Почитувани посетители

ДОБРЕДОЈДОВТЕ!

Веруваме дека овде ќе пронајдете збир на корисни информации, кои ќе ви помогнат подобро да се запознаете со Агенцијата за администрација и со нејзините активности кои се спроведуваат во рамки на процесот на реформа на јавната администрација во Република Северна Македонија.

Агенцијата има статус на самостоен државен орган со својство на правно лице. Со Агенцијата раководи директор, кој го именува и разрешува Собранието на Република Северна Македонија, на предлог на Владата на Република Северна Македонија за време од шест години. Директорот на Агенцијата има заменик.За својата работа и за работата на Агенцијата, директорот и заменикот на Агенцијата одговараат пред Собранието на Република Северна Македонија.

Мисијата на Агенцијата е да овозможи развој на стручна, професионална, ефикасна, отчетна, етична и сервисно-ориентирана државна и јавна служба, преку законито, навремено и објективно давање на согласности на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места на органите на државната служба, спроведување на постапките за селекција и вработување на државен и јавен службеник и при одлучување во втор степен по жалби и приговори на државните и јавните службеници.

Целта кон која се стремиме при остварувањето на нашите функции е да испорачаме професионални услуги на граѓаните, државните и јавните службеници, органите на државната служба и институциите на јавната служба, како и на сите други заинтересирани, имајќи го предвид домашниот општествен контекст, но и во согласност со европските стандарди.

Со надеж дека користењето на интернет страницата ќе ви биде пријатно и едноставно, дозволете ни во оваа прилика да Ви се заблагодариме на досегашната соработка..

Агенција за администрација