А. OПШТ ДЕЛ (се однесува за сите кандидати кои полагаат испитот за административен службеник)
А. I. Прашања од областа на уставниот поредок на Република Македонија
А. II. Прашања од системот на локалната самоуправа на Република Македонија
А. III. Прашања од системот на управното право, управната постапка и управните спорови
А. IV. Прашања во врска со положбата и други општи прашања за вработените во јавниот сектор
А. V. Прашања во врска со правата од работен однос на административните службеници
А. VI. Прашања од Кодексот за административните службеници
А. I. уставниот поредок на Република Македонија
1. Како е определен суверенитетот во член 1 став (2) од Уставот Република Македонија:
а) неделив, неотуѓив и непренослив
б) неделив, променлив и неотуѓив
в) променлив, делив и непренослив
2. Суверенитетот произлегува и им припаѓа на:
а) граѓаните
б) законите
в) Уставот
3. Според Уставот, Република Македонија е...
а) суверена и демократска држава
б) суверена и самостојна држава
в) суверена, самостојна, демократска и социјална држава
4. Територијата на Република Македонија е:
а) неповредлива и неотуѓива
б) неделива и неотуѓива
в) неделива и неповредлива
5. Владеење на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.
а) точно
б) неточно
6. На државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту да биде протеран или предаден на друга држава.
а) точно
б) неточно
7. Границата на Република Македонија може да се менува само...
а) врз основа на закон
б) во согласност со Уставот
в) во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општоприфатените меѓународни норми
8. Државни симболи на Република Македонија се:
а) армија, полиција и царина
б) собрание, влада и судови
в) грб, знаме и химна
9. Законот за грбот, знамето и химната на Република Македонија се донесува со...
а) мнозинство од вкупниот број на пратеници
б) двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број на пратеници
в) мнозинство од присутните пратеници
10. Во комуникацијата со министерствата, секој граѓанин може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на...
а) македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот
б) македонски и англиски јазик
в) македонски јазик и неговото кирилско писмо
11. Основните слободи и права на човекот и на граѓанинот се:
а) независни
б) уставна материја во Република Македонија
в) лични
12. Во Република Македонија не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ.
а) точно
б) неточно
13. Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени.
а) точно
б) неточно
14. Лицето кое е повикано, приведено или лишено од слобода има право на бранител....
а) во судската постапка
б) во полициската и судската постапка
в) со одобрување на јавниот обвинител
15. Лицето кое е лишено од слобода, мора да биде изведено пред суд...
а) во рок од седум дена
б) во рок од три дена
в) веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода
16. До подигнување на обвинението, притворот може да трае најдолго до...
а) 180 дена од денот на притворањето
б) 90 дена од денот на притворањето
в) 30 дена од денот на притворањето
17. Во Република Македонија цензурата е:
а) дозволена кога станува збор за навредливи содржини
б) забранета со Устав
в) не е дозволена
18. Дали сигурноста и тајноста на личните податоци е загарантирана со Уставот на Република Македонија?
а) да
б) не
19. Слободата на пазарот и претприемништвото…
а) се загарантирани со Уставот
б) не се загарантирани со Уставот
20. На државјанин на Република Македонија:
а) може да му биде одземено државјанство, да биде протеран или да биде предаден на друга држава, само по исклучок
б) не може да му биде одземено државјанство, ниту да биде протеран или предаден на друга држава
в) може да му биде одземено државјанство, да биде протеран или да биде предаден на друга држава
21. Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со:
а) одлука
б) решение
в) правосилна судска одлука
22. Избирачкото право се стекнува со наполнети:
а) 18 години живот
б) 16 години живот
в) 14 години живот
23. Екстрадиција на странец може да биде извршена:
а) само врз основа на ратификуван меѓународен договор
б) само врз основа на начело на реципроцитет
в) само врз основа на ратификуван меѓународен договор и начело на реципроцитет
24. Дејствијата на тероризам се сметаат за политички кривични дела
а) точно
б) неточно
25. Со закон може да се ограничи остварувањето на правото на штрајк во....
а) армијата и полицијата
б) вооружените сили, полицијата и органите на управата
в) здравствените установи
26. Странско лице во Република Македонија може да стекнува право на сопственост под услови утврдени со закон.
а) точно
б) неточно
27. На децата без родители и децата без родителска грижа, посебна заштита им обезбедува...
а) член од потесното семејство
б) Република Македонија
в) единицата на локалната самоуправа во која живеат
28. Не може да биде вработено лице помладо од:
а) 15 години
б) 16 години
в) 18 години
29. Малолетни лица не смеат да бидат вработувани...
а) на работни места за кои е предвидена ноќна работа
б) на работни места кои налагаат работа во три смени
в) на работни места штетни за нивното здравје и моралот
30. Основното образование е задолжително и бесплатно.
а) точно
б) неточно
31. Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон
а) точно
б) неточно
32. Припадниците на заедниците имаат право на настава на својот јазик..
а) во основното образование
б) во основното и средното образование, на начин утврден со закон
в) во основно образование, врз основа на одлука на единицата на локалната самоуправа
33. Република Македонија се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Република Македонија во странство
а) точно
б) неточно
34. Секој граѓанин, во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност, може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот на Рeпублика Македонија пред...
а) органите на државната управа
б) Уставниот суд на Република Македонија
в) судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија
35. Законите и другите прописи се објавуваат :
а) на интернет
б) во „Службен весник на Република Македонија"
в) не се објавуваат
36. Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија" најдоцна во рок од...
а) пет дена од денот на нивното донесување
б) седум дена од денот на нивното донесување
в) десет дена од денот на нивното донесување
37. Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните
а) точно
б) неточно
38. Адвокатурата е ...
а) приватна служба што обезбедува правна помош на граѓаните
б) судска служба што обезбедува правна помош на граѓаните
в) самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон
39. Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со...
а) со лична согласност
б) закон
в) Уставот на Република Македонија
40. Банка одговорна за стабилноста на валутата во Република Македонија е:
а) Европска банка за обнова и развој
б) Народна банка на Република Македонија
в) Светска банка
41. Собранието на Република Македонија го сочинуваат:
а) од 100 до 120
б) од 120 до 140
в) од 130 до 150 пратеници
42. Пратениците во Собранието на Република Македонија се избираат на мандат од:
а) 4 години
б) 6 години
в) 7 години
43. Одземање на мандат на пратеник утврдува:
а) Претседателот на Собранието на Република Македонија
б) Комисијата за избор и именувања при Собранието на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија
44. На конститутивна седница новоизбраното Собрание на Република Македонија се состанува
а) најдоцна 15 дена по одржаните избори
б) најдоцна 20 дена по одржаните избори
в) најдоцна 30 дена по одржаните избори
45. Собранието на Република Македонија се распушта:
а) не може да се распушти
б) со двотретинско мнозинство
в) ако се изјасни мнозинство од вкупниот број пратеници
46. На пратеникот му престанува мандатот кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку:
а) три години
б) четири години
в) пет години
47. Седниците на Собранието на Република Македонија се:
а) јавни
б) отворени
в) затворени
48. Функцијата претседател на Собранието на Република Македонија е неспоиво со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија
а) точно
б) неточно
49. Седниците на Собранието на Република Македонија ги свикува:
а) секретарот на Собранието на Република Македонија
б) стручната служба на Собранието на Република Македонија
в) претседателот на Собранието на Република Македонија
50. Републичкиот буџет и завршната сметка на буџетот ги донесува:
а) Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Министерот за финансии
51. Право да предлага донесување на закон има:
а) секој пратеник во Собранието на Република Македонија и најмалку 10.000 избирачи
б) секој пратеник во Собранието на Република Македонија
в) секој пратеник во Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија и најмалку 10.000 избирачи
52. Интерпелација може да поднесат:
а) група пратеници
б) најмалку пет пратеници
в) секој пратеник
53. Пратеничко прашање може да постави:
а) група од тројца пратеници
б) група од пет пратеници
в) секој пратеник
54. Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат:
а) секој граѓанин
б) најмалку 150 000 избирачи
в) најмалку 130 000 избирачи
55. Народниот правобранител на Република Македонија го избира Собранието на Република Македонија
а) точно
б) неточно
56. Мандатот на Народниот правобранител на Република Македонија е:
а) 6 години
б) 5 години
в) 8 години
57. Врховен командант на вооружените сили на Република Македонија е:
а) Претседателот на Владата на Република Македонија
б) Претседателот на Република Македонија
в) Претседателот на Собранието на Република Македонија
58. За претседател на Република Македонија може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку:
а) 43 години живот
б) 45 години живот
в) 40 години живот
59. Мандатот на претседателот на Републиката е:
а) 7 години
б) 5 години
в) 8 години
60. Претседателот на Републиката го известува Собранието на Република Македонија за прашања од неговата надлежност:
а) на шест месеци
б) на три месеци
в) најмалку еднаш годишно
61. Втор круг на гласање за избор на претседател на Република Македонија се одржува:
а) во рок од 15 дена од завршување на првиот круг
б) во рок од 30 дена од завршување на првиот круг
в) во рок од 14 дена од завршување на првиот круг
62. Претседателот на Републиката во случај на спреченост да ја врши функцијата го заменува:
а) шефот на Кабинетот на Претседателот
б) Претседателот на Собранието на Република Македонија
в) Претседателот на Владата на Република Македонија
63. Избори за пратеници во Собранието на Република Македонија и избор на претседател на Република Македонија распишува:
а) Секретарот на Собранието на Република Македонија
б) Претседателот на Собранието на Република Македонија
в) Претседателот на Владата на Република Македонија
64. За одземање на имунитетот на претседателот на Република Македонија одлучува:
а) Собранието на Република Македонија
б) Врховниот суд на Република Македонија
в) Уставниот суд на Република Македонија
65. Претседател на Советот на безбедност на Република Македонија е:
а) Претседателот на Владата на Република Македонија
б) Претседателот на Република Македонија
в) Претседателот на Собранието на Република Македонија
66. Носител на извршната власт во Република Македонија е:
а) Врховниот суд на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Владата на Република Македонија
67. Функцијата претседател на Владата и министер е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии
а) точно
б) неточно
68. Мандаторот за состав на Влада до Собранието на Република Македонија поднесува програма и предлага состав на Влада во рок од:
а) осум дена од денот на доделување на мандатот
б) 20 дена од денот на доделување на мандатот
в) 15 дена од денот на доделување на мандатот
69. Прашање за доверба на Владата можат да постават:
а) најмалку 15 пратеници
б) најмалку 20 пратеници
в) група пратеници
70. На Владата ѝ престанува мандатот кога Собранието се распушта.
а) точно
б) неточно
71. За имунитетот на претседателот на Владата на Република Македонија одлучува:
а) Владата на Република Македонија
б) Уставниот суд на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија
72. Државната управа ја сочинуваат:
а) министерствата и органите во состав
б) самостојните органи на државната управа
в) министерства и други органи на управата и организации утврдени со закон
73. Највисок суд во Република Македонија е:
а) Апелационен суд на Република Македонија
б) Врховниот суд на Република Македонија
в) Уставниот суд на Република Македонија
74. Судија се избира
а) со мандат од осум години
б) со мандат од шест години
в) без ограничување на траењето на мандатот
75. Мандатот на членовите на Судскиот совет на Република Македонија е:
а) пет години
б) шест години
в) осум години
76. Судскиот совет на Република Македонија го сочинуваат:
а) 12 члена
б) 15 члена
в) 16 члена
77. Судскиот совет на Република Македонија за својата работа поднесува годишен извештај до:
а) Владата на Република Македонија
б) Министерот за правда
в) Собранието на Република Македонија
78. Јавниот обвинител на Република Македонија го именува и разрешува:
а) Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Министерот за правда
79. Јавниот обвинител на Република Македонија има мандат од:
а) десет години
б) осум години
в) шест години
80. Јавните обвинители ги избира:
а) Собранието на Република Македонија
б) Судскиот совет на Република Македонија
в) Советот на јавни обвинители
81. Јавните обвинители се избираат:
а) за мандат од 4 години
б) за мандат од 5 години
в) без ограничување на траење на мандатот
82. Уставниот суд на Република Македонија е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.
а) точно
б) неточно
83. Уставниот суд на Република Македонија го сочинуваат:
а) девет судии
б) дванаесет судии
в) седум судии
84. Мандатот на судија на Уставниот суд на Република Македонија трае:
а) девет години
б) осум години
в) шест години
85. Одлуките на Уставниот суд на Република Македонија се:
а) конечни
б) правосилни
в) конечни и извршни
86. Единици на локална самоуправа се:
а) градоначалникот
б) општините
в) советот на општината
87. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа…
а) одлучува Собранието на Република Македонија
б) одлучува Владата на Република Македонија
в) одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа
88. Градот Скопје е посебна единица на локалната самоуправа, чија организација се уредува со закон.
а) точно
б) неточно
89. Меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува:
а) Собранието на Република Македонија
б) Претседателот на Република Македонија
в) Претседателот на Собранието на Република Македонија
90. Одлука за стапување на Република Македонија во членство или истапување од членство во меѓународни организации донесува:
а) Претседателот на Собранието на Република Македонија
б) Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија
91. Воена состојба прогласува:
а) Претседателот на Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Владата на Република Македонија
92. Уставот на Република Македонија се менува и дополнува со уставни амандмани.
а) точно
б) неточно
93. Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија може да поднесат:
а) Претседателот на Собранието, Владата, најмалку 15 пратеници или 100.000граѓани
б) Претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани
в) Претседателот на Владата, Собранието, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани
94. Измената на Уставот на Република Македонија ја прогласува:
а) Претседателот на Собранието на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Претседателот на Републиката
95. Постоење на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или нејзин дел утврдува:
а) Претседателот на Република Македонија
б) Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија
96. При постоење на воена или вонредна состојба уредби со законска сила донесува:
а) Министерот за одбрана
б) Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија
97. Комитетот за односи меѓу заедниците го сочинуваат:
а) 15 членови
б) 19 членови
в) 17 членови
98. Слободата на пазарот и претприемништвото е темелна вредност гарантирана со:
а) подзаконски акти
б) Уставот на Република Македонија
в) Закон
99. Слободата на пазарот и претприемништвото претставува темелна вредност на:
а) Уставниот суд на Република Македонија
б) уставниот поредок
в) законскиот поредок
100. Слободите и правата на човекот и граѓанинот може да се ограничат само:
а) со закон
б) со подзаконски акти
в) во случаи утврдени со Уставот на Република Македонија
101. Економските, социјалните и културните права се:
а) судска категорија
б) собраниска категорија
в) уставна категорија во Република Македонија
102. Правото на сопственост како уставна категорија, создава права и обврски и треба да служи за доброто:
а) на поединецот и на заедницата
б) на поединецот
в) на заедницата
103. Во случај на експропријација на сопственоста:
а) не се гарантира праведен надомест
б) не се гарантира надомест
в) се гарантира надомест
104. Во случај на експропријација на сопственоста, се гарантира праведен надомест:
а) кој може да биде понизок од пазарната вредност
б) кој е произволен
в) кој не може да биде понизок од пазарната вредност
105. Странско лице во Република Македонија:
а) може да стекнува право на сопственост под негови услови
б) може да стекнува право на сопственост под услови утврдени со закон
в) не може да стекнува право на сопственост
106. Право на соодветна заработувачка има:
а) секој вработен по навршување на 6 месеци работа
б) секој вработен
в) секој невработен
107. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор.
а) точно
б) неточно
108. Заради остварување на своите економски и социјални права, граѓаните...?
а) имаат забрана со закон да основаат синдикати
б) имаат право да основаат синдикати
в) немаат право да основаат синдикати
109. Дали Република Македонија обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот?
а) да
б) не, воопшто не обезбедува
в) не, само на одредени субјекти
110. На странските вложувачи, правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката:
а) им е ограничено
б) им се гарантира
в) не им се гарантира
111. Правата стекнати врз основа на вложениот капитал:
а) може да се ограничуваат со закон
б) може да се намалуваат со закон
в) не може да се намалуваат со закон или друг пропис
112. Народната банка на Република Македонија е одговорна за:
а) извршната политика
б) монетарната политика
в) фискалната политика
113. Републичкиот буџет го донесува:
а) Министерството за финансии
б) Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија
114. Републичкиот буџет го предлага:
а) Министерството за финансии
б) Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија
115. Кој ја предлага одлуката за резервите на Републиката и се грижи за нивно извршување?
а) Судот
б) Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија
116. Општините се финансираат од:
а) сопствени извори на приходи определени со закон
б) сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Република Македонија
в) со средства од Република Македонија
117. Градот Скопје се финансира од:
а) сопствени извори на приходи определени со закон
б) со средства од Републиката
в) сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката
118. Законите се прогласуваат:
а) со пропис
б) со одлука
в) со указ
119. Законот за грбот, знамето и химната на Република Македонија се донесува со...
а) мнозинство од вкупниот број на пратеници
б) мнозинство од присутните пратеници
в) двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број на пратеници
Извор: Устав на Република Македонија
А. II. системот на локалната самоуправа на Република Северна Македонија
120. Членот на Советот на општината кој ќе го заменува Градоначалникот во случај на негова спреченост или отсуство, го определува:
а) Секретарот на општинската администрација
б) Градоначалникот
в) Советот
121. Единици на локална самоуправа се:
а) општините и месните заедници
б) општините, месните и урбани заедници
в) општините
122. Општините ги извршуваат своите надлежности преку:
а) здруженијата на граѓани формирани на територијата на општините
б) органи избрани непосредно од граѓаните
в) урбаните заедници и месните заедници
123. Органи на општината се:
а) собир на граѓани
б) урбаните односно месните заедници
в) советот и градоначалникот
124. Како се избираат членовите на советот на општините?
а) ги избира градоначалникот по предлог на министерот за локална самоуправа
б) ги избира градоначалникот од редот на стручната администрација на општината
в) на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање
125. Членовите на Советот се избираат за време од:
а) 4 години
б) 5 години
в) 6 години
126. Новоизбраните членови на конститутивната седница на советот даваат и потпишуваат:
а) свечена заклетва
б) свечена изјава
в) свечена одлука
127. Кој го донесува Правилникот за систематизација на работни места на општинската администрација?
а) Раководителот на сектор
б) Советот на општината
в) Градоначалникот
128. Симболи на општината се:
а) грбот, знамето и химната
б) грбот и знамето
в) градоначалникот и советот на општината
129. За разгледување на прашања и утврдување на предлози од одредена облас, советот од својот состав, може да формира:
а) само постојани комисии
б) само повремени комисии
в) постојани и повремени комисии
130. Советот на општината, во делот на донесувањето на прописите, има улога како:
а) Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Северна Македонија
в) советодавно тело за работата на Градоначалникот
131. Колку трае мандатот на членовите на Советот на општината?
а) 2 години
б) 4 години
в) 5 години
132. Кој основа јавни служби во рамките на надлежноста на општините и врши надзор над нивната работа?
а) Министерот за локална самоуправа;
б) Градоначалникот на општината;
в) Советот на општината;
133. Седниците на советот се свикуваат по потреба, но ...
а) најмалку еднаш месечно
б) најмалку еднаш на три месеци
в) најмалку еднаш седмично
134. Доколку се распушти Советот на општината, до изборот на нов совет, работите на советот ги врши?
а) никој не ги извршува работите, до изборот на нов Совет
б) овластен член на Советот
в) градоначалникот на општината, без право на донесување на прописи кои се во надлежност на Советот
135. Вработените во општинската администрација кои вршат стручни, нормативно - правни, извршни, управно - надзорни работи и кои решаваат во управните работи имаат статус на:
а) административни службеници и за нив важат одредбите од Законот за административни службеници
б) посебни службеници и за нив важат одредбите од Законот за локалната самоуправа
в) вработени во општинската администрација за кои важат прописите и правните акти што ги донесува Советот на општината
136. Бројот на членовите на советот, се утврдува во зависност од:
а) одлуката на градоначалникот
б) одлуката на жителите на општината
в) бројот на жителите во општината
137. Бројот на членовите на советот, се утврдува со:
а) одлука на градоначалникот
б) одлука на жителите на општината
в) закон
138. Меѓуопштинска соработка се воспоставува заради...
а) вршење на заеднички работи
б) остварување на заеднички интереси и цели
в) заедничко вршење работи од надлежност на општините, вршење на заеднички работи и остварување на заеднички интереси и цели
139. За остварување на заеднички интереси и цели во вршењето на надлежностите, општините здружуваат...
а) финансиски средства
б) материјални средства
в) финансиски, материјални и други средства
140. Предлогот, односно иницијативата за воспоставување на меѓуопштинска соработка се доставува до...
а) Градоначалникот на општината
б) Советот на општината
в) Град Скопје
141. Советот на општината или општините до кои е доставен предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка, одлучува за нејзино воспоставување најдоцна во рок од...
а) 90 дена од денот на доставување на предлогот
б) 60 дена од денот на доставување на предлогот
в) 30 дена од денот на доставување на предлогот
142. За остварување на меѓуопштинска соработка може да се формира...
а) заедничко работно тело и комисија
б) заедничко административно тело
в) заедничко работно тело и комисија и заедничко административно тело
143. Кои се заеднички јавни служби со кои се остварува меѓуопштинската соработка?
а) заедничка јавна установа и надзорен одбор на меѓуопштинска соработка
б) заедничко јавно претпријатие и заедничка јавна установа
в) заедничко јавно претпријатие и совет за соработка
144. Меѓусебните права и обврски на општините коишто формирале заедничко административно тело се уредуваат со договор кој го потпишуваат…
а) Советите на општините кои формирале заедничко административно тело
б) Градоначалниците на општините кои формирале заедничко административно тело
в) Градоначалниците и советите на општините кои формирале заедничко административно тело
145. Заедничкото административно тело може да се формира како...
а) заеднички сектор
б) заедничко одделение
в) заеднички сектор, заедничко одделение или заедничка проектна единица
146. Раководителот на заедничкото административно тело за својата работа и за работата на заедничкото административно тело поднесува извештај до градоначалниците и советите на општините на секои...
а) 3 месеци
б) 6 месеци
в) 12 месеци
147. Доколку општините не се договорат поинаку, седиштето на заедничкото административно тело е во седиштето на...
а) Советот на општината со најголем број на жители
б) Општината со најголем број на жители
в) Општината која има најмалку жители
148. Заедничкото јавно претпријатие актите за кои општините, основачи на заедничкото јавно претпријатие даваат согласност, ги доставува до...
а) Советот на општината со најголем број на жители
б) Советите на општините
в) Градоначалниците на општините
149. За здружување на финансиски, материјални и други средства помеѓу општините се склучува договор кој го склучуваат...
а) Советите на општините кои здружуваат финансиски и други средства
б) Советите на општините кои имаат најголем број на жители
в) Градоначалниците на општините кои здружуваат финансиски, материјални и други средства
150. Освен локални даноци, локални такси и локални надоместоци, приходи од сопственост на општината кои претставуваат сопствени извори на приходи, кои други приходи спаѓаат во оваа група?
а) самопридонес и донации
б) донации и парични казни
в) самопридонес, парични казни, донации и други приходи со закон
151. Буџетот на општината е годишен план за финансирање на надлежностите на општината, кој се состои од годишна процена на:
а) приходите по извори
б) расходите по намени
в) приходите по извори и расходите по намени
152. Согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, дотација е трансфер од...
а) Буџетот на Република Македонија до буџетот на општината
б) Буџетите на фондовите до буџетот на општината
в) Буџетот на Република Северна Македонија и буџетите на фондовите до буџетот на општината
153. Согласно дефинициите во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, какви видови на дотација постојат?
а) наменска, капитална и дотација за делегирана надлежност
б) наменска, капитална, блок и дотација за делегирана надлежност
в) наменска, капитална и блок дотација
154. Член на советот не може да биде отповикан
а) точно
б) неточно
155. Надлежноста на советот на општината е утврдена со:
а) Уставот на Република Северна Македониа
б) Законот за локалната самоуправа
в) одлука на градоначалникот
156. На кој начин граѓаните го остваруваат правото на локална самоуправа?
а) непосредно и преку пратеници избрани од локалното население
б) преку месните заедници
в) непосредно и преку претставници во органите на општината
157. Седници на советот свикува:
а) градоначалникот
б) претседателот на советот
в) најмалку 1/4 од членовите на советот
158. Вонредна седница на советот свикува:
а) градоначалникот
б) најмалку 1/3 од членовите на советот
в) претседателот на советот
159. Кој го води регистарот на грбови и знамиња на општините во Република Северна Македонија?
а) Заедницата на единиците на локалната самоуправа - ЗЕЛС
б) Собранието на Република Северна Македонија
в) Министерството за локална самоуправа
160. Општините во Република Северна Македонија се финансираат од сопствени извори на приходи, од дотации на државата и од други извори на приходи, во согласност со закон?
а) точно
б) неточно
161. Општината, во рамките определени со закон, ја утврдува висината на стапките на даноците и висината на локалните надоместоци и такси
а) точно
б) неточно
162. Општините во Република Северна Македонија се финансираат од сопствени извори на приходи, од дотации и други извори на финансирање
а) точно
б) неточно
163. Заради остварување на заедничките интереси и вршење на заеднички работи од надлежност на општините, општините можат меѓусебно да здружуваат средства, да формираат заеднички јавни служби или заеднички административни тела во одредени области, во согласност со закон
а) точно
б) неточно
164. Кој води евиденција за остварената меѓународна соработка на општините?
а) Заедницата на единиците на локалната самоуправа
б) Собранието на Република Северна Македонија
в) Министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа
165. При утврдување на подрачјето на општината се води сметка за природната географска и економска целина, за изградените инфраструктурни објекти и објекти од општествен стандард, како и за границите на катастарските општини
а) точно
б) неточно
166. Со кој закон се уредува утврдувањето на подрачјето, имињата, седиштата и границите на општините и постапката за основање општини?
а) Закон за локална самоуправа
б) Закон за територијална организација на локалната самоуправана Република Северна Македонија
в) Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа
167. Општините, во рамките на законот, во согласност со начелото на супсидијарност, имаат право на своето подрачје да ги вршат работите од јавен интерес од локално значење, што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт
а) точно
б) неточно
168. На седниците на советот на кои се расправа за буџетот на општината, за годишната сметка на буџетот и за урбанистичките планови, присуството на јавноста:
а) може да се исклучи со одлука на претседателот на советот
б) не може да се исклучи
в) може да се исклучи, ако за тоа се одлучи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот
169. При делегирање на надлежност од страна на орган на државна управа, на општината се пренесуваат и финансиски средства од Буџетот на Република Северна Македонија предвидени за извршување на тие работи, но начинот на извршување на работите ги утврдува општината, при што таа може да се приспособи на локалните услови, со почитување на стандардите утврдени со закон
а) да
б) не
170. Градоначалникот и членовите на советот:
а) можат да бидат повикани на кривична одговорност или да бидат притворени за искажано мислење во советот
б) можат да бидат повикани на кривична одговорност но не моѓат да бидат притворени за искажано мислење во советот
в) не можат да бидат повикани на кривична одговорност или да бидат притворени за искажано мислење во советот
171. Општината е супсидијарно одговорна за извршување на работите од јавен интерес од страна на јавните служби и ангажираните правни и физички лица
а) точно
б) неточно
172. Кои од наведените облици на непосредно учество на граѓаните во одлучувањето на општините ги предвидува Законот за локалната самоуправа?
а) здруженија на граѓани формирани на територијата на општините
б) културно - уметнички друштва во општините
в) граѓанска иницијатива, собир на граѓани и референдум
173. Граѓанска иницијатива може да се предложи за расправа на Советот, ако предлогот е поддржан од...
а) најмалку 10 % од избирачите на општината
б) најмалку 20 % од избирачите на општината
в) најмалку 30 % од избирачите на општината
174. Граѓанска иницијатива не може да се поднесе за кадровски и финансиски прашања
а) точно
б) неточно
175. Советот е должен да распише референдум за прашања од надлежност на општината и други прашања од локално значење, доколку предлогот е поддржан од...
а) најмалку 10 % од избирачите на општината
б) најмалку 20 % од избирачите на општината
в) најмалку 30 % од избирачите на општината
176. Одлуката донесена на референдум е задолжителна за Советот на општината
а) точно
б) неточно
177. Кој врши избор на директори на јавните служби кои ги основала општината?
а) Општинската администрација
б) Советот на општината
в) Градоначалникот
178. Донесување и усвојување на буџетот и годишната сметка на општината е во надлежност на Советот на општината
а) да
б) не
179. Основање на јавни служби и именување на членови во нивните управни одбори е во надлежност на ...
а) Општинската администрација
б) Советот на општината
в) Градоначалникот
180. Собир на граѓани може да се свика за:
а) единствено за подрачјето на целата општина
б) единствено за подрачјето на месната самоуправа
в) за подрачјето на целата општина или за подрачјето на месната самоуправа
181. Собирот на граѓани го свикува:
а) секретарот на општината
б) градоначалникот
в) претседателот на советот на општината
182. Органите на општината:
а) не се должни да ги разгледаат заклучоците донесени на собирот на граѓаните
б) се должни да ги разгледаат заклучоците донесени на собирот на граѓаните
в) може да ги разгледаат заклучоците донесени на собирот на граѓаните, доколку така одлучи мнозинството од членовите на советот
183. Работодавецот е должен да го ослободи од професионална работа членот на Советот заради присуство на седниците на Советот или на комисиите во кои е член
а) точно
б) неточно
184. Надлежноста да ја претставува и застапува општината припаѓа на...
а) Советот на општината
б) Градоначалникот на општината
в) Претседателот на советот на општината
185. Законитоста на прописите на советот на општината ја контролира
а) Претседателот на Советот на општината
б) Градоначалникот на општината
в) Раководителот на одделението за внатрешна ревизија во општинаската администрација
186. Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација го донесува:
а) советот на општината со мнозинство гласови
б) градоначалникот
в) градоначалникот на предлог на советот на општината
187. Општинската администрација е задолжена за подготовка на актите за Советот на општината и Градоначалникот, за подготовка на седниците на советот и на неговите постојани и повремени комисии
а) да
б) не
188. На кој начин се формираат или укинуваат заедничките административни тела меѓу општините?
а) врз основа на меморандум за соработка потпишан од секој од претседателите на советите на општините
б) врз основа на меморандум за соработка потпишан од секој од градоначалниците
в) врз основа на одлука донесена со мнозинство гласови од вкупниот број членови на секој од советите на општините
189. Каде и во кој рок се објавуваат прописите што ги носи Советот на општината?
а) во Службен гласник на општината во рок од 10 дена од денот на нивното донесување
б) во Службениот гласник на општината во рок од 7 дена од денот на нивното донесување
в) во „Службен весник на Република Северна Македонија“ во рок од 7 дена од денот на нивното донесување
190. За решавање на поединечни права, обврски и интереси на физичките и правните лица, градоначалникот донесува:
а) одлуки
б) заклучоци
в) решенија
191. Општината има право на сопственост на ствари, парични средства и права, чија вредност се искажува при:
а) изготвување на буџетот на општината
б) изготвување на годишната сметка
в) изготвување на четиригодишниот буџетски план
192. Јавните служби основани од општината се сопственост на:
а) граѓаните на општината
б) општината која ги основала
в) Владата на Република Северна Македонија
193. За што може да се користат финансиските средства добиени од продажба на стварите во сопственост на општината?
а) за доделување на субвенции за поттикнување на локалниот економски развој
б) за вработување на нови или обука на постојните вработени во општината
в) за стекнување на нови или реконструкција на постојните ствари во сопственост на општината
194. Советот на општината се распушта ако повторно го донесе прописот што претходно бил поништен или укинат од Уставен суд на Република Македонија
а) да
б) не
195. Советот на општината се распушта ако донесе одлука со која се загрозуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија
а) да
б) не
196. Советот на општината се распушта ако не се состане за период подолг од шест месеци и ако не го донесе буџетот и годишната сметка на буџетот до 31 март во тековната година
а) да
б) не
197. До изборот на нов совет на општината, кој ги врши работите на Советот?
а) Секретарот на општината
б) Градоначалникот на општината
в) Претседателот на советот на општината
198. Владата може да склучува договори за соработка со една или повеќе општини во области од заемен интерес, за што го информира:
а) Министерството за локална самоуправа
б) Собранието на Република Северна Македонија
в) Заедницата на единиците на локалната самоуправа
199. Заедницата на единиците на локалната самоуправа има право да остварува соработка со сродни организации од други земји и да ја претставува Република Северна Македонија во меѓународни организации на локалната власт
а) точно
б) неточно
200. Облици на месна самоуправа се:
а) урбани заедници и рурални заедници
б) урбани заедници и месни заедници
в) урбани заедници, рурални заедници и месни заедници
201. Надзор над работата на органите на општината во вршењето на нејзините надлежности го опфаќа:
а) надзор над законитоста и назор над ефикасноста во работењето
б) надзор на ефикасноста и ефективноста во работењето
в) надзорот над законитоста и контрола и ревизија на материјалното и финансиско работење
202. Надзор над законитоста на прописите на општината врши:
а) Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС)
б) министерството за информатичко општество и администрација
в) министерството надлежно за вршењето на работите на локалната самоуправа
203. Надзор над делегираните надлежности на општината ги врши:
а) Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС)
б) органот на државната управа чии надлежности се делегирани на општината
в) министерството надлежно за вршењето на работите на локалната самоуправа
204. Контрола на материјалното и финансиско работење на општината врши:
а) Државниот завод за ревизија
б) Министерството за финансии
в) министерството надлежно за вршењето на работите на локалната самоуправа
205. Ревизија на материјалното и финансиско работење на општината врши:
а) Министерството за финансии
б) Државниот завод за ревизија, согласно Законот за државна ревизија
в) министерството надлежно за вршењето на работите на локалната самоуправа
206. Под меѓуопштинска соработка се подразбира и вршење на определени работи од надлежност на општините од страна на една општина за сметка на една или повеќе други општини, врз основа на склучен договор
а) точно
б) неточно
207. За остварување на заеднички интереси и цели преку здружување финансиски, материјални и други средства, општините воспоставуваат меѓуопштинска соработка. Кој носи одлука за воспоставување на соработката?
а) секој од градоначалниците на општините
б) Министерството за локална самоуправа
в) секој од советите на општините со мнозинство гласови од вкупниот број членови
208. Кој може да покрене предлог, односно иницијатива за воспоставување на меѓуопштинска соработка?
а) Градоначалникот на општината, член на советот на општината и општинската администрација
б) Градоначалникот на општината, член на советот на општината и најмалку 20% од избирачите
в) Градоначалникот на општината, член на советот на општината и најмалку 10% од избирачите на општината
209. Кој одлучува за предлогот, односно за иницијативата за воспоставување на меѓуопштинска соработка?
а) Градоначалникот
б) Советот на општината
в) граѓаните на референдум
210. Кој ги подготвува предлогот на актот за воспоставување на меѓуопштинската соработка и предлозите на актите со кои се основаат или формираат облиците преку кои ќе се остварува меѓуопштинската соработка?
а) Советите на општините
б) Заедничката комисија
в) Кабинетите на градоначалниците
211. На кој начин се остварува меѓуопштинската соработка?
а) преку формирање на тела за меѓуопштинска соработка и основање на заеднички јавни служби
б) преку специјална постапка за ко- одлучување на советите на општините
в) преку формирање на тела за меѓуопштинска соработка, основање на заеднички јавни служби и склучување договори
212. Заедничко административно тело можат да формираат две или повеќе општини, во согласност со Законот за локалната самоуправа, при што меѓусебните права и обврски се уредуваат со:
а) правилник
б) договор
в) меморандум за соработка
213. На кој начин се финансира заедничкото административно тело на општините?
а) општините подеднакво ги делат трошоците, доколку општините поинаку не се договорат
б) пропорционално на видот и обемот на работите од надлежност на секоја општина, доколку општините поинаку не се договорат
в) пропорционално на бројот на вработените од секоја општина во заедничкото административно тело, доколку општините поинаку не се договорат
214. На кој начин се основа заедничко јавно претпријатие?
а) со договор склучен помеѓу градоначалниците на општините основачи
б) со одлука донесена од советите на општините основачи, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот на секоја општина
в) со договор склучен помеѓу градоначалниците на општините основачи, по добиено мислење од советите на секоја општина
215. Кој дава согласност на актите донесени од заедничкото јавно претпријатие?
а) градоначалниците на општините основачи
б) советите на општините основачи
в) Советот на општината која има поголем, односно најголем број корисници на јавните услуги
216. Заедничка јавна установа се основа за вршење на дејност од јавен интерес од локално значење во областа на образованието, културата, социјалната заштита, детската заштита и други дејности определени со закон
а) точно
б) неточно
217. За вршење на определени работи од надлежност на општините од страна на една општина за сметка на една или повеќе други општини се склучува договор помеѓу градоначалниците, по претходно донесени одлуки од страна на советите на општините
а) точно
б) неточно
218. Општините можат да здружуваат финансиски, материјални и други средства за реализација на заеднички проекти во вршењето на своите надлежности, за што градоначалниците склучуваат договор по претходно ...
а) добиено мислење од Министерството за финансии
б) донесени одлуки на советите на општините
в) добиена согласност од Министерството за локална самоуправа
219. Од што се финансира меѓуопштинската соработка?
а) од буџетите на општините и буџетот на планскиот регион
б) од буџетите на општините и од самопридонес на граѓаните
в) од буџетите на општините, донации и спонзорства од физички и правни лица и други извори на приходи утврдени со закон
220. Кој води евиденција за воспоставената меѓуопштинска соработка?
а) Министерство за финансии
б) Министерство за локална самоуправа
в) Заедницата на единиците на локалната самоуправа
221. Кој врши надзор над воспоставената меѓуопштинска соработка?
а) Заедницата на единиците на локалната самоуправа
б) Министерство за локална самоуправа
в) Општините кои ја воспоставиле меѓуопштинската соработка
222. Каде се објавуваат актите за меѓуопштинска соработка, доколку поинаку не е определено со закон?
а) во Службен весник на Република Северна Македонија
б) на веб страната на Министерството за локална самоуправа
в) во Службен гласник на општините кои ја воспоставиле меѓуопштинската соработка
223. Кои се целите на политиката за поттикнување на рамномерен регионален развој?
а) рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата, како и унапредување на процесот на децентрализација
б) рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата, намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони, како и зголемување на конкурентноста на планските региони
в) рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата, како и поттикнување на меѓуопштинската соработка
224. За потребите на планирањето на регионалниот развој и реализацијата на мерките и инструментите за поттикнување рамномерен регионален развој се воспоставуваат плански региони. Кој ги утврдува планските региони?
а) Собранието на Република Македонија со закон
б) Владата на Република Македонија со акт
в) Министерството за локална самоуправа со правилник
225. За потребите на планирањето на регионалниот развој и реализација на специфични мерки и инструменти за поттикнување рамномерен регионален развој се определуваат подрачја со специфични развојни потреби. Притоа, Владата на Република Македонија донесува листа на подрачја со специфични развојни потреби на предлог на Советот за рамномерен регионален развој на Република Македонија
а) точно
б) неточно
226. Планирањето на регионалниот развој се врши со плански документи. Плански документи за регионален развој се:
а) Стратегијата за регионален развој на Република Северна Македонија и Методологијата за изработка на планските документи
б) Стратегијата за регионален развој на Република Северна Македонија и Програмата за развој на планскиот регион
в) Стратегијата за регионален развој на Република Северна Македонија и Просторниот план на Република Северна Македонија
227. Програмата за развој на планскиот регион се донесува за период од пет години. Притоа, таа се изработува одделно за секој плански регион, во согласност со Стратегијата и програмските документи за интеграција на Република Македонија во Европската унија
а) да
б) не
228. Кој ја изработува Програмата за развој на планскиот регион ?
а) Советот за развој на планскиот регион
б) Центарот за развој на планскиот регион
в) Советот за рамномерен регионален развој на Република Северна Македонија
229. Носители на политиката за поттикнување рамномерниот регионален развој се:
а) Владата на Република Северна Македонија, Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој
б) Владата на Република Северна Македонија, Министерството за локална самоуправа и Советот за рамномерен регионален развој
в) Владата на Република Северна Македонија , Министерството за локална самоуправа, Советот за рамномерен регионален развој и Советот за развој на планскиот регион
230. Владата на Република Северна Македонија формира Совет за рамномерен регионален развој на Република Северна Македонија
а) точно
б) неточно
231. Совет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион
а) да
б) не
232. Кои се членовите на Советот за развој на планскиот регион?
а) градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион
б) градоначалниците и претседателите на советите на единиците на локалната самоуправа што влегуваат
в) во состав на планскиот регион
233. Центар за развој на планскиот регион се основа за секој плански регион. Кој го основа?
а) Бирото за регионален развој
б) Министерството за локална самоуправа
в) Единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион
234. За поттикнување на рамномерниот регионален развој од Буџетот на Република Северна Македонија годишно се издвојуваат средства во висина од:
а) најмалку 1% од БДП
б) најмалку 2% од БДП
в) најмалку 5 % од БДП
235. Средствата за поттикнување рамномерен регионален развој ги распределува Владата на Република Северна Македонија, и тоа според следниот сооднос: 70% за финансирање на проекти за развој на планските региони, 20% за финансирање на проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и 10% за финансирање на проекти за развој на селата
а) точно
б) неточно
236. Средствата за финансирање на проекти за развој на планските региони, се распределуваат по плански региони согласно со:
а) квалитетот на понудените проекти
б) потребите и годишните приоритети на планскиот регион
в) класификацијата на планските региони според степенот на развиеност
237. За доделување на средствата за финансирање на проекти за развој на подрачјата за специфични развојни потреби, кој објавува јавен повик за прибирање на предлог -проекти?
а) Бирото за регионален развој
б) Министерството за локална самоуправа
в) Советот за рамномерен регионален развој
238. Кој донесува одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони, подрачјата со специфични развојни потреби и на селата?
а) Бирото за регионален развој
б) Министерството за локална самоуправа
в) Владата на Република Северна Македонија
239. Кој врши надзор над примената на одредбите на Законот за рамномерен регионален развој?
а) Државниот управен инспекторат
б) Бирото за регионален развој
в) Министерството за локална самоуправа
240. Кој врши финансиска контрола над материјалното и финансиското работење на Бирото и центрите за развој на планските региони?
а) Министерството за локална самоуправа
б) Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија
в) Бирото за регионален развој и Државниот управен инспекторат
Извор: Закон за локална самоуправа
А. III. Прашања од системот на управното право, управната постапка и управните спорови
241. Во управниот спор:
а) не може да се бара враќање на одземените предмети
б) може да се бара враќање на одземените предмети
в) може да се бара враќање само на одземената имотна корист
242. Во управните спорови се одлучува за законитоста на актите на органите на државната управа донесени:
а) во судска постапка
б) во кривична постапка
в) во прекршочна постапка
243. Во управните спорови судот одлучува за:
а) уставноста и законитоста на актите и за надомест на штета
б) законитоста на актите и управната работа
в) уставноста и законитоста на актите и за управната работа
244. Доколку Законот за управните спорови не содржи соодветни одредби за постапката, ќе се применуваат одредбите од:
а) Законот за општата управна постапка
б) Законот за парничната постапка
в) Закон за медијација
245. Расправата пред второстепениот суд почнува
а) образложение на жалбата
б) со извештај на судијата известител
в) со читање на првостепената пресуда
246. По барање на тужителот, кога извршувањето на актот би му нанело штета која тешко би можела да се поправи, а одлагањето на извршувањето не му е спротивно на јавниот интерес, ниту со одлагањето би и се нанела поголема ненадоместлива штета на спротивната странка, судот може да го одложи извршувањето.
а) Точно
б) Неточно
247. По поништување на управниот акт од страна на Управниот суд, надлежниот орган е должен да донесе нов управен акт:
а) најдоцна во рок од 15 дена
б) најдоцна во рок од 30 дена
в) најдоцна во рок од 60 дена
248. По предлогот за повторување на постапка одлучува:
а) повисокиот суд
б) Врховниот суд на Република Македонија
в) судот што ја донел одлуката на која се однесува причината за повторување
249. По предлогот за повторување на постапката судот решава со
а) Решение
б) Пресуда
в) Заклучок
250. Повторување на постапката не може да се бара по истекот на:
а) 1 година од денот кога странката била известена за управниот акт
б) 3 години од денот кога странката била известена за управниот акт
в) 5 години од денот кога странката била известена за управниот акт
251. Против одлука на Управниот суд може да се изјави жалба во рок од:
а) 8 дена
б) 15 дена
в) 30 дена
252. Против одлуката на Управниот суд:
а) дозволена е жалба
б) дозволена е тужба
в) не е дозволена жалба
253. Против првостепените одлуки во управниот спор се изјавуваат правни средства во рок од :
а) 7 дена
б) 15 дена
в) 30 дена
254. Тужба за поведување управен спор се поднесува во рок од:
а) 15 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
б) 30 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
в) 60 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
255. Тужената страна во управниот спор е:
а) прекршчоната комисија
б) стрителот на прекршкот
в) јавниот орган чиј акт или дејствие се оспорува
256. Тужителот во управен спор може да биде и здружение на граѓани ако со управниот акт е повредено право или непосреден интерес заснован врз закон на:
а) месна заедница
б) нејзин член
в) синдикална организација
257. Тужителот во управен спор може да биде и синдикалната организација ако со управниот акт е повредено право или непосреден интерес заснован врз закон на:
а) месна заедница
б) нејзин член
в) здружение на граѓани
258. Управен спор може да се води против:
а) пресуда
б) судски налог
в) конечен управен акт
259. Управен спор не може да се поведе во работи во кои судската заштита е обезбедена вон управен спор
а) Точно
б) неточно
260. Управен спор се поведува со:
а) жалба
б) тужба
в) тужба или жалба
261. Управниот акт може да се побива:
а) ако актот е донесен од ненадлежен орган
б) поради погрешна примена на материјалното право
в) поради погрешно утврдена фактичка состојба од страна на прекршочна комисија
262. Управниот акт може да се побива:
а) поради погрешно утврдена фактичка состојба од страна на второстепениот суд
б) кога во постапката која му претходела на актот не се постапило според правилата на постапката
в) за работи за кои врз основа на уставни овластувања директно одлучува Собранието и претседателот на Република Македонија, освен за одлуки за именување и разрешување.
263. Управните спорови во Република Македонија ги решава:
а) Апелациониот суд
б) Управниот суд
в) Прекршочна комисија
264. Врховниот суд одлучува за судир на надлежностите меѓу Управниот суд и друг суд, како и меѓу Вишиот управен суд и друг суд.
а) Точно
б) Неточно
265. По предметите за донесување на времена мерка во управните спорови судот одлучува во рок од
а) 3 дена
б) 7 дена
в) 15 дена
266. Управни работи претставуваат...
а) акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи
б) активностите на Управниот суд
в) сите акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи, а со кои се решава или влијае на правата, обврските или правните интереси на физичките лица, правните лица или другите странки во постапката, како и секоја друга работа која што е одредена како управна со посебен закон
267. Со посебните закони одделни работи може да се уредат поинаку од овој закон, доколку...
а) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон
б) не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон
в) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон и не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон
268. „Јавен орган“ претставуваат...
а) министерствата, органите на државната управа, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;
б) министерствата, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;
в) министерствата, органите на државната управа, организации утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;
269. „Колегијален орган“ претставува...
а) тело кое е составено од најмалку два членови
б) тело кое е составено од три или повеќе членови, а кое врз основа на закон е овластено да постапува, решава и презема други управни дејствија во управни работи
270. „Управен акт“ е...
а) поединечен акт на јавен орган и на управен суд
б) секој поединечен акт
в) поединечен акт на јавен орган кој е донесен врз основа на закон со кој се решава за правата, обврските и правните интереси на странките
271. „Странка“ е ...
а) физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка,
б) секое физичко лице
в) секое физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка, против кое е поведена управната постапка, кое е вклучено во постапка поведена по службена должност, или кое заради заштита на своите права или правни интереси има право да учествува во управната постапка. Странка може да биде и јавен орган, подружница или друга деловна единица на трговско друштво, населба и слично или група лица, иако немаат својство на правно лице;
272. „Управен договор“ е..
а) договор помеѓу јавниот орган и друго правно лице
б) секој договор што го склучува јавниот орган
в) договор кој јавниот орган го склучува со странката заради вршење на јавни овластувања од надлежност на јавниот орган, кога тоа е утврдено со посебен закон
273. „Реален акт“ е...
а) јавните информации, примањето изјави и водењето евиденција
б) секој акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор
в) акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор, што може да има правно дејство врз правата, обврските или правните интереси на некое лице, како што се јавните информации, примање изјави, водење евиденција, издавање уверенија, дејствија на извршување и други фактички дејствија
274. Јавните органи постапуваат во согласност со...
а) законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија
б) законите
в) Уставот на Република Македонија, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија
275. Во управната постапка, полномошно...
а) не може да се даде
б) може да се даде и на надриписар
в) може да се даде писмено или усно на записник
276. Поднесоците можат да се предадат ....
а) непосредно или да се испратат по пошта, усно да се соопштат на записник
б) по пошта
в) непосредно или да се испратат по пошта, усно да се соопштат на записник и да се поднесат во електронска форма согласно закон
277. Како се потврдува предавањето на писменото во управната постапка?
а) со доставница која ја потпишува било кој возрасен член од семејството на примачот
б) со доставница која ја потпишува примачот
в) Јавниот орган по службена должност издава потврда, односно доказ за приемот, кој ги вклучува датумот и времето на приемот на поднесокот, предметот на барањето, списокот на приложени документи и роковите за издавање на управниот акт.
278. Доставата во управната постапка се врши по пат на:
а) непрепорачана поштенска пратка
б) итна пратка
в) препорачано писмо, преку лично, посредно или јавно доставување, како и по електронски пат или со официјално објавување.
279. Кога се работи за доставување на писмено во управна постапка, на странка чие живеалиште, односно седиште е непознато, или кога се работи за акти кои се однесуваат на повеќе странки, јавниот орган доставата...
а) не ја извршува
б) ја врши со јавна објава
в) ја врши преку Министерството за внатрешни работи
280. Ако последниот ден на рокот за одредено дејствие во управна постапка е неработен ден, ден на државен празник и неработен ден кој се празнува , рокот истекува...
а) на првиот нареден ден
б) на истиот ден
в) на првиот нареден работен ден
281. Роковите во управната постапка се сметаат на ...
а) денови и недели
б) денови и месеци
в) денови, месеци и години може и во часови
282. Апсолутниот рок за враќање во поранешна состојба во управната постапка е ...
а) една година
б) три месеци
в) шест месеци
283. До кого се поднесува предлогот за враќање во поранешна состојба во управната постапка?
а) до Управниот суд
б) до Државниот управен инспекторат
в) до јавниот орган кај кого требало да се изврши пропуштеното дејствие
284. Кој ја поведува управната постапка?
а) Државниот управен инспекторат по барање на странката
б) Управниот суд по службена должност
в) надлежниот јавен орган по службена должност или по повод барање на странката
285. Барањето за поведување на управна постапка се поднесува на ...
а) во електронска форма
б) поднесок кој странката самата го подготвува
в) образец кој јавниот орган е должен да изготви, а на кој таксативно се наведени доказите и податоците кои странката е должна да ги приложи кон барањето и доказите и податоците кои јавниот орган надлежен за решавање на работата ги прибавува по службена должност.
286. Порамнувањето во управната постапка ...
а) го врши Управниот суд
б) се запишува во записник
в) се врши со донесување на управен акт
287. Порамнувањето во управна постапка мора да биде секогаш јасно и определено и не смее да биде на штета на јавниот интерес или на правниот интерес на трети лица
а) точно
б) неточно
288. Странката може да дава изјави усно на записник или во писмена форма во секоја фаза од постапката
а) точно
б) неточно
289. Ако во текот на постапката јавниот орган кој ја води управната постапка наиде на претходно прашање, ќе ја прекине постапката додека не се реши претходното прашање и за тоа ја известува странката.
а) точно
б) неточно
290. Кога постапката по претходното прашање треба да се поведе на барање од странката, известувањето за прекинот на постапката исто така содржи и упатство за ова барање ...
а) точно
б) неточно
291. Исправите издадени од јавен орган на странска држава, кои во земјата каде што се издадени важат како јавни исправи,. ...
а) важат како јавни исправи и во нашата држава
б) важат како јавни исправи во нашата држава ако се прописно заверени
в) важат како јавни исправи и во нашата држава, само во согласност со условите на заемност и ако се прописно заверени
292. Секоја јавна исправа издадена во пропишаната форма од страна на јавен орган во рамките на својата надлежност ...
а) го докажува она што во неа се потврдува или определува
б) не го докажува она што во неа се потврдува или определува
293. На увидот во управната постапка, странките...
а) не се повикуваат
б) имаат право да присуствуваат
в) немаат право да присуствуваат
294. Доказите и податоците за фактите за кои службена евиденција води јавниот орган надлежен за решавање или службена евиденција води друг јавен орган, односно друг субјект кој води регистар за податоци ги прибавува:
а) надлежно е вештото лице
б) службеното лице кое ја води постапката
в) Странката по чие барање е поведена постапката
295. Во управната постапка, странката може да ја поднесе исправата во оригинал или како заверена копија.
а) точно
б) неточно
296. Воведот на управниот акт содржи:
а) назив на органот што го донесува управниот акт и пропис за надлежност на тој орган
б) називот на јавниот орган што го донесува актот, пропис за надлежноста на тој орган, име на странката и на нејзиниот законски застапник или полномошник, ако го има и кратко означување на предметот на постапката.
в) назив на органот што го донесува управниот акт, пропис за надлежност на тој орган и датум и место на донесување на управниот акт
297. Кога е пропишано дека жалбата во управната постапка не го одлага извршувањето на управниот акт, тоа мора да биде наведено во...
а) правната поука
б) диспозитивот
в) упатството за правно средство
298. Со правната поука во управниот акт странката ...
а) се известува дека нема право на жалба
б) се известува дека може да изјави жалба или друга постапка пред суд
в) се известува за редовниот правен лек што може да го користи против управниот акт.
299. Кога против управниот акт донесен во управната постапка може да се изјави жалба, во правната поука се наведува:
а) во колку примероци се поднесува жалбата и износот на административната такса
б) во кој рок се поднесува
в) до кого треба да се поднесе правниот лек, во каква форма и кој е рокот за поднесување.
300. Дополнителни елемент на управниот акт се:
а) рок
б) рок и налог
в) временски рок, услов и налог
301. Против управниот акт донесен во прв степен во управната постапка, доколку не е пропишано правото на жалба, странката има право на ...
а) жалба
б) тужба
в) приговор
302. Управниот акт може да содржи еден или повеќе од следните дополнителни елементи.....
а) временски рок, услов и налог
б) временски рок и налог
в) временски рок, услов или налог
303. По барање на странката, јавниот орган кој донел управен акт во усна форма ...
а) е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од петнаесет дена од денот кога е поднесено барањето
б) е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од осум дена од денот кога е поднесено барањето
в) не е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од осум дена од денот кога е поднесено барањето
304. Странката може да изјави жалба против управниот акт :
а) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт освен ако со материјалниот закон не е определен пократок рок
б) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт, освен ако со посебен закон не е определен подолг рок
в) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт освен ако со материјалниот закон не е определен поинаков рок
305. Што мора да содржи жалба на управниот акт?
а) прилози кон жалбата во најмалку три примероци
б) конкретен предлог за постапување на органот кој одлучува по жалбата
в) управниот акт што се побива или за кој странката поднела барање, но не добила одговор од јавниот орган, го наведува органот надлежен за донесувањето или пропуштањето на актот и причините поради коишто странката не е задоволна со управниот акт или неговото пропуштање
306. Ако жалбата во управната постапка му е предадена или испратена непосредно на второстепениот орган, тој....
а) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од три дена
б) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од осум дена
в) најдоцна наредниот ден му ја испраќа на органот од прв степен
307. Во управната постапка, кој испитува дали жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице?
а) второстепениот орган
б) првостепениот орган
в) писарницата на Управниот суд
308. Недопуштената, ненавремената или жалбата изјавена од неовластено лице, органот во прв степен ќе ја отфрли со...
а) одлука
б) заклучок
в) управен акт
309. При одлучување по жалба во управната постапка, второстепениот орган може ...
а) да ја одбие жалбата или да го поништи управниот акт
б) да го укине управниот акт во целост
в) да ја одбие жалбата, или да ја уважи жалбата и да го поништи првостепениот управен акт во целост или делумно, или да го измени управниот акт
310. Ако во постапката по жалба во управната постапка, второстениот орган утврди дека првостепениот управен акт го донел ненадлежен орган....
а) ќе го укине тој управен акт
б) ќе одлучи мериторно по жалбата
в) ќе го поништи тој управен акт по службена должност и предметот ќе му го достави на надлежниот орган на решавање
311. Ако странката се откаже од поднесената жалба, управната постапка во втор степен се запира со...
а) записник
б) управен акт
в) известување
312. Кој го доставува управниот акт донесен во втор степен во управната постапка до странката?
а) првостепениот орган
б) второстепениот орган
313. Ако јавниот орган утврди дека барањето за повторување на постапката е основано, тој соодветно ќе го измени или поништи побиваниот управен акт со нов управен акт. Во спротивно, јавниот орган ќе го отфрли барањето со управен акт.
а) точно
б) неточно
314. Против управниот акт, донесен во управна постапка вo втор степен, не е допуштена жалба.
а) точно
б) неточно
315. Кога второстепениот орган ќе утврди дека првостепениот орган не го донел управниот акт во законскиот рок,..
а) да ја запре постапката
б) да го реши предметот
в) тој треба да му наложи на првостепениот орган да донесе управен акт и да одреди рок за тоа од најмногу 30 дена по приемот на налогот
316. Управниот акт против кој може да се поведе управен спор...
а) е конечен во упрaвна постапка
б) не е конечен во управната постапка
в) станува конечен во рок од 15 дена од денот на приемот
317. Управниот акт станува правосилен доколку странката...
а) поднесе тужба до Врховниот суд на РМ и поведе управен спор
б) поднесе жалба до надлежниот второстепен орган
в) се откаже од правото на жалба
318. Кога е во прашање преземање на исклучително итни мерки, со цел обезбедување на јавниот мир и безбедност или заради отстранување на непосредна опасност за животот и здравјето на луѓето или за имотот, надлежниот јавен орган може да донесе и устен управен акт.
а) точно
б) неточно
319. Управниот акт ги содржи следните делови:
а) вовед диспозитив, образложение, назив на органот,број и датум,потпис на службеното лице и печат на органот
б) вовед, диспозитив и упатство за правно средство, назив на органот, број и датум, потпис на службеното лице и печат на органот
в) вовед, диспозитив, образложение, правна поука, потпис од овластеното службено лице и печат
320. Јавниот орган што го донел управниот акт ...
