СООПШТЕНИЕ

Јавна дебата на тема: „Законот за високите раководители на ораните на државната управа и фондовите“

Скопје, 21 јануари 2026 година


Директорот на Агенцијата за администрација, д-р Љубица Караманди Попчевски на покана од страна на Министерството за јавна администрација на 21 јануари 2026 година присуствуваше на Јавната дебата на тема: „Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите“.

На Јавната дебата се отвори стручна дискусија за предложените законски решенија, со учество на претставници на институциите, академската заедница, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери, а сè со цел унапредување на законското решение преку заеднички придонес на сите засегнати страни. Транспарентноста при носењето на ова законско решение преку заедничка јавна дискусија е од посебно значење за поголем квалитет на јавната адмнистрација.

Имајќи ја во предвид содржината и значењето на темата на дискусија на јавната дебата, како претставник од Одделението за управување со човечки ресурси во Агенцијата за администрација, Неда Даниловска, учествуваше во работата на работната група.