Студија 1: Финансиско сметководство

Содржина: На 1 октомври 2015 година, на сметката од купувачот Х има салдо од 800 ден. На истиот купувач, на 3 октомври му се продадени производи во вредност од 925 ден., на 17 октомври во вредност од 650 ден., и на 26 октомври во вредност од 850 ден. Исто така, на 5 октомври, купувачот уплатил на сметка на институцијата 750 ден, а на 15 октомври 900 ден., по одобрување попуст од 25 ден. На 29 октомври, купувачот вратил производи во вредност од 180 ден. Институцијата има потрошено и 10.000 ден. како трошоци за истражување за кои треба да се утврди сметководствениот третман.


Прашање 1: Двојното книжење со кое се отпишува одредено ненаплативо побарување е?   

Одговор 1:    Должи биланс на успех, побарува побарувања од купувачите.  

Одговор 2:    Должи побарувања од купувачите, побарува биланс на успех.  

Одговор 3:    Должи биланс на успех, побарува исправка на побарувања од купувачите. 


Прашање 2: Кој е точниот сметководствен третман на трошокот за истражување?   

Одговор 1:    Д: нематеријални средства; П: парични средства или обврска.   

Одговор 2:    Д: расходи; П: парични средства или обврски.  

Одговор 3:    Д: парични средства или обврски; П: расходи.  


Прашање 3: Какво е салдото на сметката побарувања од купувачот Х на 31 октомври?

Одговор 1:    Побарува 1.370 ден.  

Одговор 2:    Должи 1.370 ден.  

Одговор 3:    Должи 230 ден. 


Прашање 4: Какво е салдото на сметката побарувања од купувачот Х на 24 октомври?

Одговор 1:    Должи 900 ден. 

Одговор 2:    Должи 700 ден. 

Одговор 3:    Побарува 700 ден.


Прашање 5: Која од наведените грешки може да резултира со нерамнотежа на пробниот биланс?              

Одговор 1:    Фактура која не е прокнижена на сметките.  

Одговор 2:    Фактура која е задолжена на сметката за евиденција на приходите од продажба и одобрена на сметката на главната книга за побарувања од купувачите.    

Одговор 3:    Издадена фактура и евидентирана кај купувачи, која не е евидентирана во дневната книга на продажби.


Студија 2: Финансиско сметководство

Содржина: Институција од јавниот сектор, на 31 октомври 2015 година ги има следниве салда во илјади денари:

 - Трошоци на продадени производи 250;

 - Залихи 100;

 - Нетековни средства 500;

 - Капитал 300;

 - Приходи од продажба 400;

 - Долгорочен кредит 200;

 - Побарувања 80;

 - Обврски 60;

 - Оперативни расходи 70;

 - Банкарско пречекорување 40.

 Исто така, институцијата има набавено машина за 260.000 ден. на 1 мај 2015 година. Проценетиот годишен век на машината е 12 години, со резидуална вредност од 8.000 ден. Се применува праволиниски метод на депрецијација и се засметува месечна депрецијација.


Прашање 1: Колку изнесуваат вкупните средства на институцијата?

Одговор 1: 680.000 ден.

Одговор 2: 640.000 ден.

Одговор 3: 660.000 ден.


Прашање 2: Според сметководствените концепти, еднаш утврдените и усвоените правила и методи ќе се применуваат континуирано, а сметководствената евиденција треба да биде во моментот на настанување на приходите и на расходите. За кои концепти станува збор?

Одговор 1: Концепт на спротивставување и континуитет.

Одговор 2: Конзистентност и пресметковна основа.

Одговор 3: Континуитет и пресметковна основа.


Прашање 3: Колку изнесуваат вкупните обврски на институцијата?

Одговор 1: 260.000 ден.

Одговор 2: 300.000 ден.

Одговор 3: 330.000 ден.


Прашање 4: Колку изнесува депрецијацијата за машината, заклучно со 31 декември 2015 година?

Одговор 1: 21.000 ден.

Одговор 2: 14.000 ден.

Одговор 3: 7.000 ден.


Прашање 5: Колку изнесува суфицитот или дефицитот за октомври 2015 година?

Одговор 1: 20.000 ден. дефицит.

Одговор 2: 80.000 ден. суфицит.

Одговор 3: 40.000 ден. суфицит.

 

Студија 3: Финансиско сметководство

Содржина: Во текот на годината, која завршува на 31 декември 2015 година, една институција ги има направено следните расходи:
- Трошоци за изнајмување специјална машина: 6.800 ден.;
- Нов информациски систем за контрола на залихи: 5.000 ден.;
- Одржување на машината: 4.800 ден.;
- Проширување на зградата за да се отворат нови одделенија: 34.000 ден.;
- Нова машина: 15.000 ден.;
- Поправки во зградата: 2.000 ден.;
- Трошоци за испорака и инсталација на новата машина: 1.500 ден.;
- Замена на стар под: 1.100 ден.


Прашање 1: Што од следното е пример за капитален расход? 

Одговор 1: Плаќање за реновирање зграда.    

Одговор 2: Плаќање адвокатски услуги за тужење повеќегодишни долгови од купувачите.     

Одговор 3: Плати на вработените кои вршат надзор над градежните работи.     


Прашање 2: Претпазливост е?  

Одговор 1: Целосно признавање на какви било потенцијални загуби, кои можат да настанат додека антиципираните добивки не се признаваат, сè додека целосно не се реализираат.   

Одговор 2: Воздржување од лично мислење или пристрасност кога се изготвуваат финансиските извештаи.

Одговор 3: Кога сите потенцијални загуби и приходи се признаваат по нивното целосно реализирање.     


Прашање 3:  Колку изнесуваат капиталните расходи на институцијата?  

Одговор 1: 54.000 ден.    

Одговор 2: 55.500 ден.    

Одговор 3: 50.500 ден.    


Прашање 4: Колку изнесуваат оперативните расходи на институцијата?

Одговор 1: 16.200 ден.    

Одговор 2: 14.700 ден.    

Одговор 3: 19.700 ден.    


Прашање 5: Што од следното не е точно во врска со оперативните и капиталните расходи?   

Одговор 1: Средствата обезбедени за капитални расходи, доколку не се потрошат по редовна постапка, можат да се пренаменат за оперативни расходи.    

Одговор 2: Капиталните расходи најчесто се финансираат од наменски обезбедени средства.   

Одговор 3: Капиталните расходи претставуваат трошења поради инвестирање во средства со животен век подолг од една година.


Студија 4: Финансиско сметководство

Содржина: Една институција има вложено во опрема во износ од 24.000 ден. во 2000 година. Опремата има очекуван корисен век од 15 години и очекувана резидуална вредност од 1.500 ден., а се депрецира врз основа на праволинискиот метод на депрецијација. Во 2012 година, опремата се оштетила и единствено можеле да ја продадат како отпадок за 400 ден. Од 2015 година, институцијата има донесено одлука да применува метод на опаѓачко салдо за депрецирање на нетековните средства.  

 

Прашање 1: Со цел да биде запазен сметководствениот концепт на конзистентност, кој упатува на тоа дека еднаш усвоените методи треба да се применуваат континуирано за да се обезбеди споредливост на информациите меѓу годините, дали е дозволива промената од еден кон друг метод на депрецијација?

Одговор 1: Не.

Одговор 2: Да.

Одговор 3: Да, но тоа треба да биде обелоденето во белешките на финансиските извештаи.     


Прашање 2: Кој од наведените концепти не е сметководствен концепт?   

Одговор 1: Материјалност.    

Одговор 2: Субјективност. 

Одговор 3: Конзистентност.   


Прашање 3: Концептот на набавна вредност?

Одговор 1: Ги вреднува сите средства по нивната почетна набавна вредност до крајот на годината, кога треба да се прикажат по нивната објективна вредност.

Одговор 2: Ги вреднува сите средства по нивната почетна (историска) набавна вредност во деловниот ентитет.

Одговор 3: Е заменет во сметководствената евиденција со системот на сметководство според сегашна вредност.


Прашање 4: Колку изнесувала книговодствената нето-вредност на опремата во моментот на отуѓување?

Одговор 1: 6.000 ден. 

Одговор 2: 18.000 ден.    

Одговор 3: 4.800 ден. 


Прашање 5: Колку изнесува добивката или загубата од опремата за институцијата? 

Одговор 1: 4.400 ден. загуба. 

Одговор 2: 5.600 ден. загуба. 

Одговор 3: 7.100 ден. загуба.


Студија 5: Финансиско сметководство 

Содржина: На 1 октомври 2015, на сметката од купувачот Х има салдо од 300 ден. На истиот купувач, на 3 октомври му се продадени производи во вредност од 525 ден., на 17 октомври во вредност од 350 ден., и на 28 октомври во вредност од 250 ден. Исто така, на 5 октомври, купувачот уплатил на сметка на институцијата 250 ден., а на 15 октомври 500 ден. по добрување попуст од 25 ден. На 28 октомври, купувачот вратил производи во вредност од 80 ден. Понатаму, 700 ден. му се платени на добавувач за канцелариските материјали кои ги купиле од него минатиот месец.  


Прашање 1: Компанија вратила залиха на добавувачот, бидејќи производите биле неисправни. Кое е двојното книжење во финансиските извештаи со кое ќе се евидентира оваа трансакција?  

Одговор 1: Должи добавувачи, побарува вратени продадени производи.  

Одговор 2: Должи добавувачи, побарува вратени набавени производи.     

Одговор 3: Должи побарувања, побарува вратени продадени производи.     


Прашање 2:Евиденцијата во главната книга за плаќањето на добавувачот, ќе биде?

Одговор 1: На должи обврски кон добавувачите, на побарува сметка во банка.     

Одговор 2: На должи сметка во банка, на побарува залиха на канцелариски материјали.

Одговор 3: На должи залиха на канцелариски материјали, на побарува сметка во банка.


Прашање 3: Какво е салдото на сметката побарувања од купувачот Х на 31 октомври?

Одговор 1: Побарува 570 ден.    

Одговор 2: Должи 570 ден.     

Одговор 3: Должи 595 ден.     


Прашање 4: Какво е салдото на сметката побарувања од купувачот Х на 24 октомври?

Одговор 1: Должи 100 ден.     

Одговор 2: Должи 400 ден.     

Одговор 3: Побарува 400 ден.    


Прашање 5: Која од следните изјави е точна во врска со пробниот биланс?    

Одговор 1: Пробниот биланс кој е во рамнотежа покажува дека не се направени грешки во книжењето на сметководствените трансакции.   

Одговор 2: Пробниот биланс кој е во рамнотежа, покажува дека доследно бил применет принципот на двојно книжење за секоја трансакција.    

Одговор 3: Пробниот биланс ги покажува салдата на сите сметки, кои ќе бидат внесени во билансот за финансиска состојба и билансот за финансиски успех.


Студија 6: Финансиско сметководство

Содржина: На почетокот од септември, институцијата од јавен сектор има салдо на сметка од 600 ден. Во текот на месецот, ги има следните приливи и одливи од сметката:
- Платено на добавувачи: 8.200 ден.;
- Прилив од земен кредит: 10.000 ден.;
- Платени расходи: 1.800 ден.;
- Внесена готовина на сметка: 1.400 ден.;
- Повлечени парични средства: 4.000 ден.;
- Купена машина: 12.000 ден.;
- Наплатени побарувања: 15.600 ден.
Исто така, тие на почетокот од септември имале залиха во износ од 1.600 ден., во текот на септември купиле производи за 6.700 ден., а продале производи за 13.200 ден. и залихата на 30 септември изнесувала 1.800 ден. Направени се и оперативни расходи во износ од 1.400 ден.  


Прашање1: Вредноста на крајната залиха на крајот од периодот се определува со?

Одговор 1: Инвентарисување.  

Одговор 2: Извлекување салдо од сметката за залихи.

Одговор 3: Одземање на трошоците на продадени производи од продажбите.    


Прашање 2: Што од следното не е средство?  

Одговор 1: Залиха и опрема.

Одговор 2: Побарувања од купувачите и обврски кон добавувачите.  

Одговор 3: Обврски кон добавувачите и ревалоризациски резерви.    


Прашање 3: Бруто-добивката за септември изнесува?   

Одговор 1: 6.500 ден. 

Одговор 2: 4.900 ден. 

Одговор 3: 6.700 ден. 


Прашање 4: Нето-добивката за септември изнесува?

Одговор 1: 5.100 ден. 

Одговор 2: 3.500 ден. 

Одговор 3: 5.300 ден. 


Прашање 5: Колку изнесува салдото на сметката на 30 септември? 

Одговор 1: Должи 1.600 ден. 

Одговор 2: Побарува 1.600 ден.

Одговор 3: Побарува 200 ден.


Студија 7: Финансиско сметководство

Содржина: На 1 септември 2015 година, институцијата од јавниот сектор има салдо на неподмирени обврски во износ од 3.300 ден. Во текот на септември, дополнително набавиле средства во износ од 14.700 ден., но и исплатиле обврски во износ од 12.900 ден. Тие имаат добиено и попуст од 800 ден., и вратиле средства во износ од 600 ден. На крајот на сметководствениот период, се увидело дека пробниот биланс не е во рамнотежа и при ревидирање на сметководствените книжења, биле идентификувани неколку грешки. Една од грешките која ја откриле била во врска со плаќање за набавени канцелариски материјали, евидентирано било само на една сметка, односно на должи на парични средства, биле евидентирани 1.000 ден. 


Прашање 1: Што од следното не е процес кој се применува при изготвување на завршната сметка?            

Одговор 1: Сумирање трансакции.   

Одговор 2: Интерпретирање трансакции.   

Одговор 3: Евидентирање транскации.


Прашање 2: Која од наведените изјави е точна?

Одговор 1: Пробниот биланс секогаш е во рамнотежа.

Одговор 2: Пробниот биланс покажува дали сите сметководствени книжења се точно направени.

Одговор 3: Пробниот биланс покажува дека принципот на двојно книжење е испочитуван.    


Прашање 3: Колкаво е салдото на обврските кои не се платени заклучно со 30 септември?

Одговор 1: 2.100 ден. 

Одговор 2: 3.700 ден. 

Одговор 3: 4.500 ден. 


Прашање 4: Што од следното е фактор кој би придонел пробниот биланс да не е во рамнотежа? 

Одговор 1: Обратна двојна евиденција, внесувајќи ист износ и на двете сметки.   

Одговор 2: Испуштање да се евидентира трансакција, целосно или само на една сметка.   

Одговор 3: На должи евидентирано 850 ден. на една сметка, а на побарува евидентирано 580 ден. на друга сметка.


Прашање5: Кое книжење треба да се спроведе за да се коригира грешката, направена при евиденција на набавка на канцелариски материјали?    

Одговор 1: На должи канцелариски материјали 2.000 ден., на побарува парични средства 2.000 ден.           

Одговор 2: На должи канцелариски материјали 1.000 ден. и времена сметка 1.000 ден., а на побарува парични средства 2.000 ден. 

Одговор 3: На должи парични средства 2.000 ден., а на побарува канцелариски материјали 1.000 ден. и времена сметка 1.000 ден.


Студија 8: Финансиско сметководство

Содржина: Една од клучните улоги на сметководството е да обезбеди финансиски информации за корисниците, во форма на финансиски извештаи, како што се извештајот за финансискиот успех и извештајот за финансиската состојба. Како раководител на одделението за сметководство и известување, имате организирано интерен семинар за своите вработени за да им ги објасните основните карактеристики на финансиското известување.          


Прашање 1:Која од наведените сметководствени активности се фокусира на внатрешното известување? 

Одговор 1: Финансиско сметководство.   

Одговор 2: Управувачко сметководство.

Одговор 3: Интерна ревизија.   


Прашање 2: Која од следниве НЕ Е основна карактеристика на финансиската информација?    

Одговор 1: Споредлива.     

Одговор 2: Точна.    

Одговор 3: Разбирлива. 


Прашање 3: Кои од наведените принципи не би требало да се земат предвид како основни принципи за етичко однесување на професионален сметководител?   

Одговор 1: Разумност и субјективност.

Одговор 2: Доверливост и разумност.  

Одговор 3: Интегритет и објективност.    


Прашање 4: Што од следното не се појавува во билансот на успех?

Одговор 1: Повлекувања парични средства.    

Одговор 2: Депрецијација.    

Одговор 3: Крајна залиха.


Прашање 5: Кој од следните искази е точен во врска со корисниците на финансиските извештаи и нивните потреби за информации? 

Одговор 1: Иако се сопственици на компанијата, акционерите имаат пристап само до јавно достапните информации за компанијата.   

Одговор 2: Акционерите, како сопственици на компанијата, имаат пристап до сите информации за компанијата, како до внатрешните така и до надворешните информации.

Одговор 3: Во надворешни корисници би ги биле вклучиле владините агенции, јавноста, конкуренцијата и вработените.


Студија 9: Финансиско сметководство

Содржина: Општина Велес годишно известува за депрецијацијата на своите нетековни средства по стапка од 20% од набавната вредност, и депрецијацијата ја пресметува за секој месец на сопственост (поседување на нетековните средства). На 31 декември 2015 година, депрецијацијата до датумот на едно од нивните нетековни средства изнесувала 8.000 ден. Средството има набавна вредност од 12.000 ден. Средството е продадено на 30 април 2016 година за 2.200 ден. Понатаму, сметката на паричните средства на една фирма покажува салдо побарува во износ од 1.200 ден. Банкарскиот извештај за усогласување на сметката покажува вкупни трансфери во износ од 8.650 ден., кои сè уште не се примени и трансфери во износ од 12.600 ден., кои сè уште не се платени.  


Прашање 1: Што од следното е нетековно средство?    

Одговор 1: Земја и опрема.   

Одговор 2: Капитал и постројки.   

Одговор 3: Долгорочен кредит и побарувања.   


Прашање 2: Што од следното не е тековна обврска? 

Одговор 1: Банкарско пречекорување.    

Одговор 2: Обврска за месечна рата од долгорочен кредит.

Одговор 3: Капитал.    


Прашање 3: Кое е салдото во банкарскиот извештај?

Одговор 1: Банкарско пречекорување во висина од 4.550 ден.

Одговор 2: Банкарско пречекорување во висина од 2.750 ден.

