I. Прашања од Кодексот на однесување на вработените во Управата за јавни приходи
 
 

1.        Што пропишува Кодексот на однесување на вработените во Управата за јавни приходи?  
1)        Кодексот на однесување на вработените во Управата за јавни приходи ги пропишува стандардите на однесување кои треба да се почитуваат од сите вработени и дава насоки и упатства за решавање на етичките прашања за оние кои работат во Управата за јавни приходи.
2)       Кодексот на однесување на вработените во Управата за јавни приходи пропишува одредени принципи и правила со цел да се воспостави ред и дисциплина на доаѓање и заминување од работното место на вработените во Управата за јавни приходи

Извор: точка 3 од Кодекс на однесување на вработените во Управата за јавни приходи   


2.       Стилот на облекување и надворешниот изглед на вработените во Управата за јавни приходи:  
1)        е лична работа и избор на секој човек без оглед на работното место 
2)       мора да прикажува професионализам и уредност 

Извор: точка 9 став 1 од Кодекс на однесување на вработените во Управата за јавни приходи   


3.       Вработениот во Управата за јавни приходи на работното место е должен своите службени должности и задачи да ги извршува совесно и ефикасно на начин кој е :
1)        политички пристрасен, бидејќи работното место не го спречува јавно да ја истакнува припадноста кон одредена политичка партија во секое време и на секое место
2)       политички неутрален, притоа избегнувајќи политичка пристрасност и политички конфликт

Извор: точка 13 став 3 од Кодекс на однесување на вработените во Управата за јавни приходи   


4.       Однесувањето спротивно на Кодексот на однесување на вработените во УЈП, може да биде основ за изрекување на дисциплински мерки, вклучувајќи ја и мерката за престанок на работен однос?  
1)        Да, задолжително мора да се почитуваат сите законски и подзаконски акти, како и сите интерни акти и правила на УЈП.
2)       Не, бидејќи Кодексот на однесување на вработените во УЈП е интерен акт и истиот не може да биде основ за изрекување на било која дисциплинска мерка.

Извор: член 42 став 4 од Законот за Управата за јавни приходи   


5.       Даночниот службеник е лично одговорен за вршењето на работите и работните задачи од работното место? 
1)        Да, даночниот службеник е лично одговорен за вршењето на работите и работните задачи од работното место.
2)       Не, бидејќи даночниот службеник има непосреден раководител кој ја следи неговата работа и непосредниот раководител одговара за работата на својот вработен.

Извор: член 43 став 1 од Законот за Управата за јавни приходи    


6.       Одговорноста за сторено кривчно дело ја исклучува дисциплинската одговорност на даночниот службеник?  
1)        Да
2)       Не

Извор: член 43 став 3 од Законот за Управата за јавни приходи    


7.       Избегнувањето/одбивањето на обука претставува повреда на работниот ред и дисциплина и претставува основ за изрекување на дисциплинска мерка? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 44 став 1 алинеа 13 од Законот за Управата за јавни приходи   


8.       Доколку вработениот неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година, постои основ за изрекување на дисциплинска мерка? 
1)        Не, доколку даде добро образложение на својот предпоставен 
2)       Да

Извор: член 44 став 1 алинеа 16 од Законот за Управата за јавни приходи   


9.       Во случај на зададена работна задача/наредба дадена од препоставениот, која е во спротивност со позитивните правни прописи (закони) и интерни акти на Управата за јавни приходи, како треба да постапи вработениот?
1)        Вработениот треба да го одбие спроведувањето на задачи и наредби од своите претпоставени, доколку истите не се во согласност со позитивните правни прописи и интерни акти на Управата за јавни приходи.
2)       Вработениот мора да постапи по зададената работна задача/наредба, бидејќи по сите издадени наредбите на претпоставениот мора да се постапува, без притоа да цени дали истата е во согласност или во спротивност со позитивните правни прописи и интерни акти на Управата за јавни приходи.

Извор: точка 14 став 4 од Кодексот на однесување на вработените во УЈП   


10.    Даночниот службеник може да биде повикан на материјална одговорност, за предизвикана штета на работа или во врска со работата, сторена намерно или од крајна небрежност?
1)        Да
2)       Не, вработениот неможе да одговара за имот на институцијата

Извор: член 58 став 1 од Законот за Управата за јавни приходи   


11.     Даночниот службеник не смее во неовластени цели да користи и да даде на кој било информација која ја осознал во даночна постапка?
1)        Може, но по престанокот на работниот однос.
2)       Да

Извор: член 60 став 1 и 2 од Законот за Управата за јавни приходи



12.    Вработениот е должен да се однесува љубезно, со почит и внимание да ги ислуша барањата на странката и да даде соодветната помош, со особено внимание кон неука странка, лицата со инвалидитет и со посебни потреби?
1)        Да
2)       Нема таква обврска, бидејќи странките треба да ги познаваат правилата и прописите, а неуките странки треба да си побараат помош од надворешно стручно лице кое ќе им помогне кога се обраќаат во УЈП.

Извор: точка 17.2 став 1 алинеја 2 од Кодексот на однесување на вработените во УЈП


13.    Дали вработениот може да овозможи посета на приватни посетители во работните простории?
1)        Не
2)       Да

Извор: точка 8 став 9 алинеја 2 од Кодексот на однесување на вработените во УЈП


14.    Дали даночниот службеник е должен да го почитува пропишаното работно време?
1)        Не, дококлу навремено си ги завршува работните задачи и обврски
2)       Да

Извор: член 26 став 1 алинеја 7 од Законот за Управата за јавни приходи


15.    Вработениот може да ги користи работното место и функција за приватни цели и за своја лична корист или корист за неговите роднини, доколку тоа не би предизвикало никаква штета за институцијата?
1)        Да
2)       Не

Извор: точка 7.1 став 1 од Кодексот на однесување на вработените во УЈП


II. Прашања од Даночен систем


16.    Дефиниција за даночен орган:
1)        Даночен орган е Народна банка на РМ
2)       Даночен орган е органот определен во Законот за Управата за јавни приходи
3)       Даночен орган е Министерството за финансии

Извор: член 4 од Закон за даночна постапка   


17.    Што се даноци?
1)        Даноци се давачки на даночниот обврзник кои мора да бидат платени без противуслуги, кои служат за општо државно добро и кои на сите даночни обврзници им се наметнати со закон
2)       Даноци се давачки на даночниот обврзник кои не е обврзан да ги плаќа согласно закон

Извор: член 4 од Закон за даночна постапка   


18.    Дефиниција за даночна постапка согласно одредбите од Законот за даночна постапка: 
1)        даночна постапка е постапка за утврдување и наплата на јавните приходи
2)       даночна постапка е постапка за утврдување на висината на данок за подарок и наследство 

Извор: член 4 од Закон за даночна постапка   


19.    Што претставува даночна тајна? 
1)        Даночна тајна се сите документи, информации, податоци или други факти за даночниот обврзник до кои дошле службените лица во даночна, прекршочна или судска постапка;
2)       Податоци за пронајдоци или патенти, како и сите други податоци за технолошките постапки кои ги применува даночниот обврзник;
3)       Сите деловни тајни за трето  лице со кои што е запознаено  службеното лице;
4)       Сите понудени одговори

Извор: член 9 од Закон за даночна постапка   


20.   Поим за даночно-правен однос:  
1)        Даночно-правен однос е однос кој во даночната постапка ги опфаќа правата и обврските на Управата за јавни приходи од една страна и на даночниот обврзник од друга страна, при што особено се уредува исполнувањето на даночните обврски од страна на даночниот обврзник, како и правото на Управата за јавни приходи да бара исполнување на овие обврски
2)       Даночно-правен однос е едностран однос со кој даночниот обврзник учествува во постапката пред Министерството за финансии

Извор: член 16 од Закон за даночна постапка  


21.    Поим за даночен должник
1)        Даночен должник е лице кое треба да исполни одредена обврска за плаќање од даночната постапка
2)       Даночен должник е лице кое бара од Управата за јавни приходи враќање на повеќе платен данок

Извор: член 18 од Закон за даночна постапка   


22.   Како престанува даночниот долг?  Даночен долг престанува со:
1)        Плаќање на даночен износ;
2)       Пребивање на даночни побарувања и даночни долгови на ист даночен обврзник;
3)       Присилна наплата на даночен долг;
4)       Застарување на даночен долг;
5)       Сите понудени одговори.

Извор: член 23 од Закон за даночна постапка   


23.   Во кој рок Управата за јавни приходи е должна да го донесе решението за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок? 
1)        во рок од 15 дена од денот на доставување на барањето
2)       во рок 10 дена од денот на доставување на барањето
3)       во рок од 30 дена од денот на доставување на барањето

Извор: член 28 од Закон за даночна постапка   


24.   Кои правни зделки на даночниот обврзник можат да бидат оспорени од страна на Управата за јавни приходи?
1)        Целосно или делумно бесплатни правни зделки на даночен должник во корист на блиско лице во текот на последните пет години пред или по настанување на даночниот долг можат да бидат оспорени од Управата за јавни приходи, доколку правната зделка е направена на штета на Управата за јавни приходи
2)       Правни зделки со кои даночниот обврзник склучува договори со договорен орган за јавни набавки на производи или услуги

Извор: член 35 од Закон за даночна постапка   


25.   Кое лице се смета дека му е блиско на даночниот обврзник?  
1)        Лицето кое има удел во даночниот обврзник или обратно;
2)       Лицето може да влијае на даночниот обврзник или обратно;
3)       Третото лице има удел или може да влијае како на лицето така и на даночниот обврзник и обратно;
4)       Лицето или даночниот обврзник можат да имаат влијание еден врз друг надвор од деловните контакти;
5)       Лицето или даночниот обврзник има сопствен интерес во остварувањето на приходи на другиот
6)       Сите понудени одговори

Извор: член 35 од Закон за даночна постапка   


26.   Што се уредува со Законот за даночна постапка?
1)        Општото даночно право, постапката за утврдување на данок, постапката на контрола на данок, постапката на наплата на данок, правата и обврските на даночниот обврзник и други прашања од даночната постапка;
2)       Само правата на даночните обврзници во даночната постапка

Извор: член 1 од Закон за даночна постапка   


27.   Дали Законот за даночна постапка има предност пред другите даночни закони? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 3 од Закон за даночна постапка  


28.   Доколку нешто не е уредено со Законот за даночна постапка, одредбите од кој закон се применуваат?  
1)        Закон за општата управна постапка
2)       Закон за Царинска управа;
3)       Закон за вработените во јавниот сектор

Извор: член 3 од Закон за даночна постапка   


29.   Во кој закон е утврдена стварната и месната надлежност на Управата за јавни приходи? 
1)        Закон за Управата за јавни приходи
2)       Закон за данок на добивка
3)       Закон за регистрација на готовински плаќања

Извор: член 5 од Закон за даночна постапка   


30.   Каде се објавува Листата на должници изготвена од страна на Управата за јавни приходи? 
1)        Во Службен весник на РСМ
2)       На веб страната на Управата за јавни приходи
3)       Во дневен весник кој се дистрибуира на територијата на цела РСМ

Извор: член 9 од Закон за даночна постапка   


31.    Дали даночниот обврзник може да учествува во даночната постапка преку полномошник? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 19 од Закон за даночна постапка   



32.   Согласно кој закон се врши исполнувањето на даночен долг во случај на стечај?
1)        Закон за данок на додадена вредност
2)       Закон за стечај
3)       Закон за даноци на имот

Извор: член 26 од Закон за даночна постапка   


33.    Во случај на смрт на даночен обврзник-физичко лице, дали даночниот долг се должни да го платат наследниците во рамките на вредноста на наследениот имот и во сразмер со делот на поединечниот наследник во момент на прифаќање на наследството? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 27 од Закон за даночна постапка  


34.   Што е даночен акт? 
1)        Акти што Управата за јавни приходи ги составува и донесува при преземање на одредени дејствија во даночната постапка;
2)       Решение за задолжување со данок
3)       Тужбите и жалбите се даночни акти

Извор: член 42 од Закон за даночна постапка   


35.    Во каква форма може да биде донесен даночниот управен акт?  
1)        Само во писмена форма
2)       Писмена, електронска, усна или друга форма;
3)       Само во електронска форма

Извор: член 43 од Закон за даночна постапка   



36.   Кои елементи мора да ги содржи даночниот управен акт? 
1)        Назив на организационата единица на Управата за јавни приходи, број и дата на даночниот управен акт, единствен даночен број на даночниот обврзник, име/назив на даночниот обврзник против кој се води даночниот управен акт, правни и фактички образложенија на даночниот управен акт, отпечатено име и презиме на овластеното лице и негов потпис и печат на Управата за јавни приходи
2)       Само име и даночен број на даночниот обврзник
3)       Само износ на задолжување со данок

Извор: член 43 од Закон за даночна постапка   


37.    Дали даночниот управен акт мора да содржи упатство за тоа кој правен лек е допуштен, во кој временски рок и каде треба да се поднесе
1)        Да
2)       Не

Извор: член 43 од Закон за даночна постапка   


38.   Кој правен лек може да се поднесе против даночен управен акт?
1)        Жалба
2)       Тужба
3)       Приговор

Извор: член 176 од Закон за даночна постапка  


39.   Дали тужбата го спречува извршувањето на даночниот управен акт?
1)        Не
2)       Да

Извор: член 176 од Закон за даночна постапка   



40.   Од колку члена е составена Комисијата за одлучување по прекршок именувана од страна на директорот на Управата за јавни приходи? 
1)        4 члена
2)       3 члена
3)       5 члена

Извор: член 178-а од Закон за даночна постапка   


41.    Дали расправата пред судот е јавна?
1)        Да
2)       Не

Извор: член 39 од Закон за управните спорови   


42.   Дали Управата за јавни приходи може да ја поведе даночната постапка по барање поднесено од даночен обврзник? 
1)        Не Да
2)        

Извор: член 41 од Закон за даночна постапка  


43.   Дали даночниот обврзник има обврска да учествува во утврдувањето на фактичката состојба со изнесување на целосни и вистинити факти битни за оданочувањето?
1)        Да
2)       Не


Извор: член 50 од Закон за даночна постапка   


44.   Кои лица имаат право да одбијат да дадат информација за факти битни за оданочувањето на даночниот обврзник? 
1)        Припадници на даночниот обврзник
2)       Свештени лица, адвокати, нотари, даночни советници, ревизори, лекари, медицински персонал, кои што во ова својство се здобиле со информација
3)       Лица кои уживаат имунитет по сила на законот
4)       Сите наведени лица

Извор: член 69 од Закон за даночна постапка   


45.   Во кој рок одлучува Управата за јавни приходи по барањето за враќање во поранешна состојба? 
1)        Во рок 10 дена од денот на доставување на барањето
2)       Во рок од 15 дена од денот на доставување на барањето
3)       Во рок од 30 дена од денот на доставување на барањето

Извор: член 75 од Закон за даночна постапка  


46.   Дали Управата за јавни приходи може да ангажира стручно лице во текот на даночната постапка? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 61 од Закон за даночна постапка   


47.   Што се јавни приходи? 
1)        Финансиски средства кои ги користат даночните обврзници за финансирање на своите расходи
2)       Финансиски средства што ги управува Управата за јавни приходи за финансирање на јавните расходи

Извор: член 4 од Закон за даночна постапка   


48.   Што е даночна обврска? 
1)        Секоја пропишана обврска за даночниот обврзник со Законот за даночна постапка или друг даночен закон, за дејствија во даночната постапка
2)       Секоја обврска на граѓаните која се однесува на плаќање одреден паричен износ во замена за некој производ

Извор: член 4 од Закон за даночна постапка   



49.   Што се даночни факти?  
1)        Сите факти содржани во докази и во документи кои што се од значење за оданочувањето
2)       Само оние факти кои се однесуваат на примена на одредбите од Законот за персонален данок на доход

Извор: член 4 од Закон за даночна постапка   


50.   Кои лица се сметаат за припадници на исто семејство со даночниот обврзник?
1)        Само брачниот другар на даночниот обврзник
2)       Брачен другар, роднини по права линија, браќа и сестри, деца на браќата и сестрите, сопружниците на браќата и на сестрите, браќата и сестрите на сопружниците и родителите на сопружниците, браќа и сестри на родителите, хранител и посвоител
3)       Само децата на даночниот обврзник

Извор: член 4 од Закон за даночна постапка   


51.    Дали во Законот за даночна постапка се предвидени начелата на даночната постапка? 
1)        Да
2)       Не

Извор: глава втора од Закон за даночна постапка   


52.   Што претставува начелото на временско важење на даночните прописи? 
1)        Даночната обврска се утврдува врз основа на законите кои биле во сила во време на нејзиното настанување, освен ако, во согласност со закон, за одделни одредби кои се однесуваат на даночна обврска е пропишано да имаат повратно дејство
2)       Дејствијата во даночната постапка се регулирани со прописите кои се на сила во времето кога се преземаат
3)       Сите наведени одговори

Извор: член 7 од Закон за даночна постапка  


53.    Што предвидува начелото на законитост и слободно одлучување? 
1)        Управата за јавни приходи е должна да ги утврдува сите факти кои се битни за донесување на законити одлуки, при што мора подеднакво да ги земе предвид фактите кои одат во прилог и на штета на даночниот обврзник;
2)       Сите наведени одговори
3)       Доколку управата за јавни приходи има законско право за слободно одлучување, тогаш ова слободно одлучување мора да биде во согласност со целта на ова право и да ги почитува законските граници на слободното одлучување;

Извор: член 6 од Закон за даночна постапка   


54.   Дали е повредена обврската за чување на даночна тајна во случаите кога Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови по основ на даноци, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини?
1)        Не
2)       Да

Извор: член 9 од Закон за даночна постапка   


55.    Дефиниција за Управата за јавни приходи? 
1)        Самостоен орган во состав на Владата на РСМ
2)       Орган на државната управа во состав на Министерството за финансии, со својство на правно лице;
3)       Орган на државната управа во состав на Царинската управа, без својство на правно лице

Извор: член 2 од Закон за Управа за јавни приходи   


56.   Дали ратификуваните меѓународни договори за оданочување имаат предност пред националните даночни закони ?
1)        Да
2)       Не

Извор: член 2 од Закон за даночна постапка   


57.    Каде се наоѓа седиштето на Управата за јавни приходи? 
1)        Битола
2)       Скопје
3)       Охрид

Извор: член 2 од Закон за Управа за јавни приходи   


58.   Од каде се обезбедуваат средствата за вршење на работите на Управата за јавни приходи? 
Буџетот на РСМ
Приходи од склучени договори за вршење на контрола и наплата на јавни давачки
Други приходи утврдени со пропис
Сите наведени одговори

Извор: член 5 од Закон за Управа за јавни приходи   


59.   За што се користат обезбедените средства за вршење на работите на Управата за јавни приходи? 
1)        Осовременување, унапредување и опремување на работата на Управата за јавни приходи, како и за стимулирање на работата на вработените
2)       Унапредување, осовременување и опремување на работата на Царинската управа

Извор: член 5 од Закон за Управа за јавни приходи  


60.   Кои организациони единици ја сочинуваат Управата за јавни приходи?
1)        Само даночни одделенија
2)       Генерална дирекција, дирекција за големи даночни обврзници, регионални дирекции, даночни одделенија и даночни шалтери

Извор: член 6 од Закон за Управа за јавни приходи   


61.    Дали Законот за даночна постапка се применува на парничните казни, глобите и трошоците изречени во парничните, кривичните и управните постапки во корист на Република С.Македонија? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 2 од Закон за даночна постапка   


62.   Кој ја преставува и раководи со работата на Управата за јавни приходи? 
1)        Државен секретар
2)       Директор и заменик-директор
3)       Претседател

Извор: член 10 од Закон за Управа за јавни приходи   


63.   Кој го именува раководното лице на Управата за јавни приходи?
1)        Министерот за финансии
2)       Владата на република северна македонија на предлог на министерот за финансии - собранието на рсм

Извор: член 10 од Закон за Управа за јавни приходи   


64.   Колку трае мандатот на раководното лице на Управата за јавни приходи? 
1)        2 години
2)       4 години
3)       6 години

Извор: член 10 од Закон за Управа за јавни приходи   


65.   Дали директорот на Управата за јавни приходи може да пренесе одделни негови надлежности на раководни службеници во Управата за јавни приходи?  
1)        Да
2)       Не

Извор: член 12 од Закон за Управа за јавни приходи  


66.   За информација дадена усно во службените простории на Управата за јавни приходи мора да се состави записник
1)        Не
2)       Да

Извор: член 60 од Закон за Управа за јавни приходи 


67.   Согласно кои закони Управата за јавни приходи ги врши работите од својата надлежност? 
1)        Закон за даноци на имот
2)       Закон за Управата за јавни приходи, Законот за даночна постапка и законите со кои се уредуваат одделни видови на даноци
3)       Закон за хартии од вредност

Извор: член 14 од Закон за Управа за јавни приходи  


68.   Дали Управата за јавни приходи може да бара од други субјекти да и доставуваат податоци кои се содржани во базите и регистрите на тие субјекти? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 16 од Закон за Управа за јавни приходи   


69.   Дали Управата за јавни приходи е ослободена од плаќање такси, трошоци и надоместоци за работите кои за целите на даночната постапка и ги даваат други органи?
1)        Не
2)       Да

Извор: член 18 од Закон за Управа за јавни приходи   


70.   Дали тужбата за управен спор против решението за присилна наплата ја попречува постапката по присилна наплата?  
1)        Не
2)       Да

Извор: член 176 од Закон за даночна постапка   


71.    По кои прекршоци предвидени со посебни закони, Управата за јавни приходи е надлежна за поведување на прекршочната постапка?
1)        Закон за Царинска управа
2)       Закон за даночна постапка, Закон за данок на добивка, Закон за персоналниот данок на доход, Закон за данок на додадена вредност, Закон за регистрирање на готовинските плаќања, Закон за придонесите од задолжително социјално осигрување и Закон за игрите на среќа и забавните игри
3)       Закон за даноци на имот

Извор: член 178-а од Закон за даночна постапка   


72.   Дали судот може да издаде времена мерка на барање на странката, доколку тоа е потребно за да се избегне сериозна и неотстранлива штета? 
1)        Да
2)       Не

Извор: 29 од Закон за управните спорови   


73.    Дали Управата за јавни приходи може да побара од даночниот обврзник и од други лица поврзани со работењето на даночниот обврзник да ги стават на увид деловните книги, евиденцијата, деловната документација и други исправи заради проверка? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 62 од Закон за даночна постапка   


74.   Дали правосилната пресуда на судот е задолжителна за странките и за нивните правни следбеници како и за јавните органи? 
1)        Да
2)       Не

Извор: 13 од Закон за управните спорови   


75.    Во кој рок се доставува тужбата до Судот? 
1)        Во рок од 15 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката 
2)       Во рок од 30 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странк
3)       Во рок од 10 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката 

Извор: член 20 од Закон за управните спорови   


76.   Кој правен лек е дозволен против одлуката на Управниот суд? 
1)        Приговор Жалба
2)        
3)       Тужба

Извор: член 42-а од Закон за управните спорови   


77.    Дали во управна постапка странката може да поднесе барање за повторување на постапка? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 114 од Законот за општата управна постапка   


78.   Во кој рок странката треба да го поднесе барањето за повторување на постапката? 
1)        Во рок од 10 дена откако дознала за причините за повторувањето на постапката
2)       Во рок од 30 дена откако дознала за причините за повторувањето на постапката
3)       Во рок од 15 дена откако дознала за причините за повторувањето на постапката

Извор: член 115 од Законот за општата управна постапка   


79.   Што е конечен управен акт? 
1)        Конечен управен акт е оној против кој може да се поведе управен спор
2)       Конечен управен акт е оној против кој не може да се поведе управен спор

Извор: член 15 од Законот за општата управна постапка   


80.   Што е правосилен управен акт? 
1)        Управниот акт против кој не може да се изјави жалба, ниту да се поведе управен спор, а со кој се решавало за права, обврски или правни интереси на странката е правосилен управен акт
2)       Управниот акт против кој може да се изјави жалба, може да се поведе управен спор, а со кој се решавало за права, обврски или правни интереси на странката е правосилен управен акт

Извор: член 16 од Законот за општата управна постапка   


81.    Како се сметаат роковите?
1)        Роковите се сметаат само во денови
2)       Роковите се сметаат во денови, месеци и години, а исто така можат да се сметаат и во часови

Извор: член 45 од Законот за општата управна постапка  


82.   Кога се врши достава на документи од страна на јавниот орган? 
1)        Во работни денови, во периодот од 08:00 до 20:00 часот
2)       Во било кое време
3)       Во работните денови во периодот од 09:00 до 16:00 часот

Извор: член 82 од Законот за општата управна постапка   


83.   Доколку јавниот орган што ја води постапката наиде на прашање чие решавање е предуслов за да се одлучи за самата работа, а истото претставува независно правно прашање за чие решавање е надлежен суд или некој друг јавен орган (претходно прашање), дали јавниот орган што ја води управната постапка ја прекинува постапката додека не се реши претходното прашање? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 95 од Законот за општата управна постапка   


84.   Дали странката може да поднесе приговор против реален акт издаден од јавен орган? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 102 од Законот за општата управна постапка   


85.   Во кој рок застарува утврдувањето на данокот и на споредните даночни давачки?
1)        Во рок од една година
2)       Во рок од пет години
3)       Во рок од три години

Извор: член 110 од Закон за даночна постапка   


86.   Со кои дејствија прекинува рокот на застареност? 
1)        Со секој даночен управен акт што се однесува на фактичката состојба, а трае до правосилно завршување на постапката
2)       Со секој даночен акт што се однесува на фактичката состојба, а трае до правосилно завршување на постапката

Извор: член 110 од Закон за даночна постапка   


87.   По секој прекин на рокот, дали започнува да тече нов рок на застареност?
1)        Да
2)       Не

Извор: член 110 од Закон за даночна постапка   


88.   Кога започнува да тече рокот на застарување на даноците и споредните даночни давачки? 
1)        Со истекот на годината во која што е остварена фактичката состојба
2)       По истекот на три години од годината во која што е остварена фактичката состојба

Извор: член 110 од Закон за даночна постапка   


89.   Кој е рокот на застареност на утврдувањето на данокот и споредните даночни давачки во случај на даночно затајување?
1)        Две години
2)       Десет години
3)       Четири години

Извор: член 110 од Закон за даночна постапка   



90.   Во кој рок застарува наплатата на даноците и споредните даночни давачки? 
1)        Во рок од петнаесет години од истекот на годината во која данокот и споредните даночни давачки пристигнале за плаќање
2)       Во рок од десет години од истекот на годината во која данокот и споредните даночни давачки пристигнале за плаќање
3)       Во рок од пет години од истекот на годината во која данокот и споредните даночни давачки пристигнале за плаќање

Извор: член 122-а од Закон за даночна постапка   


91.    Кој го исполнува даночниот долг кога правното лице во ликвидација нема доволно имот? 
1)        Основачите, управителот или членовите на управата, ако, во согласност со законот, статутот или актот за основање на правното лице, се солидарно или според удел  одговорни за обврските на правното лице
2)       Никој

Извор: член 32 од Закон за даночна постапка  


92.   Доколку претпријатието или дел од претпријатието се пренесе на трето лице, дали третото лице гарантира за даночните долгови на пренесеното претпријатие или делот од претпријатието? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 31 од Закон за даночна постапка   


93.   Кој го исполнува даночниот долг на правно лице кое престанува да постои поради статусни промени? 
1)        Правниот претходник
2)       Правниот следбеник

Извор: член 33 од Закон за даночна постапка   


94.   Дали даночниот управен акт со кој се наложува некое вршење, трпење или оставање на дејствие мора да содржи укажување на последниците од непостапувањето?
1)        Да
2)       Не

Извор: член 43 од Закон за даночна постапка   


95.   Што се смета за меѓународна правна помош согласно одредбите од Законот за даночна постапка? 
1)        Правото на управата за јавни приходи врз основа на склучени договори, во тек на даночната постапка да се обрати за давање правна помош до домашни правни и физички лица, како и обврска на управата за јавни приходи да даде таква помош на домашните правни и физички лица
2)       Правото на управата за јавни приходи врз основа на меѓународни договори, во тек на даночната постапка да се обрати за давање правна помош до странски даночен орган, како и обврска на управата за јавни приходи да даде таква помош на странски даночен орган

Извор: член 178 од Закон за даночна постапка   



96.   Ако давањето на меѓународна правна помош не е уредено со меѓународен договор, дали под други услови може да се даде правна помош? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 178 од Закон за даночна постапка   


97.   Која организациона единица на Управата за јавни приходи е надлежна за нерезидентен даночен обврзник?
1)        Дирекцијата за големи даночни обврзници
2)       Организационата единица на Управата за јавни приходи на чие подрачје се наоѓа подружницата на нерезидентниот обврзник во смисла на Законот за трговски друштва

Извор: член 5 од Закон за даночна постапка   


98.   За процесно неспособно лице дејствијата во постапката ги врши неговиот законски застапник
1)        Да
2)       Не

Извор: член 33 од Законот за општата управна постапка   


99.   Дали странката има право да присуствува на увидот кој се врши од страна на овластено лице на јавниот орган согласно одредбите од Законот за општата управна постапка? 
1)        Не
2)       Да

Извор: член 65 од Законот за општата управна постапка   


100.                        Во кој рок треба да се донесе управниот акт од страна на овластеното службено лице во првостепената постапка поведена по барање, согласно одредбите од Законот за општата управна постапка
1)        Најдоцна во рок од деведесет дена од денот на поведувањето на постапката
2)       Најдоцна во рок од 30 дена од денот на поведувањето на постапката

Извор: Законот за општата управна постапка   


101. Што е даночен управен акт? 
1)        Поднесоци доставени од страна на даночниот обврзник до Управата за јавни приходи
2)       Акти кои што Управата за јавни приходи ги донесува при преземање на дејствија во даночната постапка против даночниот обврзник, кои предизвикуваат непосредно правно дејство, од кое произлегува одредено дејствие, трпење или оставање
3)       Известување пратено до странка

Извор: член 42 од Законот за општата управна постапка   


102.                        Дали јавниот орган може еднаш да го продолжи рокот за издавање на управен акт од 30 дена, а ко сложеноста на предметот тоа го оправдува? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 94 од Законот за општата управна постапка   


103.Со каков акт одлучува Управата за јавни приходи по барањето за враќање во поранешна состојба? 
1)        Известување Решение
2)       Заклучок
3)         

Извор: член 75 од Закон за даночна постапка    



104.                        Дали Управата за јавни приходи може да ја поведе даночната постапка по службена должност? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 41 од Закон за даночна постапка   


105.Дали даночниот обврзник има право да бара изземање на службено лице во даночна постапка?
1)        Да
2)       Не

Извор: член 6-а од Закон за даночна постапка   


106.                        Дали даночниот обврзник има право на увид во неговите даночни акти?
1)        Да
2)       Не

Извор: член 8 од Закон за даночна постапка   


107.Дали обврската за чување на даночна тајна е повредена ако на даночниот гарант му се овозможи увид во податоците за даночниот обврзник кои се потребни за исполнување на неговата обврска како даночен гарант?
1)        Не
2)       Да

Извор: член 9 од Закон за даночна постапка  


108.                        Даночните факти се утврдуваат согласно даночните закони и нивната економска суштина? 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 10 од Закон за даночна постапка   


109.                        Економските добра му се припишуваат на правниот сопственик.
1)        Да
2)       Не

Извор: член 11 од Закон за даночна постапка   


110. Ако со привидна правна работа се прикрива некоја друга правна работа, во тој случај, за утврдување на даночната обврска основата ја чини прикриената правна работа .
1)        Да
2)       Не

Извор: член 12 од Закон за даночна постапка   


111.  Кога се остварени приходи, односно е стекнат имот на начин спротивен на прописите ( без правна основа), даночната обврска се регулира во согласност со законот кој го уредува соодветниот вид на данок
1)        Не
2)       Да

Извор: член 13 од Закон за даночна постапка   


112. Со злоупотреба на правните договорни можности не може да се одбегне даночниот закон.
1)        Да
2)       Не

Извор: член 15 од Закон за даночна постапка   


113. Кои дејствија ќе се преземаат во даночната постапка и во кој обем одредува Управата за јавни приходи.
1)        Не
2)       Да

Извор: член 17 од Закон за даночна постапка   


114. Управата за јавни приходи го повикува даночниот обврзник на поднесување на даночни пријави и на навремено плаќање на своите даночни долгови во согласност со важечките закони
1)        Да
2)       Не

Извор: член 17 од Закон за даночна постапка   


115. Управата за јавни приходи е должна да го поучи даночниот обврзник во даночната постапка на неговите права и обврски
1)        Не
2)       Да          

Извор: член 17 од Закон за даночна постапка   


116. Ако нерезидидентот остварува приходи кои се оданочуваат по одбивка, за кое не е задолжитечно поднесување на даночна пријава, не постои обврска за одредување полномошник .
1)        Да
2)       Не

Извор: член 20 од Закон за даночна постапка   


117. Даночниот долг настанат согласно одделните даночни закони подлежи на оданочување според тие закони
1)        Да
2)       Не

Извор: член 23 од Закон за даночна постапка   


118. Со плаќање на даночен износ кој што се должи се исполнува даночниот долг .
1)        Не
2)       Да

Извор: член 24 од Закон за даночна постапка   


119. Исполнување на даночен долг со пребивање се врши во случај кога даночното побарување на даночниот обврзник е поголемо од даночниот долг и износот на повеќе платениот данок се користи за намирување на даночен долг по ист основ кој доспева подоцна или по барање на даночниот обврзник се врши поврат или се намалуваат доспеани долгови по друг основ.
1)        Да
2)       Не

Извор: член 25 од Закон за даночна постапка   


120.                        Кој ја пропишува формата и содржината на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок? 
1)        Директорот на Управата за јавни приходи
2)       Министерот за финансии
3)       Претседателот на Собранието на рсм

Извор: член 28 од Закон за даночна постапка   


121. Службениот јазик кој се користи во даночната постапка е регулиран согласно одредбите од Законот за општата управна постапка
1)        Да
2)       Не

Извор: член 40 од Закон за даночна постапка   


122.                        Даночната постапка е поведена кога Управата за јавни приходи изврши дејствие со цел за водење на даночна постапка против даночен обврзник .
1)        Да
2)       Не

Извор: член 41 од Закон за даночна постапка   


123.Доколку, согласно закон, за поведување на постапка е потребно барање од лице, постапката може да се поведе само ако такво барање е поднесено
1)        Не
2)       Да

Извор: член 41 од Закон за даночна постапка   


124.                        Даночниот обврзник мора да води деловни книги и евиденции заради оданочување, доколку тие се регулирани со посебните даночни закони.
1)        Да
2)       Не

Извор: член 45 од Закон за даночна постапка   


125.Сметководството и евиденциите мора да се водат во согласност со прописите од областа на сметководството  и на начин да може и стручно лице во соодвтен рок да стекне преглед над работењето на даночниот обврзник и деловните дејствија за нивното настанување, развој и завршување .  
1)        Да
2)       Не

Извор: член 46 од Закон за даночна постапка   


126.                        Деловните книги и евиденции мора уредно да се чуваат во рок од: 
1)        Пет години
2)       10 години
3)       Две години

Извор: член 48 од Закон за даночна постапка   


127.Даноци се: 
1)        Давачки на даночниот обврзник кои мора да бидат платени без противуслуги, кои служат за општо државно добро и кои на сите даночни обврзници им се наметнати со закон.
2)        Се давачки на даночниот обврзник кои ги плаќа по своја воља.

Извор: член 4 од Закон за даночна постапка   


128.                        Споредни даночни давачки особено се: 
1)        Парични казни
2)       Сите наведени
3)       Даночни казни
4)       Камати 
5)       Трошоци на присилна наплата на данок

Извор: член 4 од Закон за даночна постапка   


129.                        Даночен обврзник е оној кој што: 
1)        Должи данок
2)       Гарантира за данок
3)       Сите наведени
4)       Треба да плати или наплати данок за сметка на трето лице - треба да поднесе даночна пријава и/или даночно објаснување
5)       Мора да води книги или записи или мора да исполнува други обврски кои што му се наложени со даночните закони

Извор: член 4 од Закон за даночна постапка   


130.Кој е рокот за обврската за чување на даночна тајна?
1)        Обврската за чување на даночна тајна се однесува на службени лица и во случај кога им престанал работниот однос 
2)       Обврската за чување на даночна тајна се однесува на службени лица само за време на  работниот однос

Извор: член 9 од Закон за даночна постапка   


131. Даночна пријава преставува запис на даночниот обврзник за остварените приходи, извршените расходи, добивката, имотот, прометот на добра и услуги или други трансакции од значање за утврдување на данок. 
1)        Да
2)       Не

Извор: член 52 од Закон за даночна постапка   



132.Даночниот обврзник мора да поднесе даночна пријава до Управата за јавни приходи
1)        Да
2)       Не

Извор: член 52 од Закон за даночна постапка   


133. Утврдувањето на данок се врши од страна на: 
1)        На двата наведени начини
2)       Даночниот обврзник со самооданочување
3)       Управата за јавни приходи со донесување на даночно решение

Извор: член 77 од Закон за даночна постапка  


134.ЕДБ е единствениот идентификационен број на даночниот обврзник за сите видови јавни приходи  и се задржува се до престанок на статусот на даночен обврзник
1)        Точно
2)       Неточно

 Извор: член 36 од Закон за даночна постапка   


135. Кој е даночниот период за утврдување на данокот на добивка
1)        Даночниот период за кој се утврдува данокот на добивка е календарската година. 
2)       Даночниот период за кој се утврдува данокот на добивка е шест месеци

Извор: член 38 од Закон за данокот на добивка   


136.Кој е даночниот период за утврдување на персоналниот данок на доход/данок на личен доход? 
1)        Даночниот период за кој се утврдува данокот на доход е шест месеци
2)       Даночен период за кој се утврдува данокот на доход е календарската година

Извор: член 4 од Закон за персонален данок на доход /Закон за данок на личен доход  


137. Кој го доделува Единствениот даночен број  (ЕДБ) за даночните обврзници, со цел за идентификација на даночниот обврзник во даночната постапка? 
1)        Управа за водење на Матични книги
2)       Управата за јавни приходи 

Извор: Член 36 од Законот за даночна постапка    


138.Регистрацијата на даночен обврзник се врши во: 
1)        Управата за јавни приходи
2)       Министерството за финанасии на РСМ
3)       Централниот регистар на РСМ

Извор: Член 37 од Законот за даночна постапка    


139.Дали единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ) може да се користи за даночни цели? 
1)        Да
2)       Не

Извор: Член 2 став 4 од Правилник за постапката , начинот и роковите за доделување на единствен даночен број, содржината и начинот на водење на единствениот регистар на даночни обврзници, содржината и формата на пријавата за регистрација , како и постапката за бришење од регистрацијата     


140.                        Кој е обврзник за пресметка и уплата на придонесите за вработените лица? 
1)        Вработеното лице
2)       Работодавачот 

Извор: Член 13 став 1 точка 1 од ЗПЗСО    


141. Период за поднесување на  пресметка за  плата:  
1)        Тромесечно
2)       Месечно
3)       Годишно

Извор: Член  18 став 1 од ЗПЗСО    


142.                        Рок за поднесување на пресметка за плата ?
1)        Најдоцна до 10-ти наредниот месец               
2)       Најдоцна до 10-ти во тековниот месец

Извор: Член  18 став 1 од ЗПЗСО    


143.За идентификација на даночниот обврзник во даночната постапка УЈП доделува:
1)        ЕМБГ
2)       ЕДБ
3)       ЕМБС

Извор: Член 36 од Законот за даночна постапка    


144.                        Кој ја спроведува постапката за регистрација на даночен обврзник: 
1)        Централниот регистар на РСМ
2)       Државниот завод за статистика
3)       Основен суд

Извор: Закон за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица   


145.Дали физички лице може да се регистрира за целите на ДДВ? 
1)        Физички лица можат да се регистрираат за целите на ДДВ доколку вршат оданочлива стопанска дејност (на пример: лица кои издаваат деловни простории, производни објекти, опрема и сл.).
2)       Физички лица не можат да се регистрираат за целите на ДДВдоколку вршат оданочлива стопанска дејност (на пример: лица кои издаваат деловни простории, производни објекти, опрема и сл.).

Извор: Закон за ДДВ член 9  


146.                        Кој е рокот за исплата на плата во тековниот за претходниот месец?
1)        Согласно Законот за работни односи рокот за исплата на плата е 15-ти во тековниот за претходниот месец. 
2)       Согласно Законот за работни односи рокот за исплата на плата е 5-ти во тековниот за претходниот месец. 
3)       Согласно Законот за работни односи рокот за исплата на плата е 30-ти во тековниот за претходниот месец

Извор: Член  24 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување


147.Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, должни се да воведат и користат одобрен:
1)        Фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања.
2)       Надгледувачки систем
3)       Математички систем

Извор: член 2 став 1 од Законот за регистрирање на готовински плаќања    


148.                        Содржината запишана на боновиот и контролниот траг треба да биде:
1)        Идентична 
2)       Различна
3)       Слична

Извор: член 8 став 1 од Законот за регистрирање на готовински плаќања    


149.                        Купувачот на доброто, односно корисникот на услугата е должен да побара фискална сметка и истата да ја чува до кој одреден број на метри од местото на прометот на доброто, односно на услугата, заради контрола?
1)        15 метри 
2)       10 метри
3)       50 метри

Извор: член 6 став 1 од Законот за регистрирање на готовински плаќања    


150.Даночниот обврзник е должен на видно место да постави соопштение со кое го информира купувачот на добро односно услуга за неговата обврска да бара
1)        Фискална сметка 
2)       Контролен траг
3)       Дневен финансиски извештај

Извор: член 7 став 1 од Законот за регистрирање на готовински плаќања    


151. Фискалната сметка се состои од:
1)        Бонов и контролен траг 
2)       Даночен и купувачки траг
3)       Даночен и контролен траг

Извор: член 8 став 1 од Законот за регистрирање на готовински плаќања    


152.Фискално лого (отпечатена на секоја фискална сметка) е:
1)        Идентификациона ознака 
2)       Рекламна порака на даночниот обврзник
3)       Наредба

Извор: член 5-a став 1 од Законот за регистрирање на готовински плаќања    


153. Сторните сметки на почетокот и крајот треба да го содржат следниот текст:
1)        Сторна сметка 
2)       Фискална сметка
3)       Даночна сметка

Извор: член 33 став 3 од Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегриран автоматски систем...Сл.Весник на РМ бр.168/14...61/16   


154.Дали сторната сметка треба да  содржи фискалниот заштитен знак (логото)?
1)        Не треба
2)       Треба
3)       Може

Извор: член 33 став 4 од Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегриран автоматски систем...Сл.Весник на РМ бр.168/14...61/16   


155. Исечок од боновиот траг:
1)        Се дава на сервисниот техничар
2)       Се дава на купувачот 
3)       Го задржува даночниот обврзник

Извор: член 8 став 2 од Законот за регистрирање на готовински плаќања   


156.На колку работни места од каде што се извршува промет на добра и услуги кои готовински се наплатуваат, даночниот обврзник е должен да воведе и да користи фискална апартура?
1)        Секое 
2)       Некое
3)       Едно

Извор: член 11 став 2 од Законот за регистрирање на готовински плаќања    


157. Кога фискалната меморија е исполнета, фискалниот апарат:
1)        Треба да го прекине неговото функционирање, но треба да овозможи читање на содржината на фискалната меморија.
2)       Не треба да го прекине неговото функционирање, но треба да овозможи читање на содржината на фискалната меморија.
3)       Може но не е задолжително да го прекине неговото функционирање, но треба да овозможи читање на содржината на фискалната меморија.

Извор: член 7 став 10 од Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегриран автоматски систем...Сл.Весник на РМ бр.168/14...61/16   


158.Фискалната меморија треба да поддржи најмалку:
1)        1825  затворања
2)       1095  затворања
3)       2920 затворања

Извор: член 7 став 8 од Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегриран автоматски систем...Сл.Весник на РМ бр.168/14...61/16   


159.Фискална меморија е дел од фискалниот апарат кој овозможува единечна регистрација на податоците и:
1)        Повеќекратно  читање на истите од неа
2)       Двократно читање на истите од неа - еднократно читање на истите од неа

Извор: член 2 став 1 точка 3  од Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегриран автоматски систем...Сл.Весник на РМ бр.168/14...61/16   


160.                        Даночниот обврзник е должен електронскиот контролен траг од фискалната сметка да го чува?
1)        Во ујп пет години од датумот на последната операција
2)       Во објектот  пет години од датумот на последната операција
3)       Дома пет години од датумот на последната операција

Извор: член 8 став 5 од Законот за регистрирање на готовински плаќања    



161. Во случај на нефункционирање на фискалниот апарат даночниот обврзник за извршениот промет или услуга издава парагон блок и води:
1)        Итна сметководствена книга 
2)       Итна парагонска книга
3)       Сервисна книга

Извор: член 12 став 4 од Законот за регистрирање на готовински плаќања    


162.                        Фискалната пломба го идентификува овластеното лице од:
1)        Производителот
2)       УЈП
3)       Сервисниот центар

Извор: член 56 став 2 од Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегриран автоматски систем...Сл.Весник на РМ бр.168/14...61/16   


163.При недостиг на медиум за печатење, фискалниот апарат треба да:
1)        Се блокира 
2)       Продолжи со работа
3)       Го извести операторот и да продолжи со работа

Извор: член 10 став 6  од Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегриран автоматски систем...Сл.Весник на РМ бр.168/14...61/16   


164.                        Уредот за печатење кај фискалниот апарт печати:
1)        Фискални и сторни сметки 
2)       Фискални и нефискални сметки
3)       Фискални и парагон сметки

Извор: член 10 став 1 од Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегриран автоматски систем...Сл.Весник на РМ бр.168/14...61/16    


165.Даночните обврзници што вршат промет на пазари и други отворени простори, амбулантна продажба и превоз на патници и добра користат:
1)        Подвижен  фискален  апарт
2)       Импровизиран фискален  апарт
3)       Мал фискален  апарт

Извор: член 19 став 1  од Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегриран автоматски систем...Сл.Весник на РМ бр.168/14...61/16   


166.                        Даночните обврзници што вршат промет на услуги-превоз на патници со такси возила користат:  
1)        Електронски таксиметар со фискална меморија 
2)       Електронски таксиметар
3)       Фискален принтер

Извор: член 20 став 1 од Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегриран автоматски систем...Сл.Весник на РМ бр.168/14...61/16   


167.ГПРС терминалот треба да има батериско напојување кое ќе обезбеди припремен режим на работа од:
1)        72 часа 
2)       48 часа
3)       24 часа

Извор: Член 25 став 1 точка 1 од Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегриран автоматски систем...Сл.Весник на РМ бр.168/14...61/16   


168.                        Кој е даночен период за пресметување и плаќање на ДДВ?
1)        Календарско то римесечје
2)       Календарски месец и календарско тримесечје
3)       Календарски месец 
4)       Календарска година
5)       Календарски месец и календарска година
6)       Календарски месец, календарско тримесечје и календарска година

Извор: Закон за ДДВ член  39   


169.                        Колку изнесува прагот за задолжителна регистрација за ДДВ?
1)        1300000
2)       2000000
3)       1000000

Извор: Закон за ДДВ член 51 став 1   


170.Годишната даночна пријава, органот за јавни приходи ја доставува до обврзникот најдоцна до:
1)        30-ти април наредната година
2)       31 декември наредната година
3)       31 јануари наредната година

Извор: Закон за ДЛД член 96 став 2   



171. Данокот на непријавениот доход се пресметува по стапка од: 
1)        0,1
2)       70%.
3)       18%.

Извор: Закон за ДЛД член 78   


172.Обврзник на данокот на добивка е и постојана деловна единица на странско лице за добивката што ја остварува од вршење на дејност: 
1)        На територијата на Република Македонија 
2)       Надвор од територијата на Република Македонија 
3)       На и надвор од територијата на Република Македонија

Извор: Закон за ДД член 5   


173. Основа за пресметување на данокот од добивка е добивката која се утврдува во: 
1)        Даночниот биланс
2)       Годишната завршна сметка

Извор: Закон за ДД член 7 став 1  


174.Управата за јавни приходи е должна да донесе решение за враќање на повеќе платениот данок на добивка на обврзникот, на негово барање во рок од: 
1)        30 дена од денот на поднесувањето на барањето за враќање
2)       60 дена од денот на поднесувањето на барањето за враќање
3)       15 дена од денот на поднесувањето на барањето за враќање

Извор: Закон за ДД член 41 став 3   


175. Што е даночен долг?
1)        Износот на данок или на друг вид јавна давачка кој  даночниот обврзник е должен да го плати на начин пропишан со закон
2)       Износот на данок или на друг вид јавна давачка кој  даночниот обврзник треба да го плати по известување на управата за јавни приходи
3)       Износот на данок кој треба да го плати даночниот должник согласно даночното решение

Извор: член 4 од Законот за даночна постапка    


176.Кои одделни даночни закони го пропишуваат настанувањето на даночниот долг: -
1)        Закон за Управата за јавни приходи
2)       Закон за данокот на добивка, Закон за персоналниот данок на доход, Закон за данокот на додадена вредност и Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување и Закон за данокот на личен доход
3)       Закон за даночна постапка
4)       Закон за инспекциски надзор

Извор: член 2, став 1 од Законот за даночна постапка    


177. Даночен долг престанува со:
1)        Плаќање на даночен износ: пребивање на даночни побарувања и даночни долгови на ист даночен обврзник, присилна наплата на даночен долг и застарување на даночен долг
2)       Плаќање на даночен износ на пропишана сметка
3)       Отпис на даночен долг доколку се утврди дека наплатата нема да успее или трошоците за наплата не се во сооднос со даночниот долг

Извор: член 23, став 2 од Законот за даночна постапка    


178.Кој рок е пропишан во даночните закони за плаќање на даночниот долг по основ на ДДВ:
1)        30 дена по истекот на даночниот период во кој сам го пресметува данокот
2)       25 дена по истекот на даночниот период во кој сам го пресметува данокот
3)       15 дена по истекот на даночниот период во кој сам го пресметува данокот

Извор: член 41, став 1 од Законот за додадена вредност    


179.Плаќањето на данокот на добивка се врши:
1)        Со уплата на месечни аконтации секој календарски месец и уплата на разликата меѓу уплатените месечни аконтации и вистинската обврска на пресметаниот данок на добивка за даночниот период
2)       Со одбивка од секој приход што се исплаќа на даночниот обврзник - авансно пред истекот на даночниот период
3)       Со плаќање на пресметаниот данок после истекот на рокот за предавање на годишната сметка

Извор: член 40 и член 41 од Законот за данок на добивка    


180.                        Доколку не е регулирано поинаку во Меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување, за приходите што им исплаќаат на странски правни и физички лица од страна на домашни правни лица, данокот се плаќа во Република Македонија. Во вакви случаи, данокот во Република Македонија се плаќа:
1)        Од страна на домашното правно лице кое е должно при исплата на приходот да го задржи и уплати данокот.
2)       Од страна на странското правно или физичко лице врз основа на решение од управата за јавни приходи

Извор: член 20 од Законот за данок на добивка   


181. За персоналниот данок на доход за приходите од вршење на дејност на обврзникот кој поради определени околности не е во состојба да ги води деловните книги, или на кого нивното водење значително му го отежнува вршењето на дејноста, и за кои на обврзникот му е дадено право да се оданочуваат според паушално утврден нето приход, плаќањето на данокот се врши:
1)        Со плаќање на месечни аконтации од страна на исплатувачот на приходот
2)       Со плаќање на месечни аконтации од страна на даночниот обврзник 
3)       По одбивка од страна на исплатувачот на приходот
4)       Со плаќање од страна на даночниот обврзник на пресметаниот данок на доход во пополнетата годишна даночна пријава изготвена од страна на органот за јавни приходи

Извор: член 29 став 1 и член 79 став 1 од Законот за данок на личен доход Сл.Весник на РСМ бр.85/21   


182.                        Даночниот долг на починато лице:
1)        Се исполнува со плаќање од страна на наследниците
2)       Се исполнува од страна на наследниците во рамките на вредноста на наследениот имот и во сразмер со делот на поединечниот наследник во моментот на прифаќање на наследството
3)       Се отпишува
4)       Се исполнува со плаќање од страна на член на семејството

Извор: член 27, став 1 од Законот за даночна постапка    


183.Исполнување на даночен долг со пребивање се врши кога:
1)        Даночниот обврзник има побарување од управата за јавни приходи по основ на промет на добра или услуги
2)       Даночното побарување на даночниот обврзник е поголемо од даночниот долг
3)       Даночниот обврзник има даночно побарување кое е поголемо од даночниот долг и обврзникот не бара враќање на даночното побарување, а бара да му се изврши пребивање на долгот

Извор: член 25 од Законот за даночна постапка    


184.                        Даночниот обврзник го плаќа даночиот долг со средства од својата сметка така што издава на банката налог за плаќање, односно даночен налог да пренесе одреден износ на средства од неговата сметка. Даночен налог пропишан со Упатството за формата и содржината на платните инструменти за вршење на платниот промет во земјата е образецот:
1)        ПП 50
2)       ПП 50 и ПП 53
3)       ПП 10
4)       ПП 30

Извор: точка 8.7 од Упатството за формата и содржината на платните инструменти за вршење на платниот промет во земјата   


185.Кога се врши плаќање на данок  и придонесите од задолжителното социјално осигурување со платниот инструмент „Збирен налог за плаќање на товар на сметката на еден налогодавач, а во полза на повеќе примачи” (образец ПП 53), задолжителните податоци во образецот ги пополнува и ги доставува до банката:
1)        Управата за јавни приходи
2)       Даночниот обврзник
3)       Даночниот обврзник по добиено одобрение од страна на управата за јавни приходи

Извор: точка 8.8 од Упатството за формата и содржината на платните инструменти за вршење на платниот промет во земјата   


186.                        При плаќањето на данокот со даночен налог издаден од даночниот обврзник, паричните средства од сметката на даночниот обврзник се пренесуваат во корист на:
1)        Пропишани уплатни сметки за јавни приходи
2)       Посебна сметка на управата за јавни приходи со посебни уплатни сметки за јавни приходи
3)       Посебна сметка на министерството за финансии

Извор: член 118 од Законот за даночна постапка   


187.Елементи на уплатната сметки за јавни приходи се:
1)        Шифра за видот на јавни приходи (данок, социјален придонес, царински давачки), ознака на општина според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник и индивидуална партија која го определува видот на јавниот приход ( на пр.ДДВ за промет во земјата,  ДДВ при увоз и сл.)
2)       Шифра за видот на јавни приходи (данок, социјален придонес, царински давачки), ознака на општина според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник и индивидуална партија која го определува видот на јавниот приход ( на пр.ДДВ за промет во земјата,  ДДВ при увоз и сл.), приходна шифра за евидентирање на наплатениот јавен приход и програма на буџетски корисник

Извор: точка 4 од Упатство за начин на евидентирање, распоредување, поврат и пренасочување на јавни приходи (Сл.Весник бр. 188/18)   


188.                        Кога на сметката на даночниот обврзник се обезбедени средства, банката го извршува даночниот налог:
1)        До крај на работен ден, а најдоцна во рок од 24 часа од приемот на налогот
2)       Веднаш
3)       Следниот работен ден, а најдоцна во рок од 36 часа од приемот на налогот

Извор: член 118, став 3 од од Законот за даночна постапка    


189.                        Во кој случај последиците од неплаќањето на данок паѓаат на товар на банката:
1)        Кога банката не извршува веднаш по прием на налогот
2)       Кога банката не извршила уплата, а имало доволно расположливи средства на сметката на даночниот обврзник

Извор: член 118, став 4 од од Законот за даночна постапка    


190.                        Даночниот долг доспева за плаќање:
1)        Во рокови пропишани со посебните даночни закони
2)       По истекот на даночниот период
3)       По завршување на постапка по правен лек или судска постапка

Извор: член 116 од Законот за даночна постапка    


191. На износот на помалку или повеќе платен данок се пресметува и наплатува камата за секој ден задоцнување по:
1)        Стапка од 0,03% 
2)       Стапка од 0,3% 
3)       Моменталните стапки на затезна камата

Извор: член 123, став 1 од Законот за даночна постапка    


192.                        Управата за јавни приходи ја продолжува доспеаноста на плаќање на данок под следните услови:
1)        По поднесено барање од даночниот обврзник поради сериозни сомневања во правилноста на даночното решение или кога доспеаноста за даночниот обврзник би претставувала сериозно нарушување на неговото постоење поради објективни причини
2)       Поради сериозни сомневања во правилноста на даночното решение
3)       По поднесено барање од даночниот обврзник поради  финансиска неможност за плаќање на долгот

Извор: член 111-а, став 1 од Законот за даночна постапка    


193.Дали продолжување на доспеаноста на плаќање на данок може да се врши без приложување на гаранција за обезбедување на плаќањето:
1)        Да
2)       Не

Извор: член 111-а, став 3 од Законот за даночна постапка    


194.                        Кој е временскиот рок за продолжување на доспеаноста на плаќање на данок:
1)        Најмногу до 30 дена
2)       Најмногу до 90 дена
3)       Најмногу до 15 дена

