СООПШТЕНИЕ
за обновување на Сертификатот за примена на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот MKС EN ISO 9001:2015
Во Агенцијата за администрација на 05.11.2024 година е обновен Сертификатот за примена на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот MKС EN ISO 9001:2015, во опсег: Организација и спроведување на постапки за вработување на административни службеници и одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен со важност од три години, се до 04.11.2027 година.
Агенцијата за администрација на 05.11.2018 година се стекна со Сертификатот за примена на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот MKС EN ISO 9001:2015 кој важеше се до 04.11.2021 година. Сертификат беше обновен на 05.11.2021 година и важеше се до 04.11.2024 година. Сертификатот повторно е обновен на 05.11.2024 година по успешно спроведена ресертификациска проверка и претставува потврда за квалитетното, професионално и одговорно работење на Агенцијата за администрација.
Поседувањето на Сертификат за примена на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот MKС EN ISO 9001:2015 придонесува за препознатливост на Агенцијата за администрација како една од институциите од стратешко значење во процесот на создавање, развој и одржливост на професионална и компетентна администрација во Република Северна Македонија и зајакнување на нејзината правна сигурност.