Б. XII. I. Прашања од од областите Уставен поредок, системот на управното право, управната постапка и управните спорови и Прашања во врска со положбата и други општи прашања за вработените во јавниот сектор  

 

1. Кога е донесен Уставот на Република Македонија?      

а) 17.11.1991 година
б) 25.01.1991 година
в) 08.09.1991 година 

Извор: Устав на Република Македонија

 

2. Како е определен суверенитетот во член 1 став (2) од Уставот Република Македонија:   

а) неделив, неотуѓив и непренослив 
б) променлив, делив и непренослив 
в) неделив, променлив и неотуѓив
 

Извор: Устав на Република Македонија

 

3. Суверенитетот произлегува и им припаѓа на: 

а) Уставот 
б) граѓаните
в) законите
 

Извор: Устав на Република Македонија

 

4. Според Уставот, Република Македонија е...    

а) суверена и демократска држава 
б) суверена, самостојна, демократска и социјална држава 
в) суверена и самостојна држава

Извор: Устав на Република Македонија

 

5. Територијата на Република Македонија е:  

а) неделива и неотуѓива
б) неделива и неповредлива
в) неповредлива и неотуѓива

Извор: Устав на Република Македонија

 

6.Владеење на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија. 

а) точно
б) неточно

Извор: Устав на Република Македонија

 

7. На државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту да биде протеран или предаден на друга држава.   

а) точно
б) неточно

Извор: Устав на Република Македонија

 

8. Границата на Република Македонија може да се менува само... 

а) врз основа на закон 
б) во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општоприфатените меѓународни норми
в) во согласност со Уставот

Извор: Устав на Република Македонија

 

9. Државни симболи на Република Македонија се:   

а) собрание, влада и судови 
б) грб, знаме и химна
в) армија, полиција и царина.

Извор: Устав на Република Македонија

 

10. Законот за грбот, знамето и химната на Република Македонија  се донесува со...      

а) мнозинство од присутните пратеници
б) двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број на пратеници
в) мнозинство од вкупниот број на пратеници

Извор: Устав на Република Македонија

 

11. Во комуникацијата со министерствата, секој граѓанин може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на...   

а) македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот
б) македонски јазик и неговото кирилско писмо
в) македонски и англиски јазик

Извор: Устав на Република Македонија

 

12. Основните слободи и права на човекот и на граѓанинот се:     

а) уставна материја во Република Македонија 
б) лични
в) независни

Извор: Устав на Република Македонија

 

13. Во Република Македонија не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ.       

а) точно 
б) неточно

Извор: Устав на Република Македонија

 

14. Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени. 

а) точно
б) неточно

Извор: Устав на Република Македонија

 

15. Лицето кое е повикано, приведено или лишено од слобода има право на бранител.... 

а) во судската постапка
б) со одобрување на јавниот обвинител 
в) во полициската и судската постапка

Извор: Устав на Република Македонија

 

16. Лицето кое е лишено од слобода, мора да биде изведено пред суд...   

а) веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода
б) во рок од три дена
в) во рок од седум дена

Извор: Устав на Република Македонија

 

17. До подигнување на обвинението, притворот може да трае најдолго до... 

а) 90 дена од денот на притворањето 
б) 180 дена од денот на притворањето
в) 30 дена од денот на притворањето

Извор: Устав на Република Македонија

 

18. Слободите и правата на граѓаните:    

а) може да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот 
б) може да се ограничат само доколку така одлучи Врховниот суд 
в) може да се ограничат со закон 
 

Извор: Устав на Република Македонија

 

19. Во Република Македонија цензурата е:        

а) забранета со Устав 
б) дозволена кога станува збор за навредливи содржини 
в) не е дозволена
 

Извор: Устав на Република Македонија

 

20. Слободата на пазарот и претприемништвото…   

а) не се загарантирани со Уставот
б) се загарантирани со Уставот 
 

Извор: Устав на Република Македонија

 

21. На државјанин на Република Македонија:   

