Дводневна работилница за новите закони за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Дата: 15.10.2025
На 25 и 26 септември 2025 година претставници на Агенцијата за администрација учествуваа на работилница во Велес на која се дискутираа и се нотираа предизвиците од новиот Закон за вработените во јавниот сектор и Закон за административните службеници, организирана од страна на Центарот за управување со промени и Министерството за јавна администрација.
Покрај претставниците на Агенцијата за администрација на работилницата присуствуваа и претставници од Министерството за јавна администрација и Државниот управен инспекторат.
На средбата, во атмосфера на конструктивен дијалог, покрај запознавање со новите закони се дискутираше за можните решенија и клучните елементи кои треба да бидат содржани во подзаконските акти, а кои произлегуваат од Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници.