторитетот на својот претпоставен.

Одговор 2: Самостојно одлучува во предметите.

Одговор 3: Се консултира за сè со својот претпоставен.

 

Прашање 2: Блерта Р.:

Одговор 1: Се сомнева во правилноста на своите постапки.

Одговор 2: Се сомнева во законитоста на предметот.

Одговор 3: Воопшто не се грижи дали ќе постапи етички и професионално.

 

Прашање 3: Блерта Р.:

Одговор 1: Потклекнала на барањето на раководителот.

Одговор 2: Се обидела да влијае врз раководителот во решавањето на случајот.

Одговор 3: Не потклекнала на притисокот од страна на раководителот.

 

Прашање 4: Блерта Р.:

Одговор 1: Постапува правилно бидејќи се сомнева во намерата на раководителот.

Одговор 2: Постапува правилно, бидејќи е свесна за пропустите на предметот.

Одговор 3: Не постапува правилно, бидејќи одбива извршување обврска.

 

Прашање 5: Блерта Р.:

Одговор 1: Покажува непослушност.

Одговор 2: Покажува дека, пред сè, се води од вредностите како чесност, вистинитост и правичност.

Одговор 3: Покажува, пред сè, почитување авторитет на претпоставен.


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 19: Милена К. е вработена во Дирекцијата за заштита на лични податоци. Таа е воедно и активна во невладиниот сектор во иницијативи кои се однесуваат на граѓанските слободи и права и слободата на медиумите. Во една пригода, Милена е поканета како гостин - говорник, претставник на Дирекцијата за заштита на лични податоци, каде треба да се осврне на постапките на институцијата за одредени прашања и особено да се произнесе за еден проблематичен случај кој гласно одекна во јавноста. Сепак, лично не смета дека ставот и мерките кои ги презела нејзината институција во еден конкретен случај се правилни. Ваквото гледиште не се воздржала да го образложи и на јавниот панел. Следниот ден, директорот ја повикал и побарал објаснување.

 

Прашање 1: Државиот службеник, во случајот Милена К.:

Одговор 1: Има обврска да се грижи за угледот на институцијата.

Одговор 2: Ја претставува институцијата секогаш и секаде.

Одговор 3: Нема никаква обрска да се грижи за имиџот на институцијата.

 

Прашање 2: Во опишаниот случај, Милена С.:

Одговор 1: Се доведува во ситуација на судир на ставови.

Одговор 2: Не би се довела во судир ако го изразела само своето лично мислење.

Одговор 3: Различното мислење нема штета и не ја поткопува институцијата. 

 

Прашање 3: Административниот службеник, во случајот Милена С.:

Одговор 1: Треба да има свое мислење.

Одговор 2: Треба да има свое мислење, но да не биде многу различно од она на институцијата.

Одговор 3: Личното мислење и ставот на институцијата треба да се одвоени делумно.

 

Прашање 4: Официјалниот став на институцијата:

Одговор 1: Може и треба да се разликува од личниот став делумно.

Одговор 2: Треба да се разликува од личниот став.

Одговор 3: Може, но не мора да се разликува од личниот став.

 

Прашање 5: Во опишаната ситуација, Милена С.:

Одговор 1: Е повикана да изрази официјален став на институцијата.

Одговор 2: Е повикана, генерално, да даде свое мислење за конкретниот случај. 

Одговор 3: Е повикана да го образложи случајот.  


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 22: Винета С. и Фатма К. делат иста канцеларија во Агенцијата за електронски комуникации. Работат во делот на човечки ресурси, во рамките на кои најмногу се ангажирани во делот на планирање и подготовка на планови за стручни и генерички обуки на вработените. И двете неодамна се вратија од обука за проценка на потребите на вработените од стручно усовршување и од нив се очекуваше да подготват добар план, кој во вид конкурс за јавна набавка ќе се објави до крајот на годината. Работата напредуваше одлично и како дел од подготовката двете имаа консултативни средби со независни експерти и со тренинг-куќи кои нудат обуки. Договорот беше да работат независно, а потоа да го комбинираат заедничкиот предлог, имајќи предвид насоки од претходни слични активности. На чудење на Фатма, предлогот на Винета беше во целост различен од она што дотогаш заеднички го договараа. Всушност, предлогот во целост беше пресликан од една од тренинг-куќите со кои имаа средба, но тој беше далеку од она што ѝ требаше на институцијата. Во обидот да се усогласат, Винета настапи арогантно и ја обвини Фатма за незнаење. Фатма, пак, имаше многу причини да се сомнева дека станува збор за некаков договор помеѓу Винета и посочената фирма, но, сепак, не сакаше веднаш да ја осуди и побара помош од непосредно претпоставените.

 

Прашање 1: При извршувањето на обврските државните службенички, во случајот Винета С. и Фатма К.:

Одговор 1: Треба првенствено да се водат од потребите и можностите на институцијата.

Одговор 2: Треба да се водат и од потребите, но и според својата лична проценка.

Одговор 3: Треба да се водат од понудата на услуги кои би можеле да ѝ користат на институцијата.

 

Прашање 2: За извршување на задачата за изработка на план, двете службенички:

Одговор 1: Имале соодветни компетенции сами да предложат план.

Одговор 2: Имале прецизни инструкции што треба да се испорача.

Одговор 3: Имале насоки кои требало да ги следат.

 

Прашање 3: Административните службенички во случајот, Винета С. и Фатма К.:

Одговор 1: Смеат да постапуваат на начин кој би донел евентуална корист за нив.

Одговор 2: Смеат да ги застапуваат и личните интереси ако е тоа во интерес на институцијата.

Одговор 3: Не смеат на никој начин да ја злоупотребат службата за своја корист.

 

Прашање 4: Административниот службеник, во случајот Фатма К.:

Одговор 1: Се однесувала со недоверба и осуда.

Одговор 2: Се однесувале на начин кој покажува грижа за интересите на институцијата.

Одговор 3: Се однесувала на начин кој укажува на несоодветен однос кон колегите.

 

Прашање 5: Административните службенички, во случајот Винета С. и Фатма К.:

Одговор 1: Не смеат да се водат само од сопствените проценки ако тоа не им е јасно посочено.

Одговор 2: Кога прават проценка не смеат да нудат предности, кои по која било основа би биле поврзани со неговиот статус на административен службеник.

Одговор 3: Смеат да искористат поволности кои произлегуваат од статусот за приватни цели.


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 23: Бојан Н. е тукушто вработен во Министерството за здравство. Распореден е во Секторот за стратешко планирање, креирање политики и следење. Со оглед на тоа дека Бојан само што дипломираше на социјална работа и политика, беше прилично ентузијастичен да се приклучи токму во ова Министерство. Покрај редовната работа, вработените од ова Министерство, заедно со Фондот за здравство се често на удар на јавноста секогаш кога има некаков непријатен настан, во кој заради неможност за лекување, се губи човечки живот. Ваквата состојба го вознемирува и тој се труди максимално да придонесе на работното место, верувајќи дека со тоа, генерално, ќе го подобрат квалитетот на здравството. Една од неговите заложби е наоѓање механизми за вклучување на граѓаните во креирање идеи за подобро здравство. Неговите колеги на смеа му велат дека залудно е да верува дека може нешто да смени.

 

Прашање 1: Вработените во државната служба и особено во здравствениот сектор, како во случајот:

Одговор 1: Можат да придонесат кон подобрување на услугите во здравството за граѓаните.

Одговор 2: Не можат многу да влијаат врз одлуките на највисоко ниво.

Одговор 3: Се само администрација и немаат обврска да размислуваат во насока на креирање политики.

 

Прашање 2: Вообичаено е од вработените во државната служба да се очекува да:

Одговор 1: Бидат насочени кон застапување на јавниот интерес.

Одговор 2: Да бидат незаинтересирани за подобрување на општеството.

Одговор 3: Да бидат секогаш подготвени да се справат со сите проблеми на граѓаните.