а) може да му биде одземено државјанство, да биде протеран или да биде предаден на друга држава
б) не може да му биде одземено државјанство, ниту да биде протеран или предаден на друга држава
в) може да му биде одземено државјанство, да биде протеран или да биде предаден на друга држава, само по исклучок

Извор: Устав на Република Македонија

 

22. Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè  додека неговата вина не биде утврдена со:  

а) решение
б) одлука
в) правосилна судска одлука

Извор: Устав на Република Македонија

 

23. Екстрадиција на странец може да биде извршена: 

а) само врз основа на ратификуван меѓународен договор и начело на реципроцитет
б) само врз основа на ратификуван меѓународен договор
в) само врз основа на начело на реципроцитет

Извор: Устав на Република Македонија

 

24. Дејствијата на тероризам се сметаат за политички кривични дела.   

а) неточно 
б) точно

Извор: Устав на Република Македонија

 

25. Со закон може да се ограничи остварувањето на правото на штрајк во.... 

а) вооружените сили, полицијата и органите на управата
б) армијата и полицијата
в) здравствените установи

Извор: Устав на Република Македонија

 

26. Странско лице во Република Македонија може да стекнува право на сопственост под услови утврдени со закон.      

а) точно
б) неточно

Извор: Устав на Република Македонија

 

27. На децата без родители и децата без родителска грижа, посебна заштита им обезбедува...     

а) член од потесното семејство
б) Република Македонија
в) единицата на локалната самоуправа во која живеат

Извор: Устав на Република Македонија

 

28. Не може да биде вработено лице помладо од:       

а) 18 години
б) 16 години
в) 15 години

Извор: Устав на Република Македонија

 

29. Малолетни лица не смеат да бидат вработувани...        

а) на работни места кои налагаат работа во три смени
б) на работни места за кои е предвидена ноќна работа
в) на работни места штетни за нивното здравје и моралот

Извор: Устав на Република Македонија

 

30. Граѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат приватни образовни установи во ... 

а) сите степени на образованието, освен во основното образование
б) основното и средното образование 
в) основното, средното и високото образование

Извор: Устав на Република Македонија

 

31. Припадниците на заедниците имаат право на настава на својот јазик...

а) во основното образование
б) во основното и средното образование, на начин утврден со закон
в) во основно образование, врз основа на одлука на единицата на локалната самоуправа

Извор: Устав на Република Македонија

 

32. Секој граѓанин, во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност, може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот на Рeпублика Македонија пред... 

а) органите на државната управа
б) судовите и пред Уставниот суд на  Република Македонија
в) Уставниот суд на Република Македонија

Извор: Устав на Република Македонија

 

33. Законите се прогласуваат:   

а) со одлука
б) со указ
в) со пропис

Извор: Устав на Република Македонија

 

34. Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија" најдоцна во рок од...

а) пет дена од денот на нивното донесување 
б) седум дена од денот на нивното донесување
в) десет дена од денот на нивното донесување

Извор: Устав на Република Македонија

 

35. Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните 

а) точно 
б) неточно

Извор: Устав на Република Македонија

 

36. Адвокатурата е ...

а) самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон
б) приватна служба што обезбедува правна помош на граѓаните
в) судска служба што обезбедува правна помош на граѓаните

Извор: Устав на Република Македонија

 

37. Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со...

а) Уставот на Република Македонија
б) закон
в) со лична согласност

Извор: Устав на Република Македонија

 

38. Собранието на Република Македонија  го сочинуваат:     

а) од 100 до 120
б) од 120 до 140
в) од 13 до 150 пратеници

Извор: Устав на Република Македонија

 

39. Одземање на мандат на пратеник утврдува:   

а) Комисијата за избор и именувања при Собранието на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Претседателот на Собранието на  Република Македонија

Извор: Устав на Република Македонија

 

40. На конститутивна седница новоизбраното Собрание на Република Македонија се состанува:     

а) најдоцна 15 дена по одржаните избори
б) најдоцна 20 дена по одржаните избори
в) најдоцна 30 дена по одржаните избори

Извор: Устав на Република Македонија

 

41. Собранието на Република Македонија се распушта:

а) ако се изјасни мнозинство од вкупниот број пратеници
б) со двотретинско мнозинство
в) не може да се распушти

Извор: Устав на Република Македонија

 

42. На пратеникот му престанува мандатот кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку:     

а) три години
б) четири години
в) пет години

Извор: Устав на Република Македонија

 

43. Седниците на Собранието на  Република Македонија  се:     

а) отворени
б) затворени
в) јавни

Извор: Устав на Република Македонија

 

44. Републичкиот буџет и завршната сметка на буџетот ги донесува:       

а) Владата на Република Македонија
б) Собранието  на Република Македонија
в) Министерот за финансии

Извор: Устав на Република Македонија

 

45. Право да предлага донесување на закон има:     

а) секој пратеник во Собранието на Република Македонија
б) секој пратеник во Собранието на Република Македонија и најмалку 10.000 избирачи
в) секој пратеник во Собранието на Република Македонија, Владата на Република  Македонија и најмалку 10.000 избирачи

Извор: Устав на Република Македонија

 

46. Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат:   

а) секој граѓанин
б) најмалку 130 000 избирачи
в) најмалку 150 000 избирачи

Извор: Устав на Република Македонија

 

47. За имунитетот на претседателот на Република Македонија одлучува:

а) Собранието на Република Македонија
б) Врховниот суд на Република Македонија
в) Уставниот суд на Република Македонија

Извор: Устав на Република Македонија

 

48. За имунитетот на претседателот на Владата на Република Македонија одлучува:   

а) Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Уставниот суд на Република Македонија

Извор: Устав на Република Македонија

 

49. Судија се избира: 

а) со мандат од осум години
б) со мандат од шест години
в) без ограничување на траењето на мандатот

Извор: Устав на Република Македонија

 

50. Судскиот совет на Република Македонија го сочинуваат:   

а) 12 члена
б) 15 члена
в) 16 члена

Извор: Устав на Република Македонија

 

51. Јавните обвинители се избираат:      

а) без ограничување на траење на мандатот
б) за мандат од 4 години
в) за мандат од 5 години

Извор: Устав на Република Македонија

 

52. Управни работи претставуваат... 

a) сите акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи, а со кои се решава или влијае на правата, обврските или правните интереси на физичките лица, правните лица или другите странки во постапката, како и секоја друга работа која што е одредена како управна со посебен закон
б) активностите на Управниот суд
в) акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи

Извор: Закон за општата управна постапка


53. Со посебните закони одделни работи може да се уредат поинаку од овој закон, доколку... 

a) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон и не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон 
б) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон
в) не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон


Извор: Закон за општата управна постапка


54 „Јавен орган“ претставуваат... 

a) министерствата, органите на државната управа, организации утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;
б) министерствата, органите на државната управа, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;
в) министерствата, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;


Извор: Закон за општата управна постапка


55. „Колегијален орган“ претставува... 

a) тело кое е составено од три или повеќе членови, а кое врз основа на закон е овластено да постапува, решава и презема други управни дејствија во управни работи
б) тело кое е составено од најмалку два членови

Извор: Закон за општата управна постапка


56. „Управен акт“ е...

a) поединечен акт на јавен орган кој е донесен врз основа на закон со кој се решава за правата, обврските и правните интереси на странките
б) поединечен акт на јавенорган и на управен суд 
в) секој поединечен акт

Извор: Закон за општата управна постапка


57. „Странка“ е ...

a) секое физичко
б) физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка,
в) секое физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка, против кое е поведена управната постапка, кое е вклучено во постапка поведена по службена должност, или кое заради заштита на своите права или правни интереси има право да учествува во управната постапка. Странка може да биде и јавен орган, подружница или друга деловна единица на трговско друштво, населба и слично или група лица, иако немаат својство на правно лице;

Извор: Закон за општата управна постапка

58. „Управен договор“ е...

a) секој договор што го склучува јавниот орган
б) договор кој јавниот орган го склучува со странката заради вршење на јавни овластувања од надлежност на јавниот орган, кога тоа е утврдено со посебен закон
в) договор помеѓу јавниот орган и друго правно лице

Извор: Закон за општата управна постапка

 

59. „Реален акт“ е...

a) акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор, што може да има правно дејство врз правата, обврските или правните интереси на некое лице, како што се јавните информации, примање изјави, водење евиденција, издавање уверенија, дејствија на извршување и други фактички дејствија
б) секој акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор
в) јавните информации, примањето изјави и водењето евиденција

Извор: Закон за општата управна постапка

 

60. Јавните органи постапуваат во согласност со...

a) законите
б) законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија
в) Уставот на Република Македонија, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија

Извор: Закон за општата управна постапка

 

61. Во управната постапка, полномошно...

a) може да се даде писмено или усно на записник
б) не може да се даде 
в) може да се даде и на надриписар

Извор: Закон за општата управна постапка



62. Поднесоците можат да се предадат .... 

a) непосредно или да се испратат по пошта, усно да се соопштат на записник и да се поднесат во електронска форма согласно закон
б) по пошта
в) непосредно или да се испратат по пошта, усно да се соопштат на записник

Извор: Закон за општата управна постапка



63. Како се потврдува предавањето на писменото во управната постапка?

a) Јавниот орган по службена должност издава потврда, односно доказ за приемот, кој ги вклучува датумот и времето на приемот на поднесокот, предметот на барањето, списокот на приложени документи и роковите за издавање на управниот акт.
б) со доставница која ја потпишува примачот
в) со доставница која ја потпишува било кој возрасен член од семејството на примачот

Извор: Закон за општата управна постапка

 

64. Доставата во управната постапка се врши по пат на:

а) препорачано писмо, преку лично, посредно или јавно доставување, како и по електронски пат или со официјално објавување. 
б) непрепорачана поштенска пратка 
в) итна пратка

Извор: Закон за општата управна постапка



65. Кога се работи за доставување на писмено во управна постапка, на странка чие живеалиште, односно седиште е непознато, или кога се работи за акти кои се однесуваат на повеќе странки, јавниот орган доставата...

a) ја врши со јавна објава
б) ја врши преку Министерството за внатрешни работи 
в) не ја извршува

Извор: Закон за општата управна постапка



66. Ако последниот ден на рокот за одредено дејствие во управна постапка е неработен ден, ден на државен празник  и неработен ден кој се празнува , рокот истекува...

a) на првиот нареден работен ден
б) на првиот нареден ден 
в) на истиот ден

Извор: Закон за општата управна постапка



67. Роковите во управната постапка се сметаат на ...

a) денови, месеци и години може и во часови 
б) денови и месеци
в) денови и недели

Извор: Закон за општата управна постапка



68. Апсолутниот рок за враќање во поранешна состојба во управната постапка е ... 

a) шест месеци
б) една година 
в) три години 

Извор: Закон за општата управна постапка



69. До кого се поднесува предлогот за враќање во поранешна состојба во управната постапка? 

a) до  јавниот орган кај кого требало да се изврши пропуштеното дејствие
б) до Управниот суд 
в) до Државниот управен инспекторат

Извор: Закон за општата управна постапка



70. Кој ја поведува управната постапка?

a) надлежниот  јавен орган по службена должност или по повод барање на странката
б) Управниот суд по службена должност
в) Државниот управен инспекторат по барање на странката

Извор: Закон за општата управна постапка



71. Барањето за поведување на управна постапка се поднесува на ... 

a) образец кој јавниот орган е должен да изготви, а на кој таксативно се наведени доказите и податоците кои странката е должна да ги приложи кон барањето и доказите и податоците кои јавниот орган надлежен за решавање на работата ги прибавува по службена должност.
б) во електронска форма
в) поднесок кој странката самата го подготвува

Извор: Закон за општата управна постапка



72. Порамнувањето во управната постапка ...

a) се запишува во записник
б) се врши со донесување на управен акт 
в) го врши Управниот суд

Извор: Закон за општата управна постапка


73. Воведот на управниот акт содржи:

a) називот на јавниот орган што го донесува актот, пропис за надлежноста на тој орган, име на странката и на нејзиниот законски застапник или полномошник, ако го има и кратко означување на предметот на постапката.
б) назив на органот што го донесува управниот акт и пропис за надлежност на тој орган 
в) назив на органот што го донесува управниот акт, пропис за надлежност на тој орган и датум и место на донесување на управниот акт

