Одржан работен состанок помеѓу Агенцијата за администрација и Државното правобранителство на Република Северна Македонија
На 15 октомври 2025 година во просториите на Државното правобранителство на Република Северна Македонија, по барање од страна на Агенцијата за администрација, се одржа работен состанок на кој се дискутираше за постапката во случај на поведени судски постапки од областа на работните односи против одлуки/решенија во втор степен донесени од страна на Агенцијата за администрација, за кои Државното правобранителство на Република Северна Македонија има право и должност да презема правни мерки и средства пред судовите заради правна заштита на првостепените органи.
На работниот состанок се иницираше склучување на Меморандум за соработка помеѓу двете институции со цел воспоставување ефективна институционална соработка по прашањата од заеднички интерес.