Одговор 3: Салдо од 2.750 ден. 


Прашање 4: Терминот побарува во двојното сметководство значи?    

Одговор 1: Левата страна во главната книга.    

Одговор 2: Десната страна во главната книга. 

Одговор 3: Зголемување средства и приходи.


Прашање 5: Билансот на успех за годината која завршува на 31 декември 2016 година, ќе вклучи?

Одговор 1: Добивка од продажба 1.800 €.    

Одговор 2: Загуба од продажба €1.000

Одговор 3: Добивка од продажба 1.000 €.


Студија 10: Финансиско сметководство

Содржина: Една државна институција користи простор под кирија. Киријата се плаќа однапред за една година, и тоа на 1 мај секоја година. На 1 мај било извршено плаќање од 14.400 ден. за периодот до 30 април 2016. Претплатената кирија на почетокот од годината изнесувала 4.000 ден.


Прашање 1: Што од следното не е обврска?    

Одговор 1: Капитал и пресметани трошоци.    

Одговор 2: Пресметани приходи и обврски кон добавувачите.     

Одговор 3: Долгорочен кредит и издадени меници.  


Прашање 2: Терминот должи во двојното сметководство значи?     

Одговор 1: Левата страна во главната книга.    

Одговор 2: Десната страна во главната книга. 

Одговор 3: Зголемување средства и приходи.


Прашање 3: Колкав износ на расходи за кирија треба да бидат прикажани во билансот на успех за годината која завршува на 31 декември 2012 година?    

Одговор 1: 14.400 ден.    

Одговор 2: 13.600 ден.    

Одговор 3: 9.600 ден. 


Прашање 4: Приливот од 400 ден. на сметка во банка, уплатен од купувач кој должел на институцијата, во главната книга ќе се евидентира?    

Одговор 1: На должи сметка во банка, на побарува приходи од продажба.

Одговор 2: На должи приходи од продажба, на побарува сметка во банка.

Одговор 3: На должи сметка во банка, на побарува побарувања од купувачите.    


Прашање 5: Кој од следните концепти претпоставува дека расходот се спротивставува во сметководствениот период во кој е направен за да се генерира соодветен приход?  

Одговор 1: Конзистентност.   

Одговор 2: Пресметковна основа.

Одговор 3: Спротивставување.


Студија 11: Финансиско сметководство

Содржина: На 1 јануари 2013 година, останал неподмирен износ од 2.200 ден. за трошоци за кирија. За време на годината, која завршува на 31 декември 2013 година, 18.700 ден. биле платени за кирија, а на 31 декември 2013 година, останал неплатен износ од 1.100 ден.
Понатаму, организацијата има добивка пред оданочување во износ од 245.890 ден. Извадокот од сметките на организацијата, го покажува следново:
- Депрецијација 40.320 ден.;
- Загуба од отуѓување фабрика 8.410 ден.;
- Зголемување на залихите 23.020 ден.;
- Намалување на побарувањата 31.470 ден.;
- Намалување на обврските 24.660 ден.;
Исто така, компанијата има продадено некои нетековни средства за 54.000 ден.  


Прашање 1: Каде ќе бидат прикажани 54 000 ден. од продажбата на нетековното средство во извештајот за парични текови за оваа компанија?

Одговор 1: Готовински текови од оперативни активности.    

Одговор 2: Готовински текови од инвестициски активности.

Одговор 3: Готовински текови од финансиски активности.     


Прашање 2: Кои од следните групи сметки имаат нормално кредитно (побарува) салдо?   

Одговор 1: Приходи од продажба, капитал и обврски кон добавувачите.    

Одговор 2: Залихи, обврски кон добавувачите и набавки на стоки за препродажба.

Одговор 3: Побарувања од купувачите, машини и расходи за плати.   


Прашање 3: Во текот на октомври, една институција купила производи за 13.400 ден., а продала за 26.400 ден. Износот на залихата на 1 и на 31 октомври изнесувала 3.200 и 3.600 ден. респективно. Исто така, во текот на октомври направила и административни трошоци во износ од 2.800 ден. Колку изнесува бруто и нето-добивката во октомври?   

Одговор 1: Бруто-добивката била 13.400 ден., а нето-добивката 10.600 ден.  

Одговор 2: Бруто-добивката била 13.000 ден., а нето-добивката 10.200 ден.  

Одговор 3: Бруто-добивката била 16.600 ден., а нето-добивката 13.800 ден.  


Прашање 4: Кој е износот на расходи за изнајмување, кој ќе се пренесе во билансот на успех за годината која завршува на 31 декември 2013 година?    

Одговор 1: 17.600 ден.    

Одговор 2: 19.800 ден.    

Одговор 3: 18.700 ден.    


Прашање 5: Колкав е износот на готовинскиот прилив од оперативните активности кој ќе биде прикажан во извештајот за парични текови?

Одговор 1: 310.830 ден.  

Одговор 2: 180.950 ден.  

Одговор 3: 278.410 ден.


Студија 12: Финансиско сметководство

Содржина: Еден спортски клуб има добиено 1.000 ден. од еден член за доживотно членство. Спортскиот клуб нема свои простории, па плаќа кирија од 500 денари. Сметководителот на спортскиот клуб е во заминување, па обучува нов сметководител, кој тукушто има завршено факултет, и му ги објаснува основните сметководствени правила и принципи.    


Прашање 1: Кој од следните концепти претпоставува дека од еден во друг сметководствен период треба да се применуваат сметководствените политики кои се усвоени во еден сметководствен период?

Одговор 1: Конзистентност.   

Одговор 2: Континуитет.    

Одговор 3: Пресметковна основа.     


Прашање 2: Кои од следните групи на сметки имаат нормално дебитно (должи) салдо? 

Одговор 1: Приходи од продажба, капитал и обврски кон добавувачите.    

Одговор 2: Залихи, обврски кон добавувачите и набавки на стоки за препродажба.

Одговор 3: Побарувања од купувачите, машини и расходи за плати.   


Прашање 3: Евиденцијата за плаќањето на киријата ќе биде? 

Одговор 1: На должи парични средства, на побарува кирии.

Одговор 2: На должи кирии, на побарува парични средства.

Одговор 3: На должи побарувања, на побарува приходи од продажба.  


Прашање 4: Кое од следните равенства не е точно?  

Одговор 1: Капитал + обврски = средства.    

Одговор 2: Капитал – обврски = средства.    

Одговор 3: Капитал – средства = обврски.    


Прашање 5: Кој е точниот запис на страната побарува, со кој ќе се евидентира трансакцијата за добиеното членство?      

Одговор 1: Фонд за животно членство – тековна обврска.

Одговор 2: Фонд за животно членство – нетековна обврска.

Одговор 3: Сметка во банка.


Студија 13: Финансиско сметководство

Содржина: Институција од јавниот сектор, на крајот на годината вади пробен биланс, кој ги покажа следниве салда:
- Набавки 97.320 ден.;
- Продажби 178.200 ден.;
- Ненаплатливи побарувања 3.500 ден.;
- Греење и осветлување 7.050 ден.;
- Плати и надоместоци 34.800 ден.;
- Примени попусти 2.300 ден.;
- Одобрени попусти 1.220 ден.;
- Почетни залихи 14.330 ден.;
- Крајни залихи 18.070 ден.;
- Побарувања од купувачите 5.090 ден.;
- Обврски кон добавувачите 6.170 ден.
Извештаите треба да ги подготват според важечките сметководствени стандарди и постоечката национална регулатива. 


Прашање 1: Кои од следните ставки нема да се појават во извештајот за финансиска состојба во институција од јавен сектор?

Одговор 1: Имот и готовина.

Одговор 2: Кредити и депрецијација.  

Одговор 3: Расходи за плати и надоместоци.  


Прашање 2: Правилата кои ги применуваат сметководителите во финансиското сметководство, се определени од страна на?

Одговор 1: Тело за меѓународни сметководствени извештаи.  

Одговор 2: Одбор за меѓународни сметководствени стандарди.

Одговор 3: Одбор за сметководствени стандарди од Европска комисија.    


Прашање 3: Која од следните реченици е точна?   

Одговор 1: За да се зголеми капиталот, треба да се евидентира на должи.

Одговор 2: За да се зголеми средството, треба да се евидентира како контра конто на должи.   

Одговор 3: За да се намалат продажбите, треба да се евидентира на дебит.  


Прашање 4: Кое од следните равенства е точно?   

Одговор 1: Капитал – обврски = средства.    

Одговор 2: Капитал + средства = обврски.    

Одговор 3: Средства – обврски = капитал.   


Прашање 5: Колку изнесува нето-добивката? 

Одговор 1: 38.190 ден.    

Одговор 2: 43.850 ден.    

Одговор 3: 40.350 ден.


Студија 14: Управувачко сметководство

Содржина: Вие сте сметководител на менаџментот во организацијата од јавен сектор и имате добиено писмо од граѓанин, во кое тој прашува некои прашања за буџетирање и системи на буџетирање. Тој од скоро бил поканет да биде дел од „Граѓански форум“, во новиот Комитет за надзор од граѓаните, кој Владата го има поставено за сите организации од јавниот сектор. Неговото образование и искуство е од областа на земјоделството и признава дека нема никакво искуство со буџети и со системи на буџетирање (тема која видел дека е на агендата на првиот состанок за 3 недели). Тој во писмото замолува за помош околу некои основни дефиниции и објаснувања како што следат:
- Прво, што точно е „инкрементален буџет“ и „буџет без стартна основа“?; Кои се клучните разлики помеѓу нив?; Кога го користите едниот пристап наместо вториот?; Кои се предностите и недостатоците на двата системи?;
- Второ, ги имал слушнато термините „од горе кон долу“ и „од долу кон горе“ во градење буџет, но воопшто нема идеја што би значеле овие две нешта.


Прашање 1: Буџетите се неопходна компонента при носење финансиски одлуки, бидејќи обезбедуваат?               

Одговор 1: Ефикасна алокација на ресурси.     

Одговор 2: Средство за да се искористат сите ресурси на институцијата.     

Одговор 3: Автоматски корективен механизам за грешки.    


Прашање 2: Што од следното е главна предност на буџетирањето?    

Одговор 1: Мотивирање на вработените.    

Одговор 2: Оценување на резултатите.   

Одговор 3: Присилно планирање.


Прашање 3: Многу организации од јавниот сектор имаат прифатено инкрементален пристап во буџетирањето. Кој ЕДЕН од следните коментари е ТОЧЕН кога се опишува инкременталниот пристап на буџетирање?             

Одговор 1: Инкременталното буџетирање започнува без стартна основа. 

Одговор 2: Инкременталното буџетирање само ги коригира тековните буџети за промените во инфлацијата.

Одговор 3: Инкременталното буџетирање започнува со буџетите од тековниот период како основа.         


Прашање 4: Која од следните изјави точно го опишува пристапот на буџетирање без стартна основа?        

Одговор 1: Буџетите се базирани единствено на долгорочните цели на организацијата. 

Одговор 2: Буџетите континуирано се ревидираат во однос на новите активности.  

Одговор 3: Сите активности се оправдани и приоритетни, пред ресурсите да се алоцираат на секоја активност.


Прашање 5: Буџетирањето од „долу кон горе“ значи дека?  

Одговор 1: Првично, раководството прави нацрт-буџет, па го дава кај вработените за коментари.

Одговор 2: Првично, вработените прават нацрт-буџет за своите потреби, па го даваат на корекции и одобрување кај раководството.    

Одговор 3: Вработените прават нацрт на буџет и го поднесуваат во Владата на усвојување.


Студија 15: Управувачко сметководство

Содржина: Подолу се дадени практични примери од аспект на буџетирање болница, која претставува јавна установа. Еден од најзначајните сегменти во јавните установи е изготвувањето буџет и негово извршување. Подолу се дадени прашања поврзани со процесот на буџетирање во оваа установа.


Прашање 1: Временското покривање на буџетот е?  

Одговор 1: Една година.     

Одговор 2: Зависи од целта на буџетот.   

Одговор 3: Подобро е да биде за пократок отколку за подолг временски период.    


Прашање 2: Кои од следните корисности би можеле да се очекуваат од ефективна буџетска програма за здравство?
i. Подобра контрола на трошоците;
ii. Подобра координација на активностите;
iii. Подобра комуникација на целите.   

Одговор 1: Првите две.  

Одговор 2: Сите три.   

Одговор 3: Ниту едно.    


Прашање 3: Болница вработува 10 медицински сестри. Секоја медицинска сестра има годишна плата од 120.000 ден. На 1 јули тие ќе добијат зголемување на платите од 2%. Колку треба да изнесува годишниот буџет за платите на медицинските сестри?   

Одговор 1: 1.200.000 ден.   

Одговор 2: 1.206.000 ден.   

Одговор 3: 1.212.000 ден.   

 

Прашање 4: Буџетот на една болница се состои од кирија, која годишно изнесува 5.000.000 ден. и се плаќа квартално, во јануари, април, јули и во октомври, чистење и одржување годишно 1.800.000 ден., кои се плаќаат месечно, и струја годишно во износ од 1.500.000 ден., од кои 60% се плаќаат подеднакво во јануари, октомври, ноември и во декември, а остатокот се плаќа во подеднакви месечни рати во останатите 8 месеци. Колку изнесува буџетот од почеток на годината до 31 август? 

Одговор 1: 5.950.000 ден.   

Одговор 2: 5.700.000 ден.   

Одговор 3: 6.500.000 ден.   


Прашање 5: Буџетот: (i) е квантитативно изразување на предложен план на активности за следната година; (ii) помага да се координираат потребите кои треба да се реализираат; (iii) ги вклучува различните извори на финансирање, не само даноците; (iv) служи како основа за сите активности и плаќања во текот на периодот.

Одговор 1: i, iii и iv.  

Одговор 2: Сите четири.

Одговор 3: Ниту едно.


Студија 16: Управувачко сметководство  

Содржина: По спроведените локални избори во општината НН, избран е нов градоначалник кој по професија е лекар. Тој уште првиот ден го викнал раководителот на финансии и буџетирање да му објасни основни финансиски и административни прашања поврзани со буџетот на општината, со цел да може поефикасно да ја извршува својата функција.


Прашање 1: Извор на средства во буџетот на општината може да биде сè од наведеното, освен?  

Одговор 1: Акции и меници.  

Одговор 2: Донации, дотации и кредити.     

Одговор 3: Акции и обврзници.     


Прашање2 : Советниците, контролата врз буџетот во текот на годината ја вршат преку? 

Одговор 1: Доставување месечни извештаи за реализацијата на буџетот.

Одговор 2: Доставување квартални извештаи.    

Одговор 3: Советниците не вршат контрола врз буџетот. 


Прашање 3: Буџетскиот календар кај општините содржи рокови?   

Одговор 1: До кога треба да се реализираат одредени ставки од буџетот. 

Одговор 2: Кога да се донесе буџетот во Владата.  

Одговор 3: До кога општинските буџетски корисници треба да ги достават своите финансиски планови до градоначалникот.   


Прашање 4: Годишната сметка, советот треба да ја донесе најдоцна до?   

Одговор 1: 28 февруари тековната за минатата година. 

Одговор 2: 15 март тековната за минатата година. 

Одговор 3: Ниту еден одговор не е точен.   


Прашање 5: Буџетирањето се користи за да им помогне на општините:
i. Да планираат за подобро да ги задоволат барањата на граѓаните;
ii. Да ги антиципираат потенцијалните проблеми;
iii. Да се фокусираат на можностите.

Одговор 1: Само првото.    

Одговор 2: Сите три.   

Одговор 3: Ниту едно.


Студија 17: Управувачко сметководство  

Содржина: Вие сте сметководител на менаџментот во организацијата од јавен сектор и имате добиено писмо од граѓанин, во кое тој прашува некои прашања за буџетирање и системи на буџетирање. Тој од скоро бил поканет да биде дел од „Граѓански форум“, во новиот Комитет за надзор од граѓаните, кој Владата го има поставено за сите организации од јавниот сектор. Неговото образование и искуство е од областа на земјоделството и признава дека нема никакво искуство со буџети и со системи на буџетирање (тема која видел дека е на агендата на првиот состанок за 3 недели). Тој во писмото замолува за помош околу некои основни дефиниции и објаснувања како што следат:
- Прво, што точно е „инкрементален буџет“ и „буџет без стартна основа“?; Кои се клучните разлики помеѓу нив?; Кога го користите едниот пристап наместо вториот?; Кои се предностите и недостатоците на двата системи?;
- Второ, ги имал слушнато термините „од горе кон долу“ и „од долу кон горе“ во градење буџет, но воопшто нема идеја што би значеле овие две нешта.


Прашање 1: Инкременталното буџетирање значи дека?  

Одговор 1: Износот на буџетирани расходи и приходи ќе се зголемува секоја година.

Одговор 2: Се прават корекции на износите во буџетот од минатата година.

Одговор 3: Ниту еден одговор не е точен.   


Прашање 2: Буџетирањето „од горе кон долу“ значи?   

Одговор 1: Процесот на буџетирање започнува кај раководните лица, па потоа нацрт-буџетот го даваат кај вработените за корекции. 

Одговор 2: Првично, вработените прават нацрт-буџет за своите потреби, па го даваат на корекции и одобрување кај раководството.    

Одговор 3: Раководните лица прават нацрт на буџет и го поднесуваат во Владата на усвојување.  


Прашање 3: Што од следното е предност кај инкременталното буџетирање?   

Одговор 1: Релативно брзо и лесно разбирливо.    

Одговор 2: Целосно ги оправдува сите ставки.    

Одговор 3: Може да помогне да се најдат неефикасностите.    


Прашање 4: Што од следното е недостаток кај буџетирањето без стартна основа?   

Одговор 1: Бара многу време и е комплексно.    

Одговор 2: Грешките во основата се пренесуваат понатаму.

Одговор 3: Претпоставува дека сите ставки од основата се потребни.


Прашање 5: Која е клучна разлика помеѓу инкременталното буџетирање и буџетирањето без стартна основа?

Одговор 1: Временскиот период на кој се однесуваат.  

Одговор 2: Инкременталното буџетирање започнува со постоечкиот основен буџет, додека буџетирањето без стартна основа започнува без каква било основа.   

Одговор 3: И двете започнуваат на постоечкиот основен буџет, но принципот на буџетирање е различен.


Студија 18: Управувачко сметководство  

Содржина: Буџетот служи како еден вид контролно средство, бидејќи се врши споредба на буџетираните износи со реализираните. Овој процес на споредување може да се случи во текот на годината или по завршување на буџетскиот период. Извршувањето на буџетот е еден од главните аспекти во функционирањето на секоја институција од јавен сектор. Составен дел на извршувањето на буџетот се и пренамените, кои овозможуваат префрлање средства од една ставка на друга.


Прашање1 : Што не е составен дел на годишниот извештај?

Одговор 1: Годишна/завршна сметка.  

Одговор 2: Ревизорски извештај.  

Одговор 3: Извештај за реализацијата на инвестициските програми, наменските, капиталните и блок дотациите.


Прашање 2: Што од следното е ограничување при правење пренамена?  

Одговор 1: Износот на пренамената и датумот кога се прави.  

Одговор 2: Ставките помеѓу кои може да се прави пренамена.    

Одговор 3: Нема ограничувања за правење пренамена.   


Прашање 3: Извршувањето на буџетот опфаќа?
i. Наплата и евидентирање приходи и други приливи;
ii. Плаќање и извршување расходи и други одливи;
iii. Утврдување добивка.

Одговор 1: Сè од горенаведено е точно. 

Одговор 2: i и ii се точни.    

Одговор 3: Ништо не е точно.    


Прашање 4: За извршувањето на буџетот одговорен е?    

Одговор 1: Раководителот на буџетскиот корисник.  

Одговор 2: Раководителот на одделението за буџет и финансирање.

Одговор 3: Граѓаните.


Прашање 5: Отстапувањата помеѓу реализцијата и буџетот значат:
i. Сигнал за потенцијални проблеми и расположливи можности;
ii. Информација за тоа колку добро се имплементирани програмите и планираните активности;
iii. Сигнал дека работењето на општината е неефикасно.  

Одговор 1: Сè од погоре наведеното.  

Одговор 2: Само i и iii.

Одговор 3: Ниту едно.


Студија 19:Управувачко сметководство

Содржина:Во секторот за буџетирање каде работите подолго време, вработен е нов приправник кој поради големиот обем на работа брзо треба да го научи процесот на буџетирање и буџетската терминологија за да може самостојно да работи. Дел од работите кои треба да му ги објасните се партиципативно буџетирање, буџетски начела, фискална стратегија, чекори при буџетирање и инфлација.    


Прашање 1: Што од следното не е чекор при изготвување буџет?   

Одговор 1: Делегирање одговорност.

Одговор 2: Подготовка на нацрт-буџет.   

Одговор 3: Усвојување пренамена.


Прашање 2: Што од следното не е буџетско начело?

Одговор 1: Сеопфатност и специфичност.    

Одговор 2: Економичност и материјалност.

Одговор 3: Материјалност и објективност. 


Прашање 3: Партиципативно буџетирање значи?  

Одговор 1: Учество на министерот во изготвувањето на буџетот.

Одговор 2: Учество на граѓаните во изготвувањето на буџетот.    

Одговор 3: Учество на Владата при изготвувањето на буџетот.


Прашање 4: Фискалната стратегија на државата?   

Одговор 1: Дава насоки при изготвување на буџетот.    

Одговор 2: Овозможува полесно собирање даноци. 

Одговор 3: Претставува буџет за неколку години.  


Прашање 5: Еден од основните пристапи за вклучување на инфлацијата во буџетскиот процес е? 

Одговор 1: Основа на скапи цени.

Одговор 2: Основа на фиксни цени.  

Одговор 3: Основа на варијабилни цени.

 

Студија 20: Управувачко сметководство

Содржина: Вие работите во одделението за сметководство во станбена асоцијација. Финансискиот директор бара од вас да обезбедите некои материјали за тренинг, коишто тој треба да ги направи, поврзани со управувачкото сметководство.   

Прашање 1: Како се дефинира управувачкото сметководство?

Одговор 1: Oбезбедување корисни информации за помагање на менаџментот во носењето одлуки, планирање и контрола.

Одговор 2: Обезбедување корисни информации за инвеститорите и кредиторите и изготвување финансиски извештаи.

Одговор 3: Обезбедување корисни информации за менаџментот како помош при одлучување, планирање и контролирање, и изготвување екстерни финансиски извештаи.  


Прашање 2: На кои принципи се темели концептот „вредност за пари“ во јавниот сектор? 

Одговор 1: Економичност и ефикасност.  

Одговор 2: Економичност, ефикасност и ефективност.   

Одговор 3: Разумност и компетентност.  


Прашање 3: Економичност во јавниот сектор упатува на? 

Одговор 1: Стекнување ресурси со соодветен квалитет и квантитет по најниски трошоци.  

Одговор 2: Стекнување со најевтини ресурси, односно штедење парични средства преку купување поевтини ресурси.

Одговор 3: Осигурување дека е остварен максимален аутпут со инпутот на ресурси и дека аутпутот е остварен со користење минимум ресурси и енергија.    


Прашање 4: Една од квалитативните карактеристики на информациите кои ги продуцира управувачкото сметководство е навременоста. Под навременост во управувачко сметководство се подразбира?

Одговор 1: Информацијата треба да биде обезбедена доволно брзо за да биде корисна и по цена на конфликт помеѓу прецизноста на информациите и нивната навременост.  

Одговор 2: Информацијата треба да биде обезбедена доволно брзо за да биде корисна, но истовремено треба да биде и целосно точна.    

Одговор 3: Времето во поглед на обезбедување информации, не игра никаква улога во управувачкото сметководство.   

Прашање 5: Финансиското и управувачкото по природата на работата. Една од клучните разлики помеѓу финансиското и управувачкото сметководство е?  

Одговор 1: Временската ориентираност, односно управувачкото сметководство е фокусирано на иднината, а финансиското сметководство е фокусирано на минатото. 

Одговор 2: Временската ориентираност, односно извештаите од управувачкото сметководство се однесуваат на подолги временски интервали, а извештаите од финансиското сметководство на пократки временски интервали од најчесто една година.

Одговор 3: Управувачкото сметководство, во чиј фокус главно се планирањето и контролата, е регулирано со меѓународни стандарди, за разлика од финансиското сметководство кое е регулирано само со домашни закони.


Студија 21: Управувачко сметководство  

Содржина: Работите во секторот за буџетирање и контрола во голема институција од јавниот сектор. Од неодамна, во секторот има почнато со работа нов колега, кој има искуство во одделението за плати, но целосно му е непозната работата од областа на управувачкото сметководство. Со цел да му помогнете да се запознае со работата побрзо, имате изготвено презентација за карактеристиките на информациите што треба да ги поседува и да ги продуцира овој сектор. Меѓу најзначајните карактеристики на информациите се: релевантност, разбирливост, објективност, доверливост и споредливост.   

 

Прашање 1: Разбирливост е?     

Одговор 1: Информацијата треба да биде искажана на стручен и професионален начин, со терминологија од областа за која се однесува, без разлика за кој корисник е наменета.   

Одговор 2: Информацијата треба да биде разбирлива за нејзиниот корисник, согледувајќи ги претходно неговите потреби и знаења.

Одговор 3: Информацијата треба да биде разбирлива за нејзиниот корисник, искажана на стручен и професионален начин, со терминологија од областа за која се однесува, без разлика за кој корисник е наменета.


Прашање 2: Споредливост значи?

Одговор 1: Информациите да се изготвуваат на конзистентен начин за да можат да се споредуваат со исти информации од различни временски периоди или од различни сектори.  

Одговор 2: Изготвување на информациите на конзистентен начин засекогаш, без можност за промена на принципите за изготвување на информациите, затоа што секоја промена во принципот би значело неконзистентност и неспоредливост на информациите.   

Одговор 3: Точност на информациите за да се овозможи споредба.


Прашање 3: Објективност значи дека?    

Одговор 1: Информациите се ослободени од субјективна проценка секогаш кога е можно.

Одговор 2: Информациите се ослободени од субјективна проценка секогаш кога е можно, но многу често на менаџерите им се потребни и субјективни проценки кои зависат од личното расудување на оној кој ја изготвува информацијата.  

Одговор 3: Информацијата треба материјално да биде точна. 


Прашање 4: Доверливост е?

Одговор 1: Информацијата треба да биде доволно прецизна за целите за кои е наменета.

Одговор 2: Информацијата, бидејќи е од интерен карактер, нема значење дали ќе биде обелоденета или не на други лица кои не се вработени во институцијата. 

Одговор 3: Информацијата треба да биде доволно прецизна за целите за кои е наменета за да може раководството целосно да се потпре на информацијата при носењето одлуки.


Прашање 5: Релевантност е?    

Одговор 1: Информацијата е финансиска и му е потребна на менаџментот за носење одлуки.   

Одговор 2: Информацијата му е корисна на менаџментот за носење конкретна одлука и исполнување одредена цел за која таа е барана.    

Одговор 3: Информацијата е историска, бидејќи искуството од минатото е најрелевантно.


Студија 22: Управувачко сметководство  

Содржина: Капиталните издатоци на централно и локално ниво, тековно изнесуваат десетици милиони денари. Во смисла на ова, одговорете ги следните прашања кои се отворени на форумот на раководители на одделенија во вашата организација. 

 

Прашање 1: Што од следното не е карактеристика на капиталните буџетски ставки?   

Одговор 1: Издатоците се за средства кои имаат корисен век, подолг од една финансиска година.

Одговор 2: Капиталните проекти мора да започнат и да завршат во исти финансиски години. 

Одговор 3: Индивидуалните капитални проекти можат да вклучат значителни износи на парични средства, обезбедени само од даноци.


Прашање 2: Зошто е важно институциите од јавниот сектор да управуваат со нивните капитални издатоци?

Одговор 1: За да се осигури дека се усогласени со расположливите финансии или со финансиските одобрувања.

Одговор 2: За утврдување на приоритетите поради ефикасна алокација на ресурси, иако државата во секое време може да ги обезбеди потребните ресурси. 

Одговор 3: За осигурување дека капиталните проекти се во линија со барањата на граѓаните.   


Прашање 3: Кои ограничувачки фактори постојат поврзани со капиталните издатоци?

Одговор 1: Обезбедување финансии.  

Одговор 2: Граѓанска контрола.

Одговор 3: Последици по приходите и расходите. 


Прашање 4: Средствата од странски донации можат да се искористат за?   

Одговор 1: Само за капиталниот проект за кој се наменети. 

Одговор 2: За капитален проект или повеќе капитални проекти за кои Владата или друга институција од јавниот сектор ќе одлучи дека е оправдано да се користат.    

Одговор 3: Може да се користат за покривање и на капитални и на оперативни ставки од буџетот.               


Прашање 5: Извори на финансирање на капиталните ставки можат да бидат?   

Одговор 1: Позајмување или други кредитни аранжмани, како, на пример, лизинг. 

Одговор 2: Интерни извори на финансирање (резерви) и екстерно финансирање преку издавање акции.

Одговор 3: Приливи од продажба на тековни користени средства.


Студија 23: Управувачко сметководство 

Содржина: Буџетирањето може да се користи како средство за финансиска или административна контрола. Со цел буџетската контрола да биде ефективна, неопходно е обезбедување добри информации за буџетска контрола. 

 

Прашање 1: Што од следното не претставува цел на буџетите во контекст на организацијата?   

Одговор 1: Да обезбедат мотивација за вработените преку поставување цели или за да се овозможи успешна реализација на буџетот.

Одговор 2: Да обезбедат ефективни средства за комуникација и финансирање на поставените цели.         

Одговор 3: Овозможува секое одделение да работи само за себе, во сопствен личен интерес и во интерес на децата.      

 

Прашање 2: Што од следното не е клучна карактеристика на информациите за буџетска контрола?             

Одговор 1: Навременост – информациите мораат да бидат ажурирани. 

Одговор 2: Точност и објективност – информациите мора да бидат колку може поточни во рамките на временската рамка.  

Одговор 3: Интегритет – колку што е можно повеќе избегнување конфликти.  


Прашање 3: Превентивна контрола во процесот на буџетирање е?    

Одговор 1: Се споредуваат посакуваните резултати со предвидените и се настојува да се врши контрола однапред за да се исправи какво било значително отстапување.  

Одговор 2: Буџетот се споредува со фактичките резултати и се презема соодветно контролно дејство кога настануваат значителни отстапувања. 

Одговор 3: Се споредуваат посакуваните резултати со предвидените и се презема соодветно контролно дејство кога настануваат значителни отстапувања. 


Прашање 4: Контрола со повратна спрега во процесот на буџетирање е? 

Одговор 1: Се споредуваат посакуваните резултати со предвидените и се настојува да се врши контрола однапред за да се исправи какво било значително отстапување.  

Одговор 2: Буџетот се споредува со фактичките резултати и се презема соодветно контролно дејство кога настануваат значителни отстапувања. 

Одговор 3: Се споредуваат посакуваните резултати со предвидените и се презема соодветно контролно дејство кога настануваат значителни отстапувања. 


Прашање 5: Која форми на извештај е значајна за буџетската контрола?    

Одговор 1: Изготвување квартални извештаи и пренамени.

Одговор 2: Изготвување пренамени и извештај за средствата и обврските.    

Одговор 3: Изготвување извештај за средствата и обврските и изворите на средствата.


Студија 24: Управувачко сметководство

Содржина: Управувачкото сметководство и покрај своето огромно значење во јавниот сектор, не е многу застапено во него или не е застапено во форма во која би требало да биде, што подразбира посебен сектор и вработени кои работат во таа област. Една институција од јавниот сектор, поради стратегијата која ја има дефинирано и која подразбира зголемување на ефикасноста на институцијата во целина, планира да отвори посебно одделение за управувачко сметководство. Сепак, директорот на институцијата не е доволно запознаен со функциите и со улогата на управувачкото сметководство.


Прашање 1: Што од следното вообичаено не се смета за фокус на управувачкото сметководство?

Одговор 1: Планирање и контрола.

Одговор 2: Контрола и изготвување биланс на состојба.    

Одговор 3: Екстерно известување.   


Прашање 2: Сметководителите на менаџментот често известуваат нефинансиски и квалитативни информации, заедно со финансиските информации. За што од следното вообичаено не известуваат?  

Одговор 1: Квалитет на производот и задоволството на купувачите.   

Одговор 2: Моралот на вработените и екстерните финансиски извештаи. 

Одговор 3: Правни импликации и екстерни финансиски извештаи. 


Прашање 3: Кои од наведените тврдења се точни?
i. Главната функција на сметководителот на менаџментот е да продуцира финансиски извештаи;
ii. Сметководителите на менаџментот секогаш работат во партнерство со оперативните менаџери;
iii. Сметководителите на менаџментот секогаш работат во секторот за финансии.    

Одговор 1: (i) и (ii).  

Одговор 2: (ii) и (iii).

Одговор 3: (i).  


Прашање 4: Кои зборови ја комплетираат следната реченица?
„_______________ извештаи се изготвуваат за екстерните заинтересирани страни. Извештаите на менаџментот се изготвуваат за _______________ заинтересирани страни“. 

Одговор 1: Финансиските, интерните. 

Одговор 2: Финансиските, екстерните.

Одговор 3: Менаџмент, буџетски.    


Прашање 5: Една од клучните функции на управувачкото сметководство во јавниот сектор, претставува контролата и намалувањето на трошоците за што се потребни детални информации во врска со трошоците кои вклучуваат:
i. Споредба на трошоците и придобивките на одредени програми, проекти и активности, со што врз основа на таквите споредби би се донеле одлуки за намалување или укинување на програмата, проектите или на активностите кои не се ефикасни;
ii. Утврдување и намалување на трошоците во одредени процеси;
iii. Подобро разбирање што се вистински трошоци и што влијае на нивното движење, како и поврзани ризици на сегашниот модел на трошоци и кој било алтернативен модел на трошоци;
iv. Разгледување кои клучни трошоци за обезбедување услуги ќе влијаат на идните буџети, така што ќе се донесат јасна одлуки, каде трошоците мораат да бидат ограничени, наместо носење произволни одлуки, со посебен акцент на управување со трошоците, како и барање поисплатливи алтернативи. 

Одговор 1: Сите. 

Одговор 2: Ниту едно.    

Одговор 3: Само ii и iv.


Студија 25: Управувачко сметководство

Содржина: Буџетирањето е една од основните функции на управувачкото сметководство во јавниот сектор, односно функција која е најчесто применувана во сите институции од јавен сектор. Вработените во одделението за буџетирање треба да ги знаат основните постулати на буџетирањето, приципите и правилата при неговото дизајнирање, но и последователното извршување на буџетот, бидејќи во текот на годината може да излезат бројни непредвидени ситуации на кои вработените треба да им излезат пресрет и да најдат соодветно решение.             

 

Прашање 1: Постојат некои ограничувања кои треба да се имаат предвид при буџетирање во јавен сектор. Кое од следните не е едно од нив?   

Одговор 1: Политички влијанија – буџетите во јавниот сектор се предмет на политичко влијание.               

Одговор 2: Психолошки влијанија – буџетите од јавниот сектор ќе бидат следени од јавноста и од новинарите.

Одговор 3: Комерцијални разлики – буџетирањето во јавниот сектор не е толку важно како во приватниот сектор и моделите на буџетирање се сосема различни.   


Прашање 2: Што од следното ќе биде вклучено во буџетот на парични текови?
i. Плати и надоместоци;
ii. Депрецијација;
iii. Резервирања за лоши долгови.

Одговор 1: (i).  

Одговор 2: (ii) и (iii).

Одговор 3: (i) и (iii). 


Прашање 3: Што од следното не е фактор за определување дали одредена трансакција треба да се смета за капитален расход? 

Одговор 1: Материјалност – дали расходот е значаен во поглед на организацијата, граѓаните и кредиторите.

Одговор 2: Дали расходот обезбедува корист и по тековниот сметководствен период.   

Одговор 3: Финансирање – расходот мора да се финансира со даноци собрани од граѓаните, бидејќи потоа тие ќе бидат главните корисници на средството кое ќе се изгради со тие средства.  


Прашање 4: Пренамената е составен дел од извршувањето на буџетот. Што од следното не е точна изјава за пренамена?

Одговор 1: Пренамената причинува буџетите да бидат премногу ригидни и контролира премногу детали. Таа не е конзистентна за поголемо делегирање буџети. 

Одговор 2: Пренамена е трансферот на пари од една буџетска програма на друга.   

Одговор 3: Пренамена е процесот на усогласување на повеќе потрошеното во една област со помалку потрошеното во друга.  


Прашање 5: Буџетите треба да бидат дизајнирани и менаџирани на начин што поддржува конструктивно однесување од страна на менаџерите. Која од следните акции не е начин да се направи ова?    

Одговор 1: Овозможување и поддржување на менаџерите да ги остварат поставените цели, со цел да бидат наградени.

Одговор 2: Давање извештај за целосната насока на организацијата и што се очекува од менаџментот и вработените.

Одговор 3: Давање извештај за целосната насока на организацијата и што се очекува од менаџментот и од вработените.


Студија 26: Управувачко сметководство

Содржина: Покрај буџетирањето, контролата претставува една од најважните функции во сите институции од јавниот сектор, особено што тие трошат јавни пари и треба да има оправданост за потрошените средства пред граѓаните. Поради тоа, контролата се спроведува на редовна основа во сите институции од јавниот сектор.            


Прашање 1: Кои од следните активности вообичаено се смета дека се потребни во секој систем на контрола?
i. Поставување стандарди и буџети според кои ќе се врши мерењето;
ii. Мерење на фактичките резултати;
iii. Пресметување отстапувања кои ги споредуваат фактичките резултати со предопределените стандарди;
iv. Преземање на неопходните активности за контролирање на проблематичните подрачја.

Одговор 1: (ii), (iii) и (iv).

Одговор 2: Сите.

Одговор 3: Ниту едно.    


Прашање 2: Која активност ги има следните карактеристики?
i. Спротивставување на повеќе потрошеното во една област со помалку потрошеното во друга;
ii. Обезбедува степен на флексибилност на буџетот;
iii. Важен концепт за буџетирање и буџетска контрола.     

Одговор 1: Управувачко сметководство. 

Одговор 2: Пренамена.  

Одговор 3: Проширување.


Прашање 3: За да може да функционира контролата на аутпут, мораат да бидат исполнети одредени услови како би можела таа да се спроведе. Кој од следните не е еден од нив?    

Одговор 1: Цел или цели.  

Одговор 2: Мерливи аутпути кои точно ќе бидат искажани во парични износи. 

Одговор 3: Модел на предвидување.  


Прашање 4: Која од следните реченици, во врска со контролата преку повратна спрега и превентивната контрола, не е точна?  

Одговор 1: Контролите преку повратна спрега и превентивните контроли ги покажуваат причините за кои било отстапувања помеѓу буџетите и фактичките и предвидените резултати.    

Одговор 2: Превентивната контрола ги споредува целите со предвидените резултати. Таа предвреме размислува.      

Одговор 3: Аспектите на контролата преку повратна спрега и превентивната контрола толку тесно се поврзани што дури и не се разликуваат.  


Прашање 5: Која од следните реченици за буџетска контрола во јавниот сектор е точна?  

Одговор 1: Во јавниот сектор, аутпутите потешко можат да се идентификуваат или да се квантифицираат отколку во приватниот сектор, бидејќи станува збор за нематеријален аутпут.    

Одговор 2: Парите од јавниот сектор мора соодветно да се користат, по одредени категории и за тоа да се поднесува сметка, давајќи основа за вклучување во процесите на известување и системите кои го рефлектираат ова, а тоа може да биде базирано на статут и/или регулатива.  

Одговор 3: Додека приватниот сектор користи систем на споредување на буџетските податоци со фактичките трошоци и приходи, јавниот сектор вообичаено не го прави тоа.


Студија 27: Управувачко сметководство  

Содржина: Одделението за буџетирање во општина Велес е во фаза на изготвување годишен буџет. Буџетот, генерално, го темелат на буџетот од претходната година и го коригираат за одредени претпоставки и новонастанати потреби и состојби (инкрементален пристап). Понатаму, откако буџетот ќе биде усвоен од страна на Советот на општината, одделението за буџетирање пристапува кон профилирање (изготвување квартални и месечни планови) и извршување на буџетот.


Прашање 1: Основниот буџет на општината за приходи од стопански отпад во 2013/2014 година е 120.000 ден., базиран на правење 10.000 собирања по 12 ден. секое. Во 2014/2015 година, цената ќе се зголеми за 10% и се проценува дека ќе се направат 9.500 собирања. Колку треба да биде буџетот за 2014/2015 година?              

Одговор 1: 114.000 ден.  

Одговор 2: 120.000 ден.  

Одговор 3: 125.400 ден.  


Прашање 2: Следното е извадок од сметководството на менаџментот на една организација на средина на финансиската година: за ПЛАТИ годишниот буџет е 120.000 ден., профилираниот буџет е 60.000 ден., а фактички потрошено е 65.000 ден.; за СТРУЈА годишниот буџет е 10.000 ден., профилираниот буџет е 3.000 ден., а фактички потрошено е 2.900 ден.; и ПРИХОДИТЕ се негативни, годишно буџетирани 20.000 ден., профилираните 12.000 ден., а фактичките 13.000 ден. Која од следните реченици НЕ е точна?   

Одговор 1: Буџетот за плати е праволиниски профилиран и покажува поволно отстапување.

Одговор 2: Продажбите се повисоки од очекуваните.    

Одговор 3: Секој од буџетите покажува поволно отстапување.    


Прашање 3: Годишниот буџет за плаќање консултантски услуги е 15.000 ден. и вклучува плаќање 3.000 ден., кое ќе биде направено во април, и 12.000 ден., кои се подеднакво профилирани во текот на финансиската година. Колку ќе биде профилираниот буџет на 30 септември?

Одговор 1: 7.500 ден. 

Одговор 2: 10.500 ден.    

Одговор 3: 12.000 ден.    


Прашање 4: Јавните власти користат систем на инкрементално буџетирање. Во 2013/2014 година, трошоците за зградата се:
- Кирија 10.000 ден.;
- Струја 5.500 ден.;
- Осигурување 2.000 ден.
Буџетот за 2014/2015 година, се изготвува врз основа на претпоставката дека цените, генерално, ќе се зголемат за 5% во споредба со 2013/2014 година. Но, киријата ќе се зголеми за 10%.
Колкави ќе бидат буџетите за 2014/15?    

Одговор 1: Кирија 11.000 ден., струја 5.775 ден., осигурување 2.100 ден.

Одговор 2: Кирија 10.500 ден., струја 5.775 ден., осигурување 2.100 ден.

Одговор 3: Кирија 11.500 ден., струја 6.050 ден., осигурување 2.200 ден.


Прашање 5: Годишниот буџет за стручно списание е 12.000 ден. и е профилиран во согласност со праволинискиот метод. Фактичките расходи на крајот од април се 4.500 ден. Колкаво е отстапувањето помеѓу фактичките расходи и профилираниот буџет до крајот на јули?

Одговор 1: 1.000 ден. поволно. 

Одговор 2: 500 ден. поволно.

Одговор 3: 500 ден. неповолно.


Студија 28: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија

Содржина: Раководителот на секторот за интерна ревизија, разгледува биографии и интервјуира кандидати за вработување. Тој има заклучено дека кандидатот има солидни познавања за интерна ревизија, сметководство и финансии, но има ограничени познавања од областа на економијата и информациските технологии. И покрај ова вработување кое планира да го направи, секторот не располага со кадар кој би можел да изврши ревизија на градежните договори, односно да направи споредување на набавените материјали со оние наведени во проектот. Во иднина, раководителот на секторот за интерна ревизија планира да вработи инженер за вакви или за слични ангажмани.  

Прашање 1: За ангажманот за ревизија на градежни договори за кој е потребен инженер, раководителот на секторот за интерна ревизија? 

Одговор 1: Ќе го избрише ангажманот од планот за ревизија.  

Одговор 2: Ќе ангажира инженер-консултант за да ја направи споредбата.    

Одговор 3: Ќе ги прифати писмените објаснувања од изведувачот.


Прашање 2: Доколку секторот за интерна ревизија не ги поседува потребните вештини за извршување одредена задача, може да се ангажира надворешен ревизор кој ќе ја нуди услугата од?
i. Надворешна консултантска компанија;
ii. Субјектот каде што треба да се спроведе ревизијата;
iii. Помош од универзитетски персонал.  

Одговор 1: i и iii.  

Одговор 2: i и ii.   

Одговор 3: ii.    


Прашање 3: Како ќе постапи раководителот на секторот за интерна ревизија при носење одлука дали да го вработи кандидатот?

Одговор 1: Да го одбие кандидатот поради недостиг на потребното знаење кое се бара според стандардите.

Одговор 2: Да го охрабри кандидатот да се стекне со потребното знаење по економија и информациски технологии.

Одговор 3: Да му понуди вработување на кандидатот доколку останатите вработени во секторот поседуваат доволно знаење од областите економија и информациски технологии.


Прашање 4: Дипломиран инженер со работно искуство, сака да се пријави на позиција за интерен ревизор. Инженерот станал заинтересиран за ревизија откако ја гледал работата на интерните ревизори во институцијата во која работел. Раководителот на секторот за ревизија? 

Одговор 1:Не треба да го вработи инженерот, бидејќи нема соодветно познавање на стандардите за интерна ревизија.

Одговор 2:Може да го вработи инженерот и покрај тоа што нема познавање на стандардите за интерна ревизија.      

Одговор 3:Може да го вработи инженерот поради тоа што има познавање за ревизија од неговата претходна работа.


Прашање 5: Кога треба да се спроведе одреден ангажман од интерна ревизија, треба да се ангажираат? 

Одговор 1:Интерни ревизори, од кои секој ги поседува сите потребни вештини и знаења за да се спроведе ангажманот.

Одговор 2:Неискусни вработени кои дополнително ќе ги обучите на начин на кој сметате дека треба да се изврши ангажманот.

Одговор 3:Интерни ревизори кои сите заедно ги поседуваат потребните вештини и знаења за да се спроведе ангажманот.


Студија 29: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Независноста и објективноста се тесно поврзани атрибути, кои треба да ги поседува интерниот ревизор. Интерниот ревизор треба да биде ослободен од какви било влијанија кои ќе ја нарушат неговата независност и објективност. Во една институција работи интерен ревизор, кој е вработен од неодамна, односно пред 10 месеци и цело време е ангажиран за ревидирање на обврските за плати кои ги има институцијата. Пред да биде ангажиран на ова работно место, тој работел во секторот за известување.    


Прашање 1: Која од следните активности поврзана со обврските, доколку ја извршува интерниот ревизор, ќе се смета за намалување на независноста?   

Одговор 1: Консултантски услуги.

Одговор 2: Услуги за уверување.  

Одговор 3: Консултантски услуги или услуги за уверување.


Прашање 2: Независноста најмногу би се намалила доколку интерниот ревизор?    

Одговор 1: Продолжи да работи во секторот во кој работел и пред да биде назначен за интерен ревизор.               

Одговор 2: Се намали обемот на работа на интерниот ревизор како резултат на малиот буџет. 

Одговор 3: Да го ревидира преддоговорот со одреден клиент, пред тој да се изврши.


Прашање 3: Менаџментот има побарано од секторот за интерна ревизија да препорача процедури и политики за подобрување на менаџмент контролата во еден од клучните сектори. Раководителот на секторот за интерна ревизија?

Одговор 1: Не треба да го прифати ангажманот, бидејќи со препорачувањето интерни контроли би се намалила идната објективност на интерните ревизори во врска со овој сектор. 

Одговор 2: Треба да го прифати ангажманот, но да го извести менаџментот дека препорачувањето интерни контроли може да ја намали независноста и идните ревизорски ангажмани во тој сектор.  

Одговор 3: Треба да го прифати ангажманот, бидејќи објективноста не се намалува со препорачување интерни контроли.


Прашање 4: Во која од следните ситуации, интерниот ревизор има недостиг на објективност?  

Одговор 1: Интерниот ревизор, четири месеци откако бил назначен за интерен ревизор, продолжил да ги ревидира интерните контроли во секторот во кој претходно работел.    

Одговор 2: Интерниот ревизор препорачува стандарди за контрола и мерила на резултатите за договор со услужна компанија за процесирање обврски за плати и бонуси на вработените. 

Одговор 3: Сметководителот задолжен за пресметка и евиденција на плати, му помага на интерниот ревизор да ги верификува физичките залихи. 

 

Прашање 5: Која од следните активности не ја намалува објективноста на интерниот ревизор:
i. Препорачува стандарди за контрола за нова софтверска апликација;
ii. Прави нацрт-процедури за работа на новата апликација за да осигури дека се инсталирани соодветни контроли;
iii. Прави ревидирање на процедурите за новата апликација пред таа да биде инсталирана.   

Одговор 1: Само i.   

Одговор 2: Само ii.  

Одговор 3: i и iii.


Студија 30: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Опсегот на работа на интерната ревизија вклучува систематски и дисциплиниран пристап за евалуирање и подобрување на адекватноста и ефективноста на бројните процеси. Интерните ревизори во институцијата ги ревидираат одделните сектори во нејзините рамки. Во секоја институција, примарната цел на интерните ревизори и на раководството е различна. Раководството спроведува одредени контроли за да ја зголеми веројатноста дека поставените цели ќе бидат остварени. Раководството во секоја институција има дефинирани одговорности, кои се разликуваат од одговорностите на интерните ревизори.  


Прашање 1: Кој од следните процеси не спаѓа во опсегот на работа на интерните ревизори? 

Одговор 1: Контрола и управување.     

Одговор 2: Контрола и финансиски извештаи.     

Одговор 3: Финансиски извештаи и сметководствена евиденција.   


Прашање 2: Што од следното е предмет на ревидирање од страна на интерните ревизори?
i. Секторот за човечки ресурси;
ii. Секторот за набавка;
iii. Секторот за нудење соодветна услуга.     

Одговор 1: Само ii и iii.    

Одговор 2: Сите три.   

Одговор 3: Ништо од наведеното.


Прашање 3: Сè од следното е примарна цел на процесот на раководење, освен?

Одговор 1:Процесите на подобрување на ефективноста на управувањето со ризик, контролата и управувањето.

Одговор 2:Усогласеност со законите, регулативата и со етичките и деловните норми. 

Одговор 3:Идентификување на изложеноста на ризик и примена на соодветни стратегии за тој да се контролира.


Прашање 4: Што од следното не е вид контрола?  

Одговор 1: Превентивна (екс-анте) и детективна (екс-пост).    

Одговор 2: Реактивна и проактивна.

Одговор 3: Реактивна и превентивна.  


Прашање 5: Директорите, раководителите, државните ревизори и интерните ревизори, сите играат важни улоги во креирањето соодветни контролни процеси. Раководството во една институција, примарно е одговорно за?

Одговор 1: Воспоставување и одржување организациска контрола.    

Одговор 2: Ревидирање на доверливоста и интегритетот на финансиските и оперативните информации. 

Одговор 3: Имплементирање и мониторирање на контролите, дизајнирани од страна на повисокото раководство (директор, министер).


Студија 31: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Последователна(follow up) ревизија треба да се направи за да се осигури дека е преземена корективна активност за одредени наоди, откриени во текот на ангажманот за уверување. Но интерните ревизори увиделе дека корективната активност не е спроведена, и покрај тоа што тоа било договорено со одговорните лица. Во овој случај, одговорните лица преземаат ризик од неспроведување корективни активности. Одговорете на следните прашања поврзани со последователната (follow-up) ревизија и постапките на интерните ревизори и раководните лица во врска со неа.    

 

Прашање 1: Одговорноста на интерните ревизори да спроведат последователна ревизија, е дефинирано во?

Одговор 1: Пишаниот план за ревизија.

Одговор 2: Меморандум за ангажманот кој се издава пред секој ангажман.

Одговор 3: Извештајот за мисијата на Комитетот за ревизија.  


Прашање 2: Зошто интерните ревизори бараат да се спроведат корективни активности колку што е можно побрзо?      

Одговор 1:За да ги завршат сите обврски кои им се дадени.

Одговор 2:За да ефектуираат заштеди или да спроведат потребно усогласување колку што е можно побрзо.

Одговор 3:За да покаже усогласеност со наодите од ревизорскиот извештај.


Прашање 3: Во ситуација кога има наоди за кои е потребна корективна активност, интерните ревизори?

Одговор 1: Уште во извештајот за извршената ревизија треба да одлучат за обемот на потребните корективни активности. 

Одговор 2: Треба да им дозволат на раководните лица да одлучат дали и кога ќе направат корективни активности, бидејќи на крајот тоа е нивна обврска.

Одговор 3: Треба да одлучат какви корективни активности да се преземат, дури откако ќе спроведат последователна ревизија.


Прашање 4: Кога ревизорите имаат сериозни наоди, кои од следните изјави во врска со одговорноста на ревизорите, во врска со обелоденувањето на наодите и последователната ревизија, се точни?
i. Условите треба континуирано да се мониторираат од страна на интерните ревизори, сè додека не се коригираат;
ii. Првичните наоди и испитувања треба да им бидат соопштени на раководните лица, дури и ако ангажманот не е целосно завршен;
iii. Интерните ревизори треба да ги тестираат активностите преземени од страна на раководните лица за да видат дали се решени и надминати проблемите. 

Одговор 1: Само i и iii.

Одговор 2: Сите три се точни.    

Одговор 3: Ниту еден одговор не е точен.   


Прашање 5: Прелиминарното испитување покажало дека никогаш не биле спроведени корективни активности во согласност со претходно издадениот ревизорски извештај со соодветни наоди. Последователната работа на терен покажала дека проблемите и слабостите сè уште постојат. Што треба да направат интерните ревизори?

Одговор 1: Не треба ништо да направат. Ако постапат поинаку, тоа би било оперативна контрола.               

Одговор 2: Да го дискутираат проблемот со оние кои се одговорни за тоа. Тие треба да знаат како да ги коригираат проблемите и/или слабостите.

Одговор 3: Да им наредат на одговорните лица да ги решат проблемите. Тие и досега имаа доволно време да го направат тоа.


Студија 32: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Усогласеноста со регулативата е еден од најважните аспекти при работата на интерните ревизори. Програмите за усогласеност им помагаат на институциите во спречување ненамерни прекршоци од страна на вработените, откривање нелегални активности и обесхрабрување на намерни прекршоци и злоупотреби. Поради постигнување на ова, односно спречување и/или обесхрабрување на какви било намерни или ненамерни прекршоци и злоупотреби на работните места, организациите изготвуваат кодекс на однесување и програма за усогласеност со регулативата. И покрај тоа, вработените може да се случи да направат одреден намерен или ненамерен прекршок за кој треба соодветно да бидат казнети. Следејќи го кодексот на однесување и усогласеноста со регулативата, институциите можат сами да ги увидат прекршоците и соодветно да постапат по нив.      

 

Прашање 1: Програмите за усогласување со регулативата им помагаат на организациите за што од следното?
i. Оценување континуитет на работењето;
ii. Одредување на обврските на директорите и на вработените;
iii. Оценување на плановите за заздравување од вонредни состојби.  

Одговор 1: Само ii.  

Одговор 2: Сите три.   

Одговор 3: Ниту едно од наведените три.    


Прашање 2: Што од следното е форма на казнување кога вработениот ќе го прекрши кодексот на однесување?
i. Опомена;
ii. Намалување плата;
iii. Разрешување од работно место;
iv. Прекинување работен однос.   

Одговор 1: i, ii и iii.   

Одговор 2: Сите четири.

Одговор 3: Ниту едно од наведените четири. 


Прашање 3: Што од следното е најмалку пример за добра усогласеност?  

Одговор 1: Институција која креира организациска структура, идентификувајќи персонал кој е одговорен за усогласување со регулативата. 

Одговор 2: Институција чиј кодекс на однесување обезбедува насоки за вработените за постапување по одредени прашања.

Одговор 3: Компанија која сака да ги наградува вработените преку исплата на патни дневници за да избегне плаќање персонален данок. 


Прашање 4: Што од следното е соодветна реакција за направен прекршок, откриен од страна на програмата за усогласеност во организацијата?
i. Дисциплинска мерка против оној кој го направил прекршокот;
ii. Сами да го пријават прекршокот до Владата;
iii. Преземање одговорност за направениот прекршок;
iv. Соодветен одговор може да ја намали судската казна за институцијата.

Одговор 1: i и ii.   

Одговор 2: Сите четири.

Одговор 3: Ниту едно од наведените четири. 


Прашање 5: Организација која има ефективна програма за усогласување, ги има следните карактеристики?

Одговор 1: Казнува неетичко и нелегално работење од страна на вработените според нивната старост и искуство.      

Одговор 2: Кога прекршокот е откриен, институцијата ги презема сите потребни чекори, освен модифицирање на програмата за усогласување, за да се спречат понатамошни слични прекршоци.  

Одговор 3: Внимателно ја документира дисциплината на вработените.


Студија 33: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија

Содржина: Раководството е одговорно да ја одреди улогата на интерните ревизори во процесот на управување со ризици. Проактивната улога во првичното воспоставување на процесот на управување со ризици, ги дополнува традиционалните ревизорски активности со консултативен пристап за подобрување на основните процеси. Но, проактивната улога на интерните ревизори во развивање процес за управување со ризици, не е исто со работење на управувањето со ризици, што е задача на раководството. Интерните ревизори мора да утврдат и да обезбедат доволно докази дека процесите на управување со ризици во една институција исполнуваат клучни цели за да може да формираат мислење за целокупната адекватност на процесите за управување со ризици.


Прашање 1: Во однос на процесите за управување со ризици, ставот на раководството на улогата на интерните ревизори се утврдува врз основа на сè од подолунаведеното, освен?

Одговор 1: Организациска култура.  

Одговор 2: Пристрасност на независниот ревизор.     

Одговор 3: Способноста на интерните ревизори.   


Прашање 2: Доколку интерните ревизори заземаат проактивна улога во процесите на управување со ризици и нивната помош кон раководството ги надмине вообичаените надлежности за ревидирање и уверување, може да биде намалена независноста на ревизорите. Што од следното може да ја намали независноста на интерниот ревизор, кој учествувал во првично воспоставување процеси за управување со ризици?

Одговор 1: Развивање извештаи за процесите на управување со ризици.   

Одговор 2: Имплементирање контроли кои се однесуваат на идентификуваните ризици.  

Одговор 3: Управување со идентификуваните ризици.  


Прашање 3: При формирање мислење за адекватноста на процесите за управување со ризици, интерниот ревизор треба да ги земе предвид?
i. Интервјуирањето на раководството;
ii. Ревидирањето на претходните извештаи за оценување ризик;
iii. Ревидирање на институционалните политики.  

Одговор 1: i и iii.  

Одговор 2: Сите три.   

Одговор 3: Ниту едно.    


Прашање 4: Кои активности може интерниот ревизор да ги преземе доколку утврдил дека целите кои треба да бидат исполнети ги надминуваат оние кои се бараат од страна на раководството?
i. Документирање на фактот дека целите не се исполнети
ii. Вклучување на целите во посебен ревизорски ангажман  

Одговор 1: Едно од наведените две опции.

Одговор 2: Двете наведени опции.  

Одговор 3: Ниту една од наведените опции.   


Прашање 5: Што од следното се клучни цели на процесите за управување со ризици?
i. Ризиците кои произлегуваат од деловните стратегии и активности се идентификувани;
ii. Се спроведуваат континуирани активности на мониторинг за периодично повторно да се оцени ризикот и ефективноста на контролите да управуваат со ризикот;
iii. Ревидирање на претходните извештаи за оценување на ризиците кои биле изготвени од страна на менаџментот, интерните и екстерните ревизори и од кои било други страни кои можат да изгoтват такви извештаи.        

Одговор 1: i и ii.   

Одговор 2: Само iii. 

Одговор 3: Сите три.


Студија 34: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Интерниот ревизор нема откриено измама на вработениот во текот на редовен ревизорски ангажман. Од друга страна, интерните ревизори треба да ја ценат адекватноста и ефективноста на контролите, како и да му помогнат на раководството во одржување на ефективните контроли. Одговорете на следните прашања поврзани со интерните контроли. 


Прашање 1: Одговорноста на раководителот на секторот за интерна ревизија за оценување и известување за процесите на контрола, вклучува?   

Одговор 1: Известување на врвното раководство за годишната проценка на интерните контроли.                

Одговор 2: Одржување на процесите на управување во организацијата.    

Одговор 3: Утврдување една збирна оценка, базирана на работата на интерните ревизори.   


Прашање 2: Примарната одговорност за контролирање на воспоставувањето и администрирањето на интерните контроли е на?    

Одговор 1: Државниот ревизор.    

Одговор 2: Раководството.

Одговор 3: Раководителот на буџетирање.


Прашање 3: Неоткривањето на измамата најверојатно е резултат на кршење на рамката на професионални практики, доколку тоа е резултат на?  

Одговор 1: Неизвршување детално ревидирање на сите трансакции од областа. 

Одговор 2: Утврдување дека каква било можна измама во областа, нема да биде од материјален износ.  

Одговор 3: Претпоставка дека интерните контроли се адекватни и ефективни.


Прашање 4: Од перспектива на модерната интерна ревизија, која е најважната корист од интерната ревизија за менаџментот?

Одговор 1: Уверување дека објавените финансиски извештаи се точни.

Одговор 2: Уверување дека активностите поврзани со измама ќе бидат откриени.   

Одговор 3: Уверување дека постојат разумни контроли над секојдневните операции.    


Прашање 5: Што од следното се смета дека е силна интерна контрола при традиционална екстерна ревизија?

Одговор 1: Спроведување финансиска ревизија од страна на интерните ревизори.  

Одговор 2: Спроведување ревизија на резултатите од страна на интерните ревизори.    

Одговор 3: Рутинска супервизија на планирањето на активностите.


Студија 35: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Целта на контролите е да ги поддржат вработените во институцијата при управување со ризици и остварување на поставените цели. Контролите треба да бидат поставени од страна на менаџментот. Во институцијата има два вида контроли: првиот вид контроли се дизајнирани за да му обезбедат уверување на менаџментот дека е реализирана одредената минимум бруто-профитна маржа од извршувањето на услугите; вториот вид контроли бараат изготвување прелиминарен извештај за очекувани приливи од наплатени побарувања, чија копија се испраќа до благајникот и до сметководителот. И покрај одговорноста на менаџментот за интерните контроли, интерните ревизори редовно треба да ги оценуваат контролите.  


Прашање 1: Контролите треба да се дизајнираат за да осигураат дека?  

Одговор 1: Активностите се извршени ефективно.     

Одговор 2: Плановите од раководството не се заобиколени и неисполнети од страна на вработените.       

Одговор 3: Процесите за планирање, организирање и мотивирање од страна на раководството, се соодветно оценети.  

 

Прашање 2: Која од следните изјави најдобро ја дефинира контролата?    

Одговор 1: Контролата е резултат на соодветно планирање, организирање и насочување од страна на менаџментот.

Одговор 2: Контролата е она што сака да го постигне организацијата.

Одговор 3: Контролата е резултат на планирањето и работењето на менаџментот без да се консултира со интерниот ревизор.    


Прашање 3: Првиот вид контроли од описот погоре се?    

Одговор 1: Директивни.

Одговор 2: Детективни. 

Одговор 3: Превентивни.   


Прашање 4: Вториот вид контроли се?

Одговор 1: Превентивни.   

Одговор 2: Корективни. 

Одговор 3: Детективни. 


Прашање 5: Знаејќи дека интерните ревизори редовно ги оценуваат интерните контроли, што од следното најдобро го опишува концептот на интерни контроли од аспект на интерните ревизори?   

Одговор 1: Менаџментот редовно разрешува вработени кои не го исполнуваат очекуваното.   

Одговор 2: Менаџментот презема активности за да ја зголеми веројатноста дека поставените цели ќе бидат остварени.

Одговор 3: Контролните процедури треба да бидат дизајнирани од долу нагоре за целосно да бидат разбрани и почитувани од страна на вработените.


Студија 36: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија

Содржина: Постојат превентивни и детективни интерни контроли во зависност од тоа кога се спроведува интерната контрола за одредена активност. Понатаму, политиките и процедурите на секоја институција се дел од системот на интерни контроли, а процесот на контрола вообичаено се одвива во неколку чекори. Во една институција од јавниот сектор, кога вработените одат на патување во странство и користат авионски превоз, постои политика на патување и вработените треба да постапуваат во согласност со неа. Така, тие до раководните лица кога го купуваат билетот од овластената агенција избрана на тендер, доставуваат извештај со специфични информации, вклучувајќи ги цената, класата, датумот на купување на билетот и најниската можна цена.


Прашање 1: Што од следното е пример за детективна контрола?    

Одговор 1: Превентивно одржување.  

Одговор 2: Контрола на завршени услуги.   

Одговор 3: Мерење на резултатите во однос на стандардите или на плановите.  


Прашање 2: Контролите можат да бидат?    

Одговор 1: Квалитативни и квантитативни. 

Одговор 2: Ниту квалитативни ниту квантитативни.    

Одговор 3: Само квалитативни.


Прашање 3: Контролната функција спроведена со помош на политики и процедури е?   

Одговор 1: Превентивна контрола.  

Одговор 2: Детективна контрола.

Одговор 3: Контрола на применување на политиките и процедурите.    


Прашање 4: Извештајот со податоци за авионскиот билет, кој вработените го доставуваат до раководните лица, обезбедува информации за? 

Одговор 1: Квалитетот на извршувањето во однос на политиката за патување на организацијата. 

Одговор 2: Идентификување на трошоците за да се процесираат податоци во патната сметка на вработениот.

Одговор 3: Споредување на буџетираното со фактичкото.    


Прашање 5: Вообичаен контролен процес се спроведува во следните чекори:
i. Селектирањето стратегиска контрола покажува каде да се собираат информации за активноста која се извршува;
ii. Акумулирање, класифицирање и евидентирање примероци со податоци;
iii. Набљудување на работата или собирање примероци со податоци;
iv. Утврдување дали извршувањето е задоволително;
v. Ревидирање на стандардите;
vi. Известување до менаџментот за значајни отстапувања од стандардите.
Кој е правилен редослед на чекорите?   

Одговор 1: 1, 3, 2, 4, 6, 5.

Одговор 2: 1, 3, 4, 2, 6, 5.

Одговор 3: 3, 2, 5, 1, 4, 6.


Студија 37: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија

Содржина: Интерната контрола може да обезбеди само разумно уверување дека целите на организацијата се исполнети на ефикасен и на ефективен начин. Интерните контроли можат да откријат измами кои се направени од страна на еден или на повеќе вработени или раководни лица, но не можат со сигурност да ги откријат сите направени измами. Менаџерите се случува понекогаш самите да ги игнорираат контролите кои ги поставуваат. Но, тие покрај тоа што ја имаат главната улога во одржувањето на контролите, понекогаш и самите се еден вид контрола. Менаџерите покрај интерните контроли, одговорни се и за управувањето со ризиците. Поради тоа, многу е важно менаџерите да бидат способни да идентификуваат како новите настани во институцијата се одразуваат на ризикот.   


Прашање 1: Адекватен систем на интерни контроли е многу веројатно дека ќе открие измама направена од?

Одговор 1: Група на организирани вработени.    

Одговор 2: Еден вработен.     

Одговор 3: Група на организирани менаџери.     


Прашање 2: Кој од следните фактори влијае на ризикот? 

Одговор 1: Нов персонал, нов информативен систем, рапиден раст на приходите.   

Одговор 2: Нов персонал и нов информативен систем. 

Одговор 3: Нема конкретен фактор кој би влијаел на ризикот, а тоа зависи од ситуацијата.


Прашање 3: Кои од следните менаџерски функции дејствуваат како контрола?    

Одговор 1: Контролирање на резултатите. 

Одговор 2: Користење на водичот за политики во институцијата.

Одговор 3: Формирање сектор за интерна ревизија. 


Прашање 4: Политиките и процедурите кои помагаат да се осигури дека насоките на менаџментот се извршени и се преземени, се активности кои се однесуваат на ризикот во насока на остварување на целите и се?              

Одговор 1: Оценка на ризик. 

Одговор 2: Контролно опкружување.  

Одговор 3: Контролни активности.   


Прашање 5: Еден фактор кој ја ограничува веројатноста за исполнување на целите на ефикасен и на ефективен начин е тоа што?

Одговор 1: Примарната одговорност на интерниот ревизор е испитување измама.  

Одговор 2: Менаџментот ги надгледува резултатите.    

Одговор 3: Трошокот на интерната контрола не треба да ја надмине користа од таа контрола.


Студија 38: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Интерните контроли мора да следат одредени основни принципи за да ги остварат целите за нивното постоење. Еден од овие принципи е сегрегација на должности, кој мора да постои во секојдневното работење. Сегрегацијата на должности е сосема валидна и основана, но таа може да претставува и основа за многу грешки или проневери. Но, доколку интерната контрола е добро дизајнирана,различни вработени можат да извршуваат различни задачи. Во прашањата подолу ќе бидат дадени практични ситуации каде ќе треба да се идентификува слабост на интерна контрола или измама.  


Прашање 1: Кој од следните примери не го прекршува принципот на сегрегација на функции? 

Одговор 1: Раководителот на секторот на трезор ги потпишува изводите, но на помошникот му има дадено да ги провери сите одделни трансакции од изминатиот ден.     

Одговор 2: Магационерот, кој има одговорност за залихите во магацинот, може да потпише уништување или отуѓување на дел од залихата.  

Одговор 3: Менаџерот за продажба има одговорност да одобри продажба на кредит и авторитет да отпише побарувања.    


Прашање 2: Која од следните активности претставува соодветна функција во департманот за човечки ресурси и закана за измама кај платите?   

Одговор 1: Дистрибуирање на листите за плата (пресметката за плата).     

Одговор 2: Авторизирање на прекувремена работа. 

Одговор 3: Авторизирање дополнителни примања или намалување на износите на платите.    


Прашање 3: Доколку интерната контрола е добро дизајнирана, две задачи кои треба да се извршат од двајца различни вработени се?

Одговор 1: Одобрување на отпишување лоши долгови и усогласување на аналитичките конта на обврските со контролното конто од главната книга. 

Одговор 2: Книжење и приливи и одливи на парични средства во главната книга.

Одговор 3: Евидентирање приливи и изготвување на усогласување на извештајот од банка.  


Прашање 4: Која од следните ситуации претставува слаба интерна контрола во одделението за пресметка на плати?  

Одговор 1: Вработените во одделението за плати ги ротираат своите задолженија.

Одговор 2: Непосредниот претпоставен на вработените им ги дели листите за плата. 

Одговор 3: Евидентираните обврски за плати се усогласуваат со кварталните даночни обврски.


Прашање 5: Што од следното претставува слаба интерна контрола? 

Одговор 1: Процедурите за набавка се добро дизајнирани и се следат, освен ако раководителот на набавка не каже поинаку.  

Одговор 2: Претходно нумерирани бланко нарачки за набавка се соодветно обезбедени во секторот за набавка.      

Одговор 3: Вообичаените оперативни набавки спаѓаат во рангот од 50.000 до 100.000 ден., а два потписи се потребни за набавки над 100.000 ден.


Студија 39: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Институциите постојано треба да преземаат соодветни активности за да го намалат ризикот од проневери, измами или кражби. Еден од начините да се намалат ваквите несакани појави е да се изгради систем на силни интерни контроли. Во секоја од следните ситуации дадете соодветни одговори поврзани со интерните контроли.


Прашање 1: За да се минимизира ризикот дека вработените во секторот за набавка ќе ги искористат своите позиции за лична корист, институцијата треба? 

Одговор 1: Периодично да ги ротира задолженијата помеѓу вработените во одделението за набавка.

Одговор 2: Да побара од интерните ревизори да потврдат селектирани набавки и обврски кон добавувачите.

Одговор 3: Да нагласи дека сите купени ставки мора да поминат одреден праг на вредност по единица трошок.


Прашање 2: Кои од следните контроли треба да се спроведат за да се открие дека има евидентиран банкарски депозит, но никогаш не е направен во банка?

Одговор 1: Поврзување на приливите со други интерни одговорности, на пример, наплата на побарувања или продажби.   

Одговор 2: Консолидирање на примените парични приливи.  

Одговор 3: Правење банкарско усогласување од страна на трето лице. 


Прашање 3: Здравствените осигуреници можат да побараат хоспитализација во болниците директно од компјутер, не е потребна хартиена потврда од болницата за осигуреникот. Која од следните контроли е најефективна во откривање измами во вакви ситуации?    

Одговор 1: Користење средства за интегрирано тестирање за да се тестира коректноста во процесирањето на барањата на начин кој е транспарентен во обработката на податоците.

Одговор 2: Развивање програми за мониторинг за да се идентификуваат невообичаените видови барања или невообичаен број барања по демографски категории. 

Одговор 3: Користење општ ревизорски софтвер кој ќе ги спротивставува матичните броеви на осигурениците со листата на валидни осигуреници. 


Прашање 4: Која од следните контроли ќе спречи набавка на големи количини од некој производ кој не им е потребен?   

Одговор 1: Ревидирање на сите барања за набавка од страна на раководните лица на одделенијата, пред тие да ги достават до одделението за набавка.   

Одговор 2: Автоматски повторни нарачки од страна на одделението за набавки, кога во системот ќе биде забележано ниско ниво на залихи.   

Одговор 3: Политика која бара ревидирање на набавките пред да се добие нова испорака.    


Прашање 5: Раководството најдобро може да ја засили интерната контрола за чување залихи во магацин кој е на различна локација од институцијата, со имплементирање на?

Одговор 1: Усогласување на приемниците и испратниците од/до магацинот.    

Одговор 2: Зголемување на премијата за осигурување.    

Одговор 3: Редовно усогласување на физичките залихи со сметководствената евиденција.


Студија 40: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија

Содржина: Станува збор за голема институција со развиен сектор за интерна ревизија, во кој има вработени интерни ревизори, менаџери и раководител на секторот. Менаџерот во секторот за интерна ревизија, задолжен за супервизија на другите интерни ревизори, треба да поседува неопходни вештини, знаење и други компетентности за вршење на таа функција. Исто така, иако станува збор за голем сектор, сепак, тие се соочуваат со недостиг на ресурси, пред сè, човечки за вршење на сите ревизорски ангажмани. Многу често треба да донесат одлука дали и како ресурсите да се пренасочат од еден на друг ангажман. Во ваква ситуација, треба да се оцени и ризикот придружен на двата ангажмани за да може да се донесе одлука каде да се насочат ограничените ресурси.             


Прашање 1: Кој (кои) од следните коментари е (се) точен(и) во врска со оценувањето на ризикот, придружен за двата ангажмана, за да се одлучи каде да се насочат ограничените ресурси за интерна ревизија?
i. Активностите кои се побарани од раководството секогаш треба да се гледаат како активности со поголем ризик;
ii. Активностите со поголем финансиски буџет секогаш треба да бидат сметани за активности со поголем ризик од оние со помали финансиски буџети;
iii. Ризикот секогаш треба да се мери во однос на потенцијалната монетарна изложеност на институцијата.            

Одговор 1: Само iii.

Одговор 2: Само i.   

Одговор 3: И ii и iii.  


Прашање 2: Што од следното претставува соодветна активност на интерната ревизија, како одговор на процесот на оценување на ризикот?
i. Областите со низок ризик може да му се делегираат на екстерниот државен ревизор, но областите со висок ризик мора да бидат ревидирани од страна на интерниот ревизор;
ii. Областите со висок ризик треба да бидат интегрирани во планот за ревизорски ангажмани, заедно со барањата со висок приоритет на врвното раководство;
iii. Анализата на ризикот треба да биде употребена во утврдување на годишниот план за ревизија, па оттука анализата на ризик треба да се прави само еднаш годишно.

Одговор 1: Само i.   

Одговор 2: Само ii.  

Одговор 3: ii и iii. 


Прашање 3: Која од следниве изјави е точна во врска со анализата на ризикот, која ја прави интерниот ревизор за да одлучи каде да прави ревизија?    

Одговор 1: Обемот до кој се бара расудување од страна на раководните лица, може да служи како фактор на ризик во помагањето на интерниот ревизор при правење компаративна анализа на ризик.  

Одговор 2: Оценката на највисок ризик секогаш мора да биде ставена на областа која има и потенцијално највисока загуба.  

Одговор 3: Оценката на највисок ризик секогаш мора да биде ставена на областа која има и потенцијално највисока веројатност на настанување.


Прашање 4: Кој од следните фактори се смета за најмалку важен при одлучувањето дали постоечките ресурси на интерната ревизија треба да бидат пренасочени од еден тековен ангажман (ревизија) на друг, кој го бара менаџментот?

Одговор 1: Финансиската ревизија на другиот ангажман, направена минатата година од страна на Државниот завод за ревизија. 

Одговор 2: Потенцијалот за измама придружен во постоечкиот ангажман.    

Одговор 3: Зголемување на нивото на расходи во последната година во секторот каде раководството бара да се спроведе ревизија.


Прашање 5: Што од следното не претставува вештина, знаење или друга компетентност, неопходни да се изврши супервизија на одреден ревизорски ангажман? 

Одговор 1: Способноста да го ревидира и да го анализира ангажманот за да утврди дали предложените процедури ќе резултираат во релевантни информации за целите на ангажманот.   

Одговор 2: Оценување на ризикот и другите процеси на расудување за да се спроведе ангажманот на интерна ревизија и планот да се презентира пред врвното раководство.  

Одговор 3: Утврдување дека интерните ревизори ги завршиле процедурите поврзани со ангажманот и целите на ангажманот (ревизијата) се исполнети.


Студија 41: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: При носењето одлука каде да се стави приоритет за вршење интерна ревизија, се спроведува процес на оценување на ризикот. Во фазата на планирање, се оценуваат 4 ревизорски ангажмани врз основа на следните фактори: можноста ангажманот да го намали ризикот на институцијата, можноста со ангажманот да се заштедат пари за институцијата и степенот на промени во областа од последниот ангажман. Секој фактор за секој ангажман е оценет и бодуван високо, средно и ниско, од што може да се утврди и збирниот ранг. Ангажманите, заедно со направената анализа, се:
- Ревизорски ангажман 1: намалување на ризикот - висок (3), заштеда на трошоци - среден (2) и промени - низок (1);
- Ревизорски ангажман 2: намалување на ризикот - висок (3), заштеда на трошоци - низок (1) и промени - висок (3);
- Ревизорски ангажман 3: намалување на ризикот - низок (1), заштеда на трошоци - висок (3) и промени - среден (2);
- Ревизорски ангажман 4: намалување на ризикот - среден (2), заштеда на трошоци - среден (2) и промени - висок (3).    


Прашање 1: На кои ревизорски ангажмани од табелата погоре треба да им се даде приоритет, доколку сите фактори имаат подеднаква важност?  

Одговор 1: 1 и 2.  

Одговор 2: 2 и 4.  

Одговор 3: 1 и 3.  


Прашање 2: Доколку заштедата на трошоци е оценета како двојно поважна од останатите два фактори, на кои ревизорски ангажмани треба да им се даде приоритет?   

Одговор 1: 1 и 2.  

Одговор 2: 3 и 4.  

Одговор 3: 1 и 3.  


Прашање 3: При оценување ризик, што од следното има најмногу влијание на долг рок?   

Одговор 1: Планирање на извршување на услугите.  

Одговор 2: Политика на управување на залихите.  

Одговор 3: Квалитетот на извршените услуги.


Прашање 4: Кога се користи процес на оценување на ризик за да се направи план на ревизија, на што треба да се даде приоритет?

Одговор 1: Екстерните ревизори побарале помош за нивниот годишен ревизорски ангажман кој треба да започне.      

Одговор 2: Нов систем за плаќање на обврските, моментално е во фаза на тестирање од страна на ИТ-секторот.

Одговор 3: Раководството бара испитување на побарувањата, бидејќи се сомнева дека е направена измама со нив, односно дел од побарувањата се украдени.   


Прашање 5: Што од следното претставува најдобра техника за оценување ризик?   

Одговор 1: Оценување на нивоата на ризик за идните настани, базирани на неизвесноста на тие настани и нивното влијание на остварувањето на долгорочните цели на институцијата.

Одговор 2: Оценување на инхерентниот и контролниот ризик и нивното влијание на обемот на финансиско погрешно презентирање. 

Одговор 3: Оценување на нивоата на ризик на тековните и идните настани, нивниот ефект на остварување на организациските цели и нивните поврзани последици.


Студија 42: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија

Содржина: Во најголем број случаи, интерната ревизија треба да ги документира политиките и процедурите за да осигури конзистентност и квалитет во нејзиното работење. Политиките и процедурите треба да бидат воспоставени за да го водат ревизорскиот ангажман и интерната ревизија во целина. Политиките и процедурите се разликуваат од големината на ангажманот. Тие помагаат за раководење со интерната ревизија. Одговорете на прашањата подолу, поврзани со политиките и со процедурите во интерната ревизија. 


Прашање 1: Исклучок од документирање на политиките и процедурите може да има во однос на?

Одговор 1: Авторитетот.    

Одговор 2: Одделението за човечки ресурси.     

Одговор 3: Големината на ревизорскиот ангажман.   


Прашање 2: Што од следното е најосновно за насочување на интерните ревизори кон секојдневно усогласување со стандардите за резултатите, при спроведување интерна ревизија?    

Одговор 1: Оценување на квалитетот на програмата.    

Одговор 2: Оценување на резултатите.   

Одговор 3: Политиките и процедурите.   


Прашање 3: Која од следните изјави е грешна во однос на тоа дека политиките и процедурите го водат ревизорскиот ангажман?   

Одговор 1: Формата и содржината на пишаните политики и процедури треба да биде соодветна на големината на интерната ревизија.

Одговор 2: Сите интерни ревизии треба да имаат детални прирачници за политики и процедури.

Одговор 3: Формални административни и технички прирачници може не се потребни за сите ангажмани на интерната ревизија.   


Прашање 4: Политиките и процедурите се разликуваат кај големи и мали ревизорски ангажмани. Кај големи ревизорски ангажмани политиките треба? 

Одговор 1: Да го дефинира опфатот и статусот на интерната ревизија.    

Одговор 2: Да биде во детали објаснето.

Одговор 3: Да биде специфична во однос на активностите кои треба да се преземат.  


Прашање 5: Политиките и процедурите во однос на раководење на интерната ревизија треба да?              

Одговор 1: Осигураат усогласеност со стандардите за перформанси.  

Одговор 2: Дадат објаснување за структурата и за комплексноста на ревизорскиот ангажман.    

Одговор 3: Резултираат во конзистентни резултати на работното место.


Студија 43: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Интерните и екстерните ревизори треба да имаат соодветна координација и комуникација. Во институциите од јавниот сектор, надворешна ревизија врши Државниот завод за ревизија. Во последните години, односите помеѓу внатрешните и надворешните ревизори се променети на начин што внатрешните ревизори се партнери, а не подредени во процесот на вршење надворешна ревизија. Од друга страна, и интерните ревизори со цел да ја подобрат својата ефикасност во одредени ситуации, можат да се потпрат на работата на надворешните државни ревизори. Исто така, покрај интерните и екстерните ревизори, може да се случи и самиот сектор да биде одговорен за ревидирање одредена функција или процес. 


Прашање 1: Која од следните изјави е погрешна во врска со односот помеѓу интерните и екстерните ревизори?

Одговор 1: Раководството и интерните ревизори треба да прават надзор над работата на екстерните ревизори.

Одговор 2: Се одржуваат одреден број состаноци помеѓу интерните и екстерните ревизори за да се осигури навремено и ефикасно завршување на работата.   

Одговор 3: Интерните ревизори може да им отстапат дел од документацијата која ја бараат екстерните ревизори за да имаат надзор во нивната работа. 


Прашање 2: Која од следните изјави не е точна за односот помеѓу интерните и екстерните ревизори?       

Одговор 1: Екстерните ревизори мора да ја оценат компетентноста и објективноста на интерните ревизори.

Одговор 2: Може да има повремени состаноци помеѓу интерните и екстерните ревизори за да се дискутираат прашања кои се од заеднички интерес.

Одговор 3: Интерните ревизори може да им отстапат дел од документацијата која ја бараат екстерните ревизори за да имаат надзор во нивната работа. 


Прашање 3: Кои фактори имаат доведено до променети односи помеѓу интерните и екстерните ревизори, односно на интерните ревизори да се гледа како на партнери, а не како на потчинети? 

Одговор 1: Зголемувањето на обврските на екстерните ревизори и зголемениот професионализам на интерните ревизори.

Одговор 2: Зголемениот професионализам на интерните ревизори и избегнување дуплирање на работите од страна на екстерните ревизори, а кои веќе се направени од страна на интерните ревизори.  

Одговор 3: Користењето компјутеризирани сметководствени системи и глобализацијата на ревизорската професија.      

 

Прашање 4: За да ја подобрат својата ефикасност, интерните ревизори можат да се потпрат на работата на екстерните ревизори доколку нивната работа е?   

Одговор 1: Извршена по работата на интерните ревизори.  

Одговор 2: Извршена во согласност со меѓународните стандарди за ревизија и кодексот на етика.

Одговор 3: Координирана со работата на интерната ревизија.


Прашање 5: Ако друг сектор е одговорен да ревидира одредена функција или процес, интерните ревизори треба?      

Одговор 1: Да ја земат предвид работата на другиот сектор кога ја оценуваат таа функција или процес.     

Одговор 2: Да ја игнорираат работата на другиот сектор и да извршат независна ревизија. 

Одговор 3: Да го намалат обемот на ревизија, бидејќи работата веќе еднаш била завршена од друг сектор.


Студија 44: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Во институцијата од јавен сектор, има развиен кодекс на однесување од пред неколку години, кој се однесува за сите вработени. Ревидирањето на кодексот на однесување има откриено дека тој содржи детални и сеопфатни насоки за да инспирира високо ниво на етичко однесување. Ревидирањето, исто така, има откриено дека вработените се свесни за одредбите од кодексот на однесување, но сè уште има вработени кои не го почитуваат. Во кодексот на однесување, пропишано е и кои активности прават конфликт на интереси. Исто така, во институцијата постои и кодекс на етика, кој се однесува на вработените во секторот за сметководство.    

Прашање 1: Бидејќи некои вработени сè уште не го почитуваат кодексот на однесување, кои елементи треба да ги содржи кодексот на однесување за да се зголеми неговата ефективност? 

Одговор 1: Периодично ревидирање и потврдување од сите вработени дека ќе го почитуваат.

Одговор 2: Вклучување на вработените во неговото дизајнирање.

Одговор 3: Одредби со дисциплински мерки доколку не го почитуваат.     


Прашање 2: Најдобра причина за донесување кодекс на однесување во рамки на институцијата, е дека таквиот кодекс?    

Одговор 1: Се бара од страна на Владата.     

Одговор 2: Изразува стандарди на индивидуално однесување за вработените во институцијата.   

Одговор 3: Обезбедува квантитативна основа за резултатите од работењето на вработените.   


Прашање 3: Кој е најдобриот пристап на интерниот ревизор за да му обезбеди на раководството највисоко ниво на комфорт дека кодексот се почитува од страна на вработените?   

Одговор 1: Целосно да ја оцени деталноста на кодексот на однесување и усогласеноста со него и резултатите да ги обелодени на раководството.   

Одговор 2: Целосно да ги оцени институционалните практики во однос на нивната усогласеност со кодексот на однесување и резултатите да ги обелодени на раководството.    

Одговор 3: Тестирање на активностите на вработените за да се открие потенцијално кршење на кодексот на однесување.    


Прашање 4: Која од следните изјави се однесува на конфликт на интереси, дефинирани во кодексот на однесување?      

Одговор 1: Да прими пари, подароци или услуги од клиентите.   

Одговор 2: Да учествува директно или индиректно во управувањето со друга институција.

Одговор 3: Да позајми пари од или на добавувачите.


Прашање 5: Која е основната цел на институцијата да воведе кодекс на етика?

Одговор 1: Да ги нагласи критериумите за професионално однесување за да се одржат стандардите на интегритет и објективност.  

Одговор 2: Да донесе стандарди кои треба да се следат за ефективно сметководствено работење.              

Одговор 3: Да обезбеди рамка во рамките на која ефективно би се развивале и би се извршувале сметководствените политики.


Студија 45: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Интерните ревизори треба да се однесуваат во согласност со кодексот на етика за интерни ревизори. Во клиничкиот центар, кој е јавна установа и има развиен сектор за интерна ревизија, интерните ревизори мора да се однесуваат во согласност со кодексот на етика за интерни ревизори. 

 

Прашање 1: Според кодексот на етика за интерни ревизори, од интерните ревизори се очекува? 

Одговор 1: Да не бидат прекумерно под влијание на сопствените интереси при расудување и формирање мислење.

Одговор 2: Да го споредуваат кодексот на етика со стандардите од другите професии.    

Одговор 3: Да бидат независни во работењето, освен ако раководството не им каже поинаку.  


Прашање 2: Кодексот на етика бара интерните ревизори да ја извршуваат својата работа?

Одговор 1: Чесно, трудољубиво и одговорно.

Одговор 2: Навремено, сериозно и јасно.    

Одговор 3: Навремено, објективно и одговорно.   


Прашање 3: Што од следното е прифатливо според кодексот на етика на интерните ревизори?

Одговор 1: Обелоденување доверливи информации поврзани со ревизорскиот ангажман, кои се потенцијално штетни за институцијата, со цел да се отпочне судска постапка.   

Одговор 2: Прифаќање неочекуван подарок од вработен кој интерниот ревизор го има пофалено во ревизорскиот ангажман, кој завршил неодамна.    

Одговор 3: Неизвестување до врвното раководство за значајни наоди и препораки за нелегална активност, бидејќи раководителот на секторот каде се најдени наодите има кажано дека ќе го реши проблемот.   


Прашање 4: Интерен ревизор во клиничка болница верува дека токсичните отпадоци се изнесуваат на депонија, спротивно на законот. Поради лојалност кон институцијата во која работи, интерниот ревизор не собрал други информации во врска со фрлањето на токсичните отпадоци. Интерниот ревизор?   

Одговор 1: Го прекршил кодексот на етика, свесно станувајќи дел од нелегално дејство.    

Одговор 2: Го прекршил кодексот на етика со незаштитување на широката јавност од понатамошно загадување.

Одговор 3: Го нема прекршено кодексот на етика, бидејќи лојалноста кон институцијата е најважна.         


Прашање 5: Интерниот ревизор има откриено материјални неефикасности кај набавките. Раководителот на набавки е прв сосед и најдобар пријател на интерниот ревизор. Во согласност со кодексот на етика, интерниот ревизор треба?   

Одговор 1: Објективно да ги вклучи сите факти за случајот.  

Одговор 2: Да не го обелодени случајот поради лојалност кон пријателот.   

Одговор 3: Фактите да му ги обелодени само на пријателот.


Студија 46: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Овластен интерен ревизор работи на неревизорска позиција како директор на набавки. Овластениот интерен ревизор има потпишано договор за набавка на голема нарачка од добавувач по најповолна цена, количина и испорака. Кратко по потпишувањето на договорот, добавувачот на овластениот интерен ревизор му има подарено подарок од значајна парична вредност.
Понатаму, овластениот интерен ревизор од секторот за интерна ревизија, при ревидирање на патните трошоци, открил исплатени патни трошоци на вработен кои не биле направени за целите на работењето. Службеникот ветил дека ќе компензира со тоа што нема да бара надомест на легитимни патни трошоци во иднина.
 И покрај спроведувањето интерна ревизија, и добро развиените интерни контроли, сепак, во институцијата било откриено присвојување средство до страна на сметководителот.
Овластените интерни ревизори треба да посетуваат содветен број часови годишно на континуирана професионална едукација.    


Прашање 1: Која од следните изјави во врска со примањето на подарокот од страна на интерниот ревизор е точна?      

Одговор 1: Примањето подарок е забрането само ако подарокот е невообичаен.    

Одговор 2: Примањето на подарокот не е во согласност со кодексот на етика и е забранет за овластениот интерен ревизор.  

Одговор 3: Интерниот ревизор може да го прими подарокот, бидејќи го има добиено откако веќе бил потпишан договорот.   


Прашање 2: Интерните ревизори кои не ја одржуваат својата професионалност со континуирана професионална едукација, можат да се обвинат за прекршување на?    

Одговор 1: Меѓународните стандарди за професионалната практика во интерната ревизија. 

Одговор 2: Меѓународните стандарди за професионална практика и кодексот на етика. 

Одговор 3: Ништо не прекршуваат.  


Прашање 3: Ако службеникот испочитува дека ќе компензира и нема да бара надомест на патни трошоци во иднина, интерниот ревизор?

Одговор 1: Може да ги игнорира првичните надоместувања на патни трошоци, кои не биле за службени цели.

Одговор 2: Треба да ги вклучи во наодите во крајниот извештај. 

Одговор 3: Треба да препорача да ги врати и другите бенефиции и да надомести штета поради погрешната компензација.


Прашање 4: Која од следните ситуации претставува кршење на кодексот на етика?

Одговор 1: На интерен ревизор му е доделен ангажман да изврши ревизија на магацин по 6 месеци од сега. Ревизорот нема искуство во оваа област, но, сепак, го прифатил ангажманот. Ревизорот се има запишано на курсеви за континуирана професионална едукација за ревизија во магацини, кои ќе ги заврши пред да почне ангажманот.

Одговор 2: Интерен ревизор е задоволен со својата работа која долго време ја работи и почнал на неа да гледа како на работа од 8 до 16. Тој во изминатите 3 години не се вклучувал во континуирана професионална едукација или други активности за да ја подобри својата ефикасност. Сепак, тој смета дека квалитетот на работата и резултатите му се исти како и порано.    

Одговор 3: Интерен ревизор има откриено финансиска измама во текот на годината. Сметководствената евиденција е коригирана за правилно да ја прикаже загубата од измамата. Тој ја дискутирал измамата со државниот ревизор кога тој дошол да прави ревизија и инцидентот го разгледувал во детали.


Прашање 5: Какво би било книжењето при извршено присвојување средство, како не би се открила лесно кражбата?    

Одговор 1: На дебит трошок, на кредит средство.  

Одговор 2:На дебит приход, на кредит средство.   

Одговор 3: На дебит средство, на кредит трошок.


Студија 47: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Интерните ревизори се одговорни за откривање измами. По забележувањето на некои црвени знаменца, интерните ревизори имаат зголемена свесност дека може да постои измама. Ревизорот треба да земе активно учество и во активностите да се спречи измама, како што е воспоставување систем на интерни контроли.      


Прашање 1: Која/кои од следните изјави е/се точна/и во однос на превенција на измами?
i. Основен начин за превенција на измама е преку воспоставување и одржување интерни контроли од страна на раководството;
ii. Интерните ревизори се одговорни за помагање во превенцијата на измами преку испитување и оценување на адекватноста на системот на интерни контроли;
iii. Интерните ревизори треба да ја оценат оперативната ефикасност на комуникацискиот систем поврзан со измами.      

Одговор 1: Само i и ii.

Одговор 2: Сите три.   

Одговор 3: Ниту едно.    


Прашање 2: Одговорноста на интерната ревизија во превенција на измами се состои во?   

Одговор 1: Воспоставување интерни контроли.

Одговор 2: Одржување интерни контроли.

Одговор 3: Оценување на системот на интерни контроли.    


Прашање 3: Што од следното најдобро ја опишува одговорноста на интерните ревизори во откривањето измами?

Одговор 1: Проширување на активностите за да утврди дали испитувањето било оправдано.

Одговор 2: Можноста за измама треба да ја обелодени на раководството и да ги праша како да постапи понатаму.

Одговор 3: Да се консултира со екстерен консултант за да види дали е оправдано да започне со испитување.


Прашање 4: Одговорноста на интерните ревизори во врска со измамите, вклучува сè од следното, освен?

Одговор 1: Да се осигури дека нема да се случи измама.   

Одговор 2: Да бидат свесни за активностите каде што може да се случи измама.  

Одговор 3: Да ја оценат ефикасноста на контролните активности.   


Прашање 5: Интерниот ревизор кој се сомнева дека е направена измама треба?

Одговор 1: Да утврди дека е направена загуба.  

Одговор 2: Да идентификува вработени кои би можеле да бидат вклучени во случајот.  

Одговор 3: Да препорача понатамошно испитување откако ќе се утврди дека е направена измама.


Студија 48: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Интерните ревизори имаат одговорност за откривање измами. Тие, состојбите за коишто сметаат дека има поголема веројатност да настане измама, ги нарекуваат црвени знаменца. Во текот на ревизорскиот ангажман на интерниот ревизор во помал сектор, интерниот ревизор го забележал следното во врска со набавките: има тројца вработени задолжени за набавки; првиот вработен е задолжен за набавка на канцелариски мебел, вториот вработен е задолжен за набавка на електричен потрошен материјал, а третиот вработен е задолжен за набавка на канцелариски материјали; има посебни одделенија за евиденција на обврските и побарувањата; со цел добавувачите да бидат поодговорни, сите фактури се праќаат на лицето кое ја направило нарачката; вработените задолжени за набавка ги споредуваат фактурите од добавувачите, приемниците и нарачките; доколку сè се поклопува, вработените задолжени за набавка ги препраќаат документите во одделението за евиденција на обврски; доколку има разлики во некој од овие документи, тие се испитуваат од страна на вработениот задолжен за набавка; само одделението за евиденција на обврски има право да авторизира плаќање фактури; сите евидентирани примања веднаш се евидентираат на залиха во секторот во кој се испорачани стоките по нивниот прием. Интерниот ревизор ги има интервјуирано и раководителите на секторите и вработените задолжени за набавка. И двете групи биле многу задоволни со тековниот систем, бидејќи им помагал да има доволно сегрегација на должности. 


Прашање 1: Што од следното не се смета за црвено знаменце?  

Одговор 1: Раководителот има делегирано одговорност на подреден да прави набавки под одреден износ.

Одговор 2: Вработен е благајник подолго време, без да има ротација на должностите.   

Одговор 3: Доделувањето одговорност во одделението за наплата на побарувања, не е јасно. 


Прашање 2: Која од следните контроли, ако е соодветно имплементирана, ќе ја намали веројатноста за измама?

Одговор 1: Бара периодично ротирање на набавките помеѓу различните купувачи.

Одговор 2: Бара ротирање на должностите помеѓу тројцата вработени за набавки. 

Одговор 3: Бара приемниците да се испраќаат директно во одделението за евиденција на обврски.           


Прашање 3: Интерниот ревизор треба да биде загрижен за можна измама ако?  

Одговор 1: Паричните приливи, нето по одбивање парични средства за во каса за плаќање секојдневни ситни трошења, се депонираат во банка на дневна основа.

Одговор 2: Усогласувањето на изводот од банка го прави истиот вработен кој ги евидентира и залихите.  

Одговор 3: Една личност ги води побарувањата и обврските.   


Прашање 4: Интерниот ревизор е одговорен за оценување на интерните контроли за да утврди дали би оставиле неоткриена измама. Врз основа на презентираните информации, најверојатна неоткриена измама е дека?           

Одговор 1: Вработениот за набавка набавува најголем дел од стоката од добавувач кој тој го преферира, бидејќи ротирањето помеѓу вработените за набавка не е задолжително.    

Одговор 2: Вработениот за набавка испраќа лажни нарачки до лажни добавувачи, вметнувајќи приемници и правење плаќања на лажните добавувачи/

Одговор 3: Секторот за кој се наменети стоките, ги пренасочува на различни локации и не прави приемници.      

Прашање 5: Која од следните процедури, при ревизорскиот ангажман за ревидирање на погоре опишаната состојба, е најефективна при утврдување дали има материјална измама?

Одговор 1: Земање случаен примерок на парични исплати и споредување со одобрените порачки за набавка и приемниците. 

Одговор 2: Усогласување на залихите со главната книга и гледање дали има разлика. 

Одговор 3: Земање случаен примерок на порачки за набавка и секоја ја споредува со приемницата, фактурата и со одобрувањето за плаќање од одделението за евиденција на обврски.


Студија 49: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Лицето НН се вработил во секторот за сметководство во институција од јавен сектор. Поради неговата посветеност на работата, неговите надредени стекнале доверба во него и набрзо тој станал (1) единствениот одговорен за извршување на сите финансиски функции и плаќања. Иако бил успешен на работа, тој приватно имал (2) финансиски проблеми. Поради тоа, прво почнал со позајмување мали износи со кои не му било проблем да ги порамни сметките. Мислејќи колку било лесно да се дојде до пари и мислејќи како тој е еден од клучните вработени и дека придонесува за институцијата многу повеќе отколку што е платен, почнал да зема и поголеми износи на парични средства. Иако износите станувале сè поголеми и поголеми, тој успевал да ги (3) усогласи сметките. Поради ова тој си купил нов автомобил и се (4) зачленил во скапи клубови за вежбање и спа-третмани. Но, неговите блиски забележале дека тој е (5) раздразлив, подготвен за расправии и често депресивен. Оваа измама траела 6 години. Последната година биле предмет на ревизија. Кога се испитува измама, се идентификуваат ппритисоците, можностите и рационализацијата кои му овозможуваат/причинуваат на измамникот да направи измама. Се проучуваат и симптомите на измама.   


Прашање 1: Бројот 2, кој се однесува на тоа дека „лицето имало финансиски проблеми“, е пример за?     

Одговор 1: Симптом во однесување.    

Одговор 2: Притисок од ситуацијата.    

Одговор 3: Рационализација.    


Прашање 2: Бројот 4, кој се однесува на купување скап автомобил и зачленување во скапи клубови, е пример за?

Одговор 1: Рационализација.    

Одговор 2: Симптом на животен стил. 

Одговор 3: Симптом на однесување.    


Прашање 3: Бројот 1 кој се однесува на тоа дека „лицето имало доверба кај надредените и бил единствениот одговорен“, е пример за? 

Одговор 1: Симптом на документирање.

Одговор 2: Притисок од ситуацијата.    

Одговор 3: Можност за измама.    


Прашање 4: Бројот 5 кој се однесува на тоа дека лицето било нервозно и депресивно, е пример за?           

Одговор 1: Рационализација.

Одговор 2: Симптом на животен стил. 

Одговор 3: Симптом на однесување.    


Прашање 5: Бројот 3, кој се однесува на тоа дека лицето секогаш ги усогласувал сметките, е пример за?

Одговор 1: Физички симптом.   

Одговор 2: Аналитички симптом. 

Одговор 3: Симптом на документирање.


Студија 50: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Вработен за набавки стекнува производи за лична употреба со средства од институцијата преку т.н. рамковни договори, каде може да се набавува до максимален износ до кој е склучен договорот. За овие набавки е потребно одобрување од раководителот, но тоа не го знае добавувачот. Наместо секоја нарачка да ја провери пред да ја потпише, раководителот нарачките од рамковните договори само рутински ги потпишувал на крајот од месецот, без да ја проверува пропратната документација. Бидејќи овие производи не подлежеле на стандардна процедура на набавка и прием, нечесниот вработен производите ги подигнувал директно од магацинот на добавувачот. Сите набавки биле за ставки кои рутински се набавувале во институцијата од типот на принтери и тонер. Во текот на изминатата година, вработениот за лична употреба набавил толку многу производи што можел да отвори сопствена приватна печатница.
Покрај оваа измама, во институцијата е направена уште една измама кога на сметководителот му се делегирани премногу одговорности. Во текот на годината, почнале да користат услуги од нов добавувач, но сметководителот продолжил да испраќа лажни нарачки на стариот добавувач. Бидејќи склучувањето договор за услугите и одобрувањето на фактурите од добавувачот ги правел истиот сметководител, тој продолжил да му плаќа на „стариот“ добавувач на нова сметка, која тој ја отворил на име на стариот добавувач. Сметководителот бил перципиран како одличен вработен и понекогаш му давале дури и дополнителна обврска да изготви буџет за секторот, во кој тој си буџетирал дополнителни износи за лажните плаќања.   


Прашање 1: Која од следните процедури треба да ја направи интерниот ревизор во текот на неговиот ангажман за да ја открие измамата на сметководителот?   

Одговор 1: Земање примерок од платените фактури и верификување на примените услуги директно со оние кои требало да ги добијат.    

Одговор 2: Земање примерок од налозите за плаќање и споредување со фактурите.  

Одговор 3: Правење усогласување на извод од банка со неплатените фактури.


Прашање 2: Која од следните контроли е најнеефективна за превенција на измама, направена со праќање нарачки на лажни добавувачи?    

Одговор 1: Барање сите набавки да бидат направени од авторизирана листа на добавувачи, која се чува независно од индивидуалните нарачки.     

Одговор 2: Барање договори со сите добавувачи од кои се врши набавка. 

Одговор 3: Барање вкупните месечни набавки да не ги надминуваат буџетираните износи за тој месец.   


Прашање 3: Која од следните контроли е најефективна во превенција на измама, како што има направено сметководителот?  

Одговор 1: Споредување на потпишаните фактури со независна верификација на добиените услуги.          

Одговор 2: Буџетот да се изготвува од друго лице, кое не е поврзано со потпишување договори и одобрувања плаќања.

Одговор 3: Плаќање на налозите од лице различно од она кое ги одобрува фактурите.   


Прашање 4: Која од следните контроли е најефективна во превенција на измама, како што има направено вработениот за набавките?    

Одговор 1: Дозволување набавки само од добавувачи со кои претходно е склучен договор.  

Одговор 2: Барање да се користат нарачки кои имаат сериски броеви.   

Одговор 3: Утврдување сегрегација на должности помеѓу нарачки и прием на стоки.  


Прашање: Која од следните процедури треба да ја направи интерниот ревизор во текот на неговиот ангажман за да ја открие измамата на вработениот во набавки?

Одговор 1: Правење анализа на тренд за трошоците за набавка на принтери и тонери во изминатите години.

Одговор 2: Следење на цените и количините на фактурите.

Одговор 3: Повторна пресметка за да се утврди точноста на фактурите, вклучувајќи ги и попустите.


Студија 51: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина:Вие сте раководител на тим за внатрешна ревизија во една јавна болница и наскоро треба да почнете со ревизија на платите, со помош на двајца помлади членови на тимот. Двајцата се назначени во минатата година и главно, до таа дата, имаат искуство во надворешна ревизија. Иако двајцата членови на тимот имаат извршено други прегледи во внатрешната ревизија, ова им е прв преглед на платите. Планирате да спроведете кратка обука со тимот пред да почнете со ревизијата. Во оваа обука сакате да дискутирате за пошироките контролни цели, кои ја прават различна внатрешната ревизија од нивната претходна работа на надворешна ревизија. Овие цели ќе се користат за договарање работна програма за ревизијата. Исто така, сакате да дискутирате за начинот на кој внатрешна ревизија ја планира својата работа и користењето на индексирање ризици. 


Прашање 1: Што од следното претставува контрола од аспект на навременост на пресметката на плати? 

Одговор 1: За сите измени во месечниот платен список е известен одделот за плати од страна на менаџерите до 15. во месецот.

Одговор 2: Преглед на финансиските упатства дадени на менаџерите за да се осигури дека го содржат барањето за пресметка на плати.   

Одговор 3: На примерок на персонал, земен од платниот список, потврдете ја вистинската дата на исплата.


Прашање 2: Предностите од индексирање ризици се?  

Одговор 1: Корисно при оправдување на плановите пред менаџментот.   

Одговор 2: Намалување на обемот на ревизорскиот ангажман.   

Одговор 3: Не е субјективно, како што е, на пример, ревизорското расудување.  


Прашање 3: Што од следното претставува тестирање на контролата, која има цел сите бонуси исплатени на раководните лица да бидат конзистентни со финансиските правилници?   

Одговор 1: Од сите менаџери се бара да се обучуваат за примена на финансиските правилници, во рок од 3 месеци од назначувањето. 

Одговор 2: На примерок на неодамна примени менаџери, испитајте ги досиејата за обука за потврда на посетување обуки како што се бараат. 

Одговор 3: Земете примерок на исплата на бонус и оценете ја неговата усогласеност со финансиските правилници.      

 

Прашање 4: Недостатоците од индексирање ризици се?  

Одговор 1: Одзема многу време за да се квантифицираат ризиците.   

Одговор 2: Тешко добивање информации од страна на интерните ревизори.    

Одговор 3: Содржи доза на објективност за понатамошната работа на интерните ревизори.  


Прашање 5: Што од следното е суштинска постапка при ревизорски ангажман, каде целта на контролата е законските одбитоци од плати да се во согласност со релевантните закони и правила?   

Одговор 1: Менаџерот за плати проверува дека табелите за одбивање на данокот се ажурираат редовно секоја година.

Одговор 2: Испитајте ги досиејата од проверката за да потврдите дека менаџерот потпишал за да покаже дека проверката е извршена.

Одговор 3: На примерок од одбитоци, повторно пресметајте го износот што се одбива и потврдете ја усогласеноста со релевантните закони или правилници.


Студија 52: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Вие сте неодамна назначен внатрешен ревизор во јавна агенција која дава услуги на брза помош. Менаџерот на ревизија побарал од вас да ја извршите планираната ревизија на системот за управување со возниот парк. Во организацијата во која претходно сте работеле, раководителот на внатрешната ревизија (РВР) одговарал пред извршниот директор. Моментално, РВР на Агенцијата за брза помош одговара пред финансискиот директор, но оваа функција е предмет на ревизија.


Прашање 1: Што од следното не претставува ризик за управување со возниот парк?   

Одговор 1: Лоша спецификација на возилата може да резултира во неможност да се исполнат потребите на корисниците.  

Одговор 2: Лоша процена на методите на набавка на ново возило, може да значи плаќање повеќе отколку што е потребно.    

Одговор 3: Корисниците на возилата имаат буџетска/менаџерска одговорност за возилата.   


Прашање 2: Идентификувајте што од понудените опции не претставува контрола за адресирање на ризиците од управување со возниот парк?   

Одговор 1: Редовен преглед на барањата за возилата од страна на повисокиот менаџмент за да се осигури дека се ажурирани со такви работи како што се измени во новите услуги или измени во барањата на корисниците.

Одговор 2: Одлуки за методот на набавка, донесени во консултација со менаџери специјалисти за набавка за да се обезбеди дека сите опции биле земени предвид. 

Одговор 3: Ад хок утврдување на потребата за тековни трошоци, поправки и трошоци за одржување и инцидентно обезбедување парични средства.


Прашање 3: Со оглед на вашето искуство, РВР побарал од вас да идентификувате што е предност кога РВР одговара пред извршниот директор?   

Одговор 1: Помалку експерт во поединечни услуги, но веројатно има поголемо разбирање на пошироките работи на организацијата.  

Одговор 2: Експертизата во финансиската администрација веројатно варира, иако многу од главните извршни директори се образовани за финансии.   

Одговор 3: Има овластувања да дава препораки/решенија кои бараат координација низ организацијата.


Прашање 4: РВР побарал од вас да идентификувате што е предност кога РВР одговара пред финансискиот директор?      

Одговор 1: Помалку експерт во поединечни услуги, но веројатно има поголемо разбирање на пошироките работи на организацијата.  

Одговор 2: Експертиза во финансиска администрација. 

Одговор 3: Ограничени овластувања да дава препораки/решенија кои бараат координација низ организацијата.


Прашање 5: Што од следното не претставува тест на контрола при ревизија на управувањето со возниот парк?

Одговор 1: Интервју со сметководителите задолжени за плаќање на возилата за да се утврди техничката компетентност и искуство.

Одговор 2: Преглед на резултати од анкетата на корисници и потврдување дека се преземени дејства како резултат на тоа, со испитување на досиејата на менаџментот.

Одговор 3: Испитување на документацијата за набавка и отстранување на возилата за да се осигури дека точното лице ги извршило соодветните задачи.

 

Студија 53: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија

Содржина:    Вие сте виш ревизор во мала општина со тим од тројца (вклучувајќи ве и вас). Советот на општината е под притисок да заштеди пари и еден од советниците предложил дека има алтернативни модели за обезбедување внатрешна ревизија, кои се можеби поевтини отколку ревизорите да се вработени кај нив. Раководителот на финансии не знае многу за опциите и ве замолил да подготвите некои информации за него. 

Прашање 1: Идентификувајте кој од следниот модел не може да се искористи за давање услуги на внатрешна ревизија?

Одговор 1: Внатрешен сектор во општината.  

Одговор 2: Позајмување интерен ревизор од друга општина.  

Одговор 3: Позајмување интерен ревизор од здружение на ревизори или од приватна ревизорска компанија.


Прашање 2: Без оглед кој модел за давање внатрешна ревизија е избран, внатрешните ревизори вообичаено издаваат пишан извештај. Која од следните ставки не е дел од тој извештај?

Одговор 1: Планот за вршење понатамошни ревизии.  

Одговор 2: Усвоениот ревизорски пристап и генералните наоди.    

Одговор 3: Препораки во форма на акциски план, каде што можат да се евидентираат коментари или одговори од клиентот.


Прашање 3: Што е недостиг на постоење сектор за внатрешна ревизија во самата општина? 

Одговор 1: Детално познавање на општината, бидејќи таа е нејзиниот единствен „клиент“.  

Одговор 2: Подобри работни односи со персоналот, бидејќи на ревизорот не се гледа како на надворешно лице.

Одговор 3: Малите бројки, исто така, значат дека опсегот на вештини и искуство може да биде ограничен, со ограничен опсег за специјализација.    


Прашање 4: Што е недостаток на позајмување услуги на внатрешна ревизија од друга општина?  

Одговор 1: Поголема независност од општината.

Одговор 2: Флексибилни ресурси – бројот и комбинациите на персонал можат да се адаптираат за секој клиент и за секоја задача.

Одговор 3: Договорни ограничувања – го добивате само она што сте го специфицирале и за кое ќе платите според договорот.


Прашање 5: Кое од следните тврдења не претставува цел на стандардите за внатрешна ревизија?

Одговор 1: Поставување основни принципи за вршење внатрешна ревизија во јавниот сектор.

Одговор 2:Воспостави рамка за давање услуги од внатрешна ревизија, без оглед на оправданоста за таквите услуги.

Одговор 3: Поставуваат основа за мерење на успешноста на раководството и неговото наградување.


Студија 54: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина:Вие сте менаџер на внатрешна ревизија во локалната власт и дел од вашата надлежност е образование. Главниот извршен директор побарал од вас да преземете преглед на вредност за пари кај некои од училиштата во тоа подрачје. На располагање имате само помлад ревизор за извршување на задачата, па затоа сметате дека ќе биде неопходно детално да го брифирате за ревизијата. 


Прашање 1: Кои од следните се елементи на концептот вредност за пари?
i. Економичност – стекнување ресурси со соодветен квалитет и квантитет по најниска цена;
ii. Ефикасност – максимум корисен аутпут од искористените ресурси, или минимум ниво на работа при производство на дадено ниво на аутпут;
iii. Ефективност - осигурување дека аутпутот од секоја дадена активност го постигнува саканиот резултат.

Одговор 1: Само економичноста и ефикасноста.     

Одговор 2: Сите три.   

Одговор 3: Ниту едно.    


Прашање 2: Што од следното е елемент на ефикасност?  

Одговор 1: Просечна наставничка плата. 

Одговор 2: Стапка на отсутност на учениците.

Одговор 3: Број на наставници во однос на резултати по ученик.


Прашање 3: Што од следното е елемент на економичност? 

Одговор 1: Административни трошоци.   

Одговор 2: Сооднос на наставници и на ученици.   

Одговор 3: Плата на наставник во однос на резултати по ученик.


Прашање 4: Што од следното е елемент на ефективност?    

Одговор 1: Индиректни трошоци.

Одговор 2: Стапка на боледување на персоналот. 

Одговор 3: Резултати по предмети. 


Прашање 5:  Друга област на работа на внатрешните ревизори е ревизија на договори. Што од следното не е дел од вршење ревизија на договори?     

Одговор 1: Тендерска постапка.

Одговор 2: Управување со договорот. 

Одговор 3: Реализацијата на друг сличен договор.


Студија 55: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Интерните ревизори во јавниот сектор и државните ревизори, кои спроведуваат ревизија во институциите од јавниот сектор, имаат заеднички интереси и неретко нивната работа се поклопува.


Прашање 1: Што од следното не е заеднички интерес на надворешните и на внатрешните ревизори?       

Одговор 1: Ефективно работење на финансиските и на управувачките системи, вклучувајќи ги интерните контроли што ги воспоставуваат токму внатрешните ревизори.    

Одговор 2: Континуирано спроведуваат ревизија кај субјектот.   

Одговор 3: Усогласеност со сите закони, прописи, директиви и применливи стандарди од страна на поединците, групите и организацијата како ентитет сама по себе.


Прашање 2: Во кои области работата на надворешните и на внатрешните ревизори може да се преклопува?
i. Испитување на системот на интерни контроли;
ii. Испитување на сметководствената евиденција, книгите, сметките и документите;
iii. Потврдување на средствата и обврските.    

Одговор 1: Само ii и iii.    

Одговор 2: Сите три.   

Одговор 3: Ниту едно.    


Прашање 3: Кои лични квалитети кои треба да ги имаат ревизорите за да бидат способни да ги спроведуваат нивните должности со највисоки стандарди на квалитет?
i. Способност да комуницира на ефективен начин;
ii. Да ја почитува доверливоста;
iii. Компетентност;
iv. Способност да ја задржи објективноста. 

Одговор 1: Сите четири.

Одговор 2: i, ii и iv.   

Одговор 3: Само iii. 


Прашање 4: Вие сте одговорен на внатрешна ревизија и треба да вработите уште еден член во вашиот тим. Кои професионални вештини ќе ги побарате за потенцијалните кандидати во огласот за вработување?
i. Комуникациски вештини: важни се за ревизорот, како во прибирањето информации така и во известувањето за резултатите од нивната работа;
ii. Познавање на сметководството и релевантното законодавство: ова ја дава правната и професионалната рамка во која работат внатрешните ревизори;
iii. Вештини за истражување: ревизорите треба да имаат испитувачки ум за да можат ефективно да истражат такви нешта, како, на пример, измама и корупција. Од таа причина, оваа професионална вештина е тесно поврзана со посветеноста и со имагинацијата како лични вештини. 

Одговор 1: Сите три.

Одговор 2: i и iii.

Одговор 3: Ниту едно.


Прашање 5: Бидејќи надворешните ревизори можат да ја искористат работата на внатрешната ревизија, кој критериум секогаш мора да се разгледа во согласност со применливите стандарди за внатрешна ревизија?

Одговор 1: Објективноста на функцијата на внатрешната ревизија и техничката компетентност на внатрешните ревизори.

Одговор 2: Дали се професионални внатрешните ревизори за да не го разгледуваат планирањето, документирањето, надзорот и проверката на работата на внатрешната ревизија.    

Одговор 3: Може, но не мора да има комуникација помеѓу внатрешните ревизори и надворешниот ревизор.


Студија 56: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Сите овластени интерни ревизори мора да се однесуваат во согласност со кодексот на етика на интерните ревизори. За секоја од ситуациите подолу, одговорете како е најправилно да се постапи во согласност со кодексот на етика.  


Прашање 1: Кои се најважни одлики на ефективен и совесен ревизор?
i. Независност (никогаш не е доволно да се нагласува);
ii. Интегритет;
iii. Професионална работа со највисок квалитет во секое време. 

Одговор 1: Првите две.  

Одговор 2: Сите три.   

Одговор 3: Ниту една.     

 

Прашање 2: Се воведува нов компјутерски систем и од интерниот ревизор е побарано да помогнете во имплементацијата, бидејќи за интерните контроли знаете повеќе од кој било друг во организацијата. Како треба да постапи внатрешниот ревизор?    

Одговор 1: Секако дека треба да го прифати ангажманот и целосно да се заземе за имплементација на интерните контроли.

Одговор 2: Може да помогне при дизајнирање на интерните контроли, но не премнгу да се вклучи во процесот со цел да ја зачува својата независност.    

Одговор 3: Не треба да го прифати ангажманот. 


Прашање 3: Одговорниот на одделението за плаќања кон доверителите е болен и ќе отсуствува од работа најмалку шест месеци. Финансискиот директор има побарано од внатрешниот ревизор да ја преземе работата привремено. Му било кажано дека тоа ќе му овозможи драгоцено искуство и ќе биде добро за неговата кариера. Како треба да постапи внатрешниот ревизор?    

Одговор 1: Проблем ќе претставува доколку повторно се врати да работи како интерен ревизор, бидејќи нема да биде независен при спроведување ревизорски ангажман во одделението за плаќања.  

Одговор 2: Не треба да прифати.  

Одговор 3: Секако дека треба да прифати, бидејќи ќе стекне искуство за потоа кога ќе се врати на позицијата како внатрешен ревизор, полесно и поефикасно ќе може да изврши ревизија во ова одделение. 


Прашање 4: Член на тимот на внатрешна ревизија си заминува и како резултат на тоа, секторот за внатрешна ревизија има тешкотија да го исполни планот за работа. Финансискиот директор им нуди привремено еден член од персоналот во службата за приходи за да им помогне да се справат со заостанатата работа. Дали треба раководителот на секторот за интерна ревизија да ја прифати понудата и да го ангажира лицето во својот тим?

Одговор 1: Не треба да го ангажира, бидејќи тоа лице ќе добие пристап до многу доверливи информации.

Одговор 2: Треба да го ангажира, бидејќи може ефикасно да го употреби за ревизија во одделението од каде доаѓа.

Одговор 3: Треба да го ангажира, но да не го праќа во ревизија во одделението од каде доаѓа. 


Прашање 5: Раководителот на внатрешна ревизија го дискутира слабиот резултат од неодамна спроведената ревизија со одговорниот на службата за плати. Тој објаснува дека недостатоците во контролата биле само привремени, затоа што еден член на неговиот персонал бил на годишен одмор, и од интерниот ревизор бара повторно да го тестира системот за неколку недели кога тој член на персоналот ќе се врати на работа. Тој е убеден дека проблемите ќе бидат решени тогаш, а интерниот ревизор ќе може да издаде чисто мислење. Како треба да постапи ревизорот?    

8     Првичните наоди треба да се вклучат во извештајот.   

0     Треба да постапи по барањето на раководителот на одделението за плати и да почека да се врати персоналот кој бил на годишен одмор за тогаш да изврши ревизија.   

4     Треба да почека да се врати персоналот од годишен одмор и тогаш да изврши ревизија на тој дел, но, сепак, во извештајот треба општо да ги напомене и првичните наоди.


Студија 57: Внатрешно финансиско управување и контрола и ревизија  

Содржина: Ревизорскиот ангажман завршува со изготвување ревизорски извештај и негово доставување до раководството и субјектот на ревизија. Одговорете на следните прашања поврзани со ревизорскиот извештај, при вршење интерна ревизија.    


Прашање 1: Главниот директор во секторот во кој работите побара од одговорниот на внатрешната ревизија да поднесе шестмесечен извештај за активностите на внатрешната ревизија. Од вас беше побарано мислење за формата на овој извештај. Какви информации сметате дека треба да содржи и наведете ги причините зошто?
i. Објаснување на главните отстапувања помеѓу плановите и остварувањата;
ii. Бројот на издадени извештаи на внатрешна ревизија;
iii. Подрачја покриени со ревизии;
iv. Платите на ревизорите.

Одговор 1: ii и iv.

Одговор 2: i, ii и iii.

Одговор 3: Само iv.


Прашање 2: Какви дејства треба да преземат ревизорите за да осигураат дека раководството води сметка за дадените препораки во извештајот на внатрешната ревизија?
i. Нагласување на негативните последици за организацијата од неимплементирање на препораките (не во смисла на застрашување, туку во однос на ризикот со кој се соочува);
ii. Дискутирање на препораките со сите засегнати раководители, не само повисокото раководство и договарање со нив на правецот на дејствување и временската табела за имплементација на препораките;
iii. Договарање последователни состаноци со раководството за да се дискутира напредокот во остварувањето на целите на определен датум по завршување на ревизијата. 

Одговор 1: i и iii.  

Одговор 2: Сите три.   

Одговор 3: Ниту едно.    


Прашање 3: Кои од следните елементи не очекувате да ги најдете во извештајот на внатрешна ревизија?
i. Опис на делокругот на ревизијата;
ii. Копиите на работните документи да ги нагласат главните наоди;
iii. Детални наоди;
iv. Органограм на службата за внатрешна ревизија;
v. Целта на спроведената ревизија;
vi. Името и квалификациите на ревизорите кои ги прават препораките.

Одговор 1: i, iii и v.   

Одговор 2: ii, iv и vi.

Одговор 3: i, iii и vi.  


Прашање 4: Вие сте помлад внатрешен ревизор и само што ја завршивте теренската работа за вашиот прв ангажман на внатрешна ревизија. Низ кои процеси и чекори треба сега да поминете за да дојдете до финален извештај?    

Одговор 1: i, ii и iv.   

Одговор 2: Сите четири.

Одговор 3: Ниту едно.    


Прашање 5: Вие сте одговорен на внатрешна ревизија и ги дискутирате наодите од ревизијата, кои ќе бидат вклучени во вашиот извештај со одговорниот на секторот кој бил предмет на ревизија. Откриени се значајни слабости, но одговорниот на секторот демантира дека постојат какви било проблеми. Тој тврди дека ревизорскиот тим бил слабо информиран и нема доказ за да ги поддржи обвинувањата. Како би одговориле?

Одговор 1: Ќе ревидирате уште еднаш за да видите дали има основа тврдењето на одговорниот на секторот.

Одговор 2: Го поканувате да го разгледа досието со вас и предлагате состанок со генералниот секретар за понатамошно разгледување на прашањето.  

Одговор 3: Ќе го игнорирате.