СКЛУЧЕН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ФИНКИ


АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА преставувана од директорот д-р Љубица Караманди Попчевски и ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, претставуван од деканот на факултетот вон. проф. д-р Петре Ламески, на 22 мај 2026 година, склучија Меморандум за соработка.

Предмет на овој Меморандум е остварување на заедничка соработка во размена на искуства, знаења, едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете договорни страни имаат стратешки и програмски интереси, како и кадровски и други потенцијали.

Меѓусебната соработка ќе се реализира во различни домени од делокругот на работењето, а особено внимание ќе се даде на ангажирање на студенти од Факултетот за потребите на Агенцијата, организација и спроведување на едукативни активности за практично усовршување на студентите (практична настава), организација и спроведување на едукативни активности (семинари, обуки, работилници и сл.) за стручно усовршување на административните службеници и на вработените во Агенцијата, изработка на магистерски и докторски трудови од страна на магистрантите и доктораните на фаултетот, а во функција на проекти од интерес на Агенцијата, консултатитвни активности, стручни и начни истражувања, експертска помош при изработка на проекти, анализи, предлози и други форми на размена на знаење и искуство на насока на истражување и развој од заеднички интерес.

Меморандумот за соработка е од особено значење за Агенцијата за администрација, бидејќи за прв пат на студентите на ФИНКИ им се овозможува својата практичната настава да ја реализираат во Агенцијата.