СООПШТЕНИЕ
Скопје, 18 декември 2025 година
Промоција на унапредена ИТ алатка за следење на имплементацијата на Стратегијата на РЈА
На покана од страна на Министерството за јавна администрација на 18 декември 2025 година директорот на Агенцијата за администрација, д-р Љубица Караманди Попчевски, генералниот секретар, г-ѓа Андријана Јанкуловска Ангеловска и државниот советник за правни работи, г-ѓа Маријана Трипуновска присуствуваа на настанот за Промоција на унапредената ИТ алатка за следење на имплеметацијата на Стратегијата за РЈА во хотел Duble Tree by Hilton, Скопје.
Настанот беше организиран со цел информирање, поттикнување и подигнување на свеста за дигиталната трансформација во јавната администрација, употребата, значењето, придобивките за ефикасна имплементација за употреба на ИТ алатката во следењето на процесот на реформата на јавната администрација.
Преку овој процес за имплементацијата на дигитализацијата и интеграцијата на современите ИТ системи се поедностават услугите и се подигнува квалитетот во работењето на институциите, со што се зголемува ефикасноста, транспарентноста и отчетноста кон граѓаните.
Дигитализацијата на јавната администрација во процесот за следење на резултати е клучна за реформата на јавната администрација во земјата.
