СООПШТЕНИЕ за обука во АА


Скопје,  15 октомври 2025 година


Агенцијата за администрација започна внатрешна обука за постапките за спроведување на селекција на кандидати за вработување на административни службеници на јавен оглас и интерен оглас.

Обуката се реализира во просториите на Агенцијата за администрација секој работен ден во месец октомври 2025 година.


Обуката е задолжителна за сите вработени во Секторот за селекција на кандидати за вработување, како и други вработени од Агенцијата за администрација.  


Целта на обуката е запознавање на задолжените вработени со целокупниот процес за спроведување на јавен и интерен оглас, со посебен осврт на запознавање со постапката на селекција на кандидати за вработување на работни места за административни службеници на јавен оглас, која се состои од три фази и тоа административна селекција, испит за административен службеник и проверка на веродостојност на докази и интервју.


Обуката ја спроведуваат административни службеници од Секторот за селекција на кандидати за вработување, при што секој поединечно врши претставување  на својот дел на работа со што преку практични примери се врши  запознавање со сите фази од постапката за селекција за вработување, сè со цел непречено извршување на работните задачи, како и ефикасна примена на законодавството во натамошниот процес на работа.