ЛИСТА НА ПРАШАЊА ЗА ИСПИТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ (ОПШТ ДЕЛ)
Закон за прекршоци
1. Прекршочната постапка не може да се поведе ниту да се води ако поминат:
а) две години од денот кога е сторен прекршокот
б) три години од денот кога е сторен прекршокот
в) една година од денот кога е сторен прекршокот
2. Изречената прекршочна санкција не може да се изврши ако од денот на правосилноста на одлуката за прекршокот поминале:
а) три години
б) две години
в) една година
3. Надлежните државни органи овластени за поведување на прекршочна постапка се должни да му предложат на сторителот на прекршокот една од забрзаните постапки, пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка, ако:
а) тоа е определено со закон
б) инспекторот тоа го побара
в) странката тоа го побара
4. Против одлуката за прекршок што ја донел прекршочниот орган може да се поднесе жалба преку прекршочниот орган до:
а) државна комисија
б) ресорниот министер
в) инспекциски совет
5. Против пресуда и решение на првостепениот суд може да се изјави
а) жалба до второстепениот суд
б) жалба до инспекциски совет
в) тужба пред Управен суд
6. Против одлуката за прекршок што ја донела Државната комисија може да се поднесе:
а) жалба до Врховен суд
б) тужба за поведување на управен спор
в) жалба до Виш управен суд
7. Постапката пред првостепениот суд мора да се заврши
а) во рок од 3 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка
б) најдоцна во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка
в) во рок од 6 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка
8. За прекршоци за кои е пропишана глоба над 15.000 евра во денарска противвредност постапката пред прекршочната комисија мора да се заврши
а) во рок од 6 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка
б) во рок од 3 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка
в) најдоцна во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка
9. Со законот со кој се пропишува прекршок за изрекување глоба со мандатен платен налог може да се пропише износ кој за физички лица не може да биде поголем
а) од 50 евра во денарска противвредност
б) од 500 евра во денарска противвредност
в) од 1000 евра во денарска противвредност
10. Со законот со кој се пропишува прекршок за изрекување глоба со мандатен платен налог може да се пропише износ кој за правно лице не може да биде поголем
а) од 1.500 евра во денарска противвредност
б) нема ограничување
в) од 5.000 евра во денарска противвредност
11. Во одлуката за прекршокот се определува рокот за плаќање на глобата кој не може да биде пократок:
а) од 15 дена ниту подолг од 90 дена од денот на правосилноста односно конечноста на одлуката
б) од 8 дена ниту подолг од 30 дена од денот на правосилноста односно конечноста на одлуката
в) од 1 месец ниту подолг од 6 месеци од денот на правосилноста односно конечноста на одлуката
12. Кога прекршокот е сторен под особено олеснувачки околности, глобата за физичко лице може да се ублажи
а) за една половина
б) не може
в) за една третина
13. Глобата за одговорно лице во правно лице е:
а) од 15 евра во денарска противвредност до 1.000 евра во денарска противвредност
б) 30% од одмерената глоба за правното лице
в) од 50 евра во денарска противвредност до 2.000 евра во денарска противвредност
14. Глобата за одговорно лице во трговец поединец е:
а) 30% од одмерената глоба за трговец поединец
б) од 15 евра во денарска противвредност до 1.000 евра во денарска противвредност
в) од 50 евра во денарска противвредност до 2.000 евра во денарска противвредност
15. На стoрителот на прекршокот може да му се забрани вршење определена професија, дејност или должност од страна на судот и тоа:
а) најдолго до една година, сметајќи од денот на правосилноста на одлуката
б) од 6 месеци до 5 години
в) најмалку три дена до најмногу 30 дена
16. Во одлуката од судот со која на правното лице односно трговец поединец се изрекува санкција привремена забрана на вршење одделна дејност се определува траењето на санкцијата:
а) кое не може да биде пократко од шест месеца ниту подолго од три години
б) кое не може да биде пократко од три месеца ниту подолго од три години
в) кое не може да биде пократко од три месеца ниту подолго од пет години
17. За прекршоци на правни лица и трговец поединец може да се изречат следниве санкции:
а) опомена, глоба и забрана за вршење на професија, дејност или должност
б) глоба и привремена забрана за вршење одделна дејност
в) опомена, глоба и привремена забрана за вршење на одделна дејност
18. По приемот и потпишувањето на прекршочниот платен налог сторителот е должен да ја плати глобата:
а) во рок од 15 дена од приемот на прекршочниот платен налог
б) во рок од 8 дена од приемот на прекршочниот платен налог
в) во рок од 30 дена од приемот на прекршочниот платен налог
19. Сторителот кој ќе ја плати глобата во законскиот рок од приемот на прекршочниот платен налог:
а) ќе плати 30% од изречената глоба
б) ќе плати половина од изречената глоба
в) ќе плати 70% од изречената глоба
20. Ако сторителот не ја плати глобата во законскиот рок службеното лице:
а) поднесува барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд, односно прекршочен орган
б) поднесува тужба до надлежниот суд
в) поднесува тужба за поведување на управен спор
21. Една од забрзаните постапки е:
а) постапка за спогодување со физички и правни лица
б) постапка за медијација со физички и правни лица
в) постапка за посредување со физички и правни лица
22. Против одлуката за прекршок што ја донел прекршочниот орган може да се поднесе жалба во рок од:
а) 15 дена
б) 8 дена
в) 30 дена
23. Против одлуката за прекршок што ја донел судот може да се поднесе жалба во рок од:
а) 30 дена
б) 8 дена
в) 15 дена
24. За присилно извршување на глобата важат одредбите од:
а) Законот за даночната постапка
б) Законот за извршување на санкциите
в) Законот за кривичната постапка
25. Забрана на управување со моторно возило може да се определи во траење:
а) од 30 дена до 1 година
б) од 3 месеци до три години
в) од 6 месеци до пет години
26. Задржување на лица под дејство на алкохол или на други психотропни супстанци може да одреди Министерството за внатрешни работи и истото трае:
а) најмногу 24 часа
б) најмногу 12 часа
в) најмногу 48 часа
27. Задржување странец во прифатен центар одреден од страна на судот може да трае:
а) најмногу 24 часа
б) најмногу 48 часа
в) до 30 дена
28. Судот што ја води прекршочната постапка со решение ќе ја запре ако:
а) ако кај обвинетиот настапила привремена душевна болест
б) ако глобата е платена
в) ако не може да се утврди живеалиштето или не е достапен на државните органи
29. Ако постапката за спогодување не успее, комисијата за спогодување:
а) поднесува тужба за поведување на управен спор
б) го известува надлежниот орган кој го констатирал прекршокот
в) поднесува барање за поведување на прекршочна постапка
30. Санкциите изречени за претходно сторен прекршок не може да се сметаат за отежнувачка околност спрема полнолетен сторител, ако од денот на правосилноста на одлуката за прекршок до сторување на новиот прекршок поминале:
а) повеќе од 3 години
б) повеќе од 5 години
в) повеќе од 2 години
Прашања од ЗОРОДУ
1. Со кој закон се уредува организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа ?
а) со Законот за Владата на Република Македонија
б) со Законот за организација и работа на органите на државната управа
в) со Законот за Владата на Република Македонија
2. Органите на државната управа се дел од ....
а) законодавната власт
б) извршната власт
в) инспекциската власт
3. Органи на државната управа можат да бидат .....
а) министерства и судови
б) министерства, други органи на државната управа и управни организации
в) министерства, судови и собрание
4. Самостојниот орган на државната управа за својата работа одговара на .....
а) Владата на Република Македонија и соодветното министерство
б) Собранието на Република Македонија
в) Инспекцискиот Совет
5. Управните организации се основани како .....
а) паралелни организации на државната управа
б) самостојни органи на државната управа
в) подорганизации на државната управа
7. Органите на државната управа во рамките на своите надлежности постапуваат во согласност со ....
а) Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори
б) Уставот, законите и правилата
в) Уставот и законите
8. Предлозите на законите кои како овластен предлагач ги предлага Владата на Република Македонија се подготвени од ........
а) Законодавно-правната комисија
б) органите на државната управа
в) Секретаријатот за законодавство
9. Со закон може на единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје да им се довери извршување на определени работи од надлежноста на органите на државната управа ....
а) не
б) да
10. Законите и прописите кои се однесуваат на органите на државната управа се применуваат и од страна на физичките и правните лица кои со закон се овластени да извршуваат работи од надлежност на државната управа .....
а) не
б) да
11. Законот за организација и работа на органите на државната управа, вклучително и законите со кои се вршат неговите изменувања и дополнувања се донесуваат со ....
а) просто мнозинство
б) двотретинско мнозинство
в) квалификувано мнозинство
12. Бирото за стопански недоволно развиените подрачја работи во состав на ....
а) Министерството за економија
б) Министерството за локална самоуправа
в) Министерството за локална самоуправа и Министерството за економија
13. Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Македонија работи во состав на ......
а) Владата на Република Македонија
б) Министерството за култура
в) Министерството за локална самоуправа
14. Надзорот над работата на министерствата го врши ....
а) Владата на Република Македонија
б) Инспекцискиот Совет
в) Законодавно- правната комисија
15. Надзорот над работата над органите во состав на министерствата го вршат ....
а) Управниот Совет
б) министерствата
в) Инспекцискиот Совет
16. Со работата на министерството раководи .....
а) министерот
б) секретарот
в) секретаријатот
17. Заменикот на министерот на соодветното министерство го именува и разрешува ....
а) Собранието на Република Македонија
б) министерот
в) Владата на Република Македонија
18. Предлог от за именување и разрешување на заменик на министерот на соодветното министерство до Собранието на Република Македонија го доставува ......
а) министерот на соодветното министерство
б) претседателот на Владата на Република Македонија
в) Владата на Република Македонија
19. Со самостојниот орган на државната управа, односно со управната организација раководи .....
а) секретарот
б) директорот
в) управникот
20. Ако меѓу министерствата настане спор во врска со надлежноста или се појават други спорни прашања во вршењето на работите од нивна надлежност, овие министерства се должни да формираат ..............
а) меѓуресорска група за решавање на спорните прашања
б) одбор за медитација
в) арбитражен суд
21. Правилниците од надлежност на одредено министерство ги донесува ...
а) Владата на Република Македонија
б) министерот
в) Министерството
Прашања од ЗОУП и Закон за управни спорови
1. Управни работи претставуваат...
a) сите акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи, а со кои се решава или влијае на правата, обврските или правните интереси на физичките лица, правните лица или другите странки во постапката, како и секоја друга работа која што е одредена како управна со посебен закон
б) активностите на Управниот суд
в) акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи
извор - Закон за општата управна постапка
2. Со посебните закони одделни работи може да се уредат поинаку од овој закон, доколку...
a) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон и не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон
б) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон
в) не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон
извор - Закон за општата управна постапка
3. „Јавен орган“ претставуваат...
a) министерствата, органите на државната управа, организации утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;
б) министерствата, органите на државната управа, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;
в) министерствата, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;
извор - Закон за општата управна постапка
4. „Колегијален орган“ претставува...
a) тело кое е составено од три или повеќе членови, а кое врз основа на закон е овластено да постапува, решава и презема други управни дејствија во управни работи
б) тело кое е составено од најмалку два членови
извор - Закон за општата управна постапка
5. „Управен акт“ е...
a) поединечен акт на јавен орган кој е донесен врз основа на закон со кој се решава за правата, обврските и правните интереси на странките
б) поединечен акт на јавенорган и на управен суд
в) секој поединечен акт
извор - Закон за општата управна постапка
6. „Странка“ е ...
a) секое физичко
б) физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка,
в) секое физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка, против кое е поведена управната постапка, кое е вклучено во постапка поведена по службена должност, или кое заради заштита на своите права или правни интереси има право да учествува во управната постапка. Странка може да биде и јавен орган, подружница или друга деловна единица на трговско друштво, населба и слично или група лица, иако немаат својство на правно лице;
извор - Закон за општата управна постапка
7. „Управен договор“ е...
a) секој договор што го склучува јавниот орган
б) договор кој јавниот орган го склучува со странката заради вршење на јавни овластувања од надлежност на јавниот орган, кога тоа е утврдено со посебен закон
в) договор помеѓу јавниот орган и друго правно лице
извор - Закон за општата управна постапка
8. „Реален акт“ е...
a) акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор, што може да има правно дејство врз правата, обврските или правните интереси на некое лице, како што се јавните информации, примање изјави, водење евиденција, издавање уверенија, дејствија на извршување и други фактички дејствија
б) секој акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор
в) јавните информации, примањето изјави и водењето евиденција
извор - Закон за општата управна постапка
9. Јавните органи постапуваат во согласност со...
a) законите
б) законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија
в) Уставот на Република Македонија, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија
извор - Закон за општата управна постапка
10. Во управната постапка, полномошно...
a) може да се даде писмено или усно на записник
б) не може да се даде
в) може да се даде и на надриписар
извор - Закон за општата управна постапка
11. Поднесоците можат да се предадат ....
a) непосредно или да се испратат по пошта, усно да се соопштат на записник и да се поднесат во електронска форма согласно закон
б) по пошта
в) непосредно или да се испратат по пошта, усно да се соопштат на записник
извор - Закон за општата управна постапка
12. Како се потврдува предавањето на писменото во управната постапка?
a) Јавниот орган по службена должност издава потврда, односно доказ за приемот, кој ги вклучува датумот и времето на приемот на поднесокот, предметот на барањето, списокот на приложени документи и роковите за издавање на управниот акт.
б) со доставница која ја потпишува примачот
в) со доставница која ја потпишува било кој возрасен член од семејството на примачот
извор - Закон за општата управна постапка
13. Доставата во управната постапка се врши по пат на:
а) препорачано писмо, преку лично, посредно или јавно доставување, како и по електронски пат или со официјално објавување.
б) непрепорачана поштенска пратка
в) итна пратка
извор - Закон за општата управна постапка
12. Кога се работи за доставување на писмено во управна постапка, на странка чие живеалиште, односно седиште е непознато, или кога се работи за акти кои се однесуваат на повеќе странки, јавниот орган доставата...
a) ја врши со јавна објава
б) ја врши преку Министерството за внатрешни работи
в) не ја извршува
извор - Закон за општата управна постапка
13. Ако последниот ден на рокот за одредено дејствие во управна постапка е неработен ден, ден на државен празник и неработен ден кој се празнува , рокот истекува...
a) на првиот нареден работен ден
б) на првиот нареден ден
в) на истиот ден
извор - Закон за општата управна постапка
14. Роковите во управната постапка се сметаат на ...
a) денови, месеци и години може и во часови
б) денови и месеци
в) денови и недели
извор - Закон за општата управна постапка
15. Апсолутниот рок за враќање во поранешна состојба во управната постапка е ...
a) шест месеци
б) една година
в) три години
извор - Закон за општата управна постапка
16. До кого се поднесува предлогот за враќање во поранешна состојба во управната постапка?
a) до јавниот орган кај кого требало да се изврши пропуштеното дејствие
б) до Управниот суд
в) до Државниот управен инспекторат
извор - Закон за општата управна постапка
17. Кој ја поведува управната постапка?
a) надлежниот јавен орган по службена должност или по повод барање на странката
б) Управниот суд по службена должност
в) Државниот управен инспекторат по барање на странката
извор - Закон за општата управна постапка
18 Барањето за поведување на управна постапка се поднесува на ...
a) образец кој јавниот орган е должен да изготви, а на кој таксативно се наведени доказите и податоците кои странката е должна да ги приложи кон барањето и доказите и податоците кои јавниот орган надлежен за решавање на работата ги прибавува по службена должност.
б) во електронска форма
в) поднесок кој странката самата го подготвува
извор - Закон за општата управна постапка
19. Порамнувањето во управната постапка ...
a) се запишува во записник
б) се врши со донесување на управен акт
в) го врши Управниот суд
извор - Закон за општата управна постапка
20. Порамнувањето во управна постапка мора да биде секогаш јасно и определено и не смее да биде на штета на јавниот интерес или на правниот интерес на трети лица
a) точно
б) неточно
извор - Закон за општата управна постапка
21. Странката може да дава изјави усно на записник или во писмена форма во секоја фаза од постапката
a) точно
б) неточно
извор - Закон за општата управна постапка
22. Ако во текот на постапката јавниот орган кој ја води управната постапка наиде на претходно прашање, ќе ја прекине постапката додека не се реши претходното прашање и за тоа ја известува странката.
a) точно
б) неточно
извор - Закон за општата управна постапка
23. Кога постапката по претходното прашање треба да се поведе на барање од странката, известувањето за прекинот на постапката исто така содржи и упатство за ова барање ...
a) точно
б) неточно
извор - Закон за општата управна постапка
24. Исправите издадени од јавен орган на странска држава, кои во земјата каде што се издадени важат како јавни исправи,. ...
a) важат како јавни исправи и во нашата држава
б) важат како јавни исправи и во нашата држава, само во согласност со условите на заемност и ако се прописно заверени
в) важат како јавни исправи во нашата држава ако се прописно заверени
извор - Закон за општата управна постапка
25. Секоја јавна исправа издадена во пропишаната форма од страна на јавен орган во рамките на својата надлежност ...
a) го докажува она што во неа се потврдува или определува
б) не го докажува она што во неа се потврдува или определува
извор - Закон за општата управна постапка
26. На увидот во управната постапка, странките...
a) имаат право да присуствуваат
б) немаат право да присуствуваат
в) не се повикуваат
извор - Закон за општата управна постапка
27. Доказите и податоците за фактите за кои службена евиденција води јавниот орган надлежен за решавање или службена евиденција води друг јавен орган, односно друг субјект кој води регистар за податоци ги прибавува:
a) Странката по чие барање е поведена постапката
б) службеното лице кое ја води постапката
в) надлежно е вештото лице
извор - Закон за општата управна постапка
28. Во управната постапка, странкта може да ја поднесе исправата во оригинал или како заверена копија.
a) точно
б) неточно
извор - Закон за општата управна постапка
29. Воведот на управниот акт содржи:
a) називот на јавниот орган што го донесува актот, пропис за надлежноста на тој орган, име на странката и на нејзиниот законски застапник или полномошник, ако го има и кратко означување на предметот на постапката.
б) назив на органот што го донесува управниот акт и пропис за надлежност на тој орган
в) назив на органот што го донесува управниот акт, пропис за надлежност на тој орган и датум и место на донесување на управниот акт
извор - Закон за општата управна постапка
30. Кога е пропишано дека жалбата во управната постапка не го одлага извршувањето на управниот акт, тоа мора да биде наведено во...
a) диспозитивот
б) правната поука
в) упатството за правно средства
извор - Закон за општата управна постапка
31. Со упатството за правна поука во управниот акт странката ...
a) се известува за редовниот правен лек што може да го користи против управниот акт.
б) се известува дека може да изјави жалба или друга постапка пред суд
в) се известува дека нема право на жалба
извор - Закон за општата управна постапка
32. Кога против управниот акт донесен во управната постапка може да се изјави жалба, во правната поука се наведува:
a) до кого треба да се поднесе правниот лек, во каква форма и кој е рокот за поднесување.
б) во кој рок се поднесува
в) во колку примероци се поднесува жалбата и износот на административната такса
извор - Закон за општата управна постапка
33. Дополнителни елемент на управниот акт се:
a) рок
б) временски рок, услов и налог
в) рок и налог
извор - Закон за општата управна постапка
34. Против управниот акт донесен во прв степен во управната постапка, доколку не е пропишано правото на жалба, странката има право на ...
a) жалба
б) тужба
в) приговор
извор - Закон за општата управна постапка
35. Управниот акт може да содржи еден или повеќе од следните дополнителни елементи.....
a) временски рок, услов и налог
б) временски рок, услов или налог
в) временски рок и налог
извор - Закон за општата управна постапка
36. По барање на странката, јавниот орган кој донел управен акт во усна форма ...
a) не е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од осум дена од денот кога е поднесено барањето
б) е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од осум дена од денот кога е поднесено барањето
в) е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од петнаесет дена од денот кога е поднесено барањето
извор - Закон за општата управна постапка
37. Странката може да изјави жалба против управниот акт :
a) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт освен ако со материјалниот закон не е определен поинаков рок
б) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт, освен ако со посебен закон не е определен подолг рок
в) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт освен ако со материјалниот закон не е определен пократок рок
извор - Закон за општата управна постапка
38. Рокот за жалба за секое лице и за секој орган на кои им се доставува управниот акт донесен во управната постапка се смета...
a) од денот на донесувањето на управниот акт
б) од наредниот ден од денот на доставувањето на управниот акт
в) од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт
извор - Закон за општата управна постапка
39. Што мора да содржи жалба на управниот акт?
a) конкретен предлог за постапување на органот кој одлучува по жалбата
б) прилози кон жалбата во најмалку три примероци
в) управниот акт што се побива или за кој странката поднела барање, но не добила одговор од јавниот орган, го наведува органот надлежен за донесувањето или пропуштањето на актот и причините поради коишто странката не е задоволна со управниот акт или неговото пропуштање
извор - Закон за општата управна постапка
40. Ако жалбата во управната постапка му е предадена или испратена непосредно на второстепениот орган, тој....
a) најдоцна наредниот ден му ја испраќа на органот од прв степен
б) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од три дена
в) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од осум дена
извор - Закон за општата управна постапка
41. Во управната постапка, кој испитува дали жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице?
a) првостепениот орган
б) второстепениот орган
в) писарницата на Управниот суд
извор - Закон за општата управна постапка
42. Недопуштената, ненавремената или жалбата изјавена од неовластено лице, органот во прв степен ќе ја отфрли со...
a) управен акт
б) заклучок
в) одлука
извор - Закон за општата управна постапка
43. При одлучување по жалба во управната постапка, второстепениот орган може ...
a) да ја одбие жалбата, или да ја уважи жалбата и да го поништи првостепениот управен акт во целост или делумно, или да го измени управниот акт
б) да ја одбие жалбата или да го поништи управниот акт
в) да го укине управниот акт во целост
извор - Закон за општата управна постапка
44. Ако во постапката по жалба во управната постапка, второстениот орган утврди дека првостепениот управен акт го донел ненадлежен орган....
a) ќе го поништи тој управен акт по службена должност и предметот ќе му го достави на надлежниот орган на решавање
б) ќе го укине тој управен акт
в) ќе одлучи мериторно по жалбата
извор - Закон за општата управна постапка
45. Ако странката се откаже од поднесената жалба, управната постапка во втор степен се запира со...
a) известување
б) управен акт
в) записник
извор - Закон за општата управна постапка
46. Кој го доставува управниот акт донесен во втор степен во управната постапка до странката?
a) првостепениот орган
б) второстепениот орган
в) Државниот управен инспекторат
извор - Закон за општата управна постапка
47. Ако јавниот орган утврди дека барањето за повторување на постапката е основано, тој соодветно ќе го измени или поништи побиваниот управен акт со нов управен акт. Во спротивно, јавниот орган ќе го отфрли барањето со управен акт.
a) точно
б) неточно
извор - Закон за општата управна постапка
48) Против управниот акт донесен во управна постапка, вo втор степен не е допуштаена жалба.
a) точно
б) неточно
извор - Закон за општата управна постапка
49) Кога второстепениот орган ќе утврди дека првостепениот орган не го донел управниот акт во законскиот рок,...
a) да го реши предметот
б) тој треба да му наложи на првостепениот орган да донесе управен акт и да одреди рок за тоа од најмногу 30 дена по приемот на налогот
в) да ја запре постапката
извор - Закон за општата управна постапка
50) Управниот акт против кој може да се поведе управен спор...
a) станува конечен во рок од 15 дена од денот на приемот
б) е конечен во упрaвна постапка
в) не е конечен во управната постапка
извор - Закон за општата управна постапка
51) Управниот акт станува правосилен доколку странката...
a) се откаже од правото на жалба
б) поднесе тужба до Врховниот суд на РМ и поведе управен спор
в) поднесе жалба до надлежниот второстепен орган
извор - Закон за општата управна постапка
52) Кога е во прашање преземање на исклучително итни мерки, со цел обезбедување на јавниот мир и безбедност или заради отстранување на непосредна опасност за животот и здравјето на луѓето или за имотот, надлежниот јавен орган може да донесе и устен управен акт...
a) точно
б) неточно
извор - Закон за општата управна постапка
53) Управниот акт ги содржи следните делови:
a) вовед, диспозитив, образложение, правна поука, потпис од овластеното службено лице и печат
б) вовед диспозитив, образложение, назив на органот,број и датум,потпис на службеното лице и печат на органот
в) вовед, диспозитив, и упатство за правно средство, назив на органот, број и датум, попис на службеното лице и печат на органот
извор - Закон за општата управна постапка
54) Јавниот орган што го донел управниот акт ...
a) може во рок од шест месеци да ги исправа грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во управниот акт или неговите заверени преписи ги исправа со нов управен акт
б) може во секое време да ги исправа грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во управниот акт или во неговите заверени преписи
в) не може да врши исправки на грешките во управниот акт
извор - Закон за општата управна постапка
55) За усна расправа или за друго поважно дејствие во управната постапка, како и за поважни усни изјави на странките или на трети лица во постапката ...
a) се составува записник
б) се составува службена белешка
в) се потготвува управен акт
извор - Закон за општата управна постапка
56) Постапката по жалбата на второстепениот орган треба да се заврши без одлагање ...
a) најдоцна во рок од еден месец сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок
б) најдоцна во рок од 60 дена од денот на предавање на жалбата и сите списи на предметот од првостепениот орган на второстепениот орган в) најдоцна во рок од В) во рок од 15 дена сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок
извор - Закон за општата управна постапка
57) Со поништувањето на управниот акт донесен во управна постапка...
a) не се поништуваат правните последици што ги произвел таквиот управен акт
б) се поништуваат и правните последици што ги произвел таквиот управен акт
в) правните последици што ги произвел таквиот управен акт остануваат
извор - Закон за општата управна постапка
58) Со укинување на управниот акт донесен во управна постапка...
a) се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел, и се оневозможува натамошно произведување на правни последици од управниот акт
б) се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел и се овозможува натамошно произведување на правни последици од укинатиот управен акт
в) не се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел, но се оневозможува натамошно произведување на правни последици од укинатиот управен акт
извор - Закон за општата управна постапка
59) Упраниот спор може да се поведе против управниот акт донесен...
a) во прв степен
б) во втор степен кој станал правосилен
в) во втор степен, како и против првостепен управен акт, против кој нема место за жалба во управната постапка
извор - Закон за општата управна постапка
60) Инспекциски надзор над спроведување на Законот за општата управна постапка врши...
a) Министерството за информатичко општество и администрација
б) Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен
в) Државниот управен инспекторат
извор - Закон за општата управна постапка
61) Во управната постапка, јавниот орган постапува преку....
a) функционерот
б) било кое службено лице
в) овластеното службено лице назначено во согласност со правилата наведени во закон
извор - Закон за општата управна постапка
62) Ако не е определено со посебен закон или подзаконски акт, функционерот кој раководи со јавниот орган, односно раководното лице е должно со....
a) со актот за организација да определи организациона единица надлежна за секој вид на управна работа во негова надлежност
б) со управен акт да овласти службено лице
в) со одлука да овласти службено лице
извор - Закон за општата управна постапка
63) Управните спорови во Република Македонија ги решаваат:
а) Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на Република Македонија
б) Управниот суд и Вишиот управен суд
c)Управниот суд и основните судови со проширена надлежност
извор – Закон за управните спорови
64) По предметите за донесување на времена мерка во управните спорови судот одлучува во рок од
a) 15 дена
б) 7 дена
в) 3 дена
извор – Закон за управните спорови
65) Бројот на судии во Управниот суд се определува со:
a) Одлука на министерот за правда
б) Закон
в) Одлука на Судскиот совет на Република Македонија
извор – Закон за управните спорови
66) Во втор степен Вишиот управен суд одлучува:
a) во совет од пет судии
б) судија поединец
в) во совет од тројца судии
извор – Закон за управните спорови
67) Управен спор се поведува:
a) жалба
б) тужба
в) тужба или жалба
извор – Закон за управните спорови
68) Тужба за поведување управен спор се поднесува во рок од:
a) 60 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
б) 30 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
в) 15 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
извор – Закон за управните спорови
69) Ако тужбата е поднесена ненавремено, Управниот суд ќе ја отфрли со:
a) решение
б) заклучок
в) одлука
извор – Закон за управните спорови
70) Против одлука на Управниот суд може да се изјави жалба во рок од:
a) 15 дена
б) 8 дена
в) 30 дена
извор – Закон за управните спорови
71) Против одлука на судот донесена по тужба за повторување на постапката, барање за заштита на законитоста може да поднесе:
a) Државниот правобранител на Република Македонија
б) Јавниот обвинител на Република Македонија
в) Јавниот обвинител во основно јавно обвинителство
извор – Закон за управните спорови
72) По барање за заштита на законитоста одлучува:
a) Вишиот управен суд
б) Врховниот суд на Република Македонија
в) Судскиот совет на Република Македонија
извор – Закон за управните спорови
73) Во управните спорови судот одлучува за:
a) уставноста и законитоста на актите и за управната работа
б) уставноста и законитоста на актите и за надомест на штета
в) законитоста на актите и управната работа
извор – Закон за управните спорови
74) Ако актот кој се оспорува не е управен акт, Управниот суд ќе ја..
a) одбие тужбата со решение
б) отфрли тужбата со заклучок
в) отфрли тужбата со решение
извор – Закон за управните спорови
75) Во случај на откажување на тужителот од тужбата до донесување на одлука, Управниот суд...
a) Со заклучок ќе ја запре постапката
б) ќе донесе пресуда
в) со решение ќе ја запре постапката
извор – Закон за управните спорови
76) Кога со управен акт или со управен договор се повредени законот или јавниот интерес, управен спор може да поведе:
a) Државното правобранителство на Република Македонија
б) Јавниот обвинител на Република Македонија
в) Народниот правобранител
извор – Закон за управните спорови
77) Во управен спор се одлучува за:
a) именување, назанчување и разрешување на раководни државни службеници, ако поинаку не е определено со закон
б) именување, назанчување и разрешување на раководни јавни службеници
в) права од работен однос на државните и јавните службеници
извор – Закон за управните спорови
78) Со пресуда со која се поништува оспорениот управен акт, во однос на надоместокот на штета, судот ќе го упати тужителот своето барање да го оствари во:
a) кривична постапка
б) парнична постапка
в) управен спор пред повисок суд
извор – Закон за управните спорови
79) За повторување на постапката одлучува:
a) совет од тројца судии
б) совет од петмина судии
в) судија поединец
извор – Закон за управните спорови
80) По тужба за повторување на постапка одлучува:
a) Врховниот суд на Република Македонија
б) повисокиот суд
в) Судот пред кој е завршена постапката
извор – Закон за управните спорови
81) За тужбата за повторување на постапката судот одлучува на:
a) јавна седница
б) нејавна седница
в) подготвителна седница
извор – Закон за управните спорови
82) Против решение по предлог за заштита поради незаконито дејствие одлучува:
a) Врховниот суд на Република Македонија
б) Вишиот управен суд
в) Управниот суд на Република Македонија
извор – Закон за управните спорови
83) Во управен спор во втор степен одлучува:
a) Виш управен суд
б) Управен суд
в) Врховниот суд на Република Македонија
извор – Закон за управните спорови
84) На усната расправа прво добива збор:
a) тужителот
б) жалителот
в) членот што е известител
извор – Закон за управните спорови
85) Против одлуката на Управниот суд:
a) не е дозволена жалба
б) дозволена е жалба
в) дозволена е тужба
извор – Закон за управните спорови
86) Против првостепените одлуки во управниот спор се изјавуваат правни средства во рок од :
a) 15 дена
б) 7 дена
в) 30 дена
извор – Закон за управните спорови
87) Повторување на постапката не може да се бара по истекот на:
a) 1 година од правосилноста на одлуката
б) 5 години од правосилноста на одлуката
в) 3 години од правосилноста на одлуката
извор – Закон за управните спорови
88) По поништување на управниот акт од страна на Управниот суд, надлежниот орган е должен да донесе нов управен акт:
a) најдоцна во рок од 15 дена
б) најдоцна во рок од 30 дена
в) најдоцна во рок од 60 дена
извор – Закон за управните спорови
89) По предлогот за заштита поради незаконско дејствие одлучува:
a) Управен суд
б) Уставен суд
в) Врховен суд на Република Македонија
извор – Закон за управните спорови
90) Судот кој одлучува по предлогот за заштита поради незаконито дејствие, одлучува во совет од:
a) 3 судии
б) 5 судии
в) 7 судии
извор – Закон за управните спорови
91) Во управните спорови се одлучува за законитоста на актите на органите на државната управа донесени:
a) во судска постапка
б) во прекршочна постапка
в) во кривична постапка
извор – Закон за управните спорови
92) Управните спорови во Република Македонија ги решава:
a) Управниот суд
б) Апелациониот суд
в) Прекршочна комисија
извор – Закон за управните спорови
93) Управен акт е:
a) записник
б) одлука донесена во прекршочна постапка
в) пресуда
извор – Закон за управните спорови
94) Во управен спор трошоците ги поднесува:
a) тужителот
б) секоја страна своите трошоци
в) жалителот
извор – Закон за управните спорови
95) Доколку Законот за управните спорови не содржи соодветни одредби за постапката, ќе се применуваат одредбите од:
a) Законот за општата управна постапка
б) Законот за парничната постапка
в) Закон за медијација
извор – Закон за управните спорови
96) Управен спор може да се води против:
a) конечен управен акт
б) пресуда
в) судски налог
извор – Закон за управните спорови
97) Управен спор не може да се води против:
a) Кога во постапката која му претходела на актот не се постапило според правилата на постапката
б) за работи за кои врз основа на уставни овластувања директно одлучува Собранието и претседателот на Република Македонија, освен за одлуки за именување и разрешување
в) ако актот е донесен од ненадлежен орган
извор – Закон за управните спорови
98) Управниот акт може да се побива:
a) поради погрешна примена на материјалното право
б) поради погрешно утврдена фактичка состојба од страна на прекршочна комисија
в) ако актот е донесен од ненадлежен орган
извор – Закон за управните спорови
99) Управен спор може да поведе Државниот правобранител на Република Македонија кога со управен акт или со управен договор се повредени:
a) право или интерес на граѓанинот
б) законот или јавниот интерес
в) права на синдикална организација
извор – Закон за управните спорови
100) Тужителот во управен спор може да биде и синдикалната организација ако со управниот акт е повредено право или непосреден интерес на заснован врз закон на:
a) нејзин член
б) месна заедница
в) здружение на граѓани
извор – Закон за управните спорови
101) Тужителот во управен спор може да биде и здружение на граѓани ако со управниот акт е повредено право или непосреден интерес на заснован врз закон на:
a) синдикална организација
б) нејзин член
в) месна заедница
извор – Закон за управните спорови
102) Тужената страна во управниот спор е:
a) стрителот на прекршкот
б) органот чиј акто се оспорува
в) прекршчоната комисија
извор – Закон за управните спорови
103) По барање на тужителот, органот чиј акт се извршува може да го одложи извршувањето во рок од:
a) 15 дена од приемот на барањето
б) 3 дена од приемот на барањето
в) 7 дена од приемот на барањето
извор – Закон за управните спорови
104) Управниот суд суди во совет против актите донесени во прекршчната постапка кога изречената глоба:
a) го надминува износот од 3.000 евра во денарска противвредност
б) го надминува износот од 5.000 евра во денарска противвредност
в) го надминува износот од 1.000 евра во денарска противвредност
извор – Закон за управните спорови
105) Судија поединец суди во спорови поведени против актите донесени во прекршочна постапка:
a) за кои е пропишана посебна прекшочна мерка, одземање на предмети
б) е предвидена забрана за вршење професија, дејност или должност
в) за кои не е пропишана посебна прекршочна мерка, одземање на предмети
извор – Закон за управните спорови
106) Управниот акт може да се побива:
a) кога во постапката која му претходела на актот не се постапило според правилата на постапката
б) поради погрешно утврдена фактичка состојба од страна на бвторостепениот суд
в) за работи за кои врз основа на уставни овластувања директно одлучува Собранието и претседателот на Република Македонија, освен за одлуки за именување и разрешување.
извор – Закон за управните спорови
107) Во управниот спор:
a) не може да се бара враќање на одземените предмети
б) може да се бара враќање на одземените предмети
c)може да се бара враќање само на одземената имотна корист
извор – Закон за управните спорови
Прашања од Кодексот за административни службеници
1. Кодексот за административни службеници го донесува министерот за информатичко општество и администрација:
а) точно
б) неточно
2. Кодексот за административни службеници претставува:
а) уредба за однесување на административните службеници
б) сет на етички стандарди и правила на однесување на административните службеници
в) закон за однесување на административните службеници
3. Вредностите и нормите содржани во Кодексот за административни службеници се во форма на:
а) законски одредби
б) етички стандарди и правила
в) изјави за согласност
4. Целта на Кодексот за административните службеници е да поттикне добро постапување и однесување на административните службеници и да ја зајакне довербата на граѓаните во работата на институциите на јавниот сектор:
а) точно
б) неточно
5. Чиј интерес застапува и промовира административниот службеник во своето работење:
а) приватниот интерес
б) јавниот интерес
в) личниот интерес
6. Административниот службеник работи:
а) законски, прописно или на морален начин
б) прописно и незаконски
в) законски и на неморален начин
7. Административниот службеник ги извршува работите посветено и професионално
а) неточно
б) точно
8. Дали административниот службеник го поттикнува активното вклучување на граѓаните во процесот на креирање на политиките?
а) да
б) не
9. Административниот службеник во своето работење се води од принципите на:
а) хуманост, еднаквост и социјална правда
б) хуманост и нееднаквост
в) еднаквост и социјална правда
10. Административниот службеник, во работењето и однесувањето, постапува:
а) пристрасно и субјективно
б) непристрасно, без предрасуди и без намера за остварување на лична корист или амбиција
в) со намера да оствари лична корист
11. Административниот службеник со своето работење и однесување овозможува остварување на уставно загарантираните права на еднаквост и недискриминација, преку:
а) злоупотреба и дискриминација
б) создавање на можности и почитување на различностите
в) непочитување на различностите
12. На корисниците на услугите на администрацијата, административниот службеник им овозможува еднакви стандарди при испорачувањето на услугите преку:
а) субјективен и пристрасен однос
б) фер и правичен однос
в) личен, пријателски и семеен однос
13. Административниот службеник на сите граѓани им овозможува заштита од неправда, злоупотреба и дискриминација, по било која основа
а) точно
б) неточно
14. Административниот службеник, врз основа на своите работни компетенции и на правилата и процедурите на службата, ги извршува работите:
а) паушално и по добиено насоки
б) посветено и професионално
в) врз основа на секојдневни наредби од претпоставениот
15. Административниот службеник ја извршува работата:
а) самостојно и навремено, посветувајќи внимание и почитувајќи ги приоритетите и редоследот на задачите
б) почитувајќи ги приоритетите, со одложување и непочитување на редоследот на задачите
в) почитувајќи го рокот за извршување на работните задачи, со непочитување на приоритетите и редоследот на задачите
16. Административниот службеник не ја истакнува, ниту наметнува на други својата политичка определба
а) точно
б) неточно
17. Административниот службеник не смее да врши политички активности што можат да ја поткопаат довербата на граѓаните во администрацијата
а) точно
б) неточно
18. Административниот службеник го користи наученото за:
а) подобрување на својата работа и развојот на институцијата
б) лични цели
в) подигнување на нивото на сопствените општи познавања
19. Дали административниот службеник го олеснува пристапот до податоците со кои располага во своето работење:
а) да
б) не
20. Административниот службеник остварува затворена и повремена комуникација со граѓаните и правните лица:
а) неточно
б) точно
в) зависи од институцијата во која работи административниот службеник
21. Според Кодексот за административни службеници, дали административниот службеник ја почитува приватноста и дискрецијата на колегите?
а) да
б) не
22. Службените телефонски разговори на административниот службеник се...
а) кратки и концизни
б) опширни и детални
в) долготрајни и неконструктивни
23. Кога странките се незадоволни од одговорот, административниот службеник...
а) бара арбитрирање од непосредно претпоставениот административен службеник
б) ги советува да поведат судска постапка
в) ги упатува кај Народниот правобранител на Република Македонија
24. Дали административниот службеник, приватните телефонски разговори ги води во присуство на странки или кога странките чекаат одговор или кога имаат намера да постават прашање:
а) не
б) да
в) да, само доколку странките се познати за службеникот
25. Во претставувањето на јавни настани, на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација, административниот службеник:
а) претставува пример за соодветно и достоинствено однесување
б) не води грижа за нарушување на угледот и за мислењето на јавноста за администрацијата
в) се однесува врз основа на сопствено убедување
26. Административниот службеник во односот со колегите го негува духот и начелата на ...
а) тимска работа, заемно почитување, уважување на различностите, солидарност и соработка
б) индивидуална работа
в) дискриминација, непочитување и застапување на личниот интерес
27. Кога странките се незадоволни од одговорот што им го дал, административниот службеник бара:
а) арбитрирање од непосредно претпоставениот административен службеник
б) заштита
в) помош од колегите
28. Административниот службеник во службата, во приватниот живот и во јавноста се однесува достоинствено и не постапува на начин со кој би се нарушил:
а) неговиот личен углед, угледот на институцијата и на администрацијата во целина
б) угледот на неговото семејство
в) јавниот ред во институцијата
29. Административниот службеник се воздржува од давање на штетни изјави за службата...
а) без да се оневозможи остварување на правото на градење на сопствен став и јавно изразување на мислење
б) ако има личен интерес
в) ако за тоа нема добиено согласност од непосредно претпоставениот административен службеник
30. Административниот службеник, кон ресурсите кои му се дадени на користење, како и во вршењето на работата се однесува економично, штедливо и ефикасно, користејќи ги ресурсите за:
а) службени потреби
б) лични потреби
в) за било каква потреба
31. Дали административниот службеник се грижи за безбедноста на доверените предмети и документи:
а) да
б) не
в) да, ако тоа му е нагласено од непосредно претпоставениот административен службеник
32. Административниот службеник посветува внимание на изгледот и начинот на облекување, за да не предизвика:
а) впечаток на непристојност и нарушување на угледот на администрацијата
б) негативни реакции
в) коментари од страна на колегите и странките
33. За непочитување на одредбите на Кодексот за административни службеници, административниот службеник одговара:
а) дисциплински
б) материјално
в) прекршочно
34. Административниот службеник при вработувањето во службата потпишува:
а) Изјава за прифаќање на Декларацијата за заедничка мисија на вработените во јавниот сектор
б) заклетва
в) согласност
Прашања во врска со положбата и други општи прашања за вработените во јавниот сектор
1. Вработени во јавен сектор се:
а) лицата кои засновале работен однос во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон
б) лицата кои засновале работен однос во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон, како и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје
в) лицата кои засновале работен однос во општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
2. Лицата кои добиле мандат да извршуваат функција на претседателски, парламентарни или на локални избори, лицата кои добиле мандат да извршуваат функции во извршната или во судската власт преку избор или именување од Собранието на Република Македонија или од органите на локалната власт, како и други лица кои согласно закон се избрани или именувани на функција од носителите на законодавната, извршната или судската власт, се сметаат за вработени во јавниот сектор
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
4. Давателите на јавни услуги во областа на комуналните дејности не се сметаат за вработени во јавен сектор:
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
5. За прашања кои се однесуваат на работниот однос на вработените во јавниот сектор се применуваат општите прописи за работните односи, само доколку...
а) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, посебните закони и колективните договори
б) се работи за прашања кои се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор и овој закон упатува на дополнителна примена и на општите прописи за работните односи
в) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, како и за прашања за кои Законот за вработените во јавниот сектор не упатува на примена на посебен закон и колективен договор, а се однесува на работниот однос на вработениот
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
6. Начелото на еднакви услови и еднаков пристап до работно место, во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор значи дека:
а) институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку интерен, односно јавен оглас
б) на јавниот, односно интерниот оглас се избира најстручниот и најкомпетентниот кандидат за работното место
в) сите вработени во јавниот сектор имаат право на еднакви организациски, просторни и технички услови
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
7. Институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку објавување:
а) јавен, односно интерен оглас
б) јавен повик
в) соопштение до јавноста
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
8. Унапредувањето на вработените во јавниот сектор се врши преку :
а) објавување на интерен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата
б) објавување на јавен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата
в) преземање при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
9. Примена на начелото на управување со ефектот на вработените во јавниот сектор подразбира:
а) обврска на институциите да воспостават процедури за управување со ефектот на вработените, преку кои ќе се следи нивната работа, ќе се оценуваат и ќе се предлагаат мерки за подобрување на ефектот
б) обврска на вработените да ги извршуваат работите и работните задачи утврдени во актите за систематизација на работни места во институциите
в) обврска на институциите да ги унапредат вработените
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
10. Примена на начелото на сервисна ориентираност за вработените во јавниот сектор подразбира:
a) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и интересите на странките, со истовремена грижа за јавниот интерес
б) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и интересите на странките, не водејќи сметка за јавниот интерес
в) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на сопствениот интерес
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
11. Примената на начелото на транспарентност и доверливост за вработените во јавниот сектор подразбира ...
а) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да обезбедат пристап до информации од јавен карактер на начин и под услови утврдени со закон
б) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи не смеат да обезбедат пристап до информации од јавен карактер за надворешните лица
в) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да побараат дозвола од Министерството за информатичко општество и администрација заради обезбедување на пристап до информации од јавен карактер
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
12. Работните места на вработените во јавниот сектор се групираат во:
а) две групи
б) три групи
в) четири групи
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
13. Која од наведените групи не се смета за група на вработени во јавниот сектор:
а) даватели на јавни услуги
б) помошно - технички лица
в) функционери
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
15. Во рамки на секоја подгрупа на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:
а) една или повеќе групи на работни места
б) една или повеќе категории на работни места
в) едно или повеќе нивоа на работни места
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
16. Во рамки на секоја категорија на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:
а) една или повеќе подгрупи на работни места
б) едно или повеќе нивоа на работни места
в) една или повеќе групи на работни места
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
17. Категориите и нивоата на работните места во јавниот сектор се утврдуваат во:
а) Законот за работните односи
б) Законот за вработените во јавниот сектор
в) посебните закони и колективните договори
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
18. Каталогот на работните места во јавниот сектор го воспоставува и води:
а) Агенцијата за вработување на Република Македонија
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Агенцијата за администрација
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
19. Што се регулира со актот за внатрешна организација на институцијата:
а) видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа
б) начинот на однесување на вработените во институцијата
в) име и презиме на сите вработени во институцијата
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
20. Актот за внатрешна организација и актот за систематизација на работните места за секоја институција од јавниот сектор го донесува:
а) надлежен државен орган утврден со закон
б) раководното лице на институцијата
в) раководителот на организационата единица за управување со човечките ресурси во институцијата
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
21. Со актот за систематизација на работните места во институцијата се регулира/ат:
а) описите на работните места
б) начинот на однесување на вработените
в) видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
22. Регистарот на вработените во јавниот сектор го воспоставува и во електронска форма го води:
а) Централниот регистар
б) Министерството за внатрешни работи
в) Министерството за информатичко општество и администрација
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
23. Законот за вработените во јавниот сектор допушта вработување на определено време:
а) да
б) не
в) да, но само во определени случаи таксативно наведени во законот
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
24. Полното работно време на вработените во јавниот сектор изнесува:
а) 40 часа неделно
б) 42 часа неделно
в) 48 часа неделно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
25. Општите права и должности на вработените во јавниот сектор се уредуваат со:
а) посебните закони и колективните договори
б) Законот за работните односи
в) Законот за вработените во јавниот сектор
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
26. Со посебните закони се уредуваат ...
a) општите права и должности кои важат за сите вработени во јавниот сектор
б) заедничките начела кои важат за сите вработени во јавниот сектор
в) други права и должности кои произлегуваат од работниот однос на вработените, а кои не се уредени во Законот за вработените во јавниот сектор
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
27. Вработените во јавниот сектор имаат право на плата и надоместоци од плата во согласност со:
а) посебните закони, колективните договори или општите прописи за работните односи
б) Законот за вработените во јавниот сектор
в) Одлука на министерот за финансии
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
28. На вработените во јавниот сектор им мируваат правата и должностите од работниот однос само во случаите...
а) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон
б) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата
в) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон, кога се упатени на работа во странство во рамките на меѓународна, техничка, просветна, здравствена, културна, научна и друг вид на соработка, кога се упатени на работа во дипломатско или конзуларно претставништво, кога брачните другари им се упатени на работа во странство во погоре наведените случаи или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
29. Вработените во јавниот сектор имаат право на неплатено отсуство, во времетраење од најмногу:
а) 1 година
б) 3 години
в) 2 години
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
30. Доколку за времетраењето на мирувањето на работниот однос на вработените во јавниот сектор, се променат посебните услови за нивното работно место ...
а) истите се должни да ги исполнат новите услови во рок од две години од денот на враќањето во институцијата
б) истите не се должни да ги исполнат новите услови
в) истите не можат да се вратат на истото работно место во институцијата
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
31. Вработените во јавниот сектор кои се кандидирале на парламентарни, претседателски или локални избори, имаат право на неплатено отсуство...:
а) за време на изборната кампања за изборите на кои учествуваат
б) во времетраење од 15 дена, сметано од почетокот на изборната кампања за изборите на кои учествуваат
в) немаат право на неплатено отсуство за време на изборната кампања за изборите на кои учествуваат
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
33. Ако вработените во јавниот сектор не го предупредат непосредно претпоставениот дека задачата што им ја дал е неуставна, односно незаконита и истата ја извршат, за нејзиното извршување ќе одговараат :
а) вработените
б) вработените и нивниот непосредно претпоставен
в) непосредно претпоставениот и неговиот раководител
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
34. Доколку работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно од непосредно претпоставениот е неуставна, односно незаконита, вработениот е должен е да му укаже на лицето кое што му ја дало задачата на неуставноста, односно незаконитоста на дадената задача и да постапи по истата...:
а) без оглед дали задачата е дадена усно или во писмена форма
б) доколку е дадена во писмена форма
в) доколку во писмена форма се согласи со нејзиното извршување
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
36. Вработените во јавниот сектор, ако оценат дека извршувањето на дадената работна задача претставува кривично дело, не можат да бидат повикани на одговорност заради даденото известувањето за тоа до непосредно повисокиот претпоставен од оној кој им ја дал задачата, како и до Државната комисија за спречување на корупција:
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
37. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата...
а) до истекот на дневното работно време на работодавачот
б) во рок од 24 часа
в) во рок од три работни дена
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
38. Во случај на спреченост за доаѓање на работа поради виша сила, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата...:
а) до истекот на дневното работно време на работодавачот
б) веднаш по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето
в) во рок од 24 часа по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
39. Во случај на спреченост за доаѓање на работа поради виша сила, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, веднаш по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
40. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, веднаш по престанувањето на причината за спреченоста за доаѓањето на работа
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
41. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, до истекот на дневното работно време на работодавачот
а) неточно
б) точно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
42. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор, можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
43. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење:
а) доколку се согласат
б) доколку се согласат во писмена форма
в) без нивна согласност
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
44. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење само со нивна согласност
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
45. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење, се додека траат вонредните околности:
а) без оглед на нивното времетраење
б) но не подолго од една година
в) но не подолго од три месеци
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
46. Вработениот во јавниот сектор, во институцијата во која ги извршува работите и работните задачи, не смее на себе да носи или да истакнува партиски симболи во...:
а) просторијата на функционерот кој раководи со институцијата
б) работните простории и во просториите на институцијата
в) просториите во кои работи со странки
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
47. Вработените во јавниот сектор во текот на работното време смеат директно да учествуваат во изборните активности или во други јавни настапи од тој вид:
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
48. Вработените во јавниот сектор во работните простории и во просториите на институцијата не смеат да ги искажуваат или да ги застапуваат своите политички или партиски уверувања
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
49. Вработените во јавниот сектор, со своето членство во политичка партија и со учество во партиски активности, смеат да го доведат во прашање вршењето на работата и работните задачи од работното место во институцијата
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
50. Подароци, примени од страна на службени лица или од меѓународни организации, дадени за време на посети, гостувања или во други слични околности, се сметаат за протоколарни подароци
а) неточно
б) точно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
52. Одговорноста на вработените во јавниот сектор за вршење на работите и работните задачи од работното место може да биде:
а) дисциплинска и/или материјална
б) дисциплинска
в) материјална
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
53. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок...:
а) ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
б) во зависност од тежината на стореното кривично дело, односно прекршок, ја исклучува, односно не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
в) не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
54. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
55. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
56. Вработените во јавниот сектор, за вршењето на работите и работните задачи од работното место, се:
а) колективно одговорни
б) лично и/или колективно одговорни, во зависност од работното место на кое се распоредени во институцијата и од видот на дисциплинскиот престап
в) лично одговорни
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
57. На вработените во јавниот сектор работниот однос им престанува:
а) со спогодба, по нивно барање, по сила на закон и во други случаи утврдени со закон и/или колективен договор
б) со спогодба или по нивно барање
в) по сила на закон
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
58. Мобилност на вработените во јавниот сектор е:
а) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на јавниот сектор
б) вертикално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места
в) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
59. Мобилност на вработените во јавниот сектор се врши:
а) преку објавување на јавен оглас
б) без објавување на интерен, односно јавен оглас
в) преку објавување на интерен, односно јавен оглас
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
60. Мобилност на вработените во јавниот сектор се врши преку:
а) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место во рамките на иста група на работни места, независно од категоријата и нивото на работното место
б) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува или се презема
в) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место во исто звање
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
61. Вработениот во јавниот сектор, на барање на друга институција, заради времено зголемен обем на работа, може да биде времено распореден на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција:
а) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу една година
б) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу шест месеци
в) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу дваесет и четири месеци
г) се додека не престане потребата за тоа
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
62. Вработениот во јавниот сектор, на барање на друга институција, заради времено зголемен обем на работа, може да биде времено распореден на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција...:
а) по претходна писмена согласност на раководните лица на институциите, без претходна согласност на вработениот
б) по претходна писмена согласност на вработениот и на раководните лица на институциите
в) по претходна писмена согласност на вработениот и на раководното лице на институцијата во која истиот е вработен
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
63. При распоредувањето на вработениот во јавниот сектор во истата институција или при временото распоредување на вработениот во друга институција, работното место на кое се распоредува не смее да биде:
а) надвор од местото во кое се наоѓа работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето
б) оддалечено повеќе од 25 километри од работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето
в) оддалечено повеќе од 50 километри од работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
64. Трансфер – листи за можни преземања на вработените во јавниот сектор води:
а) Министерството за финансии
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Агенција за администрација
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
65. Вработениот во јавниот сектор, може да биде преземен од една во друга институција на работно место на исто ниво, односно на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција, ако за тоа се согласат вработениот и раководните лица на двете институции, а по претходна согласност на ...
а) Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
б) Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за администрација
в) Агенцијата за администрација и Министерството за финансии
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
66. Вработениот во јавниот сектор чие работно место се укинува, се евидентира на Трансфер – листата на можни преземања и ...
а) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
б) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат раководните лица на институциите
в) по истекот на три месеца од денот на евидентирањето на Трансфер-листата на можни преземања се распоредува на било кое работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
67. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација...
а) ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
б) без негова согласност
в) ако за тоа се согласат раководните лица на институциите и Министерството за финансии
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
68. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција...
а) на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација
б) на било кое работно место, доколку се согласи со тоа
в) на работно место кое е предвидено во актот за систематизација на работните места, а е упразнето
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
69. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на:
а) Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии
б) Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
в) Агенцијата за администрација
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
70. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор, односно вработен чие работно место се укинува, согласно Законот за вработените во јавниот сектор, не смее да биде оддалечена од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
71. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува, не смее да биде ...
а) надвор од местото во кое се наоѓа институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
б) оддалечена повеќе од 25 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
в) оддалечена повеќе од 50 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
72. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува не смее да биде оддалечена повеќе од 50 километри од институцијата во која бил вработен пред преземањето, освен ако ...:
а) преземањето е на барање на вработениот
б) двете институции се наоѓаат во едно поголемо населено место
в) постои бесплатен организиран превоз до институцијата во која се презема вработениот
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
73. Во рамките на секоја група на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:
а) најмалку две категории на работни места
б) една или повеќе подгрупи на работни места
в) пет нивоа на работни места
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
74. Доколку вработениот во јавен сектор смета дека работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно непосредно претпоставениот, е неуставна односно незаконите....
а) должен е да му укаже на лицето кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на истата
б) Не е долежен е да му укаже на лицето кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на истата
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
75. Доколку вработениот во јавен сектор смета дека работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно непосредно претпоставениот, е неуставна односно незаконите, должен е да му укаже на лицето кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на задачата дадена во писмена форма и истата да ја изврши, освен.....
а) ако одлучи, покрај даденото укажување на лицето кое му ја дало задачата за неуставноста односно незаконитоста на дадената задача, за тоа писмено да го извести и непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата.
б) ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција.
в) ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело, за кое е пропишано казна затвор во траење подолго од шест месеци и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција.
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
76. Во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор, вработениоте во јавниот сектор не смеат да примаат подроци поврзани со нивната работа:
а) со исклучок на протоколарни подароци и повремени подароци од пониска вредност
б) со исклучок на протоколарни подароци од пониска вредност
в) не смеат да примаат подароци
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
77. Вработениот чие работно место се укинало и се евидентирал на Трансфер – листата на можни превземања, доколку не ја потпише понудената спогодба за преземање во друга институција, на работно место во исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација:
а) се враќа во институцијата од која требало да биде превземен
б) се враќа на Трансфер – листата на можни превземања
в) му престанува работниот однос
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
Прашања во врска со правата од работен однос на административните службеници
1. Статусот и надлежноста на Агенцијата за администрација се регулирани со:
а) Законот за административни службеници
б) Законот за државните институции
в) Законот за Агенцијата за администрација на Република Македонија
Извор: Закон за административни службеници
2. Административен службеник е лице кое засновало работен однос заради вршење на работи од административна природа во:
а) органите на државната и локалната власт и во други државни органи основани во согласност со устав и со закон и во институциите што вршат дејности од областа на образованието, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје и општините на градот Скопје
б) административната служба на јавните претпријатија
в) Административниот совет на јавниот сектор
Извор: Закон за административни службеници
4. Во зависност од институцијата во која е вработен, административниот службеник може да биде:
а) државен службеник и јавен службеник
б) службеник и овластено службено лице
в) службеник и давател на јавна услуга
Извор: Закон за административни службеници
5. За прашања што се однесуваат на работниот однос на административните службеници, а што не се уредени со Законот за административни службеници, со Законот за вработени во јавниот сектор или со посебните закони и со колективни договори, се применува:
а) општите прописи за работните односи
б) Законот за организација и работа на државната управа
в) Законот за општа управна постапка
Извор: Закон за административни службеници
6. Изразот „работно место" употребен во Законот за административни службеници означува:
а) посебна категорија во организациска единица
б) одделно ниво во актот за систематизација
в) најмала единица во организациската структура на институцијата која во актот за систематизација е опишана со ниво, општи и посебни услови, цели и работни задачи и други податоци од интерес за работното место
Извор: Закон за административни службеници
7. Изразот „сродни работни места" употребен во Законот за административни службеници означува:
а) работни места во една организациска единица
б) работни места во ист ресор
в) работни места од исто ниво за кои се бара ист степен и ист вид на образование
Извор: Закон за административни службеници
8. Изразот „стручни квалификации" употребен во Законот за административни службеници означува:
а) диплома од завршено насочено образование на кандидатот
б) формално образование и други форми на стручно образование на вработениот за кои поседува диплома или сертификат
в) квалификации стекнати низ практична работа на конкретно работно место
Извор: Закон за административни службеници
9. Изразот „работни компетенции" употребен во Законот за административни службеници означува:
а) збир од знаења, вештини и способност на вработениот административен службеник да ги извршува работите и работните задачи на работното место
б) вештини стекнати низ работа
в) знаења стекнати со обуки
Извор: Закон за административни службеници
10. Изразот „работно искуство во струката" употребен во Законот за административни службеници го означува:
а) периодот на работен стаж или искуство стекнато во струката, почнувајќи од првото засновање на работен однос
б) периодот на работен стаж стекнат по било каков основ
в) периодот евидентиран во агенција за вработување како работен стаж, кој вработениот го поминал во работен однос по стекнување на определен степен и вид образование и во кој вршел работи и работни задачи за кои е потребен таков степен и вид на образование
Извор: Закон за административни службеници
11. Кои институции се надлежни за координација на управувањето со административните службеници:
а) Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за финансии, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и Агенцијата за администрација
б) Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за вработување на Република Македонија
в) Министерството за финансии, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и Агенција за вработување на Република Македонија
Извор: Закон за административни службеници
14. Агенцијата за администрација е:
а) орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација
б) самостоен државен орган со својство на правно лице, со права, обврски и одговорности утврдени со Законот за административни службеници
в) самостоен орган на државна управа
Извор: Закон за административни службеници
15. Агенцијата за администрација за својата работа е одговорна пред:
а) Собранието на Република Македонија
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Владата на Република Македонија
Извор: Закон за административни службеници
16. Со Агенцијата за администрација раководи:
а) Директор
б) Генерален секретар
в) Министер
Извор: Закон за административни службеници
17. Директорот на Агенцијата за администрација се именува за период од:
а) пет години
б) шест години
в) четири години
Извор: Закон за административни службеници
18. По жалби и приговори на административните службеници во втор степен одлучува:
а) Агенцијата за администрација
б) Министерот за информатичко општество и администрација
в) Директорот на институцијата
Извор: Закон за административни службеници
19. Административните службеници се класифицираат според следниве обележја на категориите:
а) А, Б, В и Г
б) I, II, III и IV
в) раководни и извршни административни службеници
Извор: Закон за административни службеници
20. Административните службеници се класифицирани во следниве категории:
а) Категорија I - директори, категорија II – раководители на сектор, категорија III - раководители на одделенија и категорија IV- раководители на служба
б) Категорија А – секретари; категорија Б – раководни административни службеници; категорија В – стручни административни службеници и категорија Г – помошно стручни административни службеници
в) Категорија - директори; категорија - раководители; категорија – извршно- административни службеници и категорија – помошен персонал
Извор: Закон за административни службеници
21. Во Законот за административни службеници е предвидена можност со актот за систематизација на работните места да бидат утврдени посебни работни места –кабинетски службеници во кабинетите на:
а) Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Собранието на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, Генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите
б) сите министри, Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Собранието на Република Македонија и на Претседателот на Владата на Република Македонија
в) Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија и Народниот правобранител на Република Македонија
Извор: Закон за административни службеници
22. Пополнување на слободните работни места во институциите заради вршење на административни работи, се врши преку постапка за:
а) вработување и прераспоредување
б) вработување и унапредување
в) вработување, унапредување и мобилност преку распоредување или преземање
Извор: Закон за административни службеници
23. Постапката за вработување на административни службеници започнува со:
а) објавување на јавен оглас
б) јавен повик во медиумите
в) писмено соопштение на интернет страницата на институцијата
Извор: Закон за административни службеници
24. Постапките за пополнување на работно место на административен службеник се спроведуваат по:
а) добивање писмено одобрување од Агенцијата за вработување на Република Македонија
б) претходно известување за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии, односно од органот надлежен за издавање на финансиска согласност за пополнување на работни места во институцијата
в) барање согласност од Владата на Република Македонија
Извор: Закон за административни службеници
25. Постапката за унапредување на административен службеник започнува со:
а) објавување на интерен оглас
б) објавување на јавен оглас
в) објавување на соопштение за медиумите
Извор: Закон за административни службеници
26. Годишниот план за вработување го донесува:
а) раководното лице на институцијата
б) Управниот одбор на институцијата
в) министерот од надлежниот ресор
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
27. Годишниот план за вработување содржи:
а) точни податоци за предвидени нови вработувања и заминувања од службата
б) точни податоци за распоредувања на нови и постојно вработени во текот на календарската година по сите основи
в) точни податоци за состојбата на пополнетост на работните места во институцијата; податоци за планирани пензионирања и податоци за други планирани движења на вработените и план за распределба на бројот на нови вработувања во следната година по припадност на заедница
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
28. Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор дава согласност при донесувањето на годишниот план за вработување во:
а) органите на државната управа
б) институциите во јавниот сектор
в) органите на државната и локалната власт
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
29. За институциите буџетски корисници од прва линија кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија и за јавните претпријатија основани од Република Македонија, при донесувањето на годишниот план за вработување согласност дава:
а) Министерство за финансии
б) Министерство за економија
в) надлежно министерство
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
30. Јавниот оглас за вработување на административни службеници се објавува на:
а) интернет страницата на институцијата која врши вработување и во најмалку три дневни весници, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик;
б) интернет страницата на Агенцијата за администрација на Република Македонија и во најмалку три дневни весници, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик;
в) интернет страницата на Министерството за информатичко општество и администрација и во најмалку два дневни весника, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Извор: Закон за административни службеници
31. Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас ја формира:
а) Агенцијата за администрација
б) Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор
в) Министерството за информатичко општество и администрација
Извор: Закон за административни службеници
32. Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас е составена од:
а) административен службеник од Секторот за селекција на кандидати во Агенцијата за администрација кој е претседател на Комисијата и негов заменик, раководителот на организациoната единица за управување со човечки ресурси, односно административниот службеник кој ги врши работите кои се однесуваат за управување со човечки ресурси ако нема организациона единица во институцијата која вработува и негов заменик, раководителите на организационите единици во кои работните места се пополнуваат, односно непосредно претпоставените доколку нема раководители како и нивни заменици и/или административен службеник од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и негов заменик доколку постапката се спроведува за органи на државната управа
б) раководни административни службеници, претставници од Агенцијата за вработување на Република Македонија, Агенцијата за администрација на Република Македонија и онолку други членови од соодветните организациони единици на институциите за кои се предвидува пополнување на работните места, како и нивни заменици
в) раководни административни службеници, претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за вработување на Република Македонија и онолку други членови од соодветните организациони единици на институциите за кои се спроведува постапка за пополнување на работните места, како и нивни заменици
Извор: Закон за административни службеници
33. Постапката за селекција при вработување на административен службеник се состои од:
а) три фази
б) четири фази
в) две фази
Извор: Закон за административни службеници
35. Административната селекција за вработување се состои од:
а) проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, приложените докази во пријавата и нивно бодирање
б) проверка на доказите и нивно бодирање
в) проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во дневните весници
Извор: Закон за административни службеници
37. По спроведување на административната селекција, во следна фаза на постапката за селекција поминуваат:
а) најмногу десет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани
б) најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани
в) најмалку пет повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани
Извор: Закон за административни службеници
38. По спроведувањето на испитот за административен службеник, во следна фаза на постапката за селекција поминуваат:
а) најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата
б) најмногу три пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата
в) најмногу два пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата
Извор: Закон за административни службеници
39. Проверка на веродостојноста на доказите приложени од кандидатите за вработување пријавени на јавниот оглас врши:
a) Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Агенцијата за администрација
Извор: Закон за административни службеници
41. Интервјуто, како дел од постапката за селекција на кандидатите пријавени на јавниот оглас за вработување на административен службеник го спроведува:
а) Агенцијата за администрација
б) Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас
в) Агенцијата за вработување на Република Македонија
Извор: Закон за административни службеници
42. На интервјуто, како дел од постапката за селекција на кандидатите пријавени на јавен оглас за вработување на административен службеник, преку ситуациони прашања се проверуваат потребните општи работни компетенции на кандидатот за категоријата на која припаѓа работното место за кое конкурирал, а преку стручни прашања или практични задачи, се проверуваат неговите посебни работни компетенции од делокругот на работното место за кое конкурирал
а) неточно
б) точно
Извор: Закон за административни службеници
45. Врз основа на предлогот од Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас, одлуката за избор за вработување на административен службеник ја донесува: а) секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар
б) директорот на Агенцијата за администрација
в) Претседателот на Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас
Извор: Закон за административни службеници
46. Против одлуката за избор за вработување, незадоволниот кандидат има право на жалба која се доставува до:
а) Агенцијата за администрација, односно до надлежен орган во согласност со Законот за административни службеници
б) надлежен основен суд
в) Министерството за информатичко општество и администрација
Извор: Закон за административни службеници
47. Во рок од пет дена од конечноста на одлуката за избор на кандидат за вработување, раководното лице на институцијата носи решение, односно склучува договор за вработување на неопределено време со избраниот кандидат
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
48. Избраниот кандидат за вработување, непосредно пред стапување на работа, пред секретарот односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, потпишува:
а) Изјава за заедничката мисија на вработените во јавниот сектор, која е составен дел од Кодексот за административните службеници
б) свечена заклетва за заедничката мисија на вработените во јавниот сектор
в) согласност за распоредување на било кое работно место во институцијата, во случај на укинување на работното место на кое се вработува
Извор: Закон за административни службеници
49. Постапката на унапредување има за цел да им овозможи на административните службеници кариерно напредување, односно преминување од пониски на повисоки работни места во рамки на институцијата
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
51. При постапка на унапредување се почитува начелото за соодветна и правична застапеност:
а) неточно
б) точно
Извор: Закон за административни службеници
52. На интерен оглас може да се јави:
а) административен службеник вработен во институцијата која објавува интерен оглас
б) административен службеник вработен во органите на државната и локалната власт
в) вработен од групата на даватели на услуги во дејностите од јавниот сектор
Извор: Закон за административни службеници
54. Постапката за селекција за унапредување на административен службеник се состои од:
а) испит за административен службеник и интервју
б) административна селекција и интервју
в) испит за административен службеник и тест на личноста
Извор: Закон за административни службеници
55. Административната селекција, при интерен оглас кој го објавува институцијата, се состои од:
а) проверка на знаењата и способностите на пријавените кандидати
б) оценување на општите и посебните работни компетенции на пријавените кандидати
в)проверка на внесените податоци во пријавата со условите кои според Законот за административни службеници кандидатите за унапредување треба да ги исполнуваат, проверка на приложените докази во пријавата и нивно бодирање
Извор: Закон за административни службеници
56. Бодовите за административна селекција за секој пријавен кандидат на интерен оглас се утврдуваат врз основа на:
а) збирот од просечната оценка на највисокиот степен на образование на кандидатот и успехот на тестот
б) збирот на последните три оцени на кандидатот добиени на редовните оценувања во институцијата, реализираните обуки и потврдите за менторство
в) мислењето на најмалку двајца раководни административни службеници
Извор: Закон за административни службеници
57. Во постапка за унапредување, Комисијата за селекција и унапредување, врз основа на составената ранг-листа на кандидатите според освоените бодови, спроведува интервју со:
а) најмногу три најдобро рангирани кандидати
б) најмногу пет најдобро рангирани кандидати
в) првиот најдобро рангиран кандидат
Извор: Закон за административни службеници
58. Во постапка по интерен оглас, врз основа на ранг-листата на кандидатите според освоените бодови на административната селекција и интервјуто, Комисијата за селекција и унапредување, на секретарот, односно на раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар, му го/ги предлага како кандидат/и за вработување:
а) прворангираниот кандидат
б) трите прворангирани кандидати
в) петте прворангирани кандидати
Извор: Закон за административни службеници
59. Во постапка по интерен оглас, по исклучок, интервјуто со најдобро рангираниот/те кандидат/и пријавен/и на интерниот оглас го врши секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар, и тоа за:
а) унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата В
б) унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата А
в) унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата Б
Извор: Закон за административни службеници
60. Формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен јавниот оглас, ги пропишува:
а) Министерот за информатичко општество и администрација
б) Директорот на Агенцијата за администрација
в) Комисијата за селекција и унапредување
Извор: Закон за административни службеници
61. Интерниот оглас институцијата може да го повтори пред:
а) да се спроведе интервјуто
б) да се донесе одлука за избор
в) да се донесе одлука за објавување јавен оглас
Извор: Закон за административни службеници
62. Административниот службеник има право и обврска во текот на годината стручно да се усовршува врз основа на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и должност да го пренесе стекнатото знаење на другите административни службеници
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
63. Обуките за стручно усовршување на административни службеници можат да бидат:
а) општи и посебни
б) индивидуални и колективни
в) генерички и специјализирани
Извор: Закон за административни службеници
64. Генеричките обуки за стручно усовршување на административни службеници се вршат заради:
а) генерално усовршување на административните службеници во согласност со утврдениот распоред
б) стручно усовршување на административните службеници во согласност со рамката на општи компетенции
в) групно усовршување на административните службеници во согласност со Годишниот план за обука
Извор: Закон за административни службеници
65. Специјализираните обуки за стручно усовршување на административни службеници се вршат заради:
а) оспособување на административните службеници за извршување специјални работи и работни задачи надвор од описот на работното место
б) оспособување на административните службеници за извршување посебни должности и овластувања
в) стручно усовршување на административните службеници во однос на посебните компетенции
Извор: Закон за административни службеници
66. Меѓусебните права и обврски на институцијата и на административниот службеник кој е упатен на специјализирана обука за потребите на институцијата се уредуваат со ...
а) писмен налог во кој се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум
б) писмен договор во кој се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум
в) решение во кое се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум
Извор: Закон за административни службеници
67. Раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар е должно за секој административен службеник во институцијата да избере:
а) најмалку пет генерички обуки годишно и истите да ги внесе во неговиот индивидуален план за стручно усовршување
б) најмногу пет генерички обуки годишно и истите да ги внесе во неговиот индивидуален план за стручно усовршување
в) најмногу три генерички обуки годишно и истите да ги внесе во неговиот индивидуален план за стручно усовршување
Извор: Закон за административни службеници
68. Годишната програма на генерички обуки за административни службеници ја донесува:
а) Директорот на Агенцијата за администрација
б) Министерот за информатичко општество и администрација
в) Секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
Извор: Закон за административни службеници
69. Обука за административно управување се предвидува за:
а) административни службеници на работни места на нивоа Б3 и Б4
б) административни службеници на работни места на нивото В1
в) административни службеници на работно место на сите нивоа А
Извор: Закон за административни службеници
70. Испитот за административно управување е стручен испит и истиот, во согласност со закон, е посебен услов за унапредување на:
а) приправник
б) административен службеник на пробна работа
в) административен службеник на работно место од категоријата Б
Извор: Закон за административни службеници
71. Испитот за административно управување го организира и спроведува:
а) Агенцијата за администрација во соработка со институциите
б) Агенцијата за администрација во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација
в) Агенцијата за администрација во соработка со Министерството за образование и наука
Извор: Закон за административни службеници
72. Испитот за административно управување, како стручен испит, се состои од:
а) полагање теоретски и практичен дел
б) полагање тест и интервју
в) полагање општ и поединечен дел
Извор: Закон за административни службеници
73. Менторството како метод на пренесување на знаења и вештини меѓу административните службеници може да биде:
а) писмено или усно
б) организирано во форма на обука од надворешни предавачи
в) советодавно или практично
Извор: Закон за административни службеници
74. Кои услови треба да ги исполнува административен службеник за да може да биде назначен за ментор:
а) да завршил високо образование и обука за ментор
б) да е распореден на исто работно места како и менторираниот и да има завршено обука за ментор
в) да е распореден на работно место на повисоко ниво од административниот службеник кој е менториран и да има завршено обука за ментор
Извор: Закон за административни службеници
75. Регистарот на ментори на административните службеници го води:
а) Министерството за образование и наука
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Менторскиот совет
Извор: Закон за административни службеници
76. Системот за управување со ефектот на административните службеници се состои од:
а) воспоставување професионални релации меѓу административни службеници - раководители и административни службеници- извршители
б) утврдување на работните цели и задачи и на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефектот на административниот службеник
в) определување на правила за давање наредби од страна на административни службеници - раководители и извршување на наредби од страна на административни службеници - извршители
Извор: Закон за административни службеници
77. Работните цели и задачи на административниот службеник се утврдуваат од страна на:
а) претпоставениот административен службеник во соработка со административниот службеник на крајот на постапката на оценување на работните достигнувања во декември во тековната година за наредната
б) секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар
в) Колегиумот на раководните лица во институцијата
Извор: Закон за административни службеници
78. Во индивидуалниот план кој се подготвува за стручно усовршување на административен службеник се утврдува:
а) потребата од дополнително стручно образование заради ефикасно извршување на утврдените работни цели и задачи и потребата од развој и унапредување на работните компетенции
б) потребата за стручно усовршување на административниот службеник заради ефикасно извршување на утврдените работни цели и задачи и потребата од развој и унапредување на работните компетенции
в) планот за полагање стручни испити во календарската година
Извор: Закон за административни службеници
79. Полугодишното интервју, како дел од процесот на континуирано следење на ефектот на административниот службеник од страна на непосредно претпоставениот административен службеник, се спроведува:
а) два пати во тек на годината
б) еднаш во годината
в) на секои шест месеци
Извор: Закон за административни службеници
80. Постапката за подобрување на ефектот од работењето на административен службеник вклучува:
а) дополнителни обуки или менторство и писмена опомена во која административниот службеник се предупредува на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект
б) упатување на дополнително образование, без писмена опомена и усно предупредување на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект
в) поведување на дисциплинска постапка и изрекување на суспензија и усно предупредување на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект
Извор: Закон за административни службеници
81. Кога во извештајот за полугодишното интервју се утврди дека административниот службеник покажал незадоволителни резултати, му се изрекува:
а) писмена опомена во која административниот службеник се предупредува на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект и обврска за дополнителни обуки и менторство
б) казна во висина од 20% од просечната плата која му е исплатена во претходната година
в) решение за престанок на работниот однос
Извор: Закон за административни службеници
82. Оценувањето на административните службеници се спроведува:
а) повремено
б) по договор
в) задолжително
Извор: Закон за административни службеници
83. Оценувањето на административните службеници задолжително се спроведува од страна на непосредно претпоставениот административен службеник:
а) два пати во текот на годината
б) еднаш во годината
в) на секои три месеци
Извор: Закон за административни службеници
84. Годишната оцена на административниот службеник се добива врз основа на оценките на:
а) раководното лице на институцијата
б) непосредно претпоставениот административен службеник, на четири други административни службеници во институцијата и двајца оценувачи кои не се вработени во институцијата, а со кои административниот службеник има непосредна соработка
в) непосредно претпоставениот административен службеник и на двајца други административни службеници во институцијата, а со кои администртивниот службеник има непосредна соработка
Извор: Закон за административни службеници
85. Работата на административниот службеник, во однос на квалитетот, ефективноста и ефикасноста во работењето, почитувањето на роковите и нивото на исполнување на утврдените работни цели и задачи, нивото на вклученост и посветеност на работата, придонесот во реализација на стратешкиот план за стручно усовршување и однесувањето на административниот службеник, имајќи го предвид и извештајот од полугодишното интервју, може да биде оценета од страна на оценувачот:
а) со оценка "А", "Б", "В", "Г" или "Д"
б) со оценка "1", "2", "3", "4" или "5"
в) со оценка "особено се истакнува", " се истакнува", "задоволува", "делумно задоволува" или "не задоволува"
Извор: Закон за административни службеници
87. Годишната оцена на административниот службеник се добива врз основа на:
а) оценката на непосредно претпоставениот административен службеник, односно, оценувачот која учествува со 65% и оценката на секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар која учествува со 35%
б) оценката на непосредно претпоставениот административен службеник, односно, оценувачот која учествува со 65%, како и од просечната оценка од четири други административни службеници со кои административниот службеник непосредно соработувал и тоа двајца на пониско и двајца на исто ниво, како и двајца оценувачи кои не се вработени во институцијата, а со кои административниот службеник има непосредна соработка која учествува со 35%
в) оценката на секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар која учествува со 65% и оценката на министерот за информатичко општество и администрација која учествува со 35%
Извор: Закон за административни службеници
89. Против постапката за оценување незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до:
а) Агенцијата за администрација, односно до надлежен орган во согласност со Законот за административни службеници
б) Државниот управен инспекторат
в) Државниот инспекторат за труд
Извор: Закон за административни службеници
90. Оценувањето на административниот службеник, кој во текот на годината за која се врши оценувањето, преку постапка на мобилност е распореден, односно преземен на друго работно место, го врши:
а) новиот, врз основа на писмен извештај од претходниот оценувач
б) претходниот оценувач
в) Комисија за оценување
Извор: Закон за административни службеници
93. Годишната оцена на административниот службеник може да биде: „А"- доколку има вредност од 4,51 до 5,00; „Б"-доколку има вредност од 3,51 до 4,50; „В"- доколку има вредност од 2,51 до 3,50; „Г"- доколку има вредност од 1,51 до 2,50 и „Д"- доколку има вредност од 1,00 до 1,50
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
94. Административните службеници, освен оние кои со Изборниот законик се ослободени, се должни да учествуваат во работата на органите во кои се избрани за организирање и спроведување на изборна постапка, односно попис на населението во Република Македонија
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
95. Административниот службеник е лично одговорен за вршењето на работите и работните задачи од работното место
а) неточно
б) точно
Извор: Закон за административни службеници
96. Административниот службеник одговара дисциплински доколку стори повреда на службената должност
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
97. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, не ја исклучува дисциплинската одговорност
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
98. Дисциплинската неуредност како вид на дисциплинска одговорност на административниот службеник подразбира полесна повреда на работната дисциплина, на работните задачи, на угледот на институцијата или на угледот на административниот службеник:
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
99. Дисциплински престап како вид на дисциплинска одговорност на административниот службеник подразбира потешка повреда на службената должност, на работната дисциплина, на угледот на институцијата или на угледот на административниот службеник:
а) неточно
б) точно
Извор: Закон за административни службеници
100. Незаконитото располагање со материјални и финансиски средства од страна на административниот службеник претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
в) дисциплински прекршок
Извор: Закон за административни службеници
101. Доколку административниот службеник не дојде на работа два работни дена во текот на една календарска година без оправдување, сторува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
Извор: Закон за административни службеници
102. Доколку административниот службеник злоупотреби лични или доверливи податоци, сторува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
Извор: Закон за административни службеници
103. Доколку административниот службеник одбие да оди на стручно оспособување и усовршување на кое институцијата во која работи го упатува, сторува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
Извор: Закон за административни службеници
104. Доколку административниот службеник искажува и застапува политичко уверување во вршењето на работните задачи, учествува во изборни активности или на други јавни настапи од таков карактер во текот на работното време, или го доведува во прашање својот статус на административен службеник со вршење на партиски активности, со носење или истакнување на партиски симболи во работната просторија, сторува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
Извор: Закон за административни службеници
105. Одбивањето да даде или давањето неточни податоци на институциите, граѓаните или правните лица, во случаи кога давањето податоци е утврдено со закон, за административниот службеник значи извршување на:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
Извор: Закон за административни службеници
106. Повторувањето на дисциплинската неуредност повеќе пати претставува дисциплински престап:
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
107. Злоупотребата на боледувањето од страна на административниот службеник претставува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
Извор: Закон за административни службеници
108. Внесувањето и употребата на алкохол во работните простории, или работење под дејство на алкохол или наркотични средства од страна на административниот службеник претставува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
Извор: Закон за административни службеници
109. Доколку административниот службеник не се придржува кон прописите за заштита од болест, безбедност и здравје при работа и на прописите за заштита на животната средина, тоа претставува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
Извор: Закон за административни службеници
110. Доколку административниот службеник го поставува личниот финансиски интерес во судир со положбата и статусот на административниот службеник, тоа претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
Извор: Закон за административни службеници
111. Доколку административниот службеник како член на изборен орган се вклучи во спречување на избори и на гласање, го повредува избирачкото право на избирачите, ја ограничува слободата на определување на избирачите, врши поткуп при избори, ја повредува тајноста на гласањето, уништува изборни исправи или врши изборна измама, тоа претставува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
Извор: Закон за административни службеници
112. Примањето подароци или друг вид на корист од страна на административниот службеник претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
Извор: Закон за административни службеници
113. Доколку административниот службеник неоправдано не го извести непосредно претпоставениот административен службеник, секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, за спреченоста за недоаѓање на работа во рок од три часа, тоа претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
Извор: Закон за административни службеници
114. Со одлука за утврдена дисциплинска неуредност на административниот службеник може да му биде изречена една од следниве дисциплински мерки: писмена опомена или парична казна во висина од 20% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинска неуредност, во траење од еден до три месеци
а) неточно
б) точно
Извор: Закон за административни службеници
115. Со одлука за утврден дисциплински престап на административниот
службеник може да му биде изречена една од следниве дисциплински мерки: парична казна во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинскиот престап во траење од еден до шест месеци; распоредување на работно место во непосредно пониско ниво и престанок на работниот однос кога настапиле штетни последици за институцијата, а притоа не се утврдени олеснителни околности за административниот службеник кој го сторил престапот
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
116. Дисциплинската мерка против административниот службеник кој сторил дисциплинска неуредност ја изрекува:
а) Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност
б) секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
в) Агенцијата за администрација
Извор: Закон за административни службеници
117. Против донесената одлука за дисциплинска мерка за дисциплинска неуредност, односно, за дисциплински престап, административниот службеник има право на жалба
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
118. Начинот на водење на дисциплинската постапка и образецот за тајното гласање на членовите на дисциплинската комисија го пропишува:
а) Секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
б) Министерот за информатичко општество и администрација
в) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност
Извор: Закон за административни службеници
119. Иницијатива за покренување на дисциплинска постапка против административен службеник со соодветно образложение има право да поднесе:
а) секој административен службеник и друго лице, во согласност со закон или Државната изборна комисија, Државниот завод за статистика и Државниот испитен центар
б) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност
в) раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
Извор: Закон за административни службеници
120. Предлог за покренување на дисциплинска постапка против административен службеник поднесува:
а) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност
б) раководителот на организационата единица за управување со човечки ресурси во институцијата
в) непосредно претпоставениот административен службеник, како и секретарот, односно, раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
Извор: Закон за административни службеници
121. Доколку повредата на службената должност повлекува и кривична одговорност, дисциплинската постапка за утврдување на одговорност на административниот службеник застарува во рок од:
а) една година од денот на дознавањето за повредата
б) две години од денот на дознавањето за повредата
в) три години од денот на дознавањето за повредата
Извор: Закон за административни службеници
122. Задршката од плата на име изречени парични казни на административниот службеник за сторени дисциплински неуредности или дисциплински престапи, во текот на еден месец не може да го надмине износот од:
а) една третина од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец
б) една половина од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец
в) 60 % од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец
Извор: Закон за административни службеници
123. Постапката за утврдување на материјална одговорност на административниот службеник, почнувајќи од денот на донесување на решението за формирање на комисијата за утврдување на материјална одговорност не може да се води подолго од:
а) 45 дена
б) 60 дена
в) 30 дена
Извор: Закон за административни службеници
124. Доколку административниот службеник на работа или во врска со работата, намерно или од крајна небрежност, предизвика штета на институцијата, и доколку низ соодветна постапка се потврди дека е одговорен за настанатата штета, штетата ја надоместува:
а) фондот за надоместување штети формиран на солидарна основа
б) административниот службеник лично
в) одделението/секторот каде што е вработен административниот службеник
Извор: Закон за административни службеници
125. Доколку административниот службеник во вршењето на работите и работните задачи предизвика материјална штета кон трети лица, институцијата е должна да ја надомести направената материјалната штета
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
126. Платите и надоместоците на плати на административните службеници се обезбедуваат од:
а) Буџетот на Република Македонија, буџетите на единиците на локалната самоуправа, како и од други извори на средства утврдени со закон
б) самофинансирање и должничко - доверителски односи на институцијата
в) донации и меѓународна помош
Извор: Закон за административни службеници
127. Платите на административните службеници:
а) се пресметуваат во бруто износ, а се исплатуваат во готовина
б) се пресметуваат и исплатуваат како збир од дневници за претходниот месец
в) се пресметуваат во бруто износ, а се исплатуваат во нето паричен износ еднаш месечно во тековниот месец за претходниот месец
Извор: Закон за административни службеници
128. Платата на административниот службеник се состои од:
а) плата по учинок и бонус
б) основна компонента и исклучителна компонента
в) плата по учинок и надоместок за редовност
Извор: Закон за административни службеници
129. Основната компонента на платата на административниот службеник ја сочинуваат: делот на плата за степен на образование, делот на плата за ниво и дел на плата за стаж:
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
130. Делот на плата за степен на образование, делот на плата за ниво и делот на плата за стаж на административните службеници се вреднуваат со:
а) бодови
б) индекси
в) проценти
Извор: Закон за административни службеници
131. Делот на плата за работниот стаж на административниот службеник се вреднува во износ од:
а) 0,5% од разликата меѓу деловите на платата за степен на образование и за ниво, за секоја навршена година работен стаж
б) 0,5% од деловите на платата за степен на образование и за ниво, за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%
в) 20% од делот на плата за стручно образование и за ниво
Извор: Закон за административни службеници
132. Исклучителната компонента на платата на административните службеници ја сочинуваат: додатокот на плата за посебни услови за работа, додатокот на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот и/или додатокот на плата за ноќна работа, работа во смени и прекувремена работа:
а) неточно
б) точно
Извор: Закон за административни службеници
133. За време на штрајк, доколку се исполнети сите законски услови, административниот службеник има право на плата во висина од:
а) 50% од платата што ја примил претходниот месец
б) 40% од платата што ја примил претходниот месец
в) 60% од платата што ја примил претходниот месец
Извор: Закон за административни службеници
134. На административниот службеник му престанува работниот однос: со спогодба; по негово барање; по сила на закон и во други случаи утврдени со овој и друг закон и колективен договор
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
135. Доколку на административен службеник му престане државјанството на Република Македонија, со денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанството на Република Македонија му престанува работниот однос по сила на закон
а) неточно
б) точно
Извор: Закон за административни службеници
136. Доколку административен службеник биде осуден за кривично дело во врска со службената должност, со денот на правосилноста на пресудата му престанува работниот однос по сила на закон
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
137. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон поради издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеци, со денот на започнувањето на издржување на казната
а) неточно
б) точно
Извор: Закон за административни службеници
138. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон ако неоправдано отсуствува од работа најмалку три работни дена последователно во еден месец
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
139. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон ако органот на државната управа надлежен за инспекциски надзор во рок од една година утврди дека вработениот е вработен спротивно на одредбите од Законот за административни службеници
а) точно
б) неточно
Извор: Закон за административни службеници
140. Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за административни службеници и на прописите донесени врз основа на овој закон, врши:
а) Државниот управен инспекторат
б) Агенцијата за администрација
в) Државниот инспекторат за труд
Извор: Закон за административни службеници
141. Постапката за селекција при вработување на административен службеник се состои од три фази и тоа:
a) административна селекција, испит за административен службеник, проверка на веродостојноста на доставените докази и интервју.
б) административна селекција, стручен испит и интервју.
в) проверка на доставените докази, писмен тест, усен испит и интервју.
Извор: Закон за административни службеници
142. Испитот за административен службеник се состои од два дела и тоа:
а) стручен дел и дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски)
б) општ и посебен дел
в) општ и практичен дел
Извор: Закон за административни службеници
143. Унапредување на административните службеници се врши преку објавување на:
а) соопштение на веб страната на Агенцијата за администрација
б) јавен оглас во најмалу три дневни весници, што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик
в) интерен оглас на веб страната на институцијата и на Агенцијата за администрација.
Извор: Закон за административни службеници
144. Административен службеник кој се пријвува на интерен оглас треба да ги исполнува следните услови:
а) да е вработен во институција од јавен сектор, да ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место, да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас и тоа најмалку една година и да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас
б) да е вработен во институција од приватниот или јавен сектор, да ги исполнува општите и посебните услови припишани за соодветното ниво во Законот за административните службеници и во актот за систематизација, да е оценет со оцена “особено се истакнува“ или “се истакнува“ припоследното оценување и да е на работно место на пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас.
в) да е вработен во институцијата која објавува интерен оглас, да ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место припишани за соодветното ниво во Законот за административните службеници и во актот за систематизација, да е оценет со оцена “особено се истакнува“ или “се истакнува“ при последното оценување и да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас и тоа најмалку две години и да не му е изречена дисцилинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Извор: Закон за административни службеници
145. На административниот службеник кој е оценет со годишна оценка “А“ му се доделува:
а) додаток на плата за кариера
б) по сила на закон се унапредува за едно ниво повисоко
в) надоместок за успешност во работењето во висина на платата примена во последниот месец во годината за која е оценувањето.
Извор: Закон за административни службеници
146. На административниот службеник кој е оценет со годишна оценка “А“ му се доделува надоместок за успешност во работењето во висина на платата примена во последниот месец во годината за која се вршело оценувањето, доколку:
а) во буџетот на институцијата, се обезбедени средства за таа намена, а за тоа одлучи секретарот, односно раководното лице на институцијата, врз основа на предлог на непосредниот раководител.
б) во буџетот на институцијата, се обезбедени средства за таа намена, независно од тоа кој ја носи одлуката за исплатата на надоместокот.
в) непосредниот предпоставен донесе одлука за тоа.
Извор: Закон за административни службеници
147. Доколку административниот службеник биде оценет со оцена “Д“ му престанува работниот однос:
а) доколку еднаш биде оценет со оцена “Д“.
б) доколку во последните пет години најмалку два пати биде оценет со оцена “Д“.
в) доколку два пати последователно биде оценет со оцена “Д“ или најмалку три пати во последните пет години.
Извор: Закон за административни службеници