 

Прашање 3: Административниот службеник, во случајот Бојан Н.:

Одговор 1: Го застапува јавниот интерес на сите граѓани.

Одговор 2: Го застапува јавниот интерес само на граѓаните кои имаат некакви здравствени проблеми.

Одговор 3: Нема обврска да размислува за јавниот интерес сè додека ја врши својата работа одговорно.

 

Прашање 4: За својата заложба за остварување на развојните цели во општеството:

Одговор 1: Не мора да добие поддршка и од своите колеги.

Одговор 2: Треба да добие мислење од своите колеги кои имаат свој став.

Одговор 3: Треба да служи за пример на совесен и примерен модел на однесување.

 

Прашање 5: Во својата работа, административниот службеник, како во случајот Бојан Н.:

Одговор 1: Е должен да ги почитува принципите на хуманост, еднаквост и социјална правда.

Одговор 2: Е должен да постапува во согласност со прописите и процедурите и не мора секогаш да се застапува за моделите на креирање политики.

Одговор 3: Вредносните принципи се негова лична работа.


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 24: Министерството за внатрешни работи во една општина е вообичаено место во кое владее вистинска гужва во периодот пред летните одмори кога граѓаните одлучуваат да вадат пасоши, да ги обновуваат дозволите или да вадат друга документација поврзана со зачестените патувања. Токму тоа е причина што многумина од граѓаните бараат некој „познат“ кој би им завршил работа преку ред. Со ваквото однесување на дел од службениците, не само што не се сложуваат многу од нивните колеги, а, секако, не се среќни ниту дел од граѓаните кои чекаат и по неколку часа. Јосиф С., вработен во МВР, се обидува да внесе за фотографирање за пасош цело семејство на негов прв братучед, создавајќи нервоза и расправајќи се со присутните. Но, колегата Насте Ј. од другата страна, негодува и се заканува со пријава на ваквите неправилности кои им создаваат само главоболки и им го рушат угледот кај граѓаните кои трпеливо чекаат во ред

 

Прашање 1: Како и сите други институции, административните службеници во МВР треба:

Одговор 1: Да ги почитуваат начелата на навременост и редослед на барањата еднакви за сите граѓани.

Одговор 2: Да прават отстапување од редоследот на барањата само во дадени приоритетни ситуации.

Одговор 3: Да дадат приоритет на своите пријатели и познаници.

 

Прашање 2: Административниот службеник, во случајот Јосиф С., е должен со граѓаните:

Одговор 1: Да постапува љубезно и со должна почит.

Одговор 2: Да постапува по свои лични проценка и убедување.

Одговор 3: Да постапува строго ако е потребно.

 

Прашање 3: Во опишаната ситуација во МВР имаме:

Одговор 1: Давање приоритет (фаворизирање) на дел од граѓаните.

Одговор 2: Еднаков третман кон сите.

Одговор 3: Дискриминација на граѓаните.

 

Прашање 4: Административниот службеник, во случајот Јосиф С.:

Одговор 1: Се однесува со взаемно почитување кон колегите (колегата Насте Ј).

Одговор 2: Нема намера да ја попречува работата на колегата Насте.

Одговор 3: Создава конфликтна ситуација, наместо тимска работа и соработка.  

 

Прашање 5: Јосиф С., со своето однесување:

Одговор 1: Покажува грижа и желба да помогне кон одредени граѓани.

Одговор 2: Покажува непрофесионалност во работењето и неследење на правилата и процедурите.

Одговор 3: Ја зголемува довербата на граѓаните во институцијата која може да излезе во пресрет на нивните барања и ако треба да ја прескокне редовната процедура.


Кодекс за административни службеници

Студија на случај 26: Елизабета Р. го води Секторот за претприемништво и конкурентност на малите и средните претпријатија при Министерството за економија. Во делокругот на нивното постапување се различни проекти. Токму таков е и проектот за поддршка на претпријатија управувани од жени, за кој постои голем интерес. Заинтересираните странки, иако знаат како да ја симнат апликацијата, сепак, инсистираат и на лични средби со претставници на Министерството, односно на Секторот. Во ваквите средби, Елизабета Р. гледа можност некако да му помогне на своето семејство. Имено, нејзината помала сестра е невработена, па би било одлично ако успее да ѝ обезбеди некакво пристојно вработување. Јулија И. е млада претприемачка чиј бизнис само што започна да јакне. Како и многумина, потребна и е поддршка заради тоа што се заинтересира за оваа програма. Нормално, не очекуваше дека тоа може да ја чини противуслуга. Кога Елизабета ѝ вети дека може да помогне, ѝ спомна и дека има молба до неа. Јулија се збуни, но, сепак, рече дека ќе размисли и ќе види што може да се стори. На крајот, сепак, одлучи ваквото однесување да го пријави без оглед на последиците.

 

Прашање 1: Во своето работење, административниот службеник:

Одговор 1: Постапува во насока на остварување само на личните цели.

Одговор 2: Постапува на начин за остварување на личните и целите на институцијата.

Одговор 3: Не смее да постапува со намера за лична корист или.

 

Прашање 2: Во погоре опишаната ситуација, евидентна е:

Одговор 1: Намера за остварување лична цел.

Одговор 2: Намера за помош на странката.

Одговор 3: Намера за помош на странката по регуларен пат.

 

Прашање 3: Административниот службеник, во случајот Елизабета Р., во своето постапување:

Одговор 1: Одговорно работи во насока на општо добро и општествени вредности.

Одговор 2: Ја злоупотребува својата позиција за сметка на сопствениот углед.

Одговор 3: Ја злоупотребува позицијата за сметка на својот и угледот на институцијата.

 

Прашање 4: Во дадената ситуација, Елизабета Р.:

Одговор 1: Случајно ја користи позицијата на странката.

Одговор 2: Ги користи предностите на позицијата и статусот на административен службеник.

Одговор 3: Наштетува и промовира нееднаков третман на странките.

 

Прашање 5: Младата претприемачка Јулија И.:

Одговор 1: Правилно постапила што го пријавила ваквото однесување на службеничката.

Одговор 2: Свесно се откажала од можноста да добие помош. 

Одговор 3: Требало да го игнорира случајот. 


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 27: Марија О. е вработена во Министерството за образование. Важи за пријатна и комуникативна личност која колегите, главно, ја сакаат и ја почитуваат, но, сепак, често ѝ забележуваат заради долгите телефонски и разговори на skype со нејзиниот син во Америка, како и гласната музика која секогаш доаѓа од нејзиното биро. Некогаш ја предупредуваат, но најчесто ја напуштаат просторијата, бидејќи тоа ги спречува нормално да функционираат и ги дефокусира од работата. Неколкупати регирале, но работата секогаш завршува на разговор од типот „ајде да не правиме проблеми за малку, и онака брзо ќе оди во пензија“.

 

Прашање 1: Во конкретно опишаниот случај, имаме:

Одговор 1: Класична ситуација на забрането однесување на работното место.

Одговор 2: Ситуација на конфликт на работното место.

Одговор 3: Ситуација на непочитување на редот, дисциплината и професионалното однесување.

 

Прашање 2: Однесувањето на Марија О.:

Одговор 1: Добар пример и модел на однесување на административен службеник.

Одговор 2: Е пример на свесно непочитување на правата на колегите.

Одговор 3: Е лош пример за однесување со колегите и претпоставените на работното место.

 

Прашање 3: За своето однесување, службеничката Марија О.:

Одговор 1: Треба да биде толерирана.

Одговор 2: Треба да биде опомената или казнета.

Одговор 3: Не треба директно да биде казнета.

 

Прашање 4: Административниот службеник, додека е на работното место, смее:

Одговор 1: Да води приватни разговори пред колеги и странки.

Одговор 2: Да води концизни и кратки разговори.

Одговор 3: Да избегнува водење приватни разговори.

 

Прашање 5: Фактот што службеничката Марија О. е пред пензија:

Одговор 1: Не го менува фактот дека таа ги вознемирува и им пречи во работата на колегите.

Одговор 2: Го олеснува прекршувањето на правилата на однесување кај претпоставениот.

Одговор 3: Оневозможува преземање какви било мерки.


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 28: Пристојното облекување и хигиената се два важни аспекти во животот на секој човек и особено за државната администрација која е сервис на граѓаните и е во честа комуникација со нив. Бобан Ц., вработен во Министерството за животна средина, никогаш не бил меѓу оние кои особено се истакнувале со претерана грижа за себе и својот изглед, но во последните 4 месеци, колегите навистина почнале да забележуваат драстична промена и неуредност кај нивниот колега. На почетокот се обидувале суптилно да му дадат на знаење дека уредноста и личната хигиена треба да се на прво место, особено во текот на летните месеци, но подоцна изреволтирани од тоа што немало никакви промени, одлучиле да побараат помош и совет од претпоставениот и се заканиле дека нема веќе да ја делат канцеларијата со него, убедени дека ова е случај кој не само што им пречи нив туку непријатно е поради клиентите кои доаѓаат. Претпоставениот решил дека ќе ја испита ситуацијата и ќе провери дали можеби се работи за некој здравствен проблем или едноставно неуредност.

 

Прашање 1: Под уредно и соодветно облекување на работното место, се подразбира:

Одговор 1: Соодветен избор на гардероба.

Одговор 2: Пристојно облекување, лична хигиена и грижа и хигиена за просторот.

Одговор 3: Носење специјална униформа.

 

Прашање 2: Административниот службеник во односите со клиентите и колегите, а поврзани со кодексот на облекување, должен е:

Одговор 1: Да се грижи за својата хигиена во мера која нема да ја наруши атмосферата за блискост и комуникација.

Одговор 2: Да не иритира или на кој било начин поврзан со облеката ја попречува работата на колегите.

Одговор 3: Да не води посебна грижа за облеката и личната хигиена.

 

Прашање 3: Аадминистративниот службеник кој ќе забележи реакција во однесувањето на колегите заради наведените причини:

Одговор 1: Треба да го коригира своето однесување и да ја подобри својата уредност и хигиена.

Одговор 2: Треба да разговара со претпоставениот.

Одговор 3: Треба да ја игнорира комплетно опишаната ситуација.

 

Прашање 4: Доколку административниот службеник, кој неформално е предупреден за незадоволителната уредност, не стори ништо, непосредно претпоставениот е должен:

Одговор 1: Усно да го предупреди.

Одговор 2: Формално да го предупреди и да го казни.

Одговор 3: Директно да поведе дисциплинска постапка со цел казнување.

 

Прашање 5: Незадоволителната хигиена кај административните службеници може:

Одговор 1: Да ги одвраќа граѓаните во остварување на нивните барања.

Одговор 2: Да го наруши угледот на институцијата и администрацијата воопшто.

Одговор 3: Нема влијание врз угледот на институцијата и администрацијата.


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 29: Андон М. е на раководна позиција во Министерството за информатичко општество и администрација. На неговото вработување, од самиот почеток забелешки и критики упатија неколку медиуми, имајќи предвид дека станува збор за проблематичен лик кој на јавноста ѝ е познат како поранешен член на навивачката група Комити. Но, озборувањата само за кратко стивнаа, сè до неодамна кога повторно јавноста беше разбранувана од информација за сообраќајна несреќа во која се повредени малолетници, а каде како причинител се јавува Андон М., кај кого е констатирано недозволено количество алкохол во крвта. За да биде случајот уште позамрсен, Андон М. избегал од местото на настанот и избегнал полициска патрола која се обидела да го запре. Овојпат, повторно на мета се најде целата институција, а медиумите и јавноста почнаа сериозно да се прашуваат дали постојат критериуми при вработувањата во државната служба!?

 

Прашање 1: Административниот службеник, во случајот Андон М.:

Одговор 1: Ја претставува институцијата во која работи и општо администрацијата.

Одговор 2: Ја претставува само институцијата во која работи. 

Одговор 3: Не претставува никого. 

 

Прашање 2: Приватниот живот на административниот службеник Андон М. и неговото однесување во јавност:

Одговор 1: Е и грижа на институцијата во која работи.

Одговор 2: Е одраз на институцијата во која работи и администрацијата.

Одговор 3: Е грижа само на неговото семејство.

 

Прашање 3: Со однесувањето во погоре опишаната ситуација, Андон М.:

Одговор 1: Го нарушува достоинството и личниот свој углед.

Одговор 2: Го нарушува личното, но и достоинството на институцијата во која работи. 

Одговор 3: Нема влијание врз неговата професија и институцијата каде работи.

 

Прашање 4: Со своето однесување во опишано во ситуацијата погоре, Андон М. испраќа порака дека:

Одговор 1:  Адинистрацијата е угледна и достоинствена професија

Одговор 2: Администрацијата е професија во која не мора да се почитуваат етичките правила и норми.

Одговор 3: Работењето во државна институција е дозволено и за лица со неугледно однесување.

 

Прашање 5: За вакво и слично однесување, како во случајот со Андон М.:

Одговор 1: Институцијата треба да преземе сериозни мерки за расветлување и соодветно постапување.

Одговор 2: Институцијата треба веднаш да му даде отказ на лицето.

Одговор 3: Институцијата треба да го деградира и прераспредели Андон М.


Kодекс за административни службеници

Студија на случај 30: Далибор К. е вработен во делот на административна поддршка на државните ревизори вработени во Државниот завод за ревизија. Оваа институција работи со огромни предмети и нивното соодветно чување и документирање е исклучително важно. Далибор се труди секогаш да биде беспрекорно организиран. Сепак, откако летово се реновираа просториите на институцијата, во одделот на Далибор се појави недостиг на документи поврзани со тековните предмети. Пристап во просторијата имаат неколку лица, но секогаш досега постоеше практика да се известува доколку од која било причина некој документ е изнесен или преместен, бидејќи станува збор за доверливи информации. Далибор и неговите колеги се обидоа на секој можен начин да ги пронајдат изгубените документи, бидејќи знаеја колку е важно уредното документирање и заштита на информациите во нивната институција, а најмалку што очекуваа е да бидат парично казнети. Сепак, нивните напори беа залудни.

 

Прашање 1: Во своето работење административниот службеник, во случајот Далибор К., должен е:

Одговор 1: Да се грижи за безбедноста на доверените предмети.

Одговор 2: Особено да се грижи за важните предмети.

Одговор 3: Доверените предмети да ги остава на видливо место во случај некому да затребаат.

 

Прашање 2: Во своето вообичаено работење, административниот службеник Далибор К.:

Одговор 1: Не се однесувал посветено и внимателно.

Одговор 2: Посветено, но не секогаш внимателно.

Одговор 3: Обично бил беспрекорно организиран.

 

Прашање 3: Постапката во која се изгубени документи во ситуацијата погоре: 

Одговор 1: Битен пропуст во начинот на организирање предмети и чување информации.

Одговор 2: Битен пропуст во однесувањето на административните службеници.

Одговор 3: Не е некој важен пропуст.

 

Прашање 4: Административниот службеник, во случајот Далибор К.:

Одговор 1: Направил пропуст  во организирање на документите .

Одговор 2: Направил пропуст во протоколот за пристап до документи и соодветно чување доверливи информации.

Одговор 3:  Не направил пропуст, документите се изгубени заради реновирање на просториите.

 

Прашање 5: Во опишаната ситуација, административниот службеник Далибор К., требало:

Одговор 1: Да знае дека доверените документи се во потенцијална опасност. 

Одговор 2: Да обрне посебно внимание заради преземените градежни работи и можниот зголемен проток на лица.

Одговор 3: Да не преземе ништо посебно и да се однесува вообичаено.