а) може во секое време да ги исправа грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во управниот акт или во неговите заверени преписи
б) може во рок од шест месеци да ги исправа грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во управниот акт или неговите заверени преписи ги исправа со нов управен акт
в) не може да врши исправки на грешките во управниот акт
321. За усна расправа или за друго поважно дејствие во управната постапка, како и за поважни усни изјави на странките или на трети лица во постапката ..
а) се потготвува управен акт
б) се составува записник
в) се составува службена белешка
322. Постапката по жалбата на второстепениот орган треба да се заврши без одлагање ...
а) најдоцна во рок од еден месец сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок
б) во рок од 15 дена сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок
в) најдоцна во рок од 60 дена од денот на предавање на жалбата и сите списи на предметот од првостепениот орган на второстепениот орган
323. Со поништувањето на управниот акт донесен во управна постапка...
а) правните последици што ги произвел таквиот управен акт остануваат
б) се поништуваат и правните последици што ги произвел таквиот управен акт
в) не се поништуваат правните последици што ги произвел таквиот управен акт
324. Со укинување на управниот акт донесен во управна постапка...
а) се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел и се овозможува натамошно произведување на правни последици од укинатиот управен акт
б) се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел, и се оневозможува натамошно произведување на правни последици од управниот акт
в) не се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел, но се оневозможува натамошно произведување на правни последици од укинатиот управен акт
325. Управниот спор може да се поведе против управниот акт донесен...
а) во втор степен кој станал правосилен
б) во прв степен
в) во втор степен, како и против првостепен управен акт, против кој нема место за жалба во управната постапка
326. Инспекциски надзор над спроведување на Законот за општата управна постапка врши...
а) Министерството за информатичко општество и администрација
б) Државниот управен инспекторат
в) Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен
327. Во управната постапка, јавниот орган постапува преку....
а) било кое службено лице
б) функционерот
в) овластеното службено лице назначено во согласност со правилата наведени во закон
328. Ако не е определено со посебен закон или подзаконски акт, функционерот кој раководи со јавниот орган, односно раководното лице е должно со....
а) со одлука да овласти службено лице
б) со управен акт да овласти службено лице
в) со актот за организација да определи организациона единица надлежна за секој вид на управна работа во негова надлежност
329. Ако актот кој се оспорува не е управен акт, Управниот суд ќе ја..
а) отфрли тужбата со заклучок
б) отфрли тужбата со решение
в) одбие тужбата со решение
330. Ако тужбата е поднесена ненавремено, Управниот суд ќе ја отфрли со:
а) заклучок
б) решение
в) одлука
331. Странки на управниот спор се:
а) тужител и тужен и јавен орган
б) тужител и тужен
в) тужител, тужен и заинтересирано лице
332. Во втор степен Вишиот управен суд одлучува:
а) во совет од пет судии
б) судија поединец
в) во совет од тројца судии
333. Во случај кога тужбата е повлечена, Управниот суд...
а) ќе донесе пресуда
б) со решение ќе ја запре постапката
в) Со заклучок ќе ја запре постапката
334. Во управен спор во втор степен одлучува:
а) Управен суд
б) Виш управен суд
в) Врховниот суд на Република Македонија
335. Во управен спор се одлучува за:
а) именување, назначување и разрешување на раководни јавни службеници
б) права од работен однос на државните и јавните службеници
в) законитоста на конечните поединечни акти со кои се одлучува за избор, именување и разрешување на носители на јавни функции
336. Во управен спор трошоците ги поднесува:
а) тужителот
б) жалителот
в) секоја страна своите трошоци
Извор: Закон за општата управна постапка
А. IV положбата и други општи прашања за вработените во јавниот сектор
337. Вработени во јавен сектор се:
а) лицата кои засновале работен однос во општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје
б) лицата кои засновале работен однос во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон, како и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје
в) лицата кои засновале работен однос во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон
338. Лицата кои добиле мандат да извршуваат функција на претседателски, парламентарни или на локални избори, лицата кои добиле мандат да извршуваат функции во извршната или во судската власт преку избор или именување од Собранието на Република Северна Македонија или од органите на локалната власт, како и други лица кои согласно закон се избрани или именувани на функција од носителите на законодавната, извршната или судската власт, не се сметаат за вработени во јавниот сектор
а) точно
б) неточно
339. Давателите на јавни услуги во областа на комуналните дејности не се сметаат за вработени во јавен сектор:
а) точно
б) неточно
340. За прашања кои се однесуваат на работниот однос на вработените во јавниот сектор се применуваат општите прописи за работните односи, само доколку...
а) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, како и за прашања за кои Законот за вработените во јавниот сектор не упатува на примена на посебен закон и колективен договор, а се однесува на работниот однос на вработениот
б) се работи за прашања кои се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор и овој закон упатува на дополнителна примена и на општите прописи за работните односи
в) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, посебните закони и колективните договори
341. Начелото на еднакви услови и еднаков пристап до работно место, во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор значи дека:
а) сите вработени во јавниот сектор имаат право на еднакви организациски, просторни и технички услови
б) институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку интерен, односно јавен оглас
в) на јавниот, односно интерниот оглас се избира најстручниот и најкомпетентниот кандидат за работното место
342. Институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку објавување:
а) соопштение до јавноста
б) јавен, односно интерен оглас
в) јавен повик
343. Унапредувањето на вработените во јавниот сектор се врши преку :
а) објавување на интерен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата
б) објавување на јавен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата
в) преземање при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата
344. Примена на начелото на управување со ефектот на вработените во јавниот сектор подразбира:
а) обврска на институциите да ги унапредат вработените
б) обврска на институциите да воспостават процедури за управување со ефектот на вработените, преку кои јќе се следи нивната работа, ќе се оценуваат и ќе се предлагаат мерки за подобрување на ефектот
в) обврска на вработените да ги извршуваат работите и работните задачи утврдени во актите за систематизација на работни места во институциите
345. Примена на начелото на сервисна ориентираност за вработените во јавниот сектор подразбира:
а) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на сопствениот јинтерес
б) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и интересите на странките, со истовремена грижа за јавниот интерес
в) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и интересите на странките, не водејќи сметка за јавниот интерес
346. Примената на начелото на транспарентност и доверливост за вработените во јавниот сектор подразбира ...
а) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи не смеат да обезбедат пристап до информации од јавен карактер за надворешните лица
б) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да обезбедат пристап до информации од јавен карактер на начин и под услови утврдени со закон
в) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да побараат дозвола од Министерството за информатичко општество и администрација заради обезбедување на пристап до информации од јавен карактер
347. Работните места на вработените во јавниот сектор се групираат во:
а) четири групи
б) три групи
в) две групи
348. Која од наведените групи не се смета за група на вработени во јавниот сектор:
а) даватели на јавни услуги
б) функционери
в) помошно - технички лица
349. Во рамки на секоја подгрупа на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:
а) една или повеќе степени на работни места
б) едно или повеќе класи на работни места
в) една или повеќе категории на работни места
350. Во рамки на секоја категорија на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:
а) едно или повеќе класи на работни места
б) едно или повеќе нивоа на работни места
в) една или повеќе степени на работни места
351. Каталогот на работните места во јавниот сектор го воспоставува и води:
а) Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Централниот регистар на Република Северна Македонија
352. Шти се уредува со актите за внатрешна организација на институциите во јавниот сектор?
а) начинот на однесување на вработените во институцијата
б) име и презиме на сите вработени во институцијата
в) видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа
353. Актите за систематизација на работните места во институциите на јавниот сектор ги донесува:
а) вработените во институцијата
б) раководното лице на институцијата
в) раководителот на организационата единица за управување со човечките ресурси во институцијата
354. Регистарот на вработените во јавниот сектор го воспоставува и во електронска форма го води:
а) Министерството за внатрешни работи
б) Централниот регистар на Република Северна Македонија
в) Министерството за информатичко општество и администрација
355. Законот за вработените во јавниот сектор допушта вработување на определено време:
а) да
б) не
в) да, но само во определени случаи таксативно наведени во законот
356. Полното работно време на вработените во јавниот сектор изнесува:
а) 40 часа неделно
б) 42 часа неделно
в) 48 часа неделно
357. Општите права и должности на вработените во јавниот сектор се уредуваат со:
а) Законот за работните односи
б) Законот за вработените во јавниот сектор
в) посебните закони и колективните договори
358. Со посебните закони се уредуваат ...
а) заедничките начела кои важат за сите вработени во јавниот сектор
б) општите права и должности кои важат за сите вработени во јавниот сектор
в) други права и должности кои произлегуваат од работниот однос на вработените, а кои не се уредени во Законот за вработените во јавниот сектор
359. Вработените во јавниот сектор имаат право на плата и надоместоци од плата во согласност со:
а) Одлука на министерот за финансии
б) Законот за вработените во јавниот сектор
в) посебните закони, колективните договори или општите прописи за работните односи
360. На вработените во јавниот сектор им мируваат правата и должностите од работниот однос само во случаите...
а) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон
б) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон, кога се упатени на работа во странство во рамките на меѓународна, техничка, просветна, здравствена, културна, научна и друг вид на соработка,
в) кога се упатени на работа во дипломатско или конзуларно претставништво, кога брачните другари им се упатени на работа во странство во погоре наведените случаи или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата
кога се именувани на јавна функција утврдена со закон или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата
361. Вработените во јавниот сектор имаат право на неплатено отсуство, во времетраење од најмногу:
а) 1 година
б) 2 години
в) 3 години
362. Доколку за времетраењето на мирувањето на работниот однос на вработените во јавниот сектор, се променат посебните услови за нивното работно место ...
а) истите не се должни да ги исполнат новите услови
б) истите не можат да се вратат на истото работно место во институцијата
в) истите се должни да ги исполнат новите услови во рок од две години од денот на враќањето во институцијата
363. Вработените во јавниот сектор кои се кандидирале на парламентарни, претседателски или локални избори, имаат право на неплатено отсуство...:
а) немаат право на неплатено отсуство за време на изборната кампања за изборите на кои учествуваат
б) за време на изборната кампања за изборите на кои учествуваат
в) во времетраење од 15 дена, сметано од почетокот на изборната кампања за изборите на кои учествуваат
364. Ако вработените во јавниот сектор не го предупредат непосредно претпоставениот дека задачата што им ја дал е неуставна, односно незаконита и истата ја извршат, за нејзиното извршување ќе одговараат:
а) вработените
б) вработените и нивниот непосредно претпоставен
в) непосредно претпоставениот и неговиот раководител
365. Доколку работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно од непосредно претпоставениот е неуставна, односно незаконита, вработениот е должен е да му укаже на лицето кое што му ја дало задачата на неуставноста, односно незаконитоста на дадената задача и да постапи по истата...:
а) без оглед дали задачата е дадена усно или во писмена форма
б) доколку е дадена во писмена форма
в) доколку во писмена форма се согласи со нејзиното извршување
366. Вработените во јавниот сектор, ако оценат дека извршувањето на дадената работна задача претставува кривично дело, не можат да бидат повикани на одговорност заради даденото известувањето за тоа до непосредно повисокиот претпоставен од оној кој им ја дал задачата, како и до Државната комисија за спречување на корупција:
а) точно
б) неточно
367. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата...
а) во рок од три работни дена
б) во рок од 24 часа
в) до истекот на дневното работно време на работодавачот
368. Во случај на спреченост за доаѓање на работа поради виша сила, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата...:
а) до истекот на дневното работно време на работодавачот
б) веднаш по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето
в) во рок од 24 часа по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето
369. Во случај на спреченост за доаѓање на работа поради виша сила, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, веднаш по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето …
а) точно
б) неточно
370. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, веднаш по престанувањето на причината за спреченоста за доаѓањето на работа
а) точно
б) неточно
371. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, до истекот на дневното работно време на работодавачот
а) точно
б) неточно
372. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор, можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење
а) точно
б) неточно
373. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење:
а) доколку се согласат
б) без нивна согласност
в) доколку се согласат во писмена форма
374. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење само со нивна согласност
а) точно
б) неточно
375. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење, се додека траат вонредните околности:
а) но не подолго од една година
б) но не подолго од три месеци
в) без оглед на нивното времетраење
376. Вработениот во јавниот сектор, во институцијата во која ги извршува работите и работните задачи, не смее на себе да носи или да истакнува партиски симболи во...:
а) просторијата на функционерот кој раководи со институцијата
б) просториите во кои работи со странки
в) работните простории и во просториите на институцијата
377. Вработените во јавниот сектор во текот на работното време смеат директно да учествуваат во изборните активности или во други јавни настапи од тој вид:
а) точно
б) неточно
378. Вработените во јавниот сектор во работните простории и во просториите на институцијата не смеат да ги искажуваат или да ги застапуваат своите политички или партиски уверувања
а) точно
б) неточно
379. Вработените во јавниот сектор, со своето членство во политичка партија и со учество во партиски активности, смеат да го доведат во прашање вршењето на работата и работните задачи од работното место во институцијата
а) точно
б) неточно
380. Подароци, примени од страна на службени лица или од меѓународни организации, дадени за време на посети, гостувања или во други слични околности, се сметаат за протоколарни подароци
а) точно
б) неточно
381. Одговорноста на вработените во јавниот сектор за вршење на работите и работните задачи од работното место може да биде:
а) дисциплинска
б) материјална
в) дисциплинска и/или материјална
382. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок...:
а) ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
б) не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
в) во зависност од тежината на стореното кривично дело, односно прекршок, ја исклучува, односно не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
383. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
а) точно
б) неточно
384. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
а) точно
б) неточно
385. Вработените во јавниот сектор, за вршењето на работите и работните задачи од работното место, се:
а) колективно одговорни
б) лично одговорни
в) лично и/или колективно одговорни, во зависност од работното место на кое се распоредени во институцијата и од видот на дисциплинскиот престап
386. На вработените во јавниот сектор работниот однос им престанува:
а) со спогодба или по нивно барање
б) по сила на закон
в) со спогодба, по нивно барање, по сила на закон и во други случаи утврдени со закон и/или колективен договор
387. Мобилност на вработените во јавниот сектор е:
а) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на јавниот сектор
б) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места
в) вертикално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места
388. Мобилност на вработените во јавниот сектор се врши:
а) преку објавување на интерен, односно јавен оглас
б) преку објавување на јавен оглас
в) без објавување на интерен, односно јавен оглас
389. Мобилност на вработените во јавниот сектор се врши преку:
а) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место во исто звање
б) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место на исто ниво, односно на сработно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува или се презема
в) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место во рамките на иста група на работни места, независно од категоријата и нивото на работното место
390. Вработениот во јавниот сектор, на барање на друга институција, заради времено зголемен обем на работа, може да биде времено распореден на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција:
а) се додека не престане потребата за тоа
б) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу една година
в) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу дваесет и четири месеци
г) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу шест месеци
391. Вработениот во јавниот сектор, на барање на друга институција, заради времено зголемен обем на работа, може да биде времено распореден на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција...:
а) по претходна писмена согласност на вработениот и на раководното лице на институцијата во која истиот е вработен
б) по претходна писмена согласност на раководните лица на институциите, без претходна согласност на вработениот
в) по претходна писмена согласност на вработениот и на раководните лица на институциите
392. При распоредувањето на вработениот во јавниот сектор во истата институција или при временото распоредување на вработениот во друга институција, работното место на кое се распоредува не смее да биде:
а) оддалечено повеќе од 25 километри од работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето
б) оддалечено повеќе од 50 километри од работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето
в) надвор од местото во кое се наоѓа работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето
393. Трансфер - листи за можни преземања на вработените во јавниот сектор води:
а) Агенција за администрација
б) Министерството за финансии
в) Министерството за информатичко општество и администрација
394. Вработениот во јавниот сектор, може да биде преземен од една во друга институција на работно место на исто ниво, односно на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција, ако за тоа се согласат вработениот и раководните лица на двете институции, а по претходна согласност на ...
а) Агенцијата за администрација и Министерството за финансии
б) Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за администрација
в) Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
395. Вработениот во јавниот сектор чие работно место се укинува, се евидентира на Трансфер – листата на можни преземања и ...
а) по истекот на три месеца од денот на евидентирањето на Трансфер-листата на можни преземања се распоредува на било кое работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација
б) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
в) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат раководните лица на институциите
396. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација...
а) ако за тоа се согласат раководните лица на институциите и Министерството за финансии
б) без негова согласност
в) ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
397. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција...
а) на било кое работно место, доколку се согласи со тоа
б) на работно место кое е предвидено во актот за систематизација на работните места, а е упразнето
в) на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација
398. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор, односно вработен чие работно место се укинува, согласно Законот за вработените во јавниот сектор, не смее да биде оддалечена од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
а) точно
б) неточно
399. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува, не смее да биде ...
а) надвор од местото во кое се наоѓа институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
б) оддалечена повеќе од 25 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
в) оддалечена повеќе од 50 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
400. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува не смее да биде оддалечена повеќе од 50 километри од институцијата во која бил вработен пред преземањето, освен ако ...:
а) двете институции се наоѓаат во едно поголемо населено место
б) преземањето е на барање на вработениот
в) постои бесплатен организиран превоз до институцијата во која се презема вработениот
401. Категориите и нивоата на работните места во јавниот сектор се утврдуваат во:
а) Законот за вработените во јавниот сектор
б) Законот за работните односи
в) посебните закони и колективните договори
402. Со актот за систематизација на работните места во институцијата се регулира/ат:
а) начинот на однесување на вработените
б) описот на работните места
в) видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа
403. Во рамките на секоја група на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:
а) најмалку две категории на работни места
б) пет нивоа на работни места
в) една или повеќе подгрупи на работни места
404. Доколку вработениот во јавен сектор смета дека работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно непосредно претпоставениот, е неуставна односно незаконита, должен е да му укаже на лицето кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на задачата дадена во писмена форма и истата да ја изврши, освен.....
а) должен е да му укаже на лицето кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на истата
б) Не е долежен е да му укаже на лицето кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на истата
405. Доколку вработениот во јавен сектор смета дека работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно непосредно претпоставениот, е неуставна односно незаконита, должен е да му укаже на лицето кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на задачата дадена во писмена форма и истата да ја изврши, освен.....
а) ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција.
б) ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело, за кое е пропишано казна затвор во траење подолго од шест месеци и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција.
в) ако одлучи, покрај даденото укажување на лицето кое му ја дало задачата за неуставноста односно незаконитоста на дадената задача, за тоа писмено да го извести и непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата.
406. Во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор, вработениоте во јавниот сектор не смеат да примаат подроци поврзани со нивната работа:
а) со исклучок на протоколарни подароци од пониска вредност
б) со исклучок на протоколарни подароци и повремени подароци од пониска вредност
в) не смеат да примаат подароци
407. Вработениот чие работно место се укинало и се евидентирал на Трансфер – листата на можни превземања, доколку не ја потпише понудената спогодба за преземање во друга институција, на работно место во исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација:
а) се враќа во институцијата од која требало да биде превземен
б) се враќа на Трансфер – листата на можни превземања
в) му престанува работниот однос
408. Годишниот план за вработување во институциите на јавниот сектор го донесува:
а) Органот надлежен за буџетот на институцијата
б) Функционерот кој раководи со институцијата
в) раководителот на организационата единица за управување со човечките ресурси во институцијата
409. Институциите во јавниот сектор, по добиената согласност од органот надлежен за буџетот на институцијата, а органите за државната управа и добиената согласност од Министерството за полтитички систем и односи меѓу заедниците, годишниот план за вработување, го доставуваат на мислење до:
а) Агенцијата за администрација
б) Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија
в) Министерството за информатичко општество и администрација
410. Годишниот план за вработување за кој е добиено позитивно мислење од Министерството за информатичко општество и администрација
а) може да се менува во текот на годината за која се однесува
б) неможе да се менува во текот на годината за која се однесува
Извор: Закон за вработените во јавниот сектор
А. V. правата од работен однос на административните службеници
411. Статусот и надлежноста на Агенцијата за администрација се регулирани со:
а) Законот за државните институции
б) Законот за административни службеници
в) Законот за Агенцијата за администрација на Република Македонија
412. Административен службеник е лице кое засновало работен однос заради вршење на работи од административна природа во:
а) административната служба на јавните претпријатија
б) Административниот совет на јавниот сектор
в) органите на државната и локалната власт и во други државни органи основани во согласност со устав и со закон и во институциите што вршат дејности од областа на образованието, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје и општините на градот Скопје
413. Во зависност од институцијата во која е вработен, административниот службеник може да биде:
а) службеник и давател на јавна услуга
б) службеник и овластено службено лице
в) државен службеник и јавен службеник
414. За прашања што се однесуваат на работниот однос на административните службеници, а што не се уредени со Законот за административни службеници, со Законот за вработени во јавниот сектор или со посебните закони и со колективни договори, се применува:
а) Законот за општа управна постапка
б) општите прописи за работните односи
в) Законот за организација и работа на државната управа
415. Изразот „работно место" употребен во Законот за административни службеници означува:
а) одделно ниво во актот за систематизација
б) посебна категорија во организациска единица
в) најмала единица во организациската структура на институцијата која во актот за систематизација е опишана со ниво, општи и посебни услови, цели и работни задачи и други податоци од интерес за работното место
416. Изразот „сродни работни места" употребен во Законот за административни службеници означува:
а) работни места во ист ресор
б) работни места во една организациска единица
в) работни места од исто ниво за кои се бара ист степен и ист вид на образование
417. Изразот „стручни квалификации" употребен во Законот за административни службеници означува:
а) диплома од завршено насочено образование на кандидатот
б) квалификации стекнати низ практична работа на конкретно работно место
в) формално образование и други форми на стручно образование на вработениот за кои поседува диплома или сертификат
418. Изразот „работни компетенции" употребен во Законот за административни службеници означува:
а) вештини стекнати низ работа
б) знаења стекнати со обуки
в) збир од знаења, вештини и способност на вработениот административен службеник да ги извршува работите и работните задачи на работното место
419. Изразот „работно искуство во струката" употребен во Законот за административни службеници го означува:
а) периодот на работен стаж стекнат по било каков основ
б) периодот на работен стаж или искуство стекнато во струката, почнувајќи од првото засновање на работен однос
в) периодот евидентиран во агенција за вработување како работен стаж, кој вработениот го поминал во работен однос по стекнување на определен степен и вид образование и во кој вршел работи и работни задачи за кои е потребен таков степен и вид на образование
420. Кои институции се надлежни за координација на управувањето со административните службеници:
а) Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за финансии, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и и Агенцијата за администрација
б) Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за вработување на Република Македонија
в) Министерството за финансии, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и Агенција за вработување на Република Македонија
421. Агенцијата за администрација е:
а) самостоен орган на државна управа
б) орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација
в) самостоен државен орган со својство на правно лице, со права, обврски и одговорности утврдени со Законот за административни службеници
422. Агенцијата за администрација за својата работа е одговорна пред:
а) Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Министерството за информатичко општество и администрација
423. Со Агенцијата за администрација раководи:
а) Министер
б) Директор
в) Генерален секретар
424. По жалби и приговори на административните службеници во втор степен одлучува:
а) Директорот на институцијата
б) Агенцијата за администрација
в) Министерот за информатичко општество и администрација
425. Административните службеници се класифицираат според следниве обележја на категориите:
а) I, II, III и IV
б) А, Б, В и Г
в) раководни и извршни административни службеници
426. Административните службеници се класифицирани во следниве категории:
а) Категорија I - директори, категорија II – раководители на сектор, категорија III - раководители на одделенија и категорија IV- раководители на служба
б) Категорија - директори; категорија - раководители; категорија – извршно- административни службеници и категорија – помошен персонал
в) Категорија А – секретари; категорија Б – раководни административни службеници; категорија В – стручни административни службеници и категорија Г – помошно стручни административни службеници
427. Во Законот за административни службеници е предвидена можност со актот за систематизација на работните места да бидат утврдени посебни работни места –кабинетски службеници во кабинетите на:
а) Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Собранието на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, Генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите
б) Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија и Народниот правобранител на Република Македонија
в) сите министри, Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Собранието на Република Македонија и на Претседателот на Владата на Република Македонија
428. Пополнување на слободните работни места во институциите заради вршење на административни работи, се врши преку постапка за:
а) вработување и прераспоредување
б) вработување и унапредување
в) вработување, унапредување и мобилност преку распоредување или преземање
429. Постапката за вработување на административни службеници започнува со:
а) јавен повик во медиумите
б) објавување на јавен оглас
в) писмено соопштение на интернет страницата на институцијата
430. Постапките за пополнување на работно место на административен службеник се спроведуваат по:
а) добивање писмено одобрување од Агенцијата за вработување на Република Македонија
б) барање согласност од Владата на Република Македонија
в) претходно известување за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии, односно од органот надлежен за издавање на финансиска согласност за пополнување на работни места во институцијата
431. Постапката за унапредување на административен службеник започнува со:
а) објавување на јавен оглас
б) објавување на интерен оглас
в) објавување на соопштение за медиумите
432. Годишниот план за вработување го донесува:
а) министерот од надлежниот ресор
б) Управниот одбор на институцијата
в) раководното лице на институцијата
433. Годишниот план за вработување содржи:
а) точни податоци за предвидени нови вработувања и заминувања од службата
б) точни податоци за распоредувања на нови и постојно вработени во текот на календарската година по сите основи
в) точни податоци за состојбата на пополнетост на работните места во институцијата; податоци за планирани пензионирања и податоци за други планирани движења на вработените и план за распределба на бројот на нови вработувања во следната година по припадност на заедница
434. За институциите буџетски корисници од прва линија кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија и за јавните претпријатија основани од Република Македонија, при донесувањето на годишниот план за вработување согласност дава:
а) Министерство за економија
б) Министерство за финансии
в) надлежно министерство
435. Јавниот оглас за вработување на административни службеници се објавува на:
а) интернет страницата на Агенцијата за администрација на Република Македонија и во најмалку три дневни весници, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик;
б) интернет страницата на институцијата која врши вработување и во најмалку три дневни весници, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик;
в) интернет страницата на Министерството за информатичко општество и администрација и во најмалку два дневни весника, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
436. Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас ја формира:
а) Агенцијата за администрација
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците
437. Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас е составена од:
а) административен службеник од Секторот за селекција на кандидати во Агенцијата за администрација кој е претседател на Комисијата и негов заменик, раководителот на организациoната единица за управување со човечки ресурси, односно административниот службеник кој ги врши работите кои се однесуваат за управување со човечки ресурси ако нема организациона единица во институцијата која вработува и негов заменик, раководителите на организационите единици во кои работните места се пополнуваат, односно непосредно претпоставените доколку нема раководители како и нивни заменици и/или административен службеник од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и негов заменик доколку постапката се спроведува за органи на државната управа
б) раководни административни службеници, претставници од Агенцијата за вработување на Република Македонија, Агенцијата за администрација на Република Македонија и онолку други членови од соодветните организациони единици на институциите за кои се предвидува пополнување на работните места, како и нивни заменици
в) раководни административни службеници, претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за вработување на Република Македонија и онолку други членови од соодветните организациони единици на институциите за кои се спроведува постапка за пополнување на работните места, како и нивни заменици
438. Административната селекција за вработување се состои од:
а) проверка на доказите и нивно бодирање
б) проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во дневните весници
в) проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, приложените докази во пријавата и нивно бодирање
439. По спроведување на административната селекција, во следна фаза на постапката за селекција поминуваат:
а) најмалку пет повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани
б) најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани
в) најмногу десет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани
440. По спроведувањето на испитот за административен службеник, во следна фаза на постапката за селекција поминуваат:
а) најмногу два пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата
б) најмногу три пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата
в) најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата
441. Проверка на веродостојноста на доказите приложени од кандидатите за вработување пријавени на јавниот оглас врши:
а) Агенцијата за администрација
б) Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас
в) Министерството за информатичко општество и администрација
442. Интервјуто, како дел од постапката за селекција на кандидатите пријавени на јавниот оглас за вработување на административен службеник го спроведува:
а) Агенцијата за вработување на Република Македонија
б) Агенцијата за администрација
в) Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас
443. На интервјуто, како дел од постапката за селекција на кандидатите пријавени на јавен оглас за вработување на административен службеник, преку ситуациони прашања се проверуваат потребните општи работни компетенции на кандидатот за категоријата на која припаѓа работното место за кое конкурирал, а преку стручни прашања или практични задачи, се проверуваат неговите посебни работни компетенции од делокругот на работното место за кое конкурирал
а) точно
б) неточно
444. Врз основа на предлогот од Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас, одлуката за избор за вработување на административен службеник ја донесува:
а) Претседателот на Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас
б) директорот на Агенцијата за администрација
в) секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар
445. Против одлуката за избор за вработување, незадоволниот кандидат има право на жалба која се доставува до:
а) Министерството за информатичко општество и администрација
б) надлежен основен суд
в) Агенцијата за администрација, односно до надлежен орган во согласност со Законот за административни службеници
446. Во рок од пет дена од конечноста на одлуката за избор на кандидат за вработување, раководното лице на институцијата носи решение, односно склучува договор за вработување на неопределено време со избраниот кандидат
а) точно
б) неточно
447. Избраниот кандидат за вработување, непосредно пред стапување на работа, пред секретарот односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, потпишува:
а) свечена заклетва за заедничката мисија на вработените во јавниот сектор
б) Изјава за заедничката мисија на вработените во јавниот сектор, која е составен дел од Кодексот за административните службеници
в) согласност за распоредување на било кое работно место во институцијата, во случај на укинување на работното место на кое се вработува
448. Постапката на унапредување има за цел да им овозможи на административните службеници кариерно напредување, односно преминување од пониски на повисоки работни места во рамки на институцијата
а) точно
б) неточно
449. На интерен оглас може да се јави:
а) вработен од групата на даватели на услуги во дејностите од јавниот сектор
б) административен службеник вработен во институцијата која објавува интерен оглас
в) административен службеник вработен во органите на државната и локалната власт
450. Постапката за селекција за унапредување на административен службеник се состои од:
а) испит за административен службеник и тест на личноста
б) испит за административен службеник и интервју
в) административна селекција и интервју
451. Административната селекција, при интерен оглас кој го објавува институцијата, се состои од:
а) оценување на општите и посебните работни компетенции на пријавените кандидати
б) проверка на знаењата и способностите на пријавените кандидати
в) проверка на внесените податоци во пријавата со условите кои според Законот за административни службеници кандидатите за унапредување треба да ги исполнуваат, проверка на приложените докази во пријавата и нивно бодирање
452. Бодовите за административна селекција за секој пријавен кандидат на интерен оглас се утврдуваат врз основа на:
а) збирот од просечната оценка на највисокиот степен на образование на кандидатот и успехот на тестот
б) мислењето на најмалку двајца раководни административни службеници
в) збирот на последните три оцени на кандидатот добиени на редовните оценувања во институцијата, реализираните обуки и потврдите за менторство
453. Во постапка за унапредување, Комисијата за селекција и унапредување, врз основа на составената ранг-листа на кандидатите според освоените бодови, спроведува интервју со:
а) првиот најдобро рангиран кандидат
б) најмногу пет најдобро рангирани кандидати