Извор: член 111-а, став 4 од Законот за даночна постапка    


195.Дали за времетраењето на продолжената доспеаност на плаќање на данок се смета дека има задоцнето плаќање на данокот:
1)        Не
2)       Да

Извор: член 111-а, од Законот за даночна постапка   


196.                        Управата за јавни приходи врши одлагање на плаќање на даночен долг:
1)        Доколку плаќањето би претставувало значително оптоварување за даночниот обврзник
2)       По поднесено образложено барање од даночниот обврзник, доколку се утврди дека извршувањето на даночните обврски би го нарушило процесот на деловното работење на даночниот обврзник, претставува значително оптоварување за даночниот обврзник и/или со плаќањето се нанесува битна штета на даночниот обврзник. 
3)       По поднесено барање од даночниот обврзник поради финансиска неможност за плаќање на долгот од негова страна
4)       Поради нови финансиски ивестиции во компанијата на даночниот обврзник

Извор: член 111-б, став 1 од Законот за даночна постапка    


197.Дали при одлагање на плаќањето на даночен долг се смета дека има задоцнување на плаќањето на данокот:
1)        Да
2)       Не

Извор: член 111-б, од Законот за даночна постапка    


198.                        Што  е потребно да достави даночниот обврзник со цел Управата за јавни приходи да го одложи плаќањето на даночниот долг:
1)        Гаранција за обезбедување на плаќањето пропишана со закон
2)       Хипотека на недвижност или залог на подвижни предмети или гаранција од друго лице
3)       Неотповиклива банкарска гаранција
4)       Нотарски заверена изјава за превземање на долг
5)       Изјава за редовно подмирување на долгот во дадениот рок

Извор: член 111-б, став 3 од Законот за даночна постапка    


199.                        Во која висина на даночен долг треба да биде вредноста на хипотеката на недвижност од прв ред дадена како гаранција за обезбедување на плаќањето:
1)        100% од висината на даночниот долг
2)       50 % од висината на даночниот долг
3)       75%  од висината на даночниот долг

Извор: член 111-в, став 2 од Законот за даночна постапка    



200.                       На колку месечни рати може да се одложи плаќањето на даночен долг:
1)        36 месечни рати
2)       Најмногу до 36 месечни рати
3)       Според можностите на даночниот обврзник

Извор: член 111-г, став 1 од Законот за даночна постапка    


201.                        Дали Управата за јавни приходи може да изврши промена на бројот на месечни рати за одлагање на плаќање на данок:
1)        Да
2)       Не

Извор: член 111-г, од Законот за даночна постапка    


202.                       Во кој случај Управата за јавни приходи врши укинување на одобрение за одлагање на даночен долг:
1)        Доколку даночниот обврзник не изврши уплата на две рати
2)       Доколку даночниот обврзник не изврши уплата на три рати
3)       Доколку престанат условите заради кои било одобрено одложеното плаќање на долгот

Извор: член 111-ѓ од Законот за даночна постапка    



203.                       Дали Управата за јавни приходи може да врши замена на видот на гаранцијата за обезбедување на плаќање на даночниот долг:
1)        Да
2)       Не

Извор: член 111-е од Законот за даночна постапка    


204.                       Кој го исполнува  даночниот долг на правното лице во ликвидација:
1)        Ликвидациониот управник
2)       Полномошник-адвокат на правното лице
3)       Управителот на правното лице

Извор: член 26, став 2 од  Законот за даночна постапка    


205.                       Дали даночниот долг на правното лице во ликвидација се наплаќа од:
1)        Средствата на правното лице влучувајќи ги и приходите од продажбата на имотот 
2)       Средствата на правното лице притоа исклучувајќи ги приходите од продажбата на имотот

Извор: член 26, став 1 од Законот за даночна постапка    



206.                       Доколку правното лице во ликвидација нема доволно парични средства да го исполни даночниот долг во целост, вклучувајќи ги и приходите од продажбата на имотот, кој гарантира за плаќање на преостанатиот даночен долг:
1)        Основачите, управителот или членовите на управата, ако, во согласност со законот, статутот или актот за основање на правното лице, се солидарно или според удел одговорни за обврските на правното лице
2)       Основачите, управителот и членовите на управата

Извор: член 32 од Законот за даночна постапка    


207.                       Како се врши исполнување на даночниот долг на даночен обврзник во стечај:
1)        Со впаричување на имотот на должникот од страна на Управата за јавни приходи
2)       Согласно Закон за стечај
3)       Согласно Закон за трговски друштва

Извор: член 26 од Законот за даночна постапка    

 
208.                       Дали трето лице може да изврши плаќање на даночен долг во име и за сметка на даночниот обврзник:
1)        Да
2)       Не
3)       Може само врз основа на договор склучен со управата за јавни приходи

Извор: член 24 од Законот за даночна постапка    


209.                       Доколку трето лице како даночен гарант го преземе долгот на даночниот должник со нотарски заверена изјава, плаќањето на преземениот даночен долг може да се изврши:
1)        И од даночниот гарант и од даночниот обврзник
2)       Само од даночниот гарант

Извор: член 31 од Законот за даночна постапка    



210.                        Даночниот долг на правно лице кое престанува да постои заради статусни промени го исполнува правниот следбеник. Ако постојат повеќе правни следбеници:
1)        Сите се неограничено солидарно одговорни за даночниот долг на правниот претходник
2)       Секој е одговорен за плаќање на даночниот долг на правниот претходник сразмерно на уделот

Извор: член 33, став 4 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06... Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)  


211. За данокот што се плаќа по одбивка или по задршка, даночниот долг го плаќа:
1)        Исплатувачот при исплата на приходот
2)       Даночниот обврзник
3)       Физичко лице или странско лице од чиј приход се врши одбивка, односно задршка на данокот

Извор: член 79 и член 95 од Законот за персонален данок на доход ( Сл.Весник на РСМ бр.85/21   


212.                        Дали за даночниот долг утврден со решение на Управата за јавни приходи или неплатен кај поведување на постапка за присилна наплата, Управата за јавни приходи може да го определи лицето кое со своите одлуки влијаело врз стопанските активностите на даночниот должник, од кои произлегол даночниот долг, како лице  кое гарантира за даночниот долг:
1)        Да
2)       Не

Извор: член 35-а од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година   


213.Кај поврзани лица кои се регистрирани за целите на данокот на додадена вредност како еден даночен обврзник, за неплатениот данок на додадена вредност:
1)        Одговара претставникот на поврзаното лице
2)       Одговараат сите лица на поврзаното лице

Извор: член 9-а од Законот за додадена вредност (објавен во Сл. Весник со бр.44/99...189/16 од Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


214.                        Кога се доставува опомена за плаќање на данок од страна на Управата за јавни приходи:
1)        Кога даночниот обврзник во целост или делумно по пристигнатоста на даночната обврска не го платил данокот
2)       Во рок од 3 дена откако долгот доспеал за плаќање
3)       Во рок од 7 работни дена откако долгот доспеал за плаќање

Извор: член 121, став 1 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   



215.Во кој случај при опоменување на даночен обврзник се составува службена белешка:
1)        Доколку должникот е повикан да плати со телефонско известување за опомена за плаќање на данок 
2)       По пратена опомена на е-маил адреса на даночниот обврзник
3)       При лична достава на опомена за плаќање на данок на даночниот обврзник

Извор: член 121, став 4 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


216.                        Дали може Управата за јавни приходи да воспостави залог пред присилна наплата:
1)        Да
2)       Не

Извор: член 122 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година   


217.На кој начин се врши запишување на заложното право:
1)        Со Барање за обезбедување на даночен долг пред присилна наплата
2)       Со Решение за обезбедување на даночен долг пред присилна наплата
3)       Со Одлука за обезбедување на даночен долг пред присилна наплата

Извор: член 122 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


218.                        Koj има овластување да врши присилна наплата на данок и споредна даночна давачка:
1)        Министерство за финансии
2)       Управа за јавни приходи
3)       Владата на Република Македонија

Извор: член 124 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


219.                        Доверител во присилна наплата е:
1)        Управата за јавни приходи
2)       Министерството за финансии
3)       Република Северна Македонија

Извор: член 125 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


220.                       Присилната наплата може да започне доколку:
1)        Должникот во присилна наплата е повикан да плати и од повикувањето да плати поминала најмалку една седмица
2)       Должникот добил опомена за плаќање на долг
3)       Од повикувањето да плати поминале најмалку 7 дена

Извор: член 126, став 1 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


221.                        Дали против присилната наплата е дозволено поведување на управен спор за околности кои се однесуваат на утврдување на даночниот долг:
1)        Не
2)       Да

Извор: член 127, став 1 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   



222.                       Присилната наплата мора да запре, доколку е:
1)        Корегиран даночниот управен акт
2)       Поништен даночниот долг
3)       По даночниот управен акт е поднесен правен лек

Извор: член 128, став 1 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


223.                       Присилната наплата се прекинува, доколку е:
1)        Поднесено барање за одлагање на даночниот долг со гаранција која ја обезбедува висината на долгот во целост или е одложен даночниот долг
2)       Корегиран даночниот управен акт
3)       Отворена стечајна постапка

Извор: член 128, став 2 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06..Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


224.                       Кои средства се изземаат од постапка на присилна наплата:
1)        Научни, стручни и религиозни книги, како и учебници на должникот во присилната наплата и членовите на неговото семејство
2)       Суштински неопходните средства потребни за земјоделски работи
3)       Една третина од нето личните примања по основ на работа, но најмногу до износ од 100 евра во денарска противвредност од нето личните примања по основ на работа

Извор: член 130 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06..Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


225.                       За колку се зголемува побарувањето кое треба да биде наплатено во присилна наплата:
1)        Еденократна посебна такса во висина од 5% од износот кој треба да биде наплатен во присилната наплата
2)       Еденократна посебна такса во висина од 3% од износот кој треба да биде наплатен во присилната наплата
3)       Еденократна посебна такса во висина од 2% од износот кој треба да биде наплатен во присилната наплата

Извор: член 131, став 2 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


226.                       На чиј товар паѓаат трошоците во постапка на присилна наплата:
1)        Должникот во присилната наплата
2)       Должниковиот должник
3)       Управата за јавни приходи

Извор: член 131, став 3 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


227.                       Висината на трошоците за присилна наплата ја определува:
1)        Владата на Република Северна Македонија
2)       Министерството за финансии
3)       Управата за јавни приходи

Извор: член 131, став 4 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


228.                       Дали должникот се ослободува од плаќање на еднократната такса доколку го плати даночниот долг по отпочнување на постапката за присилна наплата:
1)        Не
2)       Да

Извор: член 131, став 5 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година   


229.                       Наплатата на даноци во постапка на присилна наплата може да се врши од:
1)        Паричните средства на банката 
2)       Парични побарувања на должникот во присилната наплата
3)       Непаричните побарувања на даночниот должник во присилната наплата

Извор: член 140, став 1 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


230.                       Дали може во исто време да се спроведе постапка на присилна наплата на еден или повеќе предмети на должникот во присилната наплата:
1)        Да
2)       Не

Извор: член 140, став 2 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година   



231.Трето лице, член на семејството на должникот во присилната наплата, кое тврди дека има право на стварите кои се предмет на присилна наплата на данок, а кое би ја спречило продажбата на имот, може да поднесе до надлежниот суд излачна тужба:
1)        Да
2)       Не

Извор: член 133, став 1 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година   


232.                       Даночен доверител заради обезбедување на даночно побарување во присилна наплата е:
1)        Управата за јавни приходи
2)       Република Македонија
3)       Министерство за финансии

Извор: член 134, став 2 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


233.                        Залогот трае до:
1)        Намирување на даночниот долг или поништување на даночното решение
2)       Пролонгирање на даночниот долг
3)       Корегирање на даночното решение

Извор: член 134, став 3 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


234.                       Во кој рок Управата за јавни приходи е должна да достави барање за бришење на залогот/хипотеката до надлежниот орган:
1)        Во рок од два дена од денот на намирување на даночните обврски
2)       Во рок од еден ден од денот на намирување на даночните обврски
3)       Во рок од три дена од денот на намирување на даночните обврски

Извор: член 139 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


235.                        По исклучок, Управата за јавни приходи може да изврши бришење на залогот воспоставен во постапка на присилна наплата доколку се исполнети условите пропишани со законот, по истекот на:
1)        60 дена од правосилноста на решението за одобрено плаќање на даночниот долг на рати
2)       90 дена од правосилноста на решението за одобрено плаќање на даночниот долг на рати
3)       30 дена од правосилноста на решението за одобрено плаќање на даночниот долг на рати

Извор: член 134, став 5 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


236.                       Една од мерките што ги превзема Управата за јавни приходи по основ на донесено Решение за залог во постапка на присилна наплата е:
1)        Забрана на должниците на должникот во присилната наплата да ги платат на должникот во присилната наплата готовинските долгови и упис на забраната во соодветниот регистар
2)       Дозвола за пренос на парични средства преку сметка на должникот во присилна наплата отворена кај банка со цел отплата на приоритетни обврски на должникот
3)       Дозвола на должниците на должникот во присилната наплата да ги платат на должникот во присилната наплата готовинските долгови 

Извор: член 135 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


237.                        Управата за јавни приходи врши упис на заложно право во  регистарот на движни предмети и недвижности со:
1)        Со Решение
2)       Со Одлука
3)       Со Записник

Извор: член 135, став 1 и став 3 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   



238.                       Кога должникот во присилна наплата не е упишан како сопственик на недвижност, а Управата за јавни приходи располага со докази за стекнување на недвижноста во согласност со прописите, дали Управата за јавни приходи може да поднесе до надлежен орган барање за упис на хипотека на недвижноста:
1)        Да
2)       Не

Извор: член 135, став 5 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


239.                       Како се воспоставува законско заложно право во корист на Република  Македонија:
1)        Со упис во соодветниот регистар
2)       Со добивање на потврда за стекнување на сопственост на имотот од страна на управата за јавни приходи

Извор: член 135, став 6 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година   


240.                       Дали должникот по доставување на решението за залог може да располага со предметите од присилна наплата:
1)        Не
2)       Да

Извор: член 136, став 1 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20година)   


241.                        Приходите од впаричување на предметите на присилна наплата од членот 132 на овој закон се распоредуваат со решение на Управата за јавни приходи според следниот редослед:
1)        1.износ на главната даночна обврска; 2. Камата; 3.трошоци на наплата; и 4.парична казна
2)       1.трошоци на наплата; 2.парична казна; 3. Камата и 4.износ на главната даночна обврска

Извор: член 141, став 4 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20)   


242.                       Решението за наплата од парични средства на должникот во присилната наплата:
1)        Се извршува на начин утврден со законот кој го уредува платниот промет
2)       Не се извршува на начин утврден со законот кој го уредува платниот промет

Извор: член 142, став 2 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06..Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20)   


243.                       Ако на сметката на должникот во присилната наплата привремено нема средства, носителот на платниот промет:
1)        Го извршува решението сукцесивно, спрема расположивите средства на сметката, се додека решението во целост не се изврши, а по исклучок во постапка на присилна наплата на долг согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, ако на сметката на должникот привремено нема средства носителот на платниот промет ќе ја блокира сметката се до обезбедување на средствата за целосно извршување на решението за присилна наплата
2)       Ќе ја блокира сметката сè до обезбедување на средствата за целосно извршување на решението за присилна наплата
3)       Го извршува решението сукцесивно, спрема расположивите средства на сметката, се додека решението во целост не се изврши

Извор: член 142, став 3 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20)   


244.                       Решението за присилна наплата на данок од парични средства на должник во присилна наплата:
1)        Има приоритет во наплатата и се извршува пред сите други налози
2)       Се извршува по хронолошки редослед, односно после извршувањето на другите налози доставени пред решението

Извор: член 142, став 7 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20)  


245.                       Кој службеник во Управата за јавни приходи е овластен да врши попис на движни и недвижни ствари на должникот:
1)        Даночен извршител
2)       Управник на регионална дирекција
3)       Даночен инспектор

Извор: член 137, став 1 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06..Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20)  


246.                       Доколку должникот во присилната наплата се спротивставува на пописот на движни ствари, пописот се спроведува во присуство на:
1)        Еден полнолетен сведок
2)       Претставник од мвр

Извор: член 137, став 3 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20)   


247.                       Кои движни ствари имаат првенство при попис:
1)        Ствари кои најлесно можат да се впаричат
2)       Ствари со највисока вредност

Извор: член 137, став 6 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20)   



248.                       Дали Управата за јавни приходи може по службена должност да побара податоци од други институции за доказ на сопственост на движен и недвижен имот на должник:
1)        Да 
2)       Не

Извор: член 138, став 1 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20)   


249.                       Дали даночниот должник заради составување на пописот има право со судски налог да влезе во станот на должникот во присилната наплата:
1)        Да
2)       Не

Извор: член 137, став 1 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20)   


250.                       Продажба на недвижност запленети во постапка на присилна наплата се врши од страна на Управа за јавни приходи по пат на:
1)        Непосредна спогодба
2)       Јавна аукција
3)       Слободна (комерцијална) продажба

Извор: член 155, став 1 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20)   


251.Даночниот долг може да биде привремено отпишан доколку:
1)        Се утврди дека трошоците за наплата не се во сооднос со даночниот долг или наплатата нема да успее
2)       Не е извршена наплата во рок од една година

Извор: член 157, став 1 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр. 275/19 и 290/20   


252.                       За ненаплатениот долг кој доспеал на 25/10/2008 година, траен отпис може да се изврши на:
1)        31/12/2018 година
2)       1 јануари 2019 година
3)       25/10/2018 година

Извор: член 157 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ бр.275/19 и 290/20)   


253.                        Дали во постапката за наплата Управата за јавни приходи прифаќа договорниот залог склучен соласно одредбите од Закон за облигациони односи да биде еден вид на гаранција за обезбедување на плаќањето:
1)        Да
2)       Не

Извор: член 2 од Закон за договорен залог (објавен во Сл. весник со бр.05/03...61/16)   


254.                       Решение за намирување на доверителите со распределба на имот, правата и побарувањата кои влегуваат во стечајна маса се носи:
1)        Доколку имотот од стечајната маса не бил продаден ниту по три обиди
2)       Доколку имотот од стечајната маса не бил продаден во пропишаниот рок

Извор: член 99 од Закон за стечај (објавен во Сл.весник на РМ бр.34/06...192/15)   


255.                        Во текот на стечајната постапка, промет на побарувања се врши согласно Законот за облигациони односи и под следните услови:
1)        Доверителот кој продал побарување, односно купувачот кој купил побарување да го извести стечајниот управник и стечајниот судија за купопродажбата на побарувањето 
2)       Доверителот кој продал побарување, односно купувачот кој купил побарување  да го извести ликвидациониот судија за купопродажбата на побарувањето 

Извор:  член 105 од Закон за стечај (објавен во Сл.весник на РМ бр.34/06...192/15)   


256.                       Во текот на стечајната постапка, побарувања од повисок исплатен ред се:
1)        Трошоците што што за одделни доверители ќе настанат со нивното учество во постапката
2)       Плати, придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност и надоместоци од последните три месеци пред отварањето на стечајната постапка
3)       Паричните казни за кривично дело или прекршок како споредни последици од кривично дело или прекршок со кои се наметнува обврска за плаќање пари

Извор: член 117 од Закон за стечај (објавен во Сл.весник на РМ бр.34/06...192/15)   



257.                        Органи на стечајна постапка се:
1)        Стечаен управник, стечаен судија, одбор на доверители и собрание на доверители
2)       Ликвидационен управник, собрание на доверители и собрание на должникот
3)       Стечаен управник, собрание на управители и одбор на доверители

Извор: член 18 од Закон за стечај (објавен во Сл.весник на РМ бр.34/06...192/15)   


258.                       Побарување во стечајна постапка се пријавува:
1)        По отварање на стечајна постапка
2)       Со доставување на предлогот за отварање на стечајна постапка
3)       Во претходна постапка

Извор: член 64 од Закон за стечај (објавен во Сл.весник на РМ бр.34/06...192/15)   


259.                       Отворената стечајната постапка не се спроведува:
1)        Доколку имотот на стечајниот должник не е доволен за подмирување на трошоците на стечајната постапка
2)       Стечајните доверители се откажат од стечајните побарувања
3)       Не се изврши впаричување на имотот на должникот

Извор: член 68 од Закон за стечај (објавен во Сл.весник на РМ бр.34/06...192/15)   


260.                       Плаќањето преку трансакциски сметки се врши врз основа на:
1)        Платни средства
2)       Платен инструмент
3)       Платен документ

Извор: член 17 од Закон за платниот промет (објавен во Сл.весник  на РМ бр.113/07...и Сл весник на РСМ  бр.31/20)   


261.                        Должности на стечајниот управник се:
1)        Да го состави почетниот стечаен биланс, како и даночен биланс со состојба на денот на отварање и на денот на заклучување на стачајната постапка кој се однесува на стечајната маса и трошоците на стечајната постапка
2)       Одлучува за отварање на стечајна постапка
3)       Да започне попис (инвентар) на имотот во рок од 5 дена од денот на именувањето и да го заврши пописот во рок од 40 дена од денот на неговото именување

Извор: член 34 од Закон за стечај (објавен во Сл.весник на РМ бр.34/06...192/15)   


262.                       На кој начин се врши забрана за намирување на обврски од страна на должниците на должникот кон должникот во присилна наплата:
1)        Со решение за залог
2)       Со писмено известување од страна на управата за јавни приходи до должниците на должникот
3)       Со одлука за залог

Извор: член 135 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на 275/19 и 290/20година)   


263.                       Надзорот и контролата над плаќањето на надоместоците за време на детални геолошки истражувањаи за концесија за експлоатација на минерални суровини утвредни согласно законот за минерални суровини врши:
1)        Министерство за финансии
2)       Управа за јавни приходи
3)       Министерство за економија

Извор: член 100, став 6 од Законот за минерални суровини (објавен во Сл. Весник бр.132/13...и Сл весник на РСМ ...7/19)   


264.                       Запленување на недвижност што не е запишана во соодветен регистар се спроведува од страна на даночен извршител:
1)        Во моментот на пописот
2)       Во рок од 15 дена од извршениот попис
кога ќе се упише во соодветниот регистар

Извор: член 153, став 1 од Законот за даночна постапка (објавен во Сл. Весник на РМ бр.13/06...Сл весник на РСМ...275/19 и 290/20година)   


265.                       Со  Законот за данок на додадена вредност  се уредува  пресметување и плаќање на данокот на додадна вредност
1)        Точно
2)       Неточно 

Извор: Член 1 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)  


266.                       Данокот на додадена вредност е општ потрошувачки данок, кој се наплаќа, покрај останатите даноци, на потрошувачката. Тој се наплаќа во сите фази на производството и трговијата, како и во целокупниот услужен сектор. Но, преку инструментот на одбивка на претходниот данок се постигнува оданочувањето во целокупниот претприемачки домен (поле на стопанската дејност) да не доведе до даночно оптоварување, освен ако законот предвидува исклучоци (на пр. исклучување на правото на одбивка на претходниот данок за деловно потребни издатоци). Со данокот на додадена вредност треба да се оптовари целокупната приватна и јавна крајна потрошувачка, како и крајната потрошувачка во претприемачкиот домен која не е растоварена преку одбивката на претходниот данок.
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: Член 1 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


267.                       Предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е прометот на добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност и увозот на добра?
1)        Неточно 
2)       Точно

Извор: Член  2 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


268.                       За да постои промет на добра и услуги мора да постои: Исполнувач, Примател и Противисполнување (надоместок).
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: Член  2 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


269.                       Кој се смета за даночен обврзник за ДДВ?
1)        Даночен обврзник е правно лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност. 
2)       Даночен обврзник е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност. 
3)       Даночен обврзник е лице кое трајно или повремено врши стопанска дејност.

Извор: Член  9 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


270.                       Даночни обврзници за ДДВ се: - Лицата кои трајно самостојно вршат стопанска дејност независно од целите и резултатите од дејноста; -Лицата кои повремено самостојно вршат стопанска дејност независно од целите и резултатите од дејноста; - Државните органи во случаите доколку во рамките на одредена стопанска дејност вршат промет кој е оданочив кај другите даночни обврзници. -  Органите на единиците на локалната самоуправа во случаите доколку во рамките на одредена стопанска дејност вршат промет кој е оданочив кај другите даночни обврзници. - Другите јавно-правни тела во случаите доколку во рамките на одредена стопанска дејност вршат промет кој е оданочив кај другите даночни обврзници.         
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: Член 9 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


271.Даночна основа на данокот на додадена вредност е вкупниот износ на надоместокот што е добиен, или што треба да се добие за прометот, во кој не е вклучен  данокот на додадена вредност?
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: Член 16 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


272.                       Кој го пресметува данокот на додадена вредност при увозот на добра?
1)        При увоз на добра данокот на додадена вредност го пресметува надлежниот царински орган кој ја спроведува постапката за царинење.
2)       При увоз на добра данокот на додадена вредност го пресметува надлежниот даночен орган.
3)       И двата одговори наведени претходно

Извор: Член  21 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


273.                        Кои видови на даночни ослободувања се пропишани со Законот за ДДВ?
1)        Со Законот за ДДВ се воведени три вида на ослободување на прометот од ДДВ:  Даночни осободувања во земјата без право на одбивка на предходниот данок, Даночни осободувања во земјата со право на одбивка на предходниот данок, Даночни ослободувања при увозот.
2)        Со Законот за ДДВ се воведени два вида на ослободување на прометот од ДДВ: ü Даночни осободувања во земјата без право на одбивка на предходниот данок, Даночни осободувања во земјата со право на одбивка на предходниот данок.
3)        Со Законот за ДДВ се воведени два вида на ослободување на прометот од ДДВ: Даночни осободувања во земјата без право на одбивка на предходниот данок, Даночни ослободувања при увозот.
Извор: Член 23, 24, 24-а, 27, 27-а, 27-б и 27-в од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


274.                       Која даночна стапка се применува при пресметување на данокот на додадена вредност?  
1)        ДДВ се пресметува по две даночни стапки: општа даночна стапка од 19% и повластена даночна стапка од 5%. ДДВ се пресметува по две даночни стапки: - општа даночна стапка од 18%; повластена даночна стапка од 10% и повластена даночна стапка од 5%,
2)       ДДВ се пресметува по две даночни стапки: општа даночна стапка од 18% и повластена даночна стапка од 10%.
3)      
Извор: Член  28 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)  



275.                        Која даночна стапка се применува врз прометот и увозот на производи за човечка исхрана?
1)        Повластена даночна стапка од 5%
2)       Општа даночна стапка од 18%

Извор: Член 30 став 1 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


276.                       Која даночна стапка се применува врз превозот на лица и нивниот придружен багаж?
1)        Повластена даночна стапка од 5%
2)       Општа даночна стапка од 18%

Извор: Член 30 став 2 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


277.                        Која даночна стапка се  применува врз угостителските и кетеринг услуги 
1)        Повластена даночна стапка од 10%
2)       Општа даночна стапка од 18%

Извор: Член 30 -а став 1 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


278.                       Даночен должник за ДДВ е и примателот на доброто или корисникот на услугата, доколку истиот е даночен обврзник или институција, односно државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и другите јавно-правни тела во случај на промет, извршен од страна на даночен обврзник, кој нема ниту седиште, ниту подружница во Република Македонија. 
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: член 32 точка 4 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


279.                       Со примена на овој механизам данокот на додадена вредност наместо вршителот на прометот, да го должи примателот на прометот. Механизмот на пренесување на даночната обврска се применува во случаи кога прометот е извршен помеѓу даночни обврзници регистрирани за целите на данокот на додадена вредност во Република Македонија, и тоа само за одредени видови на промети на добра и услуги кои се посебно регулирани во Законот за ДДВ.
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: член 32-а од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


280.                       Механизмот за пренесување на даночна обврска се применува на промети  кои се поврзани со градење, вклучувајќи одржување, реконструкција и отстранување на градби или нивни делови, кога примател на прометот е инвеститорот, а вршителот на прометот е изведувачот на работите и во случај кога примател на прометот е изведувачот, а вршител на прометот е подизведувачот на работите, согласно со законот со кој се уредува градењето.
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: член 32-а  од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


281.                        Претходен данок е износот за кој се намалува данокот на додадена вредност што се должи за извршениот промет за одреден даночен период. Тоа е данокот на додадена вредност: -кој е одделно искажан во фактурата за прометот, кој бил извршен спрема даночниот обврзник од страна на друг даночен обврзник; -кој е одделно искажан во фактурата за авансното плаќање кое го извршил даночниот обврзник за промет, кој се уште не е извршен спрема него; -кој е платен за увозот на добра и кој е одделно искажан во царинската декларација.
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: Членот 33, 34 и 35 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


282.                       Што е даночен период?
1)        Периодот за кој се пресметува данокот на додадена вредност е даночен период.
2)       Периодот за кој се пресметува и плаќа данокот на додадена вредност е даночен период. 
3)       Периодот за кој се плаќа данокот на додадена вредност е даночен период.

Извор: Член  39 став 1 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


283.                       Какви може да бидат даночните периоди?
1)        Даночен период може да биде календарски месец
2)       Даночен период може да биде календарски месец и календарско тромесечје 
3)       Даночен период може да биде календарски месец, календарско тромесечје и календарска година

Извор: Член 39 став 1 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   



284.                       Даночниот обврзник го пресметува ДДВ за соодветниот даночен период на целокупниот извршен промет на кој се должи данок  и вкупно примениот прометза кој е даночен должник согласно членот 32-а од ЗДДВ, освен прометот извршен во постапка на присилна наплата или присилно извршување, доколку доверителот непосредно не се стекнува со доброто Исто така при при пресметувањето се земаат во предвид и износите кои настануваат со исправки на даночната основица, износите кои ги должи обврзникот заради неточно пресметување на данокот и износите кои се пресметани на примени аванси за идни промети и износите кои треба да ги пресмета на примениот промет од нерезиденти во улога на даночен должник. Пресметаниот данок за даночниот период се намалува за износите на предходен данок кој даночниот обврзник може да ги одбие на влезните исполнувања во тој период (во земјата и од увоз) земајќи ги во предвид и износите на исправки на даночната основица и исправка на одбивка на предходниот данок.
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: Член 40 ставови 1 и 2 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


285.                       Данокот на додадена вредност се пријавува со поднесување на даночна пријава за даночниот период на пропишан образец ДДВ-04. Во даночната пријава обврзникот сам го пријавува данокот, задолжително по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: Член 41  од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


286.                       Во кој рок се поднесува даночната пријава за ДДВ?
1)        Даночната пријава се поднесува во рок од 10 дена по истекот на даночниот период. 
2)       Даночната пријава се поднесува во рок од 25 дена по истекот на даночниот период. 
3)       Даночната пријава се поднесува во рок од 15 дена по истекот на даночниот период. 

Извор: Член  41  став 1 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


287.                       Во кои рокови се врши плаќање на ДДВ?
1)        ДДВ се плаќа во истите рокови кои се пропишани за поднесување на даночната пријава, односно, се плаќа во рок од 25 дена од истекот на даночниот период.
2)       ДДВ се плаќа во истите рокови кои се пропишани за поднесување на даночната пријава, односно, се плаќа во рок од 10 дена од истекот на даночниот период.
3)       ДДВ се плаќа во истите рокови кои се пропишани за поднесување на даночната пријава, односно, се плаќа во рок од 15 дена од истекот на даночниот период.

Извор: Член 43  став 2 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


288.                       Кога се плаќа данокот на додадена вредност при увоз?
1)        ДДВ пресметан при увозот на добра се плаќа во исто време кога се плаќаат царинските давачки. 
2)       ДДВ пресметан при увозот на добра се плаќа во истите рокови кои се пропишани за поднесување на даночната пријава.
3)       ДДВ пресметан при увозот на добра се плаќа во истите рок од 10 дена по извршениот увоз.

Извор: Член  43  ставови  5 и 6 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


289.                       Прагот за регистрација за целите за ДДВ изнесува:
1)        3.000.000 денари
2)       2.000.000 денари
3)       1.300.000 денари

Извор: член 51 став 1 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


290.                       За целите на ДДВ немаат обврска да се регистрираат даночните обврзници кои вршат промет ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок без разлика на висината на таквиот промет, даночните обврзници кои остваруваат промет помал од 2.000.000 денари, даночните обврзници кои не се резиденти во земјата доколку вршат оданочлив промет за кој даночниот долг преминува на примателот на исполнувањето, како и даночните обврзници-нерезиденти во земјата доколку имаат право на враќање на претходниот данок.                                            
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: член 51 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


291.                        Што се подразбира под вкупен промет за цели на регистрација за ДДВ?
1)        Вкупен промет претставува збир на оданочивиот промет, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност кој отпаѓа на него остварен во изминатата календарска година, освен прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок.
2)       Вкупен промет претставува збир на оданочивиот промет, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност кој отпаѓа на него остварен во изминатата календарска година, освен прометот ослободен од данок со право на одбивка на претходниот данок.
3)       Вкупен промет претставува збир на оданочивиот промет, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност кој отпаѓа на него остварен во изминатата календарска година.

Извор: член 51 став 2 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   



292.                       Регистрацијата за ДДВ се врши со поднесување на Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01).
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: член 51 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


293.                       Пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност се поднесува:
  1. - до 15-ти јануари во тековната година, доколку во претходната календарска година даночниот обврзник остварил вкупен промет над 2.000.000 денари или доколку сака доброволно да се регистрира за целите на данокот на додадена вредност; - доколку во текот на годината остварениот вкупен промет го надмине износот од 2.000.000 денари, пријавата се поднесува најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот;  - во случај на отпочнување на вршење на стопанска дејност во текот на годината, пријавата за регистрација се поднесува во рок од 15 дена од почетокот од вршењето на дејноста.
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: член 51 став 10 од ЗДДВ (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21)   


294.                       Со Законот за данокот на личен доход  се уредува начинот на оданочување на доходот на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот на личен доход, даночната основа за пресметување на данокот на личен доход, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот на личен доход, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход.
1)        Неточно
2)       Точно

Извор: Член 1 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   


295.                       Данок на личен доход се плаќа на доходот остварен во пари, во хартии од вредност, во натура или во некој друг вид, остварен во земјата и во странство:                
  1. 1).доход од работа;
  2. 2) доход од самостојна дејност;
  3. 3) доход од авторски и сродни права;
  4. 4) доход од продажба на сопствени земјоделски производи;
  5. 5) доход од права од индустриска сопственост;
  6. 6) доход од закуп и подзакуп;
  7. 7) доход од капитал;
  8. 8) капитални добивки;
  9. 9) добивки од игри на среќа;
  10. 10) доход од осигурување и
  11. 11) друг доход.

1)        Точно
2)       Неточно

Извор: Член 3 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   


296.                       Даночен период за кој се утврдува данокот на доход е календарската година 
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: Член 4 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   


297.                       Данок на личен доход не се плаќа на надоместок на лицата волонтери согласно со Законот за волонтерството.
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: Член 12 став 1 точка 15) од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   


298.                       Данок на личен доход не се плаќа за паричен надоместок за време на невработеност согласно, утврден со закон, односно  надоместокот добиен од Агенцијата за вработување на Република Македонија
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: Член 12 став 1 точка 4)  од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   


299.                       Данок на личен доход не се плаќа за помош за претрпени штети од елементарни непогоди, до најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа.
1)        Точно
2)       Неточно

Извор: Член 12 став 1 точка 10) од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



  1. 300.                       Данок на личен доход не се плаќа за помош за претрпени штети настанати од елементарни непогоди и други вонредни настани исплатени од Буџетот на Република Македонија и буџетите на Градот Скопје и единиците на локалната самоуправa;

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 12 став 1 точка 11)  од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



301.Данок на личен доход не се плаќа за финансиска помош на физички лица - резиденти на Република Македонија која се користи за лекување во земјата или во странство, согласно лекарска документација и документација за трошоците за лекување (фактура, односно профактура) издадена од страна на здравствената установа која го извршила или ќе го изврши лекувањето, како и документирани трошоци за превоз и сместување неопходни за лекување на лицето

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 12 став 1 точка 31) од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



  1. 302.                       Данок на личен доход не се плаќа за приходи од продажба на собрани лековити билки и шумски плодови, остварени од физичко лице

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 12 став точка 43) од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



  1. 303.                        Даночната основа за утврдување на персоналниот данок на доход претставува збир на сите приходи остварени во пари, хартии од вредност, во натура или во некој друг вид, во земјата и во странство, во текот на даночниот период, намалена за:
    1)  придонесите од задолжително социјално осигурување;
    2) личното ослободување во износ од 84.000 денари при годишно пресметување на данокот на доход
    -  При пресметување на годишниот персонален данок на доход, личното ослободување се признава во висина на искористеното право на лично ослободување при аконтативното пресметување на  персоналниот данок на доход за вкупно исплатените лични примања од плата и пензија.
    3) нормираните или стварните трошоци предвидени со ЗПДД
    Личното ослободување за наредната година се утврдува врз основа на износот на личното ослободување од тековната година усогласено со 50% од стапката на остварениот пораст на платите на вработените во Републиката во минатата година,
    согласно со податоците од Државниот завод за статистика. 
    Износот на личното ослободување пред почетокот на секоја година, најдоцна до 31 декември во тековната година го објавува министерот за финансии.

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 9 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



  1. 304.                       Стапката на данокот на личен доход  за 2020, 2021 и 2022 година  изнесува 10%.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 24 став 2 од Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход (“Службен весник на РСМ” број 275/19.)   



  1. 305.                        Под доход од самостојна дејност се смета доходот остварен од стопанска дејност, доходот од давање професионални и други интелектуални услуги, доходот од земјоделска дејност и доходот од други дејности чија крајна цел е остварување доход.

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 19 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



  1. 306.                       Под доход од продажба на сопствени земјоделски производи се подразбира доходот што обврзникот го остварува од промет на земјоделски производи од сопствено производство.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 42  од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



  1. 307.                        Обврзник на данок на доход од продажба на сопствени земјоделски производи е физичко лице кое остварува доход од продажба на сопствени земјоделски производи на исплатувачи кои водат деловни книги и на физички лица надвор од продажни места на зелени пазари, а кое не се оданочува согласно со членот 20 од ЗДЛД.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 43 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



  1. 308.                       Основа за пресметување на данокот за доходот продажба на сопствени земјоделски производи претставува разликата помеѓу остварениот вкупен доход и нормираните трошоци во висина од 80%.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 44 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



  1. 309.                       Обврзник на доход  од  земјоделска дејност има право на поврат на платениот  данок на личен доход во случаите кога остварениот доход не го надминува лимитот од 1.000.000 денари доколку во календарската година не остварил друг доход кој се оданочува согласно со одредбите од овој закон, со исклучок на добиените репроматеријали без надоместок од страна на откупните претпријатија кои се во функција на дејноста, како и добиените репроматеријали согласно закон.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 46 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



310.Обврзник на данокот на доход од закуп и подзакуп на недвижен и подвижен имот е физичко лице кое остварува доход од закуп и подзакуп.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 52 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



311. Под доход од авторски и сродни права се подразбира надоместокот што го остварува обврзникот од авторски дела и предмети на сродни права уредени со Законот за авторското право и сродните права.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 38 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



312.Обврзник на данокот на доход од авторски и сродни права е физичко лице кое остварува надоместок од авторски и сродни права.

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 39 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



313. Под доход од капитал се подразбираат:
1) дивиденди и друг доход остварен со учество во добивката кај правните лица;
2) камати од заеми дадени на физички и правни лица;
3) камати од орочени депозити;
4) камати од хартии од вредност и
5) друг доход од хартии од вредност или финансиски инструменти.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 55 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



314.Под капитална добивка се подразбира разликата помеѓу продажната и набавната цена при продажба или размена на недвижен имот, хартии од вредност, удели издадени од инвестициски фонд, учество во капиталот, друг подвижен и нематеријален имот.

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 55 став 1 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)  



315. Основа на данокот на доход од капитални добивки претставува разликата помеѓу продажната цена на недвижен имот, хартии од вредност, удели издадени од инвестициски фонд, учество во капиталот, друг подвижен и нематеријален имот и нивната куповна (набавна) цена.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 60 став 1 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



316.Оданочувањето на каматата на орочени  депозити ќе се применуваат од 1 јануари 2023 година

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 23 од Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход (“Службен весник на РСМ” број 275/19.)   



317. Основа за пресметување на данокот на доход на добивките од игрите на среќа во обложувалница претставува износот на поединечната исплата на добивката намален за износот на поединечната уплата врз основа на која е остварена добивката

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 66 став 2 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



318.Кога добивката од игри на среќа се состои во предмети, основа на данокот на доход претставува пазарната вредност на предметите во моментот на остварување на добивката.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 66 став 4 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



319.Годишната даночна пријава,  органот за јавни приходи ја доставува до обврзникот најдоцна до 30-ти април наредната година

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 96 став 2 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



  1. 320.                       Обврзникот на данокот на доход е должен да ја потврди точноста на податоците од доставената пополнета годишна даночна пријава  или да ја коригира пријавата најдоцна до 31-ви мај 

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 96 став 3 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



321.Исплатувачот на доходот за кој аконтацијата на данокот на доход се плаќа по одбивка е должен задржаниот данок да го уплати при секоја поединечна исплата.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 92 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



  1. 322.                       Исплатувачот, пред секоја исплата на доходот на кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, е должен до органот за јавни приходи да достави пресметка за бруто-доходот, одбитоците, пресметаниот данок по одбивка и нето-доход за исплата, за секој обврзник поединечно.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 85 став 1 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



  1. 323.                        Пресметката ја одобрува органот за јавни приходи, пред да се изврши плаќањето на данокот и исплатата на доходот кај носителот на платниот промет.

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 85 став 6 од ЗДЛД (“Службен весник на РМ” број 241 и “Службен весник на РСМ” број 275/19.....85/21)   



  1. 324.                       Што уредува Законот за данокот на добивка? Законот за данок на добивка го уредува начинот на оданочување на добивката, стапката по која се пресметува данокот на добивка, обврзниците за плаќање на данокот на добивка, даночната основа за пресметување на данокот на добивка, роковите за плаќање на данокот на добивка, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на добивка.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16..151/21.."Сл.Весник на РСМ 151/21 )    



  1. 325.                        Кој е обврзник на данокот на добивка?

1)        Народна банка на РМ 

2)       Обврзник на данокот на добивка е правно лице резидент на Република Македонија кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство

3)       Самостоен вршител на дејност 


Извор: Член 4 став 1од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.."Сл.Весник на РСМ" 151/21)   



  1. 326.                       Резидент, е субјектот кој е основан или има седиште на територијата на Република Македонија.

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 4 став 2 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.." Сл.Весник на РМ "151/21)   



  1. 327.                        Обврзник на данокот на добивка е и постојана деловна единица на странско лице за добивката што ја остварува од вршење на дејност на територијата на Република Македонија.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 5 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16...."Сл.Весник на РСМ " 151/21)   



  1. 328.                       Пресметувањето на аконтациите на данокот на добивка и на конечниот износ на данокот за даночниот период, го врши овластено лице кај даночниот обврзник,  или лице – даночен советник по овластување од данониот обврзник. 

1)        Народна банка на РМ 

2)       Пресметувањето и плаќањето на данокот на добивка го врши обврзникот на данокот на добивка 

3)       Самостоен вршител на дејност 


Извор: Член 3 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.".Сл.весник на РСМ 1"51/21 )   



  1. 329.                       На кој образец се пресметува  обврската за данок на добивка по годишна сметка 

1)        ДБ – даночен Биланс за оданочување на добивката 

2)       ДБ ВП – данок на вкупен приход 


Извор: Член 39 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“, бр.122/14...190/16 .."Сл.Весник на РСМ "151/21 ..151/21)   



  1. 330.                        Обврската на данокот на добивка по годишна сметка обврзникот е должен
    да ја уплати во рок од 30 дена од денот на истекот на рокот за предавање на годишната сметка.

1 )  Точно

2) Неточно


Извор: Член 41 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16...."Сл. Весник на РСМ 151/21)   



331. Колку изнесува стапката на данок на добивка?

1)        Стапката на данок на добивка изнесува 10%.

2)       Стапката на данок на добивка изнесува 5%.


Извор: Член 2 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16 .."Сл.Весник на РСМ 151/21)   



  1. 332.                        Основа за пресметување на данокот од добивка е добивката која се утврдува во даночниот биланс.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 7 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.."Сл.Весник на РСМ "151/21)   



333.Како се  утврдува даночната основа во Даночниот Биланс 

1)        Во износ на вкупниот приход.

2)       Како разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник во износи утврдени согласно со прописите за сметководство и сметководствените стандарди зголемена за непризнаените расходи

3)       Како разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник 


Извор: Член 7 став 2 , член 8 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14 190/16.."Сл.Весник на РСМ 151/21)   



  1. 334.                        Расходите кои не се поврзани со вршење на дејноста на субјектот преставуваат даночно признаени расходи?        

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 9 став 1 точка 1 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16…".Сл.Весник на РСМ "151/21)   



335.Трошоците за дневници за службено патување во земјата  се даночно  непризнаени  расходи

1)        Во висина на 8% од просечната месечна нето плата  во земјата од последното тримесечие.

2)       Над  8% од просечната месечна нето плата  во земјата од последното тримесечие.


Извор: Член 9 став 1 точка 1 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16).. "Сл. Весник на РСМ ". 151/21 ) и член 35  од  Општиот колективен договор ( Сл весник на РМ 115/14..119/15)   



  1. 336.                        Над кој износ трошоците за дневници за службено патување во  странство  се даночно  непризнаени  расходи

1)        Исплатени дневници  за службено патување во  странство над утврдената дневница,  пропишана со Уредбата и Решението за највисоки износи на дневници за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат за тековни трошоци , 

2)       Исплатени дневници  за службено патување во  странство кои се  повисоки од 50% (ако е поднесена сметка за сместување) односно 20% (ако е обезбедено сместување и исхрана)  од утврдената дневница,  пропишана со Уредбата и Решението за највисоки износи на дневници за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат за тековни трошоци , 


Извор: Член 9 став 1 точка 2 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.."Сл.весник на РСМ "151/21 ) и член 35  од  Општиот колективен договор ( Сл весник на РМ 115/14..119/15 )   



337.Исплатениот теренски додаток или одвоен живот над 60% од просечната месечна нето плата  во земјата од последното тримесечие се даночно непризнаени расходи 

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 9 став 1 точка 2 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.." Сл.Весник на РСМ "151/21 ) ) и член 35  од  Општиот колективен договор ( Сл весник на РМ 115/14..119/15)   



  1. 338.                        Над кој износ трошоците за отпремнина при заминување во пензија   се даночно  непризнаени  расходи.

1)        Отпремнината  која се дава при заминување во пензија чија висина е над  една просечна месечни нето плата од последното тромесечие 

2)       Отпремнината  која се дава при заминување во пензија чија висина е над две просечни месечни нето плати од последното тромесечие 


Извор: Член 9 став 1 точка 2 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.".Сл. Весник на РСМ" 151/21 ) и член 35  од  Општиот колективен договор ( Сл весник на РМ 115/14..119/15 )   



  1. 339.                        Износот на исплатениот регрес за годишен одмор   над  80% од просечната месечна бруто плата по работник во Република Македонија, објавена до денот на исплатата, е даночно признат расход 

Неточно 

Точно


Извор: Член 9 став 1 точка 2 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.."Сл весник на РСМ" 151/21 )  и член 35  од  Општиот колективен договор ( Сл весник на РМ 115/14..119/15)   



  1. 340.                       До кој износ трошоците за организирана исхрана на вработените претставуваат даночно признат расход?

1)        Трошоците за организирана исхрана на вработените до 40 % од просечната нето плата  исплатена  во претходната година,

2)       Трошоците за организирана исхрана на вработените до 20 % од просечната нето плата исплатена во претходната година,  

3)       Трошоците за организирана исхрана на вработените до 40  % од просечната нето плата  исплатена во последните три месеци и објавена од Државниот завод за статистика


Извор: Член 9 став 1 точка 3 од ЗДД (“Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16…"Сл весник на РСМ "151/21 ) и член 35 од Општиот колективен договор.   



341.Трошоците по основ на месечните надоместоци на членовите на органите на управување се признаваат како расход до 50% од просечната месечна бруто плата исплатена во претходната година во Република Македонија, при што како надоместоци на членови на органите на управување се сметаат месечниот надоместок, односно паушал, надоместоците за патни и дневни трошоци.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 9 став 1 точка 4 ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.."Сл весник на РСМ "151/21 )   



  1. 342.                       Трошоците по основ на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд преставуваат даночно признат расход во висина до  две просечни плати исплатени во претходната година во Републиката, на годишно ниво по вработен;  

Точно

Неточно


Извор: Член 9 став 1 точка 5 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.".Сл Весник на РСМ" 151/21 )   



  1. 343.                        Трошоците за користење на сопствено возило за службени цели се признаваат како расход во Даночниот Биланс 

1)        Во висина на целиот исплатен износ 

2)       Во висина од 30% од исплатениот износ, но најмногу до 60.000 денари на годишно ниво. Во висина од 70% од исплатениот износ


Извор: Член 9 став 1 точка 2 од од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.."Сл.Весник на РСМ" 151/21 )    



  1. 344.                       Трошоците за репрезентација на даночниот обврзник, претставува непризнат расход во висина од 

1)        Од 90% од направените трошоци за репрезентација (гоштевања, подароци, одмор, рекреација и разонода)претставуваатнепризнат расход.

2)       Од 100 % од направените трошоци за репрезентација (гоштевања, подароци, одмор, рекреација и разонода)претставуваатнепризнат расход.


Извор: Член 9 став 1 точка 8 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.".Сл.Весник на РСМ "151/21 )    



  1. 345.                        Трошоците за донации направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, во висина од 5% од вкупниот приход остварен во годината се даночно непризнат расход.

1)        Неточно 

2)       Точно


Извор: Член 9 став 1 точка 9 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.".Сл.Весник на РСМ "151/21 )   



  1. 346.                       Трошоците за спонзорства направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, над 3% од вкупниот приход остварен во годината се даночно непризнат расход. 

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 9 став 1 точка 10 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.."Сл.Весник на РСМ" 151/21 )   



  1. 347.                        Кои трошоци за камати на кредити не се даночно признат расход во даночниот билан?

1)        Трошоците за каматите по кредити за инвестициони вложувања 

2)       Трошоци по основ на камата по кредити кои не се користат за вршење на дејноста на обврзникот како и износот на каматите по кредити за набавка на патнички автомобили, мебел, теписи, уметнички дела од ликовната и применетата уметност и украсни предмети.


Извор: Член 9 став 1 точка 11 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16  .."Сл.Весник на РСМ" 151/21 )    



  1. 348.                       Кој вид на осигурување на вработените претставува даночно признат расход во даночниот биланс ?

1)        Личното колективно осигурување на работниците за повреди на работа. 

2)       Менаџерското осигурување 


Извор: Член 9 став 1 точка 12 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.."Сл.Весник на РСМ" 151/21 )    



  1. 349.                       Осигурителни премии кои ги плаќа работодавачот во корист на членовите на управен и надзорен одбор, како и на вработените доколку истите не се одбиваат од плата се даночно  непризнат расход 

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 9 став 1 точка 12 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.."Сл,Весник на РСМ "151/21 )   


 

  1. 350.                        Трошоците на кало, растур, крш или расипување претставуваат признат расход за даночни цели до ?

1)        Во висина на ставарно настанатите утврдени со попис.

2)       До нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја соодветна гранка кои ги пропишува министерот за финансии и истите се објавени во Правилник за нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја соодветна гранка за даночни цели.

3)       До  висина на утврдените со акт на  даночниот обврзник .


Извор: Член 9 став 1 точка 16, член 9 став 2 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.."Сл.Весник на РСМ" 151/21 ) и Правилник за нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја соодветна гранка за даночни цели („Сл.Весник на РМ“ бр.174/14)   


 

351. Трајниот отпис на ненаплатени побарувања се сметаат за оданочив расход освен трајниот отпис на ненаплатените побарувања по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 9 став 1 точка 17 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16..Сл.Весник на РСМ 151/21 ) член 4 став 2 алинеа 6 од  ПДД (Сл.Весник на РМ“ бр.174/14 и31/17.и .Сл Весник на РСМ 6/2020 )   



  1. 352.                        Дали подлежи на оданочување исправката на вредност на ненаплатените побарувања

1)        Трошоците за исправка на вредноста на ненаплатените побарувања  се сметаат за оданочив расход

2)       Трошоците за исправка на вредноста на ненаплатените побарувања се сметаат за оданочив расход, освен исправките на вредноста кај банките, штедилниците и осигурителните друштва на начин утврден со закон.


Извор: Член 10 став 1 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16..Сл.Весник на РСМ 151/21 )    



353.Дали ненаплатено побарување по основ на даден заем подлежи на оданочување?

1)        Даночната основа ќе се зголеми за износот на сите трансфери на парични средства кои по својата економска суштина се заеми, доколку не се вратени во истата година во која е извршен трансферот на паричните средства освен за дадените заеми на правни лица Резиденти на РСМ    

2)       Даночната основа не се зголемува  за износот на сите трансфери на парични средства кои по својата економска суштина се заеми, доколку не се вратени во истата година во која е извршен трансферот на паричните средства.


Извор: Член 11 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.. Сл.Весник на РСМ 151/21 )     



  1. 354.                        Кои  трговски друштва  се обврзници на данок на вкупен приход

1)        Трговските друштва кои извршуваат  стопанска дејност, освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност одобласта на игрите на среќа и забавните игри, 

2)       Трговските друштва  кои извршуваат  стопанска дејност, освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност одобласта на игрите на среќа и забавните игри,  и вкупниот приход остварен во годината за која се утврдува данокот од кој било извор да изнесува од 3.000.001 до 6.000.000 денари на годишно ниво.

3)       Трговските друштва кои извршуваат  стопанска дејност


Извор: Член 33 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.. Сл.Весник на РСМ 151/21 )    



355.Данокот на вкупен приход се пресметува во висина од 1% од износот на остварениот вкупен приход искажан во Билансот на успех во годишната сметка и финансиските извештаи според одредбите од Законот за трговските друштва, за деловната година за која се утврдува данокот.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 34 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16)..Сл.Весник на РСМ 151/21 )    



  1. 356.                        На кој образец се пресметува  обврската за данок на  вкупен приход 

1)        На образец „ДБ-ВП - Годишен данок на вкупен приход“ во рокот
пропишан за поднесување на годишна сметка согласно со Законот за трговските друштва и прописите за сметководство.

2)        На образец  ДБ – даночен Биланс  за оданочување на добивката 


Извор: Член 35 од ЗДД („Сл.Весник на РМ“ бр.122/14...190/16.. Сл.Весник на РСМ 151/21 )    



357.Надворешната контрола се извршува од страна на одделението за надворешна контрола во организационите единици на Управата за јавни приходи надлежни за оданочување.

1)        Да

2)       Не


Извор: Член 87 од Закон за Даночна постапка (Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 358.                        Одделението за надворешна контрола одлучува, согласно својата обврска за оценување, дали и кога треба да биде реализирана една надворешна контрола.

1)        Да

2)       Не


Извор: Член 87 од Закон за Даночна постапка (Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 359.                        Надворешната контрола ја вршат овластени: 

1)        Даночни агенти

2)       Даночни инспектори  

3)       Даночни извршители  


Извор: Член 88 од Закон за Даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 360.                       Определувањето на обемот на надворешната контрола, надлежното одделение за надворешна контрола го врши по самостојно - сопствено согледување, како негова службена должност.

1)        Да 

2)       Не


Извор: Член 89 од Закон за Даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



361.Предметот и периодот на надворешната контрола го определува раководителот на надлежното одделение за утврдување и наплата, во писмено изготвен налог за контрола.

1)        Не 

2)       Да  


Извор: Член 91 од Закон за Даночна постапка (Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 362.                       Налогот за надворешна контрола покрај писмена форма може да биде во електронска форма:

1)        Не

2)       Да 


Извор: Член 91 од Закон за Даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 363.                        За налогот за надворешна контрола даночниот обврзник мора да биде известен во соодветен период пред почетокот на контролата и тоа: 

1)        Четири недели - големи даночни обврзници и две недели - сите други даночни обврзници.

2)       Две недели - големи даночни обврзници и една недела сите други даночни обврзници


Извор: Член 92 од Закон за Даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 364.                       Во кои случаи налогот за контрола се доставува непосредно пред почетокот на контролата: 

1)        Ако контролата е по барање на даночниот обврзник

2)       Ако со доставување на налогот пред отпочнување на контролата би се спречила или попречила контролата

3)       Ако контролата е по барање на друг државен орган


Извор: Член 92 од Закон за Даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 365.                        Надворешна контрола во смисла на Законот за даночна постапка (Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20) е?

1)        Контрола на претпријатија, данок на додадена вредност (ДДВ) и други видови на контрола за кои е надлежна Управата за јавни приходи.

2)       Контрола на ДДВ и  данок на личен доход

3)       Контрола на претпријатија


Извор: Член 84 од Закон за Даночна постапка (Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20  



  1. 366.                       Задача на секоја надворешна контрола(покрај другите задачи ) е да обезбеди рамноправност во одданочувањето:

1)        Да

2)       Не


Извор: Член 85 од Закон за Даночна постапка (Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 367.                        Надворешната контрола не е допуштена  кај даночни обврзници со слободни занимања(адвокати,нотари,извршители,лекари  и други вршители на дејност.

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 86 од Закон за Даночна постапка (Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 368.                       Надворешната контрола е допуштена кај даночни обврзници кои не ја исполниле обврската за регистрација.

1)        Не

2)       Да


Извор: Член 86 од Закон за Даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 369.                       За предметот на контролата инспекторот формира:

1)        Налог за контрола

2)       Инспекторско досие

3)       Записник за контрола


Извор: Член 88 од Закон за Даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 370.                        Предметот и периодот на надворешната контрола го определува:

1)        Раководителот на надлежното одделение за надворешна контрола

2)       Даночниот инспектор за надворешна контрола –

3)       Даночен извршител


Извор: Член 90 од Закон за Даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ...290/20)   



371. За секое лице- даночен обврзник,кај кое треба да биде реализирана надворешна контрола:

1)        Треба да биде доставен налог за контрола

2)       Не треба да биде доставен налог за контрола


Извор: Член 92 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 372.                        Инспекторот во текот на надворешната контрола не смее да прибира информации од вработените во претпријатието кои не се именувани како лица за давање информации.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 98 од Закон за даночна постапка(Сл. Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



373.Инспекторот може да го одложи спроведувањето на наворешната контрола ако даночниот обрзник поднесе барање пред почетокот на контролата и во него наведе оправдини причини за одложување на контролата.

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 92 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 374.                        Инспекторот не може да го одложи спроведувањето на контролата поради опсежни пречки во претпријатието заради реновирање.

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 92 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



375.Инспекторот за наворешна контрола:

1)        Должен е да ја покаже легитимацијата пред почетокот на контролата

2)       Не е должен да ја покаже легитимацијата пред почетокот на контролата


Извор: Член 94 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 376.                        Надворешната контрола се врши во деловните простории на даночниот обврзник.

1)        Да

2)       Не


Извор: Член 93 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



377.Дали инспекторот има право да влегува на земјиште и во деловни простории во кои даночниот обврзник ја врши дејноста и да ги прегледа.

1)        Да

2)       Не


Извор: Член 93 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)  



  1. 378.                        Инспекторот за надворешна контрола е должен да ја покаже легитимацијата пред почетокот на вршење на контролата.

1)        Да

2)       Не


Извор: Член 94 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 379.                        Инспекторот за време на контролата ,доколку тоа не влијае на целта и текот на надворешната контрола :

1)        Треба да го информира даночниот обврзник за констатираните фактички состојби и за даночни последици

2)       Не треба да го информира даночниот обврзник за констатираните фактички состојби и за даночни последици


Извор: Член 95 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 380.                       Даночниот обврзник:

1)        Е должен да соработува во утврдувањето на фактичката состојба 

2)       Не е должен да соработува во утврдувањето на фактичката состојба


Извор: Член 97 од Закон за даночна постапка(Сл. Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



381.Даночниот обврзник за цели на надворешната контрола може да именува лица за давање на информации

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 98 од Закон за даночна постапка(Сл. Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 382.                       Кога за време на надворешната контрола не произлегле констатации кои водат кон промена на основата на одданочување:

1)        Завршниот разговор не мора да се одржи

2)       Завршниот разговор мора да се одржи


Извор: Член 101 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 383.                        На завршниот разговор, покрај инспекторот за надворешна контрола, може да учествуваат и други лица, како што се:

1)        Раководителот на одделението за присилна наплата; 

2)       Вработени во Управата за јавни приходи - Генерална дирекција; 

3)       Други лица вработени во Министерството за економија


Извор: Член 101 од Закон за даночна постапка(Сл. Весник на РМ 13/06 ..290/20)    



  1. 384.                       Доколку за време на надворешната контрола или најдоцна во текот на завршниот разговор се појави сомнение за сторено даночно казнено дело од страна на даночниот обврзник:

1)        Треба без одлагање да се поведе против даночниот обврзник казнена постапка

2)       Треба без одлагање да се поведе против даночниот обврзник прекршочна постапка


Извор: Член 100 од Закон за даночна постапка(Сл. Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 385.                        За резултатот од надворешната контрола се изготвува:

1)        Налог за извршена контрола

2)       Записник за извршена контрола

3)       Решение за извршена контрола


Извор: Член 102 од Закон за даночна постапка(Сл. Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 386.                       Записникот од надворешната контрола треба да му се испрати на даночниот обврзник и да му се даде можност за произнесување.

1)        Да

2)       Не


Извор: Член 102 од Закон за даночна постапка(Сл. Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 387.                        Надворешниот промет на сите претпријатија што потпаѓаат под концернот годишно изнесува најмалку

1)        500.000.000,00 денари

2)       800.000.000,00 денари

3)       700.000.000,00 денари


Извор: Член 104 од Закон за даночна постапка(Сл. Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 388.                       По реализација на надворешна контрола, по барање на даночниот обврзник ,Управата за јавни приходи треба да му даде објаснување на даночниот обврзник како одредена фактичка состојба ќе биде даночно правно третирана во иднина (обврзувачка согласност). Организационата единица на Управата за јавни приходи надлежна за оданочување решава по истото:

1)        Во рок од 15 дена од денот на доставувањето на барањето

2)       Во рок од 30 дена од денот на доставувањето на барањето

3)       Во рок од 10 дена од денот на доставувањето на барањето


Извор: Член 105 од Закон за даночна постапка(Сл. Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 389.                       Формата и содржината на барањето за обврзувачката согласност ја пропишува:

1)        Министерот за финансии

2)       Директорот на Управата за јавни приходи на предлог на Министерот за финансии


Извор: Член 105 од Закон за даночна постапка(Сл. Весник на РМ 13/06 ..290/20)  



  1. 390.                       Укинување на обврзувачката согласност со ретроактивна важност во специфични случаи: 

1)        Не е дозволена

2)       Е дозволена


Извор: Член 108 од Закон за даночна постапка(Сл. Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



391.Даночниот обврзник е должен на барање на Управата за јавни приходи и во рок кој таа ќе го определи, да и ги даде сите информации потребни за утврдување на фактичката состојба кои се битни за оданочување.

1)        Да  

2)       Не 


Извор: Член 60 од Закон за даночна постапка(Сл. Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 392.                       Управата за јавни приходи може да го повика лицето кое е должно да даде информација, тоа да го стори усно во нејзините службени простории. Ова особено се однесува на случаите кога :

1)        по претходно доставено барање на  информација во писмена форма според не  била дадена, или бараната информација во писмена форма не ја разјаснила фактичката состојба.

2)       по претходно доставено даночно решение.


Извор: Член 60 од Закон за даночна постапка (Сл. Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 393.                        Управата за јавни приходи има право да врши непосреден увид кога е потребно за утврдување или разјаснување на фактите битни за оданочување: 

1)        Не

2)       Да 


Извор: Член 63 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 394.                       Сопственикот или корисникот на предмети, простории или земјиште е должен во тек на вообичаеното негово работно време да дозволи да се изврши увидот односно влез на земјиште и простории, доколку тоа е потребно за даночната постапка.

1)        Да 

2)       Не 


Извор: Член 64  од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 395.                        Управата за јавни приходи може да побара од даночниот обврзник и од други лица поврзани со работењето на даночниот обврзник да ги стават на увид деловните книги, евиденцијата, деловната документација и други исправи заради проверка,  притоа  треба да се одреди дали:

1)        побараните документи се битни за оданочување на лицето кое што е повикано да ги стави на увид или за оданочувањето на трети лица

2)       побараните документи се битни за оданочување за било кое лице.


Извор: Член 62 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 396.                       Лицата, со исклучок на даночниот обврзник, кои се должни да даваат информации на овластените лица од Управата за јавни приходи, не треба да дадат информација со која што самите или нивните припадници на овој закон би ги изложиле на кривично гонење.

1)        Не 

2)       Да  


Извор: Член 70 од Закон за Даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 397.                        Трошоците кои настанале со давање на податоци  во текот на даночната постапка, се на товар на: 

1)        Управата за јавни приходи 

2)       Лицата должни да дадат податоци

3)       Буџетот на РСМ


Извор: Член 72 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 398.                       Информација за факти битни за оданочување на даночниот обврзник може да одбијат: 

1)        свештени лица, адвокати, нотари, даночни советници, ревизори, лекари, медицински персонал, кои што во ова својство се здобиле со информација,

2)       деловни партнери на даночниот обврзник,


Извор: Член 69 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 399.                       Управата за јавни приходи, во текот на даночната постапка може да ангажира на стручно лице. Даночниот обврзник може да бара изземање на стручното лице ако:

1)        Постојат оправдани сомневања за неговата непристрасност; 

2)       Постојат оправдани сомневања за неговата стручност


Извор: Член 61 од Закон за даночна постапка(Сл.Весник на РМ 13/06 ..290/20)   



  1. 400.                       Даночниот обврзник е должен преку мрежата на мобилните оператори да обезбеди постојана комуникација со серверот на Управата за јавни приходи.

1)        Да

2)       Не


Извор: член  3-б од Закон за регистрирање на готовински плаќања.   



  1. 401.                        Кои даночни обврзници се должни се да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат сметка за извршениот промет, односно услугата:

1)        Даночни обврзници кои вршат промет на мало

2)       Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето не се извршува по банкарски пат. 

3)       Даночни обврзници кои вршат промет на големо


Извор: член 2 од Закон за регистрирање на готовински плаќања.   



  1. 402.                       Фискалната сметка  треба да содржи назив и адреса на објектот за промет на добра и услуги;

1)        Да

2)       Не


Извор: член 5 од Закон за регистрирање на готовински плаќања.   



  1. 403.                       Обврската да се воведе и користи одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања, не се однесува на:

1)        Лица кои вршат промет со прехранбени производи 

2)       Лица кои издаваат под закуп стамбен или деловен простор

3)       Лица кои вршат промет со лекови и медицински помагала 


Извор: член 9 од Закон за регистрирање на готовински плаќања.   



  1. 404.                       Даночниот обврзник е должен да монтира, воведе во користење и да го користи фискалниот систем на опрема:

1)        Од самото пуштање на објектот во употреба.

2)       Во рок од 5 дена од пуштање на објектот во употреба.

3)       Во рок од 10 дена од пуштање на објектот во употреба.


Извор: член 11 од Закон за регистрирање на готовински плаќања.   



  1. 405.                       Кои даночни обврзници должни се должни да регистрираат резервен фискален систем на опрема, кој се користи во случај на оштетување и ремонт на главниот фискален систем на опрема.

1)        Даночниот обврзник кој има воведено работно време во смени

2)       Даночниот обврзник чиј просечен промет во деловниот објект надминува 1.000.000 денари 

3)       Даночниот обврзник чиј просечен промет во деловниот објект надминува 2.000.000 денари


Извор: член 13 од Закон за регистрирање на готовински плаќања.   



  1. 406.                       Управата за јавни приходи врши контрола над спроведувањето и примената на одредбите од Законот за регистрација на готовински плаќања, а контролата ја вршат:

1)        Даночни инспектори и даночни контролори   

2)       Даночни инспектори и даночни извршители  

3)       Даночни инспектори и даночни агенти


Извор: член 20-а од Закон за регистрирање на готовински плаќања.   



  1. 407.                       Во кој случај овластено лице на УЈП ќе изрече мерка привремена забрана за вршење на дејност:

1)        Даночниот обврзник нема регистрирано резервен фискален апарат.

2)       Не издава фискална сметка за извршениот промет на добра, односно на услуга

3)       Даночниот обврзник издаде сметка која не ги содржи пропишаните елементи


Извор: член 20-а од Закон за регистрирање на готовински плаќања.   



  1. 408.                       На барање на даночниот обврзник на којшто му е изречена привремена забрана за вршење на дејност заради непоседување на фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања, Управата за јавни приходи, за време на траењето на забраната за вршење на дејност, ќе го отпечати деловниот простор и ќе му дозволи да продолжи со вршење на дејноста во истиот, доколку даночниот обврзник набавил и инсталирал фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања и ја платил глоба.

1)        Да

2)       Не


Извор: член 20-ѓ од Закон за регистрирање на готовински плаќања.   



  1. 409.                       Против решението за привремена забрана за вршење на дејност донесено од УЈП врз основа на извршена контрола на фискални апарати, даночниот обврзник може: 

1)        Да поднесе жалба пред надлежниот суд.

2)       Да поднесе тужба односно да поведе управен спор пред надлежниот суд. 

3)       Да поднесе приговор пред надлежниот суд.


Извор: член 20-а од Закон за регистрирање на готовински плаќања.   



  1. 410.                        За вршење на контролата на фискализација  даночниот обврзник му се доставува налог за контрола:  

1)        две недели - големи даночни обврзници и една недела сите други даночни обврзници

2)       непосредно пред започнување на контролата.

3)       четири недели - големи даночни обврзници и две недели - сите други даночни обврзници.


Извор: член 20-а од Закон за регистрирање на готовински плаќања.   



411. Не е дозволено автотакси превозници и даночни обврзници кои вршат промет на нафта и нафтени деривати на мало (бензински пумпи, плински пумпи и други) да издаваат парагон блок.

1)        Да  

2)       Не 


Извор: член 12 од Закон за регистрирање на готовински плаќања.   



  1. 412.                        Кои институции имаат надлежност над спроведувањето на одредбите од Законот за игрите на среќа и за забавните игри?

1)        МВР и Министерство за финансии

2)       Министерство за финансии и УЈП

3)       УЈП и МВР


Извор: Член 25 и член 150 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл.весник на РМ 24/11..178/16)   



413.Игрите на среќа се поделени во 3 групи и тоа: 

1)        Специјални игри на среќа, интернет игри на среќа и општи игри на среќа

2)       Општи игри на среќа, посебни игри на среќа и интернет игри на среќа

3)       Виртуелни игри на среќа, посебни игри на среќа и интернет игри на среќа


Извор: Член 4 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 414.                        Приредувањето на игри на среќа во автомат клуб спаѓа во следната група на игри на среќа:

1)        Посебни игри на среќа

2)       Виртуелни игри на среќа

3)       Специјални игри на среќа


Извор: Член 4 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)  



415.Постапката на вршење на надзор, контрола над спроведувањето на Законот за игрите на среќа и за забавните игри и прописите донесени врз основа на овој закон се врши согласно со ?

1)        Законот за Управата за јавни приходи

2)       Законот за даночна постапка

3)       Законот за општата управна постапка


Извор: Член 3 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)  



  1. 416.                        Кој е прв предуслов што треба да го исполни даночниот обврзник (трговско друштво) за отпочнување на постапка за добивање на лиценца?

1)        Обезбеден Надзорно-информациски систем (НИС) 

2)       Депонирани банкарска гаранција и основна главнина на друштвото пропишани во законот

3)       Исполнети просторни и техничко-технолошки услови во деловната просторија


Извор: Член 21-б од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл.весник на РМ 24/11..178/16)   



417.Утврдувањето на исполнувањето на просторните и техничко-технолошките услови и поставеноста на опремата за приредување на игрите на среќа и на забавните игри и издавањето на решение од страна на Управата за јавни приходи се врши во рок од:

1)        15 работни дена од денот на приемот на барањето

2)       30 работни дена од денот на приемот на барањето

3)       5 работни дена од денот на приемот на барањето


Извор: Член 21-а од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл.весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 418.                        Интерактивните игри на среќа спаѓаат во групата на:

1)        Виртуелни игри на среќа

2)       Општи игри на среќа

3)       Интернет игри на среќа

4)       Посебни игри на среќа


Извор: Член 4 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 419.                        Приредувањето на посебните игри на среќа е регулирано со издавање на:

1)        Лиценца

2)       Потврда

3)       Одобрение

4)       Дозвола


Извор: Член 7 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 420.                       Лиценцата за приредувањето на посебните игри на среќа ја издава:

1)        Министерството за финансии

2)       Владата на РСМ

3)       Управата за јавни приходи


Извор: Член 25 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 421.                        Дали е забрането учество во странски игри на среќа, особено ако влоговите се уплаќаат на територијата на Република Македонија?

1)        Да

2)       Не


Извор: Член 13 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 422.                       Која институција го спроведува надзорот над приредувањето на игрите на среќа и на забавните игри ?

1)        МВР

2)       УЈП

3)       Министерство за финансии


Извор: Член 150 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл.весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 423.                       Издавањето и одземањето на дозволите за приредување на игри на среќа и за забавни игри е надлежност на:

1)        Министерството за финансии

2)       Управата за јавни приходи

3)       Владата на РСМ


Извор: Член 25 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 424.                       Исполнувањето на просторните и техничкотехнолошките услови и поставеноста на опремата за приредување на игрите на среќа и на забавните игри во деловните простории од страна на приредувачите на игрите на среќа и на забавните игри го врши:

1)        Управата за јавни приходи

2)       Министерството за внатрешни работи

3)       Посебно акредитирано инспекциско тело 


Извор: Член 21-а од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 425.                       Лиценцата за приредување на томбола од затворен тип се издава за период од:

1)        5 години

2)       4 години

3)       10 години


Извор: Член 41 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 426.                       Исплатата на паричните добивки, односно преземањето на стоковите и другите добивки кај игрите на среќа во казино се врши во рок одреден со правилата на играта на среќа кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на остварувањето на добивката.

1)        Не

2)       Да


Извор: Член 68 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)  



  1. 427.                       За приредување игри на среќа во автомат клуб приредувачот на игри на среќа во автомат клуб плаќа посебна давачка во висина од 25% која се пресметува на разликата меѓу уплатениот износ во сите автомати на тој приредувач и исплатениот износ од сите автомати, во сите деловни простории на приредувачот, на месечна основа.

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 94 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 428.                       За техничката исправност на автоматите за игри на среќа се издава:

1)        Потврда за функционалност

2)       Уверение за техничка исправност на автоматот

3)       Сервисна книшка на автоматот


Извор: Член 145 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 429.                       За констатирана неправилност- приредување на игри на среќа без добиена лиценца или дозвола (нелегален приредувач) предвидена е:

1)        Кривична постапка против организаторот на игрите на среќа

2)       Едукација

3)       Прекршочна постапка против организаторот на игрите на среќа


Извор: Член 156 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 430.                       Деловната просторија каде нелегално се приредувале игри на среќа се запечатува со решение за времена забрана за вршење на дејност во рок од:

1)        30 дена

2)       15 дена

3)       1 година


Извор: Член 156 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)  



431.Дали одмерувањето на висината на глобата за правно лице и трговец-поединец во делот на игрите на среќа се врши согласно со Законот за прекршоците?

1)        Да

2)       Не


Извор: Член 158-в од Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РМ 24/11..178/16)   



  1. 432.                       Управата за јавни приходи има право пред надлежен суд кај кого е поведена постапка за статусни измени (спојување ,припојување или поделба)или други промени над даночниот обврзник во трговскиот регистар (регистрација, пререгистрација)да иницира постапка за суспендирање на започнување на постапката ,заради утврдување на неплатени давачки во рок од:

1)        30 дена

2)       60дена

3)       90 дена


Извор: Член 16 од Закон за Управата за јавни приходи (Сл.весник на РМ 43/14..7/2019)   



  1. 433.                        На барање на Управата за јавни приходи податоците за вршење на работите во платниот промет на учесникот во платниот промет:

1)        Не претставуваат деловна тајна за носителот на платниот промет

2)       Претставуваат деловна тајна за ностителот на платниот промет


Извор: Член 16 од Закон за Управата за јавни приходи (Сл.весник на РМ 43/14..7/2019)   



  1. 434.                       Даночни службеници кои вршат работи од испекциски надзор се:

1)        Даночни инспектори и даночни извшители

2)       Даночни инспектори и даночни контролори

3)       Даночни инспектори и даночни агенти


Извор: Член 20 од Закон за Управата за јавни приходи (Сл.весник на РМ 43/14..7/2019)   



  1. 435.                        Даночните инспектори немаат овластување за привремено одземање на предмети и документи кои можат во прекршочна или кривична постапка
    да послужат како доказ :
     

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Член 20 од Закон за Управата за јавни приходи (Сл.весник на РМ 43/14..7/2019)   



  1. 436.                       Даночните контролори се овластени и за контрола над спроведувањето на Законот за регистрирање на готовински плаќања: 

1)        Да

2)       Не


Извор: Член 20 од Закон за Управата за јавни приходи (Сл.весник на РМ 43/14..7/2019)   



  1. 437.                        Мерката привремена забрана на вршење на дејност со запечатување на објект,опрема или просторија во која ја вршат дејноста согласно закон ,ја изрекуваат:

1)        Даночни извршители

2)       Даночни инспектори

3)       Даночни контролори


Извор: Член 20 од Закон за Управата за јавни приходи (Сл.весник на РМ 43/14..7/2019)   



  1. 438.                       Формата ,содржината начинот на издавање и одземање на службената легитимација на даночните инспектори,даночните контролори и даночните извршители ги пропишува:

1)        Министерот за финансии на предлог на директорот на Управата за јавни приходи

2)       Директорот на Управата за јавни приходи на предлог на Министерот за финансии - Директорот на Управата за јавни приходи


Извор: Член 21 од Закон за Управата за јавни приходи (Сл.весник на РМ 43/14..7/2019)   



  1. 439.                       Службената легитимација која ја издава директорот на Управата за јавни приходи се обновува на:

1)        Не се обновува

2)       Секои 5 години

3)       Секои 10 години


Извор: Член 21 од Закон за Управата за јавни приходи (Сл.весник на РМ 43/14..7/2019)   



  1. 440.                       Физички попис кај даночните обврзници вршат:

1)        Даночни извршители

2)       Даночни контролори

3)       Даночни агенти


Извор: Член 20 од Закон за Управата за јавни приходи (Сл.весник на РМ 43/14..7/2019)   




IV. Прашања од работниот однос на даночните службеници



  1. 441.                        Специфичностите во правата, обврските и одговорностите на даночните службеници се уредени со:

1)        Законот за Управата за јавни приходи

2)       Законот за вработените во јавниот сектор

3)       Законот за административни службеници


Извор: член 27 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 442.                       Вработените во Управата за јавни приходи кои работат работи од областа на финансиското, општо - административно, материјално работење и јавните набавки се вработени со статус на:

1)        Даночни службеници

2)       Државни службеници

3)       Помошно - технички кадар


Извор: член 27 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 443.                       Даночни службеници се:

1)        Административни службеници со посебни должности и овластувања, определени со посебен закон

2)       Државни службеници кои засновале работен однос во институциите на јавниот сектор заради вршење на работи од јавен интерес

3)       Јавни службеници со статус на овластени службени лица


Извор: член 20 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 444.                       Службена легитимација имаат:

1)        Даночните инспектори, даночните контроли и даночните извршители

2)       Даночните инспектори

3)       Сите раководни даночни службеници во Управата за јавни приходи


Извор: член 21 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 445.                       Постапката за вработување на даночни службеници се врши согласно:

1)        Законот за административни службеници

2)       Законот за работните односи

3)       Законот за Управата за јавни приходи


Извор: член 4 од Законот за административни службеници   



  1. 446.                       Даночниот службеник кој е упатен на обука за потребите на Управата за јавни приходи:

1)        Не може да побара престанок на работниот однос до определен датум утврден со писмен договор, доколку не ги надомести средствата потрошени за реализација на обуката

2)       Може да побара да му престане работниот однос доколку обуката е финансирана од други извори, а не од Управата за јавни приходи 


Извор: член 36 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 447.                       Даночните службеници во текот на своето работење:

1)        Се оценуваат на шест месеци

2)       Се оценуваат еднаш годишно

3)       Се оценуваат само во случаи на прераспоредување, унапредување и дисциплинска одговорност

4)       Не се оценуваат бидејќи се лица со посебни должности и овластувања


Извор: член 37 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 448.                       На даночните службеници во своето работење покажале незадоволителни резултати при оценувањето на работата:

1)        Може да им биде откажан договорот за вработување

2)       Може дисциплински и прекршочно да одговараат

3)       Може да им се намали платата за 30%


Извор: член 37 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 449.                       Платата на даночните службеници се уредува со:

1)        Законот за административни службеници

2)       Колективен договор на ниво на работодавач

3)       Правилник за утврдување на вредноста на бодот на основната плата донесен од министерот за финансии


Извор: член 40 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 450.                       Против решението за изрекување на дисциплинска мерка, даночниот службеник има право на:

1)        Жалба до Агенцијата за администрација 

2)       Приговор до директорот на Управата за јавни приходи

3)       Жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен


Извор: член 54 од Законот за Управата за јавни приходи   



451.За прашања од работниот однос на даночните службеници кои не се уредени со Законот за Управата за јавни приходи, се применуваат одредбите од:

1)        Законот за државни службеници

2)       Законот за административни службеници

3)       Законот за вработените во јавниот сектор


Извор: член 27 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 452.                       Жалбата против решението за изрекување на дисциплинска мерка против даночен службеник:

1)        Го одлага неговото извршување до донесување на конечна одлука по жалбата или до истек на рокот за одлучува на жалба

2)       Не го одлага неговото извршување

3)       По правило не одлага неговото извршување, но по барање на даночниот службеник, а заради спречување на настанување на ненадоместлива штета, Управата за јавни приходи може да го одложи извршувањето.


Извор: член 54 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 453.                        Даночниот службеник може да биде суспендиран доколку постои основана причина за сомневање дека:

1)        Го загрозува животот и здравјето на работниците или други лица или се оштетуваат средства од поголема вредност

2)       Го злоупотребил своето работно место во Управата за јавни приходи

3)       Неговото присуство штетно ќе се одрази врз работата на Управата за јавни приходи


Извор: член 57 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 454.                       За време на суспензија, на даночниот службеник му следува надоместок во висина од:

1)        50% од основната плата

2)       80% од основната плата

3)       60% од основната плата


Извор: член 57 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 455.                        Работите и дејностите кои се во судир со службените должности на даночните службеници ги пропишува:

1)        Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата

2)       Директорот на Управата за јавни приходи со оперативна инструкција

3)       Министерот за финансии со правилник


Извор: член 59 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 456.                       Даночните службеници можат да вршат други работи и дејности

1)        Само со претходно одобрение од директорот на Управата за јавни приходи

2)       Не е потребно претходно одобрение од директорот на Управата за јавни приходи

3)       Само ако пополнат Изјава за судир на интереси и Анкетен лист


Извор: член 59 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 457.                        Работите кои се во судир со службените должности на даночните службеници се:

1)        Сите претходно наведени

2)       Членство во Управни и надзорни одбори во трговски друштва и вршење дејност како сопственик, содружник или партнер во трговски друштва

3)       Работи на проценка, вештачење и ревизија

4)       Водење на книговодство, евиденција на трансакции извештаи и друга евиденција кои се во врска со деловното работење на даночниот обврзник, а кои претставуваат активност директно  директно поврзана со утврдувањето на данокот, како и изготвување на даночни пријави (биланси, извештаи и сл.) за компензација, подарок или услуга.



Извор: член 59 од Законот за Управата за јавни приходи   



  1. 458.                       Работните места на даночните службеници се класифицираат во три категории и тоа: Категорија Б- раководни даночни службеници, категорија В- стручни даночни службеници и категорија Г- помошно- стручни даночни службеници. 

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: член 28 од Закон за Управа за јавни приходи    



  1. 459.                       Унапредувањата на даночните службеници можат да бидат:

1)        Времени

2)       Постојани

3)       Сите понудени одговори


Извор: член 34 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 460.                       Решението за изрекување на дисциплинска мерка го донесува:

1)        Директорот

2)       Раководителот на секторот за човечки ресурси

3)       Претседателот на дисциплинската комисија


Извор: член 51 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 461.                        Против решението за изрекување на дисциплинска мерка, даночниот службеник има право на жалба во рок од:

1)        3 работни дена од денот на приемот на решението

2)       8 дена од денот на приемот на решението

3)       15 дена од денот на приемот на решението


Извор: член 54 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 462.                       Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност е составена од:

1)        5 члена

2)       3 члена и нивни заменици

3)       5 члена и нивни заменици


Извор: член 55 од Закон за Управа за јавни приходи   


 

  1. 463.                       Комисијата за утврдување на материјална одговорност е составена од:

1)        3 члена и нивни заменици

2)       5 члена и нивни заменици

3)       5 члена


Извор: член 58 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 464.                       Составот на комисијата за утврдување на материјална одговорност е:

1)        Претседател на комисијата е раководен даночен службеник, а членовите се двајца даночни службеници на исто ниво како даночниот службеник против кого се води постапката за утврдување на материјална одговорност

2)       Претседател на комисијата е службеник на исто ниво како даночниот службеник, а членовите се двајца даночни службеници на пониско ниво од даночниот службеник против кого се води постапката за утврдување на материјална одговорност.


Извор: член 58 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 465.                       Обврската на даночниот службеник за чување на даночна или службена тајна утврдена со Законот за управа за јавни приходи и посебни прописи, важи и по престанокот на работниот однос во Управата за јавни приходи, се до престанокот на периодот за ограничување.

1)        Точно

2)       Неточно. Важи само додека даночниот службеник е во работен однос во Управата за јавни приходи.


Извор: член 60 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 466.                       На даночниот службеник ќе му се откаже договорот за вработување:

1)        Сите претходно наведени одговори

2)       Во други случаи утврдени со закон

3)       Поради деловни причини

4)       Ако биде оценет со оценка „не задоволува“ два пати последователно или во последните пет години најмалку трипати

5)       Ако се утврди дека при вработувањето премолчил или дал невистинити податоци во однос општите и посебните услови за вработување со денот на конечноста на решението или со истекот на рокот за одлучување по жалба против решението

6)       Ако даночниот службеник писмено изјави дека го откажува договорот за вработување



Извор: член 64 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 467.                       Задршката од плата на име изречени парични казни на даночниот службеник, во текот на еден месец:

1)        Не може да надмине една третина од износот на неговата вкупна нето- плата за тој месец

2)       Може да надмине една третина од износот на неговата вкупна нето- плата за тој месец доколку има повеќе налози за извршување


Извор: член 56 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 468.                       Кандидатот за даночен службеник полага испит за даночен службеник во:

1)        Државниот испитен центар

2)       Агенцијата за администрација

3)       Управата за јавни приходи


Извор: член 32 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 469.                       Покрај општите услови за пополнување на работно место согласно со законот кој го уредува статусот на административните службеници, кандидатот треба да ги исполни и посебните услови за соодветното ниво на работно место, согласно класификацијата на работни места на даночните службеници.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: член 32 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 470.                       Во случај на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски на даночниот службеник може да му се изрече една од дисциплинските мерки: 

1)        пропишани со колективен договор

2)       пропишани со Законот за Управата за јавни приходи

3)       пропишани со Законот за административни службеници


Извор: член 45 од Закон за Управа за јавни приходи   



471.Во кој рок директорот на Управата за јавни приходи е надлежен да го донесе Решението за изрелување на дисциплинска мерка на даночниот службеник?

1)        Во рок од 6 месеци од денот на пријавувањето на повредата на работниот ред и дисциплина или неисполнувањето на работните обврските, а најдоцна во рок од 1 година од денот кога е сторена повредата.

2)       Во рок од 6 месеци од денот на пријавувањето на повредата на работниот ред и дисциплина или неисполнувањето на работните обврските, а најдоцна во рок од 2 години од денот кога е сторена повредата.

3)       Во рок од 3 месеци од денот на пријавувањето на повредата на работниот ред и дисциплина или неисполнувањето на работните обврските, а најдоцна во рок од 6 месеци од денот кога е сторена повредата.


Извор: член 53 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 472.                       Кои дисциплински мерки може да му се изречат на даночниот службеник во случај на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски?

1)        Писмена опомена, парична казна и откажување на договорот за вработување

2)       Писмена опомена, парична казна, откажување на договорот за вработување и распоредување на друго работно место од пониско ниво

3)       Суспендирање, парична казна и откажување на договорот за вработување


Извор: член 45 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 473.                        Колку дисциплински мерки може да му се изречат на даночниот службеник со решение на директорот на Управата за јавни приходи?

1)        Само една од предвидените дисциплински мерки во Законот за Управата за јавни приходи

2)       Сите дисциплински мерки предвидени во Законот за Управата за јавни приходи

3)       Писмена опомена и парична казна може да се изречат кумулативно


Извор: член 45 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 474.                       Дали директорот на Управата за јавни приходи може на даночниот службеник наместо откажување на договорот за вработување да му изрече дисциплинска мерка распоредување на друго работно место?

1)        Не

2)       Да


Извор: член 45 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 475.                        Дали со Законот за Управата за јавни приходи е предвидена дисциплинска мерка распоредување на друго работно место кое е за две нивоа пониско од работното место на кое е распореден даночниот службеник?

1)        Не

2)       Да


Извор: член 45 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 476.                       Дали наместо откажување на договорот за вработување или изрекување на парична казна, директорот на Управата за јавни приходи може на даночниот службеник да му изрече писмена опомена?

1)        Да

2)       Може да изрече писмена опомена само доколку е предложена парична казна од страна на дисциплинската комисија, а не и кога е предложена дисциплинска мерка откажување на договорот за вработување


Извор: член 46 и 47 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 477.                        Паричната казна која може да ја изрече директорот на Управата за јавни приходи на даночниот службеник не може да биде поголема од:

1)        30% од последната исплатена месечна нето - плата на работникот, во траење од еден месец

2)       15% од последната исплатена месечна нето - плата на работникот, во траење од еден до шест месеци

3)       20% од последната исплатена месечна нето - плата на работникот, во траење од еден до три месеци


Извор: член 45 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 478.                       Суспендирањето на даночниот службеник трае:

1)        се додека трае и причината за отстранувањето

2)       најдолго три месеци

3)       најдолго 24 часа


Извор: член 57 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 479.                       Жалбата против решението за суспендирање на даночниот службеник:

1)        Не го задржува извршувањето на решението за суспендирање

2)       Го задржува извршувањето на решението за суспендирање


Извор: член 57 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 480.                       Решение за суспендирање или враќање на работа на даночниот службеник носи директорот на Управата за јавни приходи:

1)        Во писмена форма

2)       Може и во усмена форма во итни  случаи предвидени со закон


Извор: член 57 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 481.                        Даночниот службеник смее да користи привилегии, да бара и да прима материјална или друга корист при исполнување на своите обврски, доколку за тоа има претходно одобрување од директорот на Управата за јавниприходи.

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: член 32 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 482.                       Дали даночниот службеник може да биде член на управни и надзорни органи на трговски друштва?

1)        Може со претходно одобрение на директорот

2)       Не

3)       Да


Извор: член 59 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 483.                       Даночниот службеник за непридржување кон обврската за чување на даночна тајна може да одговара:

Дисциплински, прекршочно или кривично

Дисциплински и кривично

Прекршочно


Извор: член 60 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 484.                       Постапката за прекршочна или кривична одговорност за непридржување кон обврската за чување на даночна тајна на даночниот службеник може да биде покрената и против лица на кои им престанал работниот однос во Управата за јавни приходи во согласност со закон

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: член 60 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 485.                       Дали даночен службеник има право да основа синдикат во согласност со закон?

1)        Да

2)       Не


Извор: член 22 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 486.                       На даночниот службеник ќе му се откаже договорот за вработување ако се утврди дека при вработувањето премолчил или дал невистинити податоци во однос општите и посебните услови за вработување со денот на конечноста на решението или со истекот на рокот за одлучување по жалба против решението

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: член 64 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 487.                       На даночниот службеник ќе му се откаже договорот за вработување ако биде оценет со оценка „не задоволува“ два пати последователно или во последните пет години најмалку трипати.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: член 64 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 488.                       Даночните службеници во текот на своето работење не се оценуваат бидејќи се лица со посебни должности и овластувања.

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: член 37 од Закон за Управата за јавни приходи   



  1. 489.                       Даночни службеници се административни службеници со посебни должности и овластувања, определени со посебен закон.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: Член 20 од Закон за Управата за јавни приходи   



  1. 490.                       Стилот на облекување и надворешниот изглед на вработените во Управата за јавни приходи  е лична работа и избор на секој човек без оглед на работното место 

1)        Неточно

2)       Точно


Извор: Кодекс на однесување на вработените во Управата за јавни приходи    



  1. 491.                        Во случај кога на даночниот службеник со правосилна судска пресуда му е изречена затворска казна повеќе од шест месеци:

1)        Му мирува работниот однос за времетраење на издржувањето на казната затвор без надомест на плата

2)       Му се откажува договорот за вработување во Управата за јавни приходи

3)       Се суспендира додека траат причините за суспендирањето и потоа се враќа на работа


Извор: член 65 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 492.                       Работните места на даночните службеници од категорија Б се:

1)        Раководни даночни службеници

2)       Стручни даночни службеници

3)       Помошно- стручни даночни службеници


Извор: член 28 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 493.                       Работните места на даночните службеници од категорија В се

1)        Стручни даночни службеници 

2)       Раководни даночни службеници

3)       Помошно- стручни даночни службеници


Извор: член 28 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 494.                       Работните места на даночните службеници од категорија Г се:

1)        Помошно- стручни даночни службеници

2)       Стручни даночни службеници

3)       Раководни даночни службеници


Извор: член 28 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 495.                       За повреда на службената должност даночниот службеник одговара дисциплински.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: член 32 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 496.                       Даночниот службеник не смее во неовластени цели да користи и да даде која било информација која ја осознал во даночната постапка.

1)        Точно

2)       Неточно


Извор: член 60 од Закон за Управа за јавни приходи    



  1. 497.                       Кој ја води постапката за утврдување на дисциплинска одговорност?

1)        Директорот Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност формирана од директорт

2)       Министерот за финансии

3)      

Извор: член 55 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 498.                       Кој во текот на даночната постапка има овластување за привремено одземање на предмети и документи кои можат во прекршочна или  кривична постапка  да послужат како доказ согласно Законот за Управата за јавни приходи?

1)        Даночниот инспектор

2)       Овластено службено лице на Министерството за внатрешни работи

3)       Надлежен јавен обвинител


Извор: член 20 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 499.                       Кој во текот на даночната постапка има овластување за привремена забрана за вршење на дејност со запечатување на објект, опрема или просторија во која се врши дејност  

1)        Надлежен јавен обвинител

2)       Даночниот инспектор

3)       Овластено службено лице на Министерството за внатрешни работи


Извор: член 20 од Закон за Управа за јавни приходи   



  1. 500.                       Дали даночниот инспектор има овластување да изрече мандатна казна?

1)        Да

2)       Не


Извор: член 20 од Закон за Управа за јавни приходи