Учество на Агенцијата за администрација на седницата на Секретаријатот за реформа на јавната администрација
Генералниот секретар на Агенцијата за администрација, Андријана Јанкуловска Ангеловска, учествуваше на Четвртата седница на Секретаријатот за реформа на јавната администрација, што се одржа на 13.10.2025 година, во Министерството за јавна администрација.
На седницата, со која претседаваше заменик министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, беше усвоен Нацрт ажурираниот Акциски план 2023–2026 година, прилагоден за периодот 2025–2026 година, согласно новиот Закон за организација и работа на органите на државната управа и новите стратешки приоритети на Владата.
Учеството на генералниот секретар на Агенцијата за администрација претставува континуирана поддршка на реформските процеси и активно вклучување во унапредувањето на кадровските политики и јакнењето на институционалните капацитети на јавната администрација.
Со оваа седница се потврди заедничката заложба на институциите-членки на Секретаријатот за градење модерна, ефикасна и транспарентна јавна администрација во служба на граѓаните.