в) најмногу три најдобро рангирани кандидати
454. Во постапка по интерен оглас, врз основа на ранг-листата на кандидатите според освоените бодови на административната селекција и интервјуто, Комисијата за селекција и унапредување, на секретарот, односно на раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар, му го/ги предлага како кандидат/и за вработување:
а) петте прворангирани кандидати
б) трите прворангирани кандидати
в) прворангираниот кандидат
455. Во постапка по интерен оглас, по исклучок, интервјуто со најдобро рангираниот/те кандидат/и пријавен/и на интерниот оглас го врши секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар, и тоа за:
а) унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата А
б) унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата Б
в) унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата В
456. Интерниот оглас институцијата може да го повтори пред:
а) да се донесе одлука за избор
б) да се спроведе интервјуто
в) да се донесе одлука за објавување јавен оглас
457. Административниот службеник има право и обврска во текот на годината стручно да се усовршува врз основа на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и должност да го пренесе стекнатото знаење на другите административни службеници
а) точно
б) неточно
458. Обуките за стручно усовршување на административни службеници можат да бидат:
а) општи и посебни
б) генерички и специјализирани
в) индивидуални и колективни
459. Генеричките обуки за стручно усовршување на административни службеници се вршат заради:
а) групно усовршување на административните службеници во согласност со Годишниот план за обука
б) генерално усовршување на административните службеници во согласност со утврдениот распоред
в) стручно усовршување на административните службеници во согласност со рамката на општи компетенции
460. Специјализираните обуки за стручно усовршување на административни службеници се вршат заради:
а) стручно усовршување на административните службеници во однос на посебните компетенции
б) оспособување на административните службеници за извршување посебни должности и овластувања
в) оспособување на административните службеници за извршување специјални работи и работни задачи надвор од описот на работното место
461. Обука за административно управување се предвидува за:
а) административни службеници на работни места на нивото В1
б) административни службеници на работни места на нивоа Б3 и Б4
в) административни службеници на работно место на сите нивоа А
462. Испитот за административно управување е стручен испит и истиот, во согласност со закон, е посебен услов за унапредување на:
а) приправник
б) административен службеник на работно место од категоријата Б
в) административен службеник на пробна работа
463. Испитот за административно управување, како стручен испит, се состои од:
а) полагање општ и поединечен дел
б) полагање тест и интервју
в) полагање теоретски и практичен дел
464. Кои услови треба да ги исполнува административен службеник за да може да биде назначен за ментор:
а) да е распореден на исто работно места како и менторираниот и да има завршено обука за ментор
б) да завршил високо образование и обука за ментор
в) да е распореден на работно место на повисоко ниво од административниот службеник кој е менториран и да има завршено обука за ментор
465. Регистарот на ментори на административните службеници го води:
а) Менторскиот совет
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Министерството за образование и наука
466. Системот за управување со ефектот на административните службеници се состои од:
а) утврдување на работните цели и задачи и на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефектот на административниот службеник
б) определување на правила за давање наредби од страна на административни службеници - раководители и извршување на наредби од страна на административни службеници - извршители
в) воспоставување професионални релации меѓу административни службеници - раководители и административни службеници- извршители
467. Работните цели и задачи на административниот службеник се утврдуваат од страна на:
а) секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар
б) Колегиумот на раководните лица во институцијата
в) претпоставениот административен службеник во соработка со административниот службеник на крајот на постапката на оценување на работните достигнувања во декември во тековната година за наредната
468. Постапката за подобрување на ефектот од работењето на административен службеник вклучува:
а) дополнителни обуки или менторство и писмена опомена во која административниот службеник се предупредува на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект
б) поведување на дисциплинска постапка и изрекување на суспензија и усно предупредување на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект
в) упатување на дополнително образование, без писмена опомена и усно предупредување на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект
469. Кога во извештајот за полугодишното интервју се утврди дека административниот службеник покажал незадоволителни резултати, му се изрекува:
а) казна во висина од 20% од просечната плата која му е исплатена во претходната година
б) решение за престанок на работниот однос
в) писмена опомена во која административниот службеник се предупредува на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект и обврска за дополнителни обуки и менторство
470. Оценувањето на административните службеници се спроведува:
а) по договор
б) повремено
в) задолжително
471. Оценувањето на административните службеници задолжително се спроведува од страна на непосредно претпоставениот административен службеник:
а) на секои три месеци
б) еднаш во годината
в) два пати во текот на годината
472. Годишната оцена на административниот службеник се добива врз основа на оценките на:
а) раководното лице на институцијата
б) непосредно претпоставениот административен службеник, на четири други административни службеници во институцијата и двајца оценувачи кои не се вработени во институцијата, а со кои административниот службеник има непосредна соработка
в) непосредно претпоставениот административен службеник и на двајца други административни службеници во институцијата, а со кои администртивниот службеник има непосредна соработка
473. Годишната оцена на административниот службеник се добива врз основа на:
а) оценката на непосредно претпоставениот административен службеник, односно, оценувачот која учествува со 65% и оценката на секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар која учествува со 35%
б) оценката на секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар која учествува со 65% и оценката на министерот за информатичко општество и администрација која учествува со 35%
в) оценката на непосредно претпоставениот административен службеник, односно, оценувачот која учествува со 65%, како и од просечната оценка од четири други административни службеници со кои административниот службеник непосредно соработувал и тоа двајца на пониско и двајца на исто ниво, како и двајца оценувачи кои не се вработени во институцијата, а со кои административниот службеник има непосредна соработка која учествува со 35%
474. Против постапката за оценување незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до:
а) Државниот инспекторат за труд
б) Државниот управен инспекторат
в) Агенцијата за администрација, односно до надлежен орган во согласност со Законот за административни службеници
475. Оценувањето на административниот службеник, кој во текот на годината за која се врши оценувањето, преку постапка на мобилност е распореден, односно преземен на друго работно место, го врши:
а) Комисија за оценување
б) претходниот оценувач
в) новиот, врз основа на писмен извештај од претходниот оценувач
476. Годишната оцена на административниот службеник може да биде: „А"- доколку има вредност од 4,51 до 5,00; „Б"-доколку има вредност од 3,51 до 4,50; „В"- доколку има вредност од 2,51 до 3,50; „Г"- доколку има вредност од 1,51 до 2,50 и „Д"- доколку има вредност од 1,00 до 1,50
а) точно
б) неточно
477. Административните службеници, освен оние кои со Изборниот законик се ослободени, се должни да учествуваат во работата на органите во кои се избрани за организирање и спроведување на изборна постапка, односно попис на населението во Република Македонија
а) точно
б) неточно
478. Административниот службеник е лично одговорен за вршењето на работите и работните задачи од работното место
а) точно
б) неточно
479. Административниот службеник одговара дисциплински доколку стори повреда на службената должност
а) точно
б) неточно
480. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, не ја исклучува дисциплинската одговорност
а) точно
б) неточно
481. Дисциплинската неуредност како вид на дисциплинска одговорност на административниот службеник подразбира полесна повреда на работната дисциплина, на работните задачи, на угледот на институцијата или на угледот на административниот службеник:
а) точно
б) неточно
482. Дисциплински престап како вид на дисциплинска одговорност на административниот службеник подразбира потешка повреда на службената должност, на работната дисциплина, на угледот на институцијата или на угледот на административниот службеник:
а) точно
б) неточно
483. Незаконитото располагање со материјални и финансиски средства од страна на административниот службеник претставува:
а) дисциплински прекршок
б) дисциплински престап
в) дисциплинска неуредност
484. Доколку административниот службеник не дојде на работа два работни дена во текот на една календарска година без оправдување, сторува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
485. Доколку административниот службеник злоупотреби лични или доверливи податоци, сторува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
486. Доколку административниот службеник одбие да оди на стручно оспособување и усовршување на кое институцијата во која работи го упатува, сторува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
487. Доколку административниот службеник искажува и застапува политичко уверување во вршењето на работните задачи, учествува во изборни активности или на други јавни настапи од таков карактер во текот на работното време, или го доведува во прашање својот статус на административен службеник со вршење на партиски активности, со носење или истакнување на партиски симболи во работната просторија, сторува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
488. Одбивањето да даде или давањето неточни податоци на институциите, граѓаните или правните лица, во случаи кога давањето податоци е утврдено со закон, за административниот службеник значи извршување на:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
489. Повторувањето на дисциплинската неуредност повеќе пати претставува дисциплински престап:
а) точно
б) неточно
490. Злоупотребата на боледувањето од страна на административниот службеник претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
491. Внесувањето и употребата на алкохол во работните простории, или работење под дејство на алкохол или наркотични средства од страна на административниот службеник претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
492. Доколку административниот службеник не се придржува кон прописите за заштита од болест, безбедност и здравје при работа и на прописите за заштита на животната средина, тоа претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
493. Доколку административниот службеник го поставува личниот финансиски интерес во судир со положбата и статусот на административниот службеник, тоа претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
494. Доколку административниот службеник како член на изборен орган се вклучи во спречување на избори и на гласање, го повредува избирачкото право на избирачите, ја ограничува слободата на определување на избирачите, врши поткуп при избори, ја повредува тајноста на гласањето, уништува изборни исправи или врши изборна измама, тоа претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
495. Примањето подароци или друг вид на корист од страна на административниот службеник претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
496. Доколку административниот службеник неоправдано не го извести непосредно претпоставениот административен службеник, секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, за спреченоста за недоаѓање на работа во рок од три часа, тоа претставува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
497. Со одлука за утврдена дисциплинска неуредност на административниот службеник може да му биде изречена една од следниве дисциплински мерки: писмена опомена или парична казна во висина од 20% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинска неуредност, во траење од еден до три месеци
а) точно
б) неточно
498. Со одлука за утврден дисциплински престап на административниот службеник може да му биде изречена една од следниве дисциплински мерки: парична казна во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинскиот престап во траење од еден до шест месеци; распоредување на работно место во непосредно пониско ниво и престанок на работниот однос кога настапиле штетни последици за институцијата, а притоа не се утврдени олеснителни околности за административниот службеник кој го сторил престапот
а) точно
б) неточно
499. Дисциплинската мерка против административниот службеник кој сторил дисциплинска неуредност ја изрекува:
а) Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност
б) Агенцијата за администрација
в) секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
500. Против донесената одлука за дисциплинска мерка за дисциплинска неуредност, односно, за дисциплински престап, административниот службеник има право на жалба
а) точно
б) неточно
501. Начинот на водење на дисциплинската постапка и образецот за тајното гласање на членовите на дисциплинската комисија го пропишува:
а) Министерот за информатичко општество и администрација
б) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност
в) Секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
502. Иницијатива за покренување на дисциплинска постапка против административен службеник со соодветно образложение има право да поднесе:
а) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност
б) раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
в) секој административен службеник и друго лице, во согласност со закон или Државната изборна комисија и Државниот завод за статистика
503. Предлог за покренување на дисциплинска постапка против административен службеник поднесува:
а) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност
б) раководителот на организационата единица за управување со човечки ресурси во институцијата
в) непосредно претпоставениот административен службеник, како и секретарот, односно, раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
504. Доколку повредата на службената должност повлекува и кривична одговорност, дисциплинската постапка за утврдување на одговорност на административниот службеник застарува во рок од:
а) една година од денот на дознавањето за повредата
б) две години од денот на дознавањето за повредата
в) три години од денот на дознавањето за повредата
505. Задршката од плата на име изречени парични казни на административниот службеник за сторени дисциплински неуредности или дисциплински престапи, во текот на еден месец не може да го надмине износот од:
а) 60 % од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец
б) една третина од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец
в) една половина од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец
506. Постапката за утврдување на материјална одговорност на административниот службеник, почнувајќи од денот на донесување на решението за формирање на комисијата за утврдување на материјална одговорност не може да се води подолго од:
а) 60 дена
б) 45 дена
в) 30 дена
507. Доколку административниот службеник на работа или во врска со работата, намерно или од крајна небрежност, предизвика штета на институцијата, и доколку низ соодветна постапка се потврди дека е одговорен за настанатата штета, штетата ја надоместува:
а) административниот службеник лично
б) фондот за надоместување штети формиран на солидарна основа
в) одделението/секторот каде што е вработен административниот службеник
508. Доколку административниот службеник во вршењето на работите и работните задачи предизвика материјална штета кон трети лица, институцијата е должна да ја надомести направената материјалната штета
а) точно
б) неточно
509. Платите и надоместоците на плати на административните службеници се обезбедуваат од:
а) самофинансирање и должничко - доверителски односи на институцијата
б) донации и меѓународна помош
в) Буџетот на Република Македонија, буџетите на единиците на локалната самоуправа, како и од други извори на средства утврдени со закон
510. Платите на административните службеници:
а) се пресметуваат во бруто износ, а се исплатуваат во готовина
б) се пресметуваат и исплатуваат како збир од дневници за претходниот месец
в) се пресметуваат во бруто износ, а се исплатуваат во нето паричен износ еднаш месечно во тековниот месец за претходниот месец
511. Платата на административниот службеник се состои од:
а) плата по учинок и бонус
б) плата по учинок и надоместок за редовност
в) основна компонента и исклучителна компонента
512. Основната компонента на платата на административниот службеник ја сочинуваат: минимална плата, дел на плата за степен на образование, дел на плата за ниво и дел на плата за стаж:
а) точно
б) неточно
513. Делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво и делот на плата за стаж на административните службеници се вреднуваат со:
а) индекси
б) бодови
в) проценти
514. Делот на плата за работниот стаж на административниот службеник се вреднува во износ од:
а) 20% од делот на плата за стручно образование и за ниво
б) 0,5% од деловите на платата за степен на образование и за ниво, за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%
в) 0,5% од разликата меѓу деловите на платата за степен на образование и за ниво, за секоја навршена година работен стаж
515. Исклучителната компонента на платата на административните службеници ја сочинуваат: додатокот на плата за посебни услови за работа, додатокот на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот и/или додатокот на плата за ноќна работа, работа во смени и прекувремена работа:
а) точно
б) неточно
516. За време на штрајк, доколку се исполнети сите законски услови, административниот службеник има право на плата во висина од:
а) 60% од платата што ја примил претходниот месец
б) 50% од платата што ја примил претходниот месец
в) 40% од платата што ја примил претходниот месец
517. На административниот службеник му престанува работниот однос: со спогодба; по негово барање; по сила на закон и во други случаи утврдени со Законот за административни службеници и друг закон и колективен договор
а) точно
б) неточно
518. Доколку на административен службеник му престане државјанството на Република Македонија, со денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанството на Република Македонија му престанува работниот однос по сила на закон
а) точно
б) неточно
519. Доколку административен службеник биде осуден за кривично дело во врска со службената должност, со денот на правосилноста на пресудата му престанува работниот однос по сила на закон
а) точно
б) неточно
520. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон поради издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеци, со денот на започнувањето на издржување на казната
а) точно
б) неточно
521. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон ако неоправдано отсуствува од работа најмалку три работни дена последователно во еден месец
а) точно
б) неточно
522. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон ако органот на државната управа надлежен за инспекциски надзор во рок од една година утврди дека вработениот е вработен спротивно на одредбите од Законот за административни службеници
а) точно
б) неточно
523. Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за административни службеници и на прописите донесени врз основа на овој закон, врши:
а) Агенцијата за администрација
б) Државниот управен инспекторат
в) Државниот инспекторат за труд
524. Формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен јавниот оглас, ги пропишува:
а) Директорот на Агенцијата за администрација
б) Комисијата за селекција и унапредување
в) Министерот за информатичко општество и администрација
525. Испитот за административно управување го организира и спроведува:
а) Агенцијата за администрација во соработка со Министерството за образование и наука
б) Агенцијата за администрација во соработка со институциите
в) Агенцијата за администрација во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација
526. Директорот на Агенцијата за администрација се именува за период од:
а) четири години
б) пет години
в) шест години
527. Меѓусебните права и обврски на институцијата и на административниот службеник кој е упатен на специјализирана обука за потребите на институцијата се уредуваат со ...
а) писмен договор во кој се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум
б) писмен налог во кој се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум
в) решение во кое се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум
528. Менторството како метод на пренесување на знаења и вештини меѓу административните службеници може да биде:
а) писмено или усно
б) советодавно или практично
в) организирано во форма на обука од надворешни предавачи
529. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците дава согласност при донесувањето на годишниот план за вработување на:
а) институциите во јавниот сектор
б) органите на државната управа
в) органите на државната и локалната власт
530. Постапката за селекција за вработување на административен службеник се состои од:
а) две фази
б) три фази
в) четири фази
531. При постапката на унапредување се почитува начелото за соодветна и правична застапеност:
а) Точно
б) Неточно
532. Годишната програма на генерички обуки за административни службеници ја донесува:
а) Директорот на Агенцијата за администрација
б) Министерот за информатичко општество и администрација
в) Секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
533. Практичното менторство се остварува преку :
а) посета на обуки
б) набљудување на работата на менторираниот административен службеник, постојани консулатции и в) преку практична работа и се врши заради развој на посебните компетенции на вработениот.
в) преку конкретни совети на менторот и се врши заради развој на општите компетенции на вработениот
534. Во индивидуалниот план кој се подготвува за стручно усовршување на административен службеник се утврдува:
а) планот за полагање стручни испити во календарската година
б) потребата за стручно усовршување на административниот службеник заради ефикасно извршување на утврдените работни цели и задачи и потребата од развој и унапредување на работните компетенции
в) потребата од дополнително стручно образование заради ефикасно извршување на утврдените работни цели и задачи и потребата од развој и унапредување на работните компетенции
535. Полугодишното интервјуто, како дел од процесот на континуирано следење на ефектот на административниот службеник од страна на непосредно претпоставениот административен службеник, се спроведува:
а) еднаш во годината
б) два пати во тек на годината
в) на секои шест месеци
536. Работата на административниот службеник, во однос на квалитетот, ефективноста и ефикасноста во работењето, почитувањето на роковите и нивото на исполнување на утврдените работни цели и задачи, нивото на вклученост и посветеност на работата, придонесот во реализација на стратешкиот план за стручно усовршување и однесувањето на административниот службеник, инајќи го предвид и извештајот од полугодишното интервју, може да биде оценета од страна на оценувачот:
а) со оценка "6", "7", "8", "9" или "10"
б) оценка "1", "2", "3", "4" или "5"
в) со оценка "особено се истакнува", " се истакнува", "задоволува", "делумно задоволува" или "не задоволува"
537. Постапката за селекција при вработување на административен службеник се состои од три фази и тоа:
а) проверка на доставените докази, писмен тест, усен испит и интервју.
б) административна селекција, стручен испит и интервју.
в) административна селекција, испит за административен службеник, проверка на веродостојноста на доставените докази и интервју.
538. Испитот за административен службеник се состои од два дела и тоа:
а) општ и практичен дел
б) општ и посебен дел
в) стручен дел и дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски)
539. Унапредување на административните службеници се врши преку објавување на:
а) интерен оглас на веб страната на институцијата и на Агенцијата за администрација.
б) соопштение на веб страната на Агенцијата за администрација
в) јавен оглас во најмалу три дневни весници, што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик
540. Административен службеник кој се пријвува на интерен оглас треба да ги исполнува следните услови:
а) да е вработен во институцијата која објавува интерен оглас, да ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место припишани за соодветното ниво во Законот за административните службеници и во актот за систематизација, да е оценет со оцена „А" или „Б“ при последното оценување и да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас и тоа најмалку две години и да не му е изречена дисцилинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
б) да е вработен во институција од јавен сектор, да ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место, да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас и тоа најмалку една година и да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас
в) да е вработен во институција од приватниот или јавен сектор, да ги исполнува општите и посебните услови припишани за соодветното ниво во Законот за административните службеници и во актот за систематизација, да е оценет со оцена “особено се истакнува“ или “се истакнува“ припоследното оценување и да е на работно место на пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас.
541. На административниот службеник кој е оценет со годишна оценка “А“ му се доделува:
а) по сила на закон се унапредува за едно ниво повисоко
б) додаток на плата за кариера
в) надоместок за успешност во работењето во висина на платата примена во последниот месец во годината за која оценувањето.
542. На административниот службеник кој е оценет со годишна оценка “А“ му се доделува надоместок за успешност во работењето во висина на платата примена во последниот месец во годината за која се вршело оценувањето, доколку:
а) непосредниот предпоставен донесе одлука за тоа.
б) во буџетот на институцијата, се обезбедени средства за таа намена, а за тоа одлучи секретарот, односно раководното лице на институцијата, врз основа на предлог на непосредниот раководител.
в) во буџетот на институцијата, се обезбедени средства за таа намена, независно од тоа кој ја носи одлуката за исплатата на надоместокот.
543. Доколку административниот службеник биде оценет со оцена “Д“ му престанува работниот однос:
а) доколку во последните пет години најмалку два пати биде оценет со оцена “Д“.
б) доколку еднаш биде оценет со оцена “Д“.
в) доколку два пати последователно биде оценет со оцена “Д“ или најмалку три пати во последните пет години.
Извор: Закон за административни службеници
А. VI. Кодекс за административните службеници
544. Кодексот за административни службеници го донесува министерот за информатичко општество и администрација:
а) точно
б) неточно
545. Кодексот за административни службеници претставува:
а) закон за однесување на административните службеници
б) уредба за однесување на административните службеници
в) сет на етички стандарди и правила на однесување на административните службеници
546. Целта на Кодексот за административните службеници е да поттикне добро постапување и однесување на административните службеници и зајакнување на довербата на граѓаните во работата на институциите на јавниот сектор:
а) точно
б) неточно
547. Чиј интерес застапува и промовира административниот службеник во своето работење:
а) личниот интерес
б) јавниот интерес
в) приватниот интерес
548. Административниот службеник работи:
а) незаконски, непрописно и на неморален начин
б) законски, прописно или на морален начин
в) законски, непрописно и без почитување на ред на предметите
549. Административниот службеник ги извршува работите посветено и професионално:
а) точно
б) неточно
550. Административниот службеник се залага за вклучување на граѓаните и засегнатите страни во процесот на креирање на политиките?
а) да
б) не
551. Административниот службеник во своето работење и однесување ги почитува принципите на:
а) хуманост и нееднаквост
б) хуманост, еднаквост и социјална правда
в) еднаквост, нехуманост и социјална правда
552. Административниот службеник, во работењето и однесувањето постапува:
а) со намера да оствари лична корист
б) пристрасно и субјективно
в) непристрасно, без предрасуди и без намера за остварување на лична корист или амбиција
553. Административниот службеник работењето и однесувањето овозможува остварување на уставно загарантираните права на еднаквост и недискриминација, преку:
а) непочитување на различностите
б) злоупотреба и дискриминација
в) создавање на можности и почитување на различностите
554. На корисниците на услугите на администрацијата, административниот службеник им овозможува еднакви стандарди при испорачувањето на услугите преку:
а) личен, пријателски и семеен однос
б) фер и правичен однос
в) субјективен и пристрасен однос
555. Административниот службеник на сите граѓани им овозможува заштита од неправда, злоупотреба и дискриминација, по било која основа:
а) точно
б) неточно
556. Административниот службеник, врз основа на своите работни компетенции и на правилата и процедурите на службата ги извршува работите :
а) паушално и по добиени насоки
б) посветено и професионално
в) врз основа на секојдневни наредби од претпоставениот
557. Административниот службеник ја извршува работата:
а) почитувајќи ги приоритетите, со одложување и непочитување на редоследот на задачите
б) почитувајќи го рокот за извршување на работните задачи, со непочитување на приоритетите и редоследот на задачите
в) самостојно и навремено, посветувајќи внимание и почитувајќи ги приоритетите и редоследот на задачите
558. Административниот службеник не ја истакнува, ниту наметнува на други својата политичка определба:
а) точно
б) неточно
559. Административниот службеник смее да врши политички активности, што можат да ја поткопаат довербата на граѓаните во администрацијата:
а) точно
б) неточно
560. Административниот службеник го користи наученото за:
а) лични цели
б) подобрување на својата работа и развојот на институцијата
в) подигнување на нивото на сопствените општи познавања
561. Дали административниот службеник го олеснува пристапот до податоците со кои располага во своето работење?
а) да
б) не
562. Административниот службеник остварува затворена и повремена комуникација со граѓаните и правните лица:
а) точно
б) неточно
563. Според Кодексот за административни службеници, дали административниот службеник ја почитува приватноста и дискрецијата на колегите и соработниците?
а) да
б) не
564. Службените телефонски разговори на административниот службеник се...
а) опширни и детални
б) кратки и концизни
в) долготрајни и неконструктивни
565. Кога странките се незадоволни од одговорот, административниот службеник...
а) ги упатува кај Народниот правобранител на Република Македонија
б) ги советува да поведат судска постапка
в) бара арбитрирање од непосредно претпоставениот административен службеник или пораката ја пренесува и упатува до него
566. Дали административниот службеник, приватните телефонски разговори ги води во присуство на странки или кога странките чекаат одговор или кога имаат намера да постават прашање?
а) не
б) да
в) да, доколку странките се познати на административниот службеник
567. Во своето однесување и дејствување надвор од работа, во претставувањето на јавни настани, на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација административниот службеник...:
а) се однесува врз основа на сопствено убедување
б) претставува пример за соодветно и достоинствено однесување
в) не води грижа за нарушување на угледот и за мислењето на јавноста за администрацијата
568. Административниот службеник во односот со колегите ги негува духот и начелата на:
а) дискриминација, непочитување и застапување на личниот интерес
б) индивидуална работа
в) тимска работа, взаемно почитување, уважување на различностите, солидарност и соработка
569. Административниот службеник во службата, во приватниот живот и во јавноста се однесува достоинствено и не постапува на начин со кој би се нарушил:
а) јавниот ред во институцијата
б) угледот на неговото семејство
в) неговиот личен углед, угледот на институцијата и на администрацијата во целина
570. Административниот службеник се воздржува од давање на штетни изјави за службата...:
а) ако за тоа нема добиено согласност од непосредно претпоставениот административен службеник
б) ако има личен интерес
в) без да се оневозможи остварување на правото на градење на сопствен став и јавно изразување на мислење
571. Административниот службеник, кон ресурсите кои му се дадени на користење, како и во вршењето на работата се однесува економично и ефикасно, користејќи ги ресурсите за:
а) лични потреби
б) службени потреби
в) за било какви потреби
572. Дали административниот службеник се грижи за безбедноста на доверените предмети и документи:
а) да
б) не
в) да, ако ако тоа му е нагласено од непосредно претпоставениот административен службеник
573. Административниот службеник посветува внимание на изгледот и начинот на облекување, за да не предизвика:
а) коментари од страна на колегите и странките
б) негативни реакции
в) впечаток на непристојност и нарушување на угледот на администрацијата
574. За непочитување на одредбите на Кодексот за административни службеници, административниот службеник одговара:
а) дисциплински
б) прекршочно
575. Административниот службеник при вработувањето во службата потпишува:
а) заклетва
б) согласност
в) Изјава за прифаќање на Декларацијата за заедничка мисија на вработените во јавниот сектор
576. Вредностите и нормите содржани во Кодексот за административните службеници се во форма на:
а) законски одредби
б) изјави за согласност
в) етички стандарди и правила
577. Административниот службеник се однесува одговорно и работи на градење и одржување на општото добро, растот и општествените вредности, создавајќи услови за одржлив човечки и социјален развој:
а) Точно
б) Неточно
Извор: Кодекс за административните службеници