Ден на јавната администрација „Доверба, интегритет и резултати: Темели на модерна и европска јавна администрација“


По повод на Денот на јавната администрација на покана од страна на Министерството за јавна администрација на 23 јуни 2026 година во Скопје, Агенцијата за администрација, претставувана од директорот д-р Љубица Караманди Попчевски, генералниот секретар, г-ѓа Андријана Јанкуловска Ангеловска и г-ѓа Изабела Младенова Цветковска, раководител на Сектор, присуствуваше на одбележувањето на Денот на јавната администрација „Доверба, интегритет и резултати: Темели на модерна и европска јавна администрација“.

Министерството за јавна администрација ги истакна значајните реформи насочени кон дополнителното јакнење на професионализмот, интегритетот и ефикасноста на институциите. Во рамки на настанот на институциите им беа доделени признанија за управувањето со квалитетот во јавниот сектор.

Агенцијата за администрација ја користи оваа прилика на институциите, административните службеници и вработените во јавниот сектор да им честита за нивната посветеност и професионализам во секојдневната комуникација, преку кои несебично се обезбедуваат еднакви услуги за сите граѓани.

23 јуни - Денот на јавната администрација е потсетник за значењето на јавната служба и мотив за осовременување и јакнење на јавната администрација.


Скопје,

23 јуни 2026 година