Извор: Закон за општата управна постапка

74. Кога е пропишано дека жалбата во управната постапка не го одлага извршувањето на управниот акт, тоа мора да биде наведено во...

a) диспозитивот
б) правната поука
в) упатството за правно средства

Извор: Закон за општата управна постапка


75. Со упатството за правна поука во управниот акт странката ...

a) се известува за редовниот правен лек што може да го користи против управниот акт.
б) се известува дека може да изјави жалба или друга постапка пред суд
в) се известува дека нема право на жалба


Извор: Закон за општата управна постапка


76. Кога против управниот акт донесен во управната постапка може да се изјави жалба, во правната поука  се наведува: 

a) до кого треба да се поднесе правниот лек, во каква форма и кој е рокот за поднесување.
б) во кој рок се поднесува
в) во колку примероци се поднесува жалбата и износот на административната такса

Извор: Закон за општата управна постапка

 

77. Управниот акт може да содржи еден или повеќе од следните дополнителни елементи.....

a) временски рок, услов и налог
б) временски рок, услов или налог
в) временски рок и налог

Извор: Закон за општата управна постапка


78. По барање на странката, јавниот орган кој донел управен акт во усна форма ...

a) не е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од осум дена од денот кога е поднесено барањето
б) е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од осум дена од денот кога е поднесено барањето 
в) е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од петнаесет дена од денот кога е поднесено барањето

Извор: Закон за општата управна постапка


79. Странката може да изјави жалба против управниот акт :

a) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт освен ако со материјалниот закон не е определен поинаков рок
б) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт, освен ако со посебен закон не е определен подолг рок
в) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт освен ако со материјалниот закон не е определен пократок рок

Извор: Закон за општата управна постапка


80. Рокот за жалба за секое лице и за секој орган на кои им се доставува управниот акт донесен во управната постапка се смета...

a) од денот на донесувањето на управниот акт 
б) од наредниот ден од денот на доставувањето на управниот акт
в) од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт

Извор: Закон за општата управна постапка


81. Ако жалбата во управната постапка му е предадена или испратена непосредно на второстепениот орган, тој....


a) најдоцна наредниот ден му ја испраќа на органот од прв степен
б) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од три дена 
в) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од осум дена 

Извор: Закон за општата управна постапка


82. Во управната постапка, кој испитува дали жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице?

a) првостепениот орган
б) второстепениот орган
в) писарницата на Управниот суд

Извор: Закон за општата управна постапка


83. Ако странката се откаже од поднесената жалба, управната постапка во втор степен се запира со...


a) известување
б) управен акт
в) записник

Извор: Закон за општата управна постапка


84. Кој го доставува управниот акт донесен во втор степен во управната постапка до странката?

a) првостепениот орган
б) второстепениот орган
в) Државниот управен инспекторат

Извор: Закон за општата управна постапка


85. Ако јавниот орган утврди дека барањето за повторување на постапката е основано, тој соодветно ќе го измени или поништи побиваниот управен акт со нов управен акт. Во спротивно, јавниот орган ќе го отфрли барањето со управен акт.

a) точно 
б) неточно

Извор: Закон за општата управна постапка

 

86. Управниот акт станува правосилен доколку странката...

a) се откаже од правото на жалба
б) поднесе тужба до Врховниот суд на РМ и поведе управен спор
в) поднесе жалба до надлежниот второстепен орган

Извор: Закон за општата управна постапка

 

87. Управниот акт ги содржи следните делови:

a) вовед, диспозитив, образложение, правна поука, потпис од овластеното службено лице и печат
б) вовед диспозитив, образложение, назив на органот,број и датум,потпис на службеното лице и печат на органот 
в) вовед, диспозитив, и упатство за правно средство, назив на органот, број и датум, попис на службеното лице и печат на органот

Извор: Закон за општата управна постапка

 

88. Јавниот орган што го донел управниот акт ...

a) може во рок од шест месеци да ги исправа грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во управниот акт или неговите заверени преписи ги исправа со нов управен акт
б) може во секое време да ги исправа грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во управниот акт или во неговите заверени преписи
в) не може да врши исправки на грешките во управниот акт

Извор: Закон за општата управна постапка

 

89. Постапката по жалбата на второстепениот орган треба да се заврши без одлагање ...

a) најдоцна во рок од еден месец сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок 
б) најдоцна во рок од 60 дена од денот на предавање на жалбата и сите списи на предметот од првостепениот орган на второстепениот орган в) најдоцна во рок од В) во рок од 15 дена сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок

Извор: Закон за општата управна постапка

 

90. Со поништувањето на управниот акт донесен во управна постапка...

a) не се поништуваат правните последици што ги произвел таквиот управен акт
б) се поништуваат и правните последици што ги произвел таквиот управен акт
в) правните последици што ги произвел таквиот управен акт остануваат

Извор: Закон за општата управна постапка

 

91. Со укинување на управниот акт донесен во управна постапка...

a) се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел, и се оневозможува натамошно произведување на правни последици од управниот акт
б) се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел и се овозможува натамошно произведување на правни последици од укинатиот управен акт 
в) не се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел, но се оневозможува натамошно произведување на правни последици од укинатиот управен акт

Извор: Закон за општата управна постапка

 

92. Управниот спор може да се поведе против управниот акт донесен...

a) во прв степен
б) во втор степен кој станал правосилен 
в) во втор степен, како и против првостепен управен акт, против кој нема место за жалба во управната постапка

Извор: Закон за општата управна постапка

 

93. По предметите за донесување на времена мерка во управните спорови судот одлучува во рок од

a) 15 дена
б) 7 дена
в) 3 дена

Извор: Закон за управнитe спорови

 

94. Тужба за поведување управен спор се поднесува во рок од:

a) 60 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
б) 30 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
в) 15 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката

Извор: Закон за управнитe спорови

 

95. Ако тужбата е поднесена ненавремено, Управниот суд ќе ја отфрли со:

a) решение
б) заклучок
в) одлука

Извор: Закон за управнитe спорови

 

96. Против одлука на Управниот суд може да се изјави жалба во рок од:

a) 15 дена
б) 8 дена
в) 30 дена

Извор: Закон за управнитe спорови

 

97. Вработени во јавен сектор се:       

а) лицата кои засновале работен однос во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон
б) лицата кои засновале работен однос во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот  и со закон, како и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје
в) лицата кои засновале работен однос во општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

98. Лицата кои добиле мандат да извршуваат функција на претседателски, парламентарни или на локални избори, лицата кои добиле мандат да извршуваат функции во извршната или во судската власт преку избор или именување од Собранието на Република Македонија или од органите на локалната власт, како и други лица кои согласно закон се избрани или именувани на функција од носителите на законодавната, извршната или судската власт, се сметаат за вработени во јавниот сектор

а) точно
б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

99. Давателите на јавни услуги во областа на комуналните дејности не се сметаат за вработени во јавен сектор:           

а) точно
б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

100. За прашања кои се однесуваат на работниот однос на вработените во јавниот сектор се применуваат општите прописи за работните односи, само доколку...       

а) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, посебните закони и колективните договори
б) се работи за прашања кои се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор и овој закон упатува на дополнителна примена и на општите прописи за работните односи
в) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот  сектор, како и за прашања за кои Законот за вработените во јавниот сектор не упатува на примена на посебен закон и колективен договор, а се однесува на работниот однос на вработениот

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

101. Начелото  на  еднакви  услови и  еднаков  пристап  до  работно  место, во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор значи дека:    

а) институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку интерен, односно јавен оглас
б) на јавниот, односно интерниот оглас се избира најстручниот и најкомпетентниот кандидат за работното место
в) сите вработени во јавниот сектор имаат право на еднакви организациски, просторни и технички услови

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

102. Институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку објавување:       

а) јавен, односно интерен оглас
б) јавен повик
в) соопштение до јавноста

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

103. Унапредувањето на вработените во јавниот сектор се врши преку 

а) објавување на интерен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата
б) објавување на јавен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата
в) преземање при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

104. Примена  на  начелото  на  управување  со  ефектот  на  вработените  во јавниот сектор подразбира:                      

а) обврска на институциите да воспостават процедури за управување со ефектот на вработените, преку кои ќе се следи нивната работа, ќе се оценуваат и ќе се предлагаат мерки за подобрување на ефектот
б) обврска на вработените да ги извршуваат работите и работните задачи утврдени во актите за систематизација на работни места во институциите
в) обврска на институциите да ги унапредат вработените

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

105. Примена на начелото на сервисна ориентираност за вработените во јавниот сектор подразбира:          

a) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и интересите на странките, со истовремена грижа за јавниот интерес
б) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и  интересите на странките, не водејќи сметка за јавниот интерес
в) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на сопствениот интерес

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

106. Примената  на начелото на транспарентност и доверливост за вработените во јавниот сектор подразбира ...    

а) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да обезбедат пристап до информации од јавен карактер на начин и под услови утврдени со закон
б) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи не смеат да обезбедат пристап до информации од јавен карактер за надворешните лица
в) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да побараат дозвола од Министерството за информатичко општество и администрација заради обезбедување на пристап до информации од јавен карактер

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

107. Работните места на вработените во јавниот сектор се групираат во:      

а) две групи
б) три групи
в) четири групи

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

108. Која од наведените групи не се смета за група на вработени во јавниот сектор:      

а) даватели на јавни услуги
б) помошно - технички лица
в) функционери

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

109. Во рамки на секоја подгрупа на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:                    

а) една или повеќе групи на работни места
б) една или повеќе категории на работни места
в) едно или повеќе нивоа на работни места

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

110. Во рамки на секоја категорија на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:             

а) една или повеќе подгрупи на работни места
б) едно или повеќе нивоа на работни места
в) една или повеќе групи на работни места

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

111. Категориите и нивоата на работните места во јавниот сектор се утврдуваат во:             

а) Законот за работните односи
б) Законот за вработените во јавниот сектор
в) посебните закони и колективните договори

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

112 Каталогот на работните места во јавниот сектор го воспоставува и води:    

а) Агенцијата за вработување на Република Македонија
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Агенцијата за администрација

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

113. Што се регулира со актот за внатрешна организација на институцијата:       

а) видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа
б) начинот на однесување на вработените во институцијата
в) име и презиме на сите вработени во институцијата

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

114. Полното работно време на вработените во јавниот сектор изнесува: 

а) 40 часа неделно
б) 42 часа неделно
в) 48 часа неделно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

115. На вработените во јавниот сектор им мируваат правата и должностите од работниот однос само во случаите...                     

а) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон
б) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата
в) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон, кога се упатени на работа во странство во рамките на меѓународна, техничка, просветна, здравствена, културна, научна и друг вид на соработка, кога се упатени на работа во дипломатско или конзуларно претставништво, кога брачните другари им се упатени на работа во странство во погоре наведените случаи или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

116. Ако вработените во јавниот сектор не го предупредат непосредно претпоставениот дека задачата што им ја дал е неуставна, односно незаконита и истата ја извршат, за нејзиното извршување ќе одговараат :                

а) вработените
б) вработените и нивниот непосредно претпоставен
в) непосредно претпоставениот и неговиот раководител

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

117. Во случај на спреченост за доаѓање на работа поради виша сила, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, веднаш по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето         

а) точно
б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

118. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице  на  институцијата, до истекот на дневното работно време на работодавачот                

а) неточно
б) точно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор 

 

119. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор, можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење                

а) точно
б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

120. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат  да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење само со нивна согласност                        

а) точно
б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

121. Вработените во јавниот сектор во текот на работното време смеат директно да учествуваат во изборните активности или во други јавни настапи од тој вид:          

а) точно
б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

122. Вработените во јавниот сектор во работните простории и во просториите на институцијата не смеат да ги искажуваат или да ги застапуваат своите политички или партиски уверувања        

а) точно
б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

123. Вработените во јавниот сектор, со своето членство во политичка партија и со учество во партиски активности, смеат да го доведат во прашање вршењето на работата и работните задачи од работното место во институцијата   

а) точно
б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

124. Подароци, примени од страна на службени лица или од меѓународни организации, дадени за време на посети, гостувања или во други слични околности, се сметаат за протоколарни подароци         

а) неточно
б) точно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

125. Одговорноста  за сторено кривично дело, односно прекршок...: 

а) ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
б) во зависност од тежината на стореното кривично дело, односно прекршок, ја исклучува, односно не ја исклучува  дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
в) не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

126. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор

а) точно
б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

127. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор 

а) точно
б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

128. Мобилност  на вработените во јавниот сектор е:               

а) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на јавниот сектор
б) вертикално  движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места
в) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

129. Мобилност  на вработените во јавниот сектор се врши преку:            

а) распоредување, односно преземање на вработениот  на работно место во рамките на иста група на работни места, независно  од категоријата и  нивото на работното место
б) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува или се презема
в) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место во исто звање

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

130. Вработениот во јавниот сектор чие работно место се укинува, се евидентира на Трансфер – листата на можни преземања и ...              

а) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
б) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат раководните лица на институциите
в) по истекот на три месеца од денот на евидентирањето на Трансфер-листата на можни преземања се распоредува на било кое работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација 

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

131. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација...                 

а) ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
б) без негова согласност
в) ако за тоа се согласат раководните лица на институциите и Министерството за финансии

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

132. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на:              

а) Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии
б) Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
в) Агенцијата за администрација

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

133. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор, односно вработен чие работно место се укинува, согласно Законот за вработените во јавниот сектор,  не смее да биде оддалечена од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето       

а) точно
б) неточно

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

134. Во рамките на секоја група на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат: 

а) најмалку две категории на работни места
б) една или повеќе подгрупи на работни места
в) пет нивоа на работни места

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

135. Доколку вработениот во јавен сектор смета дека работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно непосредно претпоставениот, е неуставна односно незаконите, должен е да му укаже на лицето  кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на задачата дадена во писмена форма и истата да ја изврши, освен..... 

а) ако одлучи, покрај даденото укажување на лицето  кое му ја дало задачата за неуставноста односно незаконитоста на дадената задача, за тоа писмено да го извести и непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата.
б) ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција.
в) ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело, за кое е пропишано казна затвор во траење подолго од шест месеци и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција.

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

136. Вработениот чие работно место се укинало и се евидентирал на Трансфер – листата на можни превземања, доколку не ја потпише понудената спогодба за преземање во друга институција, на работно место во исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација: 

а) се враќа во институцијата од која требало да биде превземен
б) се враќа на Трансфер – листата на можни превземања
в) му престанува работниот однос

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

137.  Во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор, вработениоте во јавниот сектор не смеат да примаат подроци поврзани со нивната работа: 

а) со исклучок на протоколарни подароци и повремени подароци од пониска вредност
б) со исклучок на протоколарни подароци од пониска вредност
в) не смеат да примаат подароци

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

138. Доколку вработениот во јавен сектор смета дека работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно непосредно претпоставениот, е неуставна односно незаконите.... 

а) должен е да му укаже на лицето  кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на истата
б) Не е долежен е да му укаже на лицето  кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на истата

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

139. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува не смее да биде оддалечена повеќе од 50 километри од  институцијата  во  која  бил вработен пред преземањето, освен  ако ...:     

а) преземањето е на барање на вработениот
б) двете институции се наоѓаат  во едно поголемо  населено место
в) постои бесплатен организиран превоз до институцијата во која се презема вработениот

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

140. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува, не смее да биде ...                

а) надвор од местото во кое се наоѓа институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
б) оддалечена повеќе од 25 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
в) оддалечена повеќе од 50 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор

 

141. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција...                   

а) на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација
б) на било кое работно место, доколку се согласи со тоа
в) на работно место кое е предвидено во актот за систематизација на работните места, а е упразнето

